Мицкоски: Во Црна Гора очекувам значајни пораки и плодни дискусии за европската перспектива на регионот
2Мицкоски: Во Црна Гора очекувам значајни пораки и плодни дискусии за европската перспектива на регионот
3Евроамбасадорот Рокас најави милионски вложувања во инфраструктурата и можен раст на фондовите за Македонија
ХороскопДневен хороскоп за 9. октомври 2022 годинаДневен хороскоп за недела, 9. октомври 2022 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Еден семеен проблем ќе биде критичен и ќе бара итно решавање. Тоа ќе ви одземе поголем дел од времето што требало да го поминете со саканата личност. Кариера Денот е одличен за секаков вид анализирање. Ако има некакви заостанати работи , ќе ги завршите. Здравје и совет Бидете трпеливи и издржете. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска ќе се посветите на некои семејни проблеми , па за саканата личност ќе ви остане многу малку време. Кариера Имате потреба привремено да се повлечете. Некои ќе тргнат на кус годишен одмор , а оние кои работат , само ќе ги одработуваат задачите. Здравје и совет Игнорирајте ги грижите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Пред вас е уште еден ден со фрустрации , кога станува збор за љубовта.Речиси ништо нема да ви оди од рака. Кариера Шансата за напредување во кариерата е тука, но со неа одат ред , работа , дисциплина и одговорност. Здравје и совет Прифатете ги предизвиците. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би можеле да бидете на раб на одлука за прекин на една приватна врска , но немојте ништо да решавате. Утре ќе ви изгледа поинаку. Кариера Вашите претпоставени веројатно ќе ја анализираат состојбата и ќе ја менуваат така што ќе се смени и вашиот статус. На подобро. Здравје и совет Пад на имунитетот. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска на мнопгу спонтан начин би можеле да запознаете интересна личност. Се ќе почне без никакви обврски. Кариера На повидок е подготовка за кусо службено патување, кое би требало да ви донесе задоволство. Здравје и совет Ќе бидете весели. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во текот на денот ќе си поставувате нови приоритети во личните односи. Ќе сфатите што всушност ви е важно. Кариера Ќе мора да се позанимавате со еденфинансиски проблем. Ќе успеете да најдете задоволително решение. Здравје и совет Цврсто стоите на земја. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска е вашиот вистински љубовен ден. Се ќе ви биде поврзано со љубов , размена на исти идеи, телепатско разбирање и поврзување. Кариера Едни би можеле да се впуштат во професионално усовршување, други ќе добијат стипендија , а трети ќе се поврзат со странци. Здравје и совет Успешно се справувате со уморот. Бик 21.4- 20.5. Љубов Доколку сте се поврзале со личност од друго поднебје , денеска уште повеќе ќе се зближите. Ќе бидете задоволни. Кариера Со силата на духот и одличните идеи ќе го надвладеете заморот и постојаните барања кои можеби не ви се интересни. Здравје и совет Ќе се засили вашата смисла за хумор. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се интензивира комуникацијата меѓу вас и лицата од спротивниот пол. Оние кои сеуште се сами , ќе се затекнат во шармантно друштво. Кариера Веројатно сте на патување на кое му се радувате. Склулчувате деловни догиовори со малку напор , но во исто време и се забавувате. Здравје и совет Немате смисол за хиерархија. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе препознавате убавина во се што ве опкружува и со чисти намери ќе им приоѓате на лицата од спротивниот пол. Кариера Вашата објектиовност, професионалност и посветеност во работата, секому ќе биде пример како се работи. Здравје и совет Стабилни сте и цврсти. Лав 23.7-22.8. Љубов Можно е да налетате на убава љубовна шанса. Не седете дома, туку излезете меѓу луѓе. Кариера Оние кои работат со млади , ќе бидат во добивка. Сите останати ќе ги забавуваат колегите на работа. Здравје и совет Ќе се чувствувате одлично. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во личните односи денеска ќе преовладува опуштена атмосфера. Ммногумина ќе ја подобрат својата врска. Кариера Ќе имате шанса да уживате вбо сите благодети на своите достигнувања. Задоволството со резултатите од работата е гарантирано. Здравје и совет Поминете го слободното време со пријателите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Општина Кавадарци беше домаќин на делегација од Општина Маида, ИталијаОпштина Кавадарци беше домаќин на делегација од Општина Маида, Италија, предводена од градоначалникот, при што се одржа средба на која се разговараше за можностите за воспоставување и унапредување на меѓуопштинската соработка.Посебен акцент беше ставен на размената на искуства и добри практики во областа на лозарството, винарството и винскиот туризам, како и на можностите за соработка во културата и промоцијата на локалните потенцијали. Кавадарци, како центар на Тиквешкиот вински регион, има богата традиција во лозарството и производството на вино, што претставува одлична основа за поврзување и заеднички иницијативи со општини од Италија, земја со истакната винска и културна традиција. Оваа посета претставува значаен чекор кон продлабочување на пријателските односи, размена на знаења и искуства и отворање нови можности за идни заеднички проекти во интерес на граѓаните на двете општини, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
МакедонијаМицкоски: Во Црна Гора очекувам значајни пораки и плодни дискусии за европската перспектива на регионотДенеска во Црна Гора очекувам значајни пораки и плодни дискусии за европската перспектива на регионот.Денеска во Црна Гора очекувам значајни пораки и плодни дискусии за европската перспектива на регионот, со посебен акцент на македонскиот пат кон Европската Унија и посветеноста на Владата на реформите и европските интеграции, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес, посветен на европската интеграција на Западен Балкан. Во фокусот се европската перспектива на регионот, реформите и заедничките предизвици на патот кон Европската Унија, со очекување за конкретни резултати и силна поддршка за европската иднина на Македонија, објави премиерот Мицкоски на ФБ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаЕвроамбасадорот Рокас најави милионски вложувања во инфраструктурата и можен раст на фондовите за МакедонијаЕвропската унија инвестира стотици милиони евра во енергетската, дигиталната, патната и железничката инфраструктурна поврзаност на Македонија со Европа бидејќи ја гледа како своја идна членка во што е можно поскоро времеЕвропската унија инвестира стотици милиони евра во енергетската, дигиталната, патната и железничката инфраструктурна поврзаност на Македонија со Европа бидејќи ја гледа како своја идна членка во што е можно поскоро време – порача евроамбасадорот во земјава – Михалис Рокас. Тој најави дека износот од 750 милиони евра од Планот за раст наменети за земјава наскоро може да се зголеми, како и дека освен веќе доделените 65 милиони евра, дополнителни 40 милиони преку Европскиот мировен фонд може да ни бидат доделени за зајакнување на македонските воени капацитети. - Овде во Македонија, сите заеднички вложуваме напори и се надевам дека многу наскоро ќе можеме да ги направиме одлучувачките чекори за отворање на преговорите за пристапување, за да можеме да чекориме кон она што треба да биде заедничка иднина под еден покрив – покривот на Европската Унија,- Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Македонија. Германската амбасадорка во земјава – Петра Дрекслер, ја пофали земјава за проактивен пристап кон европската безбедност, особено преку континуираната поддршка за Украина, но како што рече, независно судство претставува темел за целокупната отпорност. -Исто така, треба да имате предвид дека функционалното и независно судство претставува темел и предуслов за сè друго; зашто, без судски интегритет и владеење на правото, нема вистински да се воспостави институционалната доверба неопходна за долгорочна отпорност,- - Петра Дрекслер, амбасадор на Германија во Македонија. Вицепремиерот и министер за транспорт – Александар Николоски изјави дека стратешките за ЕУ Коридори 8 и 10 како патните така и железничките, активно се градат, што освен од економска, како што вели, се значајни и за политичката стабилност на земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00