ХороскопДневен хороскоп за 9. октомври 2024 година Дневен хороскоп за среда, 9. октомври 2024 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Малите игрички со кои сакате да потврдите што е , а што не е важно во приватниот живот , ќе ви биде главна преокупација. Кариера Не сонувате за нешто нереално , но очекувате повеќе да бидете фокусирани на своите соништа . Имате право на нив. Здравје Мала кашлица. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе и одолеете на секоја провокација и ќе најдете мир во приватните односи. Ќе почувствувате олеснување и намалување на напнатоста. Кариера Оние кои се занимаваат со истражувачки професии , денеска би можеле да го добијат успехот што долго го посакуваат. Здравје Конечно имате позитивен став. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ако се обидете по секоја цена да го зацврстите својот однос , денеска нема да успеете. Препуштете и се на сегашноста и уживајте во неа. Кариера При смислувањето нова работна стратегија , ви паѓа на памет идеја дека не сте доволно платени . Здравје Немојте да бидете алчни . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе посакате чувствата да ги изразите или да ги доверите на некој кој е вмешан во вашата љубовна приказна. Во тоа ќе бидете упорни. Кариера Денеска ќе ви изгледа како она што го работите да не е доволно стабилно или една ситница ќе ве натера да мислите дека ништо не е сигурно. Здравје Посетете стоматолог. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Додека вие го расположувате , партнерот се лути. Ќе мора да го утешите со својата смисла за хумор и со топлина. Кариера Важно е да гледате каде одите.Вашиот пат секогаш е долг и далечен. така ви се чини и до утрешниот работен ден. Здравје Разведрете ги другите со хумор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашето љубовно небо е отворено за поквалитетни интимни односи. Ќе ви признаат дека сепак ве сакаат. Тоа е добро. Кариера Некои ваши непријатели конечно ќе ве остават на мир. Ќе работите поорганизирано , ќе ви биде попријатно , а нема да изостанат ниту резултатите. Здравје Зголемена енергија. Овен 21.3-20.4. Љубов Тешко ќе наоѓате рамнотежа во приватните односи. Повлечете се , смирете се и бидете трпеливи и реални. Кариера Вашите деловни желби ќе бидат едно , а реалните можности нешто друго. Сепак ако почнете да го работите она што најдобро го знаете , резултатите ќе ве расположат. Здравје Емотивни фрустрации. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе направите куса пауза од љубовните очекувања и тоа ќе биде добро. Но , ниту самите нема денеска да најдете душевен мир. Кариера Попладне ќе добиете информација дека еден извор на пари е прекинат или дека е откажана работата што би ги донела. Немојте да тагувате. Здравје Поработете на методите за релаксација. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Додека вие сакате со цела сила , расте нетрпението кај вас.Ќе мора малку подобро да се контролирате и се ќе биде добро. Кариера Почнуваат нови притисоци на работното место и вие ќе мора со тоа да се соочите. Нема веќе одложување на роковите. Здравје Најдете пет минути за пауза. Рак 22.6-22.7. Љубов Веќе не се плашите од своите тајни или криење на чувствата. Добивате нов полет и на конструктивен начин им приоѓате на односите. Кариера Почнуваат да се редат некои коцки во ваша корист и тоа ве радува. Работите со повеќе волја и сте повеќе продуктивни. Здравје Во секој случај, следува подобрување. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно доста ќе се движите меѓу луѓе и така ќе доаѓате до нови контакти. Можно е убаво патување или излет. Кариера Нема многу да се грижите за утре. Вашите деловни амбиции се веќе сосема јасни , а вие вредно работите за да ги остварите. Здравје Излезете на свеж воздух. Девица 23.8.-23.9. Љубов Може да очекувате уште еден ден во кој ќе има контакти и можности за дружење. Ќе ви биде пријатно и убаво. Кариера Ново или старо , тоа ќе биде дилемата што полека ќе ја решавате во вашата глава пред понеделник . Како и да е , не ви е лошо. Здравје Забавувајте се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваФото: Се соблече најубавата водителкаЕлеонора Инкардона, заштитното лице на спортската платформа „DAZN“ – која публиката често има можност да ја види за време на преносите на натпреварите од Серија А – сподели неколку фотографии од својот одмор на социјалните мрежи.Атрактивната водителка покажа делови од своето секојдневие надвор од телевизиското студио – од времето поминато покрај базенот и шетањето на кучето, до тренинзите, дружењето и уживањето во локалните специјалитети. „Мало бегство, токму она што ми требаше“, напиша Елеонора Инкардона покрај секси фотографии во бикини. Најголемата популарност ја стекна токму преку ангажманот на „DAZN“, каде што ги следи натпреварите од Серија А и големите фудбалски настани. Паралелно со телевизиската работа, таа изгради и голема публика на социјалните мрежи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Шоу бизФото: Меган Фокс непрепознатливаЕдна од најубавите актерки во Холивуд, атрактивната Меган Фокс веќе неколку месеци изненадува со својот изглед. Видео на филмската платформа Letterboxd, во кое актерката Меган Фокс и режисерката Кери Кусама ги препорачуваат своите омилени филмови, предизвика низа реакции на социјалните мрежи. Многу од нив се однесуваа на физичкиот изглед на 40-годишната актерка. Иако снимката беше објавена во почетокот на октомври 2026 година, средбата била снимена уште во октомври 2025 година, за време на специјална проекција на филмот „Jennifer's Body“ во Музејот на филмската уметност на Академијата во Лос Анџелес. Во видеото, Фокс издвојува наслови како „Braveheart“, „The Lion King“ и „Ninja Turtles II“, како и филмскиот серијал за Хари Потер. ''Megan Fox'': Por la caripa que le quedó despues de tantas operaciones https://t.co/TceVR3CSNe — Es tendencia en 𝕏 (@EsTendenciaEnX) October 8, 2026 Сепак, откако некои корисници во коментарите заклучија дека актерката е непрепознатлива и почнаа да шпекулираат за можни естетски зафати, платформата Letterboxd ја оневозможи опцијата за коментирање на објавите на својот официјален профил на Инстаграм. „Што се случи со Меган Фокс што сите ја знаевме? Боже, таа се уништи себеси...“, „Меган Фокс како Џигсо за Ноќта на вештерките“, „Изгледа како член на семејството Адамс“, „Целосно си го уништи лицето. Каква штета“ – беа само дел од коментарите. Дел од јавноста застана во одбрана на актерката, истакнувајќи дека видеото е снимено осум месеци откако таа го родила своето четврто дете, како и дека периодот по породувањето носи природни промени во изгледот. Некои укажаа и на можното влијание на осветлувањето и шминката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
АвтомобилизамКако Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобилНа една конференција, шефот на Ферари раскажа дека Џеф Безос му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, како и дека Ferrari треба сериозно да размисли за електричните возила.Претседателот на Ферари, Џон Елкан, откри дека разговорот од 2016 година со основачот на Амазон, Џеф Безос, одиграл клучна улога во одлуката на италијанската компанија сериозно да го разгледа развојот на електричен автомобил. На конференцијата, Елкан сподели дека Безос тогаш му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, и дека Ферари треба сериозно да размисли за електричните возила. Десет години подоцна, Ферари го претстави моделот „Luce“ – подготвен за сериско производство и прв целосно електричен модел на компанијата. „Luce“ предизвика значителни реакции, не само поради својот електричен погон, туку и поради дизајнот. Надворешниот и внатрешниот дизајн беа развиени од студиото „LoveFrom“, во чиј тим е вклучен и поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв. Сепак, Ферари истакнува дека Luce останува верен на наследството на брендот во поглед на перформансите. Автомобилот располага со четири електромотори кои испорачуваат вкупна моќност од 1.050 КС и забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди. Батеријата со капацитет од 122 kWh овозможува деклариран досег од 530 км – што е донекаде скромна бројка со оглед на големината на батеријата. Цената е исто така нетипична за електрични автомобили. „Ferrari Luce“ чини околу 550.000 евра во Европа, а се очекува цената во САД да биде приближно иста. Џон Елкан нагласува дека Ferrari немал намера да создаде контроверзен автомобил; напротив, разговорот со Безос ја зацврстил убеденоста на компанијата дека треба да ја прифати електрификацијата, пренесува b92.Тагови: ферари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter