Бездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијата
1Бездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијата
ХороскопДневен хороскоп за 9.јуни 2020 година Дневен хороскоп за вторник, 9.јуни 2020 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе копнеете консвојот љубовен идеал, но како што ќе минува денот , така ќе бидете свесни дека тој е далеку од вас. Кариера Ќе чувствувате преодна потреба да се повлечете , па ако е некако можно ќе се обидете да делувате од сенка. Здравје и совет Грижите што ќе се појават се обична илузија. Рак 22.6-22.7. Љубов Доколку излезете, има голема веројатностубаво да си поминете. Сепак , внимавајте што зборувате за да не направите збрка. Кариера На работното место нема да бидете кој знае колку ангажирани. Се ќе одработите рутински и ќе ви недостига мотив. Здравје и совет Вежбајте јога за подобра концентрација. Лав 23.7-22.8. Љубов На моменти ќе имате потреба да пресечете и да избегнете некои напори или мали проблеми во врската, но тоа нема да биде потребно. Се е во ред. Кариера Мали недоразбирања во односите со соработниците ќе имаат преоден карактер, па не им придавајте значење. Здравје и совет Останете мирни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашиот партнер ќе покажува потреба за повеќе нежности , па без проблеми ќе го направите тоа. Добро е. Кариера Повремено во главата ќе си ги анализирате претходните работни денови и предизвиците што сте успеале да ги совладате. Потоа ќе се опуштите. Здравје и совет Вежбајте на отворено. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе имате потреба да ги покажете своите емоции и ќе ја доживеете саканата личност на нов начин. Ќе има малку немир ,но врската е во ред. Кариера Ве очекува непромиослено однесување на вашите надредени , поради што ќе се чувствувате повредени. Здравје и совет Не ги земајте работите при срце. Ќе помине. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска наоѓате вистински начин некому да ги покажете своите чувства , било да станува збор за погледи или само за зборови. Кариера Поради добро завршената работа , некои денеска би биле малку под заштита и пуштени дома пред крајот на работното време. Здравје и совет Имате право да уживате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот стил на забава надалеку е познат по оригиналноста. Денеска дури и ќе претерате. Кариера Можно е дека ќе изјавите нешто што ќе повреди некого од вашите колеги. Затоа контролирајте си го јазикот. Здравје и совет Бидете умерени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денот е идеален за да останете дома , било во двојка или сами. Многумина нема да сакаат да излезат со друштво. Кариера Со олеснување ќе го прифатите фактот дека се наближува викендот. Тоа ќе ви ги олесни работните часови. Здравје и совет Наспијте се добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои денеска би можеле да се покажат како вистински сонувачи. Ќе сонуваат за љубовта што ја нема или ќе ги малтретираат другите со такви приказни. Кариера Кога ќе ги сведете сите сметки , ќе видите дека има нови трошоци , но и нови добивки. Пак сте на исто , не се нервирајте. Здравје и совет Одморете се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе дојде до мало подобрување на вашите лични односи, но и натаму тешко ќе наоѓате вистински зборови во комуникацијата со партнерот. Кариера За да ги ослободите новите идеи , поврзете се со младите соработници . Тие ќе ви помогнат за да се изразите. Здравје и совет Следете ги своите сништа. Овен 21.3-20.4. Љубов Повторно ќе најдете рамнотежа во личните односи . На некои во тоа ќе им помогнат пријателите. Саканата личност сепак ве сака. Кариера На работното место ќе чувствувате мир и стабилност. Тајните остануваат за некој друг да ги решава. Здравје и совет Продолжете да го градите започнатото. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно ќе ја споите саканата личност со друштвото и така ќе минете една убава вечер или попладне. Кариера Веќе ништо поврзано со работата нема да ве загрижува. Вашите задачи ви се целосно јасни и тоа ви е доволно. Здравје и совет Вежбајте гимнастика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаГерманските власти идентификуваа двајца осомничени за нападот на аеродромот во Лајпциг Германските власти идентификуваа двајца осомничени во врска со обидот за напад со беспилотно летало на аеродромот во Лајпциг, но веројатно нема да ги уапсат, објави денес весникот „Зидојче цајтунг“ (SZ).Весникот наведува дека истрагата за двајцата мажи, едниот латвиски државјанин роден во Русија, а другиот руски државјанин од Белорусија, ја поддржува тврдењето на германската влада дека Русија стои зад инцидентот, објави „Ројтерс“. Дрон полн со експлозив беше пронајден на аеродромот Лајпциг-Хале на 4 август, но подоцна беше деактивиран. Неколку украински товарни авиони беа во близина, а аеродромот е еден од центрите за транспорт на воена помош за Украина. Според претходните информации, траги од воен експлозиви беа пронајдени и во близина на аеродромот, додека барем уште едно беспилотно летало беше вклучено во инцидентот.Тагови: аеродромот лајпциг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотБездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијатаТој им е познат на властите и живее во близина на железничката станица во италијанскиот град Белуно, каде што поставил шатор. Сепак, во последните денови се најде во центарот на вниманието од многу необична причина. Бездомник од Ирак, познат на граѓаните како Хајдер, се појавил со куфер полн со пари и почнал да им ги дели на минувачите, објавува „Кориере дел Венето“. Не зборува италијански „Некои ги зедоа банкнотите и ги ставија во џебовите, додека други мислеа дека е шега“, вели Марко Дал Понт, градски советник за социјални прашања. Други реагираа поинаку - со тоа што ја повикаа полицијата, која кај бездомникот пронашла 4.390 евра. Парите биле предадени на градската администрација, во исчекување на деталите од необичната приказна. Хајдер е познат на социјалните служби и живее во Белуно веќе неколку месеци. Тој не зборува италијански и не одговара на луѓето што му пристапуваат. Локалните медиуми објавуваат дека не можел или не сакал да објасни од каде се парите што ги носел во куферот. По краток разговор со властите, тој се вратил во својот шатор. „Целиот случај е необичен“ „Сите го познаваат и морам да кажам дека е добро примен од луѓето. Многумина се обиделе да му помогнат, нудејќи му храна и сместување, што тој го одбил“, додаде Дал Понт. Социјалните служби го познаваат и ги следат неговите движења и постапки. „Сепак, целиот случај е навистина необичен“, рече градскиот советник. Банкноти од 50 евра беа пронајдени во куферот и на улицата, а засега се шпекулира од каде доаѓаат. „Мора да одлучиме што да правиме со парите што ги најдовме, но само по консултација со властите“, заклучи Дал Понт.Тагови: куфер пари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет10 исчезнати при судир на два трговски брода во Мраморното мореТурските спасувачи трагаат по 10-член екипаж, откако два трговски брода се судрија во Мраморното море, во близина на Истанбул.Инцидентот се случил рано утрината кај истанбулската крајбрежна општина Сили-Ври, кога надлежните целосно го изгубиле радио и техничкиот контакт со еден од двата брода, кој потонал во морето. На еден од танкерите немало видливи оштетувања и екипажот бил безбедно евакуиран, но судбината на десетте морнари од вториот товарен брод засега останува непозната. Веднаш по поморскиот инцидент, турската крајбрежна стража упати спасувачки патролни бродови и специјални хеликоптерски екипи. Тагови: Мраморното море Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook