ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?
1Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?
ХороскопДневен хорскоп за 12. септември 2019 годинаДневен хорскоп за четврток , 12. септември 2019 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска ќе имате поттик за љубов, а особено се однесува кон млади Ракови , женски или машки. Бидете она што сте и се ќе биде добро. Кариера Добро познатите работи ќе добијат нов залет и поттик , а вие ќе работите вредно и полетно и со добро чувство во себе. Здравје и совет Можете да изберете спорт за вас. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе бидете се подобро поврзани со другите , па така и со саканата личност. Од таму ќе ви биде возвратено на пријатен начин. Кариера Се уште не сте навикнати дека пречките се урнати , па од време на време се чудите како тоа во работата полесно и подобро соработувате со другите. Здравје и совет Рекреирајте се. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Отворени сте за нови можности и со се поголема надеж им се препуштате на спонтаните моменти , кои носат задоволство. Кариера Не сакате порази , но некои принципи мора да се постават. Денеска ќе зборувате за нив на лежерен начин. Здравје и совет Не јадете тешка храна. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Освен сензацијата на која што работите , денеска ќе се занимавате со интуитивни содржини , што ќе ги внесувате во љубовниот живот. Кариера Сите кои работат во сенка , денеска ќе добијат добар поттик. Другите ќе се занимаваат со суптилни вибрации на работа. Здравје и совет Ја дозирате храната и тоа е добро. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашата љубовна идила продолжува на општа радост и среќа. Оние кои уште бараат сродна душа , нека излезат и нека бидат друштвени. Кариера Добро ќе се снаоѓате , како во очигледните задачи , така и во оние кои подразбираат читање меѓу редови Здравје и совет Останете доследни на себеси. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашата моментална потреба за акција ќе ве наведува на непромислени чекори и изјави кога станува збор за љубов. Кариера Тргате во нови деловни битки и има малку што може да ве запре. Ќе им бидете пример на другите. Здравје и совет Мали нервози. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Уште ќе бидете под впечаток на некои тажни мисли , но тие полека ве напуштаат и на нивно место доаѓаат поведри , така што и односите се подобруваат. Кариера Ќе се трудите јасно да го изразите своето мислење и ќе бидете во право , но вашите шефови поради сопствената несигурност нема тоа да ви го признаат. Здравје и совет Останете прибрани. Овен 21.3-20.4. Љубов Ситуацијата ви е шарена. Може да излезете и убаво да си поминете , но вашите лични односи ќе останат на непријатно ниво. Кариера Некои ќе поставуваат премногу прашања и со нив ќе направат уште поголемо недоразбирање. Обидете се да се концентрирате само на она што е важно. Здравје и совет Одморајте се редовно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашиот друштвен живот и денеска може да биде интересен и богат , но душата и натаму ви е празна. Свртете се на шега. Кариера Добро се поставени работите со млади , спорт и забава , но и таму се обидувате да бидете дипломат. Здравје и совет Организирајте си го денот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се обидете да ги подобрите личните односи или ако сте уште сами ќе воспоставите нови , но тоа ќе оди час горе ,час долу. Сметајте на тоа. Кариера Во деловните работи немате никакви проблеми , освен мали нервози . Искористете ги ситуациите. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе бидете многу успешни и витални во сексуалниот живот . На тој начин ќе ја збогатите својата врска и ќе се послужите со интуицијата. Кариера Ако ви се пристори дека ве кочат , знајте дека тоа нема долго да трае и вие ќе го пробиете мразот , што и така се топи. Здравје и совет Истегнете се преку гимнастика или јога. Лав 23.7-22.8. Љубов Потребата за нежност ќе порасне и ќе очекувате од другата страна да биде нежна. Од неа зависи дали ќе биде така. Кариера На работа ќе добиете шанса да ја изразите својата креативност . Затоа денешниот ден ќе ви биде успешен и пријатен. Здравје и совет Зголемување на општата виталност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?Две водечки фирми специјализирани за анализа на технологија поврзана со криптовалути објавија дека поседуваат цврсти докази што го поврзуваат хакерскиот напад врз Binance, во кој беа украдени 6,3 милијарди долари, со група поддржана од Северна Кореја.Како што пренесува BBC, TRM Labs и Chainalysis – со висок степен на сигурност – ја идентификуваа групата „Лазарус“ (севернокорејски хакерски колектив, познат и како TraderTraitor) како најверојатен извршител на нападот врз најголемата берза за криптовалути во светот. Овој напад далеку го надминува претходниот рекорден грабеж – инцидент од 2025 година поврзан со берзата Bybit, при што беа украдени 1,5 милијарди долари. Овој инцидент е најновиот во низата напади поврзани со Северна Кореја – една од најсиромашните земји во светот, каде што пристапот до интернет е строго ограничен. Експертите ја обвинуваат владата на Ким Џонг Ун дека се потпира на сајбер-криминал за финансирање на државата – обвинување што Пјонгјанг долго време го негира. Според извештаите, земјата систематски ги развива своите сајбер-операции. За таа цел, таа регрутира елитни студенти и ги насочува кон хакерски групи што се под надзор на севернокорејската разузнавачка служба. Анализите на технолошките компании покажуваат дека дел од овие операции се одвиваат во соседна Кина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Ангел на ВС како „подарок“Најсекси ангелот на Викторија Сикрет, Кендис Свонпул уште еднаш ја покажа харизмата на вистинска заводничка. Нејзината најнова модна кампања маѓепса многумина.Супермоделот Кендис Свонпул е заштитното лице на најновата новогодишна колекција на брендот „Викторијас сикрет“. По спектакуларниот настап на неодамнешната модна ревија на брендот, не е изненадувачки што таа сега е во центарот на нивната нова модна кампања. Кендис гордо позира во атрактивни модни парчиња – поточно, долна облека од тантела во електрично сина боја, која совршено ја истакнува нејзината прекрасна фигура. Изгледот го заокружи со дијамантски ѓердан околу вратот, како и со високи потпетици што ги нагласуваа нејзините витки нозе. За да ја долови новогодишната магија, една од најпознатите манекенки во светот позираше покрај огромни подароци, украсени со ленти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЗабаваПознати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачкаФудбалерот на Милан, Американецот со потекло од балканот Кристијан Пулишиќ има нова девјка, мегапопуларната канти пејачка Меган Морони.Љубовните животи на познатите спортисти и нивните партнерки повторно се во центарот на вниманието, а две убавици од светот на шоу-бизнисот веќе се шегуваат дека припаѓаат на новата генерација на таканаречени „WAG“ девојки. За време на гала-настанот „Time100“ во Њујорк, 29-годишната кантри-пејачка Меган Морони се сретна со својата пријателка Еиза Гонзалез. Двете ѕвезди разговараа за своите партнери за време на настанот. Гонзалез е во врска со тенисерот Григор Димитров најмалку од април 2025 година, додека новата романса на Меган Морони со фудбалската ѕвезда Кристијан Пулишиќ (28) неодамна стана предмет на јавен интерес. „Ние сме новата генерација девојки на познати спортисти“, се пошегува Гонзалез во разговор со Меган. Само една недела претходно, фановите со остро око забележаа значаен детал дека пејачката на „6 Months Later“ и фудбалерот се во врска. Меган потоа се појави на модната ревија на „Victoria's Secret“ за 2026 година и беше фотографирана со телефон во раката, на чиј екран можеше да се види фотографија во позадина. На фотографијата, Меган изгледаше како да е прегрната со ѕвездата на американската фудбалска репрезентација. Уште во јули, Меган наводно била видена со Пулишиќ во бар во Нешвил, додека пак, профил на обожавател посветен на фудбалерот објавил фотографија од него на нејзиниот концерт на Флорида, заедно со неговиот братучед, пренесува „Пипл“ (People).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter