Серафимовски: Откупната цена на вранецот ќе изнесува 21,8 денари, а на смедеревката 20 денари за килограм
1Серафимовски: Откупната цена на вранецот ќе изнесува 21,8 денари, а на смедеревката 20 денари за килограм
ХороскопДневен хорскоп за 17. декември 2019 година Дневен хороскоп за вторник, 17. декември 2019 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Она што го нема во вашите лични односи, денеска успешно ќе го надоместите со вашата фантазија. Кариера Оние кои работат во уметнички кругови , денеска добро ќе функционираат. Сите останати со нетрпение ќе чекаат да заврши работното време. Здравје и совет Не се залетувајте по нереални ситуации. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Другата страна ќе има зголемени барања на тема нежност , а вие нема да бидете премногу расположени да ја задоволите. Кариера Кога своите способности не ги користите со целосен капацитет, би можело да дојде до фрустрации. За тоа ќе размислувате денеска. Здравје Кој може , нека оди на пливање. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете чувствителни и со голема потреба некој да ве прегрне. Доколку сте во врска , добро е, а ако сте сами ќе ве измачуваат мечти. Кариера Денеска би можеле да ви паднат на памет необични финансиски идеи. Некои ќе заработуваат и на црно. Здравје и совет Внимателно со медикаментите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Некои денеска ќе доживеат посебно расположение за љубв. Исто така ќе покажат наклоност за да ја идеализираат саканата личност. Кариера Чувствувате дека нешто се подготвува и станувате нервозни одвнатре. Држете се до проверени техники. Здравје и совет Намалете ги слатките во исхраната. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска тешко ќе остварите каква било рамнотежа во личните односи. најдобро ќе поминат оние кои се сами. Кариера Доколку денеска ви предложат некаква финансиска комбинација, поврзана со вложувања, морате да расчистите секој детал во врска со неа. Здравје и совет Преодна кашлица. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е преубав ден за љубов. Оние во врска ќе уживаат , а осамените секако да излезат меѓу луѓе. Кариера Дури денеска ќе забележите дека има мали подметнувања и зајадливи коментари од луѓето кои ви завидуваат на успехот. Здравје и совет Уживајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашата способност за комуникации и хумор ќе бидат на завидно ниво , па ќе успеете да направите и шега на сопствена сметка. Кариера Додека размислувате за работата , добивате главоболка , а најмногу поради ситните работи кои никако не може да се расчистат. Опуштете се. Здравје и совет Потребен ви е нов режим на здрави навики. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска пријателите ќе ве поттикнуваат и инспирираат за љубов. Многумина ќе го поврзат партнерот со друштвото. Кариера Вашите шефови ќе влечат на една, а вие на друга страна. Сепак , не станува збор за судир , туку за различни методи да се постигне истата цел. Здравје и совет Ова е ден за вашата сестраност. Лав 23.7-22.8. Љубов Некои ќе повикаат пријатели на гости или ќе отидат кај нив, па заедно ќе ја анализираат својата љубовна состојба. Кариера Искористете ја паузата на работното место за малку повеќе да размислите за себе и за својот начин на неприфаќање соработка со други. Здравје и совет Време е да пораснете. Девица 23.8.-23.9. Љубов Хармонијата во емотивниот живот ќе ја стабилизира вашата врска со саканата личност . Самите секако нека излезат во друштво. Ќе им биде убаво. Кариера Не мора секогаш да наоѓате причина за приговор. За промена , согледувајте ги само добрите работи. Здравје и совет Продолжете понатаму. Вага 24.9.-23.10. Љубов Ќе бидете целосно во својот свет , без доволно контакт со реалноста. На некој таквата состојба ќе им биде добра. Кариера Денеска подфобро да не ги презентирате своите креативни идеи , зашто би можело да дојде до недоразбирања и кавги. Здравје и совет Вежбајте концентрација. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашиот партнер декеска нема да покажува способност за реалност , туку обратно. Затоа сте вие тука да го спуштите на земја. Кариера Ќе добиете шанса да ја покажете својата прецизност. Тоа е токму она што ви треба , па со сите исли ќе го прифатите предизвикот. Здравје и совет Бидете отворени за секоја ситуација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСерафимовски: Откупната цена на вранецот ќе изнесува 21,8 денари, а на смедеревката 20 денари за килограмОткупната цена за килограм винско грозје од сортата вранец ќе изнесува 21,8 денари, додека за смедеревката ќе изнесува 20 денари, соопшти денеска во Кавадарци министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски.„Овие цени се утврдени врз основа на реалните трошоци на лозарите и законски предвиденото зголемување од 25 отсто. Обезбедуваме фер, транспарентен и предвидлив процес, во кој трудот и вложувањата на лозарите се соодветно вреднувани“, истакна министерот Серафимовски. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја утврди производната цена за двете најзастапени сорти винско грозје согласно Законот за виното и Методологијата за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет. Пресметката ја изготви Земјоделскиот институт - Скопје, како научна институција избрана преку јавен конкурс. Производната цена е добиена врз основа на теренски истражувања, анкети и анализа на репрезентативен примерок на лозарски стопанства. При нејзиното утврдување се земени предвид сите релевантни производни параметри, вклучително и трошоците за агротехнички мерки, заштита и прихрана, работна сила, механизација, репроматеријали, како и останатите фиксни и варијабилни трошоци. Заради целосна транспарентност на постапката, анкетните листови користени при пресметката беа јавно објавени на веб-страницата на Земјоделскиот институт - Скопје. Министерството останува посветено на доследна примена на Законот за виното и подзаконските акти, како и на создавање стабилни и предвидливи услови за производство и откуп на винското грозје, во интерес на лозарите и на развојот на домашната винарска индустрија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
АвтомобилизамВо Италија исклучени 850 камери за брзинаВозачите во Италија масовно се жалат дека камерите за брзина не ги исполнуваат сите законски барања, а сега нивните жалби дадоа сериозни резултати.Бидејќи бројот на жалби со текот на времето драстично се зголеми, неколку општини одлучија целосно да ги исклучат своите радари додека не се донесат појасни прописи. Италијанската влада сега реагираше и воведе нови национални правила за радарските системи. Сите уреди во земјата мора да ги исполнуваат идентичните технички барања, објавува RevijaHAK. Пред да бидат ставени во употреба, камерите мора да поминат ригорозно тестирање, а потоа и редовни периодични проверки за да се гарантира апсолутна точност на мерењето. Новите правила, исто така, носат значително повисоки технички стандарди кога станува збор за препознавање на регистарски таблички. Исто така, ако опремата е сервисирана на кој било начин или нејзиниот софтвер е ажуриран, таа мора да помине низ нова постапка за верификација пред да се врати на патот. Министерот за инфраструктура и транспорт на Италија, Матео Салвини, изјави дека камерите за брзина мора да служат исклучиво за зголемување на безбедноста на патиштата, а не како скриен инструмент за полнење на локалните буџети. Иако оваа изјава звучи популистички, овој пат е поткрепена со конкретни технички промени. Реформата беше поздравена и од организациите за безбедност на патиштата и од здруженијата за заштита на потрошувачите. Сепак, повеќето камери во земјата продолжуваат да работат - околу 3.150 камери ги исполнуваат новите стандарди и ќе продолжат да ги евидентираат прекршоците како и досега. Од друга страна, околу 850 италијански камери во моментов не ги исполнуваат потребните услови и затоа се исклучени - барем засега. Извор: Б92Тагови: Италија камери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет„Кремљ станува исклучително опасен“Литванскиот претседател Гитанас Науседа денес потврди дека разузнавачките служби добиле информации за можни руски провокации во Полска или балтичките држави, чија цел би можела да биде тестирање на единството на НАТО.Во интервју за „BNS“, Науседа рече дека станува збор за можни ограничени напади врз критични инфраструктурни објекти, вклучувајќи ги енергетските и транспортните мрежи, кои би можеле да се извршат со различни средства. „Не можам да негирам дека имаме такви информации и дека зборуваме за целни операции кои, многу веројатно, би можеле да бидат насочени кон критични инфраструктурни објекти“, рече литванскиот претседател. Тој изјави дека поради овие проценки, мерките за заштита на клучните објекти во земјата се зајакнати, особено оние важни за функционирањето на енергетскиот систем и поврзувањето на Литванија со европската мрежа. Според него, можните руски активности би можеле да вклучуваат физичко оштетување на инфраструктурата, од саботажи до напади со беспилотни летала. „Сè што може да го запре функционирањето на овие објекти мора да се сфати сериозно“, рече Науседа. Зборувајќи за војната во Украина, литванскиот претседател оцени дека ситуацијата во Кремљ се влошува и дека Русија станува се поопасна поради растечкиот притисок предизвикан од последиците од војната и украинските напади врз руската инфраструктура. „Кремљ станува исклучително опасен, бидејќи во очај почнува да разгледува работи што претходно не ги разгледувал“, рече Науседа. Тој додаде дека Литванија не смее да се потпира на фактот дека ризиците ќе се намалат, туку мора да биде подготвена да одговори на можни закани. Извор: Б92Тагови: кремљ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter