Таква цевка пукнала на улицата „Александар Јовановски-Журчин“ во Горна Чаршија каде вчера се комуналните работници интервенираа од 8 часот утрината се до попладневните часови, а најавено дека ќе треба да се работи и денес од 9 до 12 часот.
„И покрај континуираната работа и максималните напори на екипите на ЈКП „Шар“, не успеавме целосно да го завршиме санирањето на дефектот на старата водоводна линија Ф400. За да ја довршиме интервенцијата и да обезбедиме целосно и сигурно функционирање на системот, принудени сме да извршиме нов привремен прекин на водоснабдувањето. Овој прекин ќе се изврши во целиот град Тетово, од 09:00 до 12:00 часот“, соопшти ЈКП „Шар“ Тетово.
Наведуваат дека се свесни за тешкотиите со кои се соочуваат граѓаните на високи температури но уверуваат дека оваа мерка е навистина неопходна за да се обезбеди стабилно водоснабдување, барајќи извинување од граѓаните за тешкотиите без вода на високи температури.
Во понеделникот, 11 август, ЈП „Шар“ го започна процесот на поврзување на новоизградената водоводната мрежа со која се носи вода до 3000 домаќинства во населбата позната како „146“.