ХороскопДневне хороскоп за 11. јануари 2025 година Дневен хороскоп за сабота, 11. јануари 2025 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов И натаму ќе се усогласувате со партнерот , но очигледно е дека има многу добра волја од двете страни , па ќе се среди. Кариера Ќе најдете заеднички јазик со оние со кои работите. Оние кои не работат, ќе уживаат без поголеми проблеми. Здравје и совет Можете малку да се опуштите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Повеќето од вас ќе почувствуваат денеска потреба за домашен живот со саканата личност. Останувате дома. Кариера Во деловните контакти не ги презентирајте новите идеи , зашто ќе се покаже дека сте пред времето. Засега зачувајте ги. Здравје и совет Не брзајте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе ги оставите зад себе љубовните грижи и ќе се обидете да се свртите кон поведрата страна. Ќе успеете да го активирате потенцијалот на својот хумор. Кариера Не сте свесни колку сте напредни. Тоа денеска ќе ви стане целосно јасно преку соработка со другите. Здравје и совет Бидете она што сте. Овен 21.3-20.4. Љубов вашиот партнер ќес е согласи на некои компромиси , но и натаму ќе треба да вложувате доста напор во меѓусебната комуникација. Кариера На работното место сте популарни , но тоа не значи дека ќе ви прогледаат низ прсти. Треба да се работи. Здравје и совет Заинтересирајте се за растителни чаеви. Бик 21.4- 20.5. Љубов Не приговарајте доколку тоа не е сосема оправдано . И натаму треба да го тестирате секој збор , за да не дојде до недоразбирање. Кариера Весело ќе сонувате за викендот пред вас , па малку ќе ја занемарите работата. Внимавајте да не ви се поткрадне грешка. Здравје и совет Бидете она што сте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска би можеле да се покажете како многу пријатен домаќин на своите драги гости , било да живеете во двојка или да сте сами. Кариера Ќе се ослободите од секоја мисла за работата , за која знаете дека добро ви оди. Денот е како создаден за уживање. Здравје и совет Нема грижи , ниту напори. Рак 22.6-22.7. Љубов Во својот стил за заведување ќе воведете повеќе фантазија и сензуалност. На многумина тоа ќе им се допадне. Кариера Оние кои денеска мора да одат на работа , ќе настојуваат на работното место да донесат свежина , уметност и убавина. Здравје и совет Имате добри идеи. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако се обидувате да доминирате во врската , нема да успеете. рамноправна соработка и договарање се подобра опција. Кариера Вашите надредени и колегите ќе постигнат договор , но вие нема најдобро да го прифатите , зашто има детали кои не ви одат во прилог. Здравје и совет Ќе најдете компромис. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можеби денеска ќе бидете поскромни во љубовните барања , а не треба. Имате право на љубов. Кариера Најдобро ќе се чувствуваат оние кои работат самостојно , зашто им пречи влијанието на надредени. Здравје и совет Денот е добар за опуштање. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе дојде до преоден немир во вашите лични односи. Вие ќе бидете премногу револуционерни , а партнерот чувствителен. Кариера За да ги исполните своите нови идеи , прво ќе довршите една работа што сте го оставиле на страна. Здравје и совет Поминете некое време во тишина. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Уште малку ќе се натегате во личните односи , но не толкави за да ги загрозите. Кариера Денот е одличен за да се посветите на домот, семејството, својот семеен живот. Работата ќе ја извршувате автоматски. Здравје и совет Почнете со поправки по дома. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе успеете да ги надминете несогласувањата и незадоволството во врската и повторно ќе постигнете завидна рамнотежа во односите. Кариера Она што порано ви пречеше , сега ќе се сврти во ваша корист. Затоа денеска ќе работите полесно , побрзо и поквалитено. Здравје и совет Подобрување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕрупција на вулканот Анук Кракатау: Прекинат е сообраќајот на аеродромот во Џакарта (ВИДЕО)Меѓународниот аеродром Соекарно-Хата во Индонезија ја продолжи суспензијата на летовите до недела во 9:30 часот по локално време (02:30 GMT) поради вулканска пепел .Меѓународниот аеродром Соекарно-Хата во Индонезија ја продолжи суспензијата на летовите до недела во 9:30 часот по локално време (02:30 GMT) поради вулканска пепел предизвикана од тековната ерупција на вулканот Анак Кракатау, соопшти главниот аеродром во Џакарта на Инстаграм. Прекинот на сообраќајот претходно беше планиран до 5:30 часот наутро, што влијаеше на 33 летови, вклучувајќи неколку меѓународни, соопшти индонезиското Министерство за транспорт. 🚨 IN CASE YOU MISSED IT 🚨 hari ini 4 Gunung Erupsi bersamaan (bahkan kemungkinan 6) 🌋 Gunung Ibu - Maluku Utara Gunung Anak Karakatau - Lampung Gunung Ili Lewotolok - NTT Gunung Semeru - Jawa Timur ============= Kemungkinan Gunung Merapi dan Sinabung juga~ 🌋 Stay… https://t.co/ykInicdGjx pic.twitter.com/lorp3Cjpkb — dans 🔰 (@danskuss) September 6, 2026 Вулканот еруптира од петокот Вулканот Анак Кракатау еруптира со денови, а вулканска пепел беше забележана на аеродромот рано во неделата, според соопштението. Агенцијата за ублажување на катастрофи во саботата објави дека нема непосредна опасност од цунами предизвикано од вулканот.Тагови: вулкан Џакарта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВиткоф и Кушнер пристигнаа во Киев, прв пат од почетокот на војната Специјалните претставници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, денеска пристигнаа во Киев, што е нивна прва посета на Украина од почетокот на руската инвазија. Нивното пристигнување доаѓа по значајната средба со рускиот лидер Владимир Путин во Москва. Виткоф и Кушнер патуваа со воз од Полска, каде што претходно слетаа во Жешов. Нивната посета на Киев доаѓа во време кога Украина ја нагласува важноста на конструктивните и суштинските разговори со САД, според претседателот Володимир Зеленски. Специјалните претставници беа во Москва вчера, каде што се сретнаа со Путин. Разговорите траеја повеќе од три часа, што укажува на сложеноста и важноста на дискусиите што се водат во контекст на сегашните геополитички тензии.Тагови: Виткоф Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФинец пријавил дека некој пукал во неговиот Мерцедес, паркиран на Бит Пазар, најдени се два куршуми Фински државјанин синоќа пријавил дека му е оштетено ветробранското стакло на Мерцедесот, кој бил паркиран на Бит пазар во Скопје. На 05.09.2026 во 19:33 часот во СВР Скопје, А.М.(30) од Финска пријави дека околу 19:10 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, му било оштетено ветробранското стакло на неговото паркирано патничко возило „мерцедес“ со фински национални ознаки. Тој пронашол едно зрно од огнено оружје во внатрешниот дел на возилото и едно зрно надвор од возилото. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter