ЖивотДНК на паун-пајакот нуди изненадувачки нови научни сознанијаПаун-пајак е мало животно што се наоѓа и живее низ цела Австралија. Долги само околу 4-5 милиметри, тие се именувани по светлите бои на нивниот стомак, коишто мажјаците ги прикажуваат во својот „заводлив ритуал“ на парење, заедно со тропкањето со нозете и ритмичкото движење со коешто ја привлекуваат женката. Како што пишува порталот „Политика магазин“, она што е извонредно кај овие суштества е разновидноста во нивниот изглед, „песните“ и „танцувачките“ движења. Видот паун-пајак (лат.: „Maratus“) е откриен уште во 1870-тите, но тогашните два новопронајдени подвидови („Maratus volans“ и „Maratus speciosus“) првично биле опишани како „Salticus volans“ и „Salticus speciosus“. Денес се забележани над 100 различни подвидови паун-пајаци, и во таа смисла, особено е занимлива „темната ДНК“ на пајакот - мистериозен дел од генетскиот код на ова животно. Она што го досега го знаат научниците, велат, би можело да помогне да се објасни зошто има толку многу варијации во природниот свет. Тие сметаат дека нивната ДНК можеби му овозможува на овој вид брзо да се прилагоди на променливите услови на животната средина, еволуирајќи така во нови подвидови. - Нè интересира како пајаците еволуираат за да станат толку разновидни, изјави Џона Вокер од Институтот „Сангер“ во областа Кембриџшир, Англија. - Со проучување на паун-пајаците, може да го искористиме овој екстремен случај за да се обидеме да разбереме кои процеси создаваат варијација во животинскиот свет воопшто, вели тој. Паун-пајаците се наоѓаат ширум цела Австралија, и секој е скоро со големина на глава од чкорче. Иако Вокер претходно се плашел од пајаци, тој бил привлечен од науката што стои зад нив, па го надминал својот страв и го прифатил проектот како дел од неговото докторско истражување. Со својот водач, д-р Џоан Мејер, и меѓународен тим научници ги собираат сите подвидови откриени досега. Потоа следи категоризацијата. - Последниот дел од сложувалката беше да се вкрстат сите овие информации со ДНК-та на секој вид. Со споредување на резултатите од сите видови, се надеваме дека ќе откриеме кои гени се одговорни за секоја особина, и на крајот - зошто постојат толку многу различни видови паун-пајаци, па додека истражувањето е во тек, како тим, веќе имаме силна научна основа за натамошно истражување... Сè е во својот зачеток, но едно од возбудливите нешта што ги откривме е дека можеби не се само гените одговорни за разновидноста, туку и деловите меѓу нив - тн. „темна ДНК“, што може да влијае на тоа како пајаците еволуираат, објасни Вокер. ДНК е составена од долга низа молекули. Некои од нив се вклучени во одлучувањето за специфични особини. Во случајот со луѓето, тие можат да одлучуваат за висината или бојата на очите. Овие делови се нарекуваат гени. Но, повеќето делови од ДНК-та не се гени и никој навистина не знае што, всушност, е нивната намена. Истражувачите сметаат дека „темната ДНК“ ќе може даде одговори. Тие имаат три пати повеќе темна ДНК од луѓето. Некои пеперутки и молци исто така имаат исклучително голем број видови. Д-р Мајер веќе ја декодирал ДНК-та на илјада видови пеперутки и молци. Но, пајаците, пеперутките и молците се само почеток на еден од најамбициозните генетски проекти што некогаш се преземени. - Исто како и сите растенија, животни и габи, имаме многу слична ДНК. Со научното разбирање на ДНК-та на сите различни организми, учиме за општите принципи за тоа како функционираат гените и која е функцијата на темната ДНК, а тоа ни помага да научиме многу за себе, изјави д-р Мајер за „Би-би-си“. Така, целта за следните 10 - 20 години е да се дешифрира генетскиот код на секое растение, животно и габа на планетата. Тагови: днк научни сознанија паун-пајак Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Автомобилизам„Американска Дачија“: Купувачите во САД добиваат пикап и теренец за 21.500 долариБез сложена технологија или скапи поправки: „REO“ подготвува возила за американскиот народ.Новата компанија, „REO Trucks“, ја подготвува семејната линија на возила „Runabout“, која ги вклучува пикапите „T4X“ и „T4C“, како и „SUV“-моделот „S4C“. Овие модели се одликуваат со традиционална конструкција „каросерија на шасија“ (body-on-frame), погон на сите тркала и дизајн прилагоден на барањата на американскиот пазар. Производството е планирано да се одвива во Тексас. Дизајнот е дело на студиото „Frank Stephenson Design“, предводено од реномираниот дизајнер Френк Стивенсон – човекот кој стои зад првата генерација на „BMW X5“, модерниот „MINI“ и неколку модели на „McLaren“. Изгледот на возилата е инспириран од историските пикапи на „REO“, вклучувајќи го и моделот „Speed Wagon“ од 1915 година, пренесува „Revija HAK“. Моделите „T4X“ и „T4C“ имаат кабина со два реда седишта и должина од приближно пет метри, додека „SUV“-моделот „S4C“ е долг 4,64 метри. Сите три модели ја делат истата шасија, погонски систем и меѓуоскино растојание, користејќи модуларен дизајн прилагоден за различни намени. За погонот е задолжен атмосферски (без турбо) бензински мотор со четири цилиндри, поврзан со мануелен или автоматски менувач. Системот за погон на сите тркала вклучува редуктор, што треба да обезбеди одлични теренски способности. Од „REO“ наведуваат дека погонскиот систем е дизајниран за работен век од приближно 800.000 километри. Сопствениците исто така ќе имаат пристап до јавен каталог на резервни делови со отворен пристап, а компанијата ветува поддршка во траење од 20 години. Од компанијата тврдат дека повеќето основни поправки можат да се извршат со употреба на стандарден алат. Продажбата ќе се врши директно кон купувачите, без традиционални салони и посредници. Најавените почетни цени изнесуваат 21.500 долари за „T4X“, 25.000 долари за „T4C“ и 28.500 долари за „S4C“, без никакви скриени дополнителни трошоци. Пилот-серија од моделот „T4X“ е планирана за 2027 година, а првите испораки се очекуваат кон крајот на 2028 или почетокот на 2029 година. Моделите „T4C“ и „S4C“ ќе следат подоцна. Со оглед на пристапот и најавените цени, „REO“ би можел да стане еден вид американска „Дачија“. Интересно е тоа што името не е ново за американскиот пазар: оригиналната компанија „REO Motor Car Company“ е основана во 1905 година и постоела сè до 1975 година. Извор: Б92Тагови: Дачија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаРепрезенативни и клупски другари во кошаркарската кариера, сега спротивставени пратеници Европските кошаркарски легенди Дејан Бодирога и Жељко Ребрача беа херои на екс Југославија и заедно ја освоија Европа и Светот, но денес се разделени од политиката.Од заедничкото освојување на светскиот трон во Атина во 1998 година, каде што беа едни од главните членови на репрезентацијата на СР Југославија, патиштата на Дејан Бодирога и Жељко Ребрача денеска се вкрстија на сосема спротивни страни во пратеничките клупи на Народното собрание на Република Србија. На Светското првенство во Грција, токму тие двајца беа најзаслужни за освојувањето на златниот медал, делејќи ги главните улоги на патот до тронот. Дејан Бодирога тогаш беше официјално прогласен за најкорисен играч (МВП) на целото првенство, со просек од 14,7 поени, пет скока и 2,2 асистенции по натпревар, а особено се истакна во полуфиналето против домаќинот Грција, кога постигна 31 поен. Од друга страна, Жељко Ребрача блесна токму кога беше најпотребно, одиграјќи го својот најдобар натпревар во финалето против Русија – натпревар што Југославија го доби со резултат 64:62. Ребрача беше апсолутен херој и најефикасен поединец на натпреварот со 16 поени и 11 скока; тој беше избран во идеалната петорка на турнирот, а неговата клучна блокада и офанзивен скок во последната минута директно го решија исходот на натпреварот. Нивната спортска соработка успешно продолжи и на клупско ниво, бидејќи во периодот од 1999 до 2001 година заедно го носеа дресот на атински Панатинаикос и, под водство на Жељко Обрадовиќ, ја освоија титулата европски шампион. Сепак, по завршувањето на нивните блескави играчки кариери, животните патишта и општествениот ангажман ги однесоа на сосема спротивни страни на српската политичка сцена. По крајот на кариерите на паркетот, Дејан Бодирога се посвети на спортскиот менаџмент и ја презеде функцијата претседател на Евролигата, а Ребрача е сосптвеник на кошарксрка школа. Бодирога во јавниот и политичкиот живот на Србија влезе преку давање отворена поддршка за студентските протести и иницијативата „ПроГлас“. На парламентарните избори одржани кон крајот на октомври 2026 година, тој настапи како 24-ти на листата „Студентска листа – Студентите победуваат“, а со полагањето на заклетвата на 17 ноември 2026 година, официјално го започна својот прв пратенички мандат во 15-тиот состав на Собранието. За разлика од него, Жељко Ребрача, по богатата кариера во Европа и НБА – каде што настапуваше за Детроит, Атланта и Лос Анџелес Клиперс – ја извршуваше функцијата претседател на Кошаркарскиот клуб „Војводина“, а својот политички ангажман го поврза со Српската напредна странка. Како долгогодишен член на владејачката партија, тој го започна својот прв пратенички мандат во февруари 2024 година, а на изборите во октомври 2026 година, зазеде високо 19-то место на изборната листа „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ и со тоа обезбеди нов мандат. Така, некогашните соиграчи, кои пред речиси три децении ѝ донесоа огромна радост на нацијата на кошаркарскиот терен во Атина, денес станаа политички ривали кои седат на спротивните страни во собраниската сала.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
БалканПрвиот човек на КК Партизан станува сопственик на фудбалскиот клуб Чукарички од БелградПретседателот на евролигашот Партизан, Остоја Мијаиловиќ го купува фудбалскиот клуб Чукарички.Спортскиот директор на Чукарички, Владимир Матијашевиќ, во подкаст откри дека клубот од Баново Брдо наскоро ќе го преземе актуелниот претседател на Кошаркарскиот клуб Партизан, Остоја Мијаиловиќ. Матијашевиќ вели дека „сè е веќе завршено и чисто“ во однос на преносот на сопственоста на клубот на Мијаиловиќ, и дека се очекува сè официјално да биде завршено на почетокот на месецот или на почетокот на следната година. „Работата е при крај. Ако сакате конкретен одговор, ќе го добиете. Ако сè помине како што треба, Остоја Мијаиловиќ во декември ќе го преземе ФК Чукарички од Драган Обрадовиќ. На тоа моментално работат сите правници“, изјави Матијашевиќ во подкастот „2x45“ на MozzartSport. По преземањето, Мијаиловиќ ќе стане мнозински сопственик на клубот. Досегашниот сопственик, Драган Обрадовиќ, ќе го продаде целиот свој удел во клубот. „Во разговорот што го имавме пред три дена, Остоја побара сите луѓе да останат, а спомна и дека јас би можел да задржам одреден удел, доколку сакам да останам. Остоја и Обрадовиќ треба уште да ги финализираат работите, но главниот дел е завршен. Сè е проверено. Документацијата е чиста. Затоа очекувам, доколку сè е во ред, на почетокот на декември или кон средината на следниот месец, Мијаиловиќ да му се приклучи на клубот“. Матијашевиќ верува дека новиот сопственик ќе ја задржи сигурноста и стабилноста што ги красеа „планинарите“ во текот на целиот период под водство на Обрадовиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter