3„Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“
ХороскопДневен хороскоп за 9. јули 2026 година Дневен хороскоп за четврток, 9. јули 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Сега се е јасно и без притисок можете да уживате со саканата личност Оние кои се сами добро се забавуваат. Кариера Додека се одморате во мирот на својот дом , во главата си замислувате како работите на друга позиција. Здравје и совет Поработете на флексибилноста на телото. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе се обидете да споите опуштено излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со стари познаници или навики. Кариера Не се двоумете околу вложување енергија во работата . Секој труд кога – тогаш ќе се исплати. Здравје и совет Не може ништо да се прескокне. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можно е решение на некој семеен проблем , кој долго време ве измачувал. Веројатно ќе најдете заеднички јазик. Кариера Освен што сте професионални , ќе покажете и дека сте одличен психолог , со што ќе си обезбедите дополнителни бодови на работата. Здравје и совет Добро влијание на алтернативните методи. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ако се чувствувате осамено , побарајте друштво од пријателите. Тие ќе бидат вистински мелем за вас. Кариера За оние во педагошките професии ги очекува напорна работа , а другите ќе поминат вообичаен работен ден. Здравје и совет Соработувајте со другите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Јасна е вашата добра волја и оптимизам , но кога околностите и не ви одат од рака , ви останува да бидете малку потрпеливи. Кариера Добивате можност да ја покажете умешноста во делот на креативноста , уметноста или декорирањето. Здравје и совет Поченете да спортувате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе бидете изразито сентиментални и ранливи. Постои голема веројатност дека другата страна ќе ве повреди. Кариера Се што ќе работите денеска од вас ќе бара поголем праг на толеранција кон другите и повисок степен ан соработка. Здравје и совет Верувајте им на другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во своите љубовни очекувања денеска ќе бидете поскромни и поради тоа постабилни и посреќни. Тоа е зрелост. Кариера Не сте веќе сигурни колку се очекува од вас , па ќе ја дозирарте работата или ќе ги проверувате работните задачи . Здравје и совет Одморете си ги нозете. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска е ден кога во љубовта ќе ги измешате скромноста и високите идеали. Резултатот ќе биде збунетост од другата страна. Кариера На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично , а разгледувајте ги полека. Здравје и совет Мали главоболки. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе добиете покана за излегување , каде ви е загарантирана добра забава, пријатно друштво и убави односи. Кариера Веројатно ќе постигнете добар договор околу спонзорирање на еден проект за кој се сомневавте. Здравје и совет Преспијте пред одлуката. Овен 21.3-20.4. Љубов Пред вас е убав ден за дружење , било дас е решите за прошетка во двојка , можеби само на кафе со пријателите. Кариера Во соработката со млади лица и натаму има нејаснотии кои треба да се решат , но прво причекајте да стигнат сите информации. Здравје и совет Не се замарајте со ситни работи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Не сакате да бидете здодевни , но вашата љубопитност ќе ве стави во ситуација на иследник . Пазете да бидете индискретни. Кариера Денеска малку ќе ги проанализирате резултатите од својата работа. Условите навистина се ветувачки. Здравје и совет Нервози и грижи. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во друштво на пријателите ќе се смирите и ќе престанете да се нервирате поради што лесно сте можеле да направите грешка . Кариера Вашите претпоставени денеска ќе покажат смисла за креативност , но ќе бидат необјективни во одлуките. Здравје и совет Осмислете ги прашањата пред да ги поставите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
Македонија180 нови дрвја ќе го збогатат зелениот фонд на Карпош Општина Карпош продолжува со активности за унапредување и зголемување на зелените површини на својата територија. Во рамки на есенската акција за садење, предвидено е засадување на 180 висококвалитетни листопадни садници на претходно утврдени локации. Во текот на денешниот и утрешниот ден, околу 60 садници ќе бидат засадени во урбаните заедници Карпош 1 и Карпош 2, по што акцијата ќе продолжи и во останатите урбани и месни заедници. Меѓу видовите кои ќе го збогатат зеленилото се горски и црвен јавор, црн јасен, липа, жалосна софора и црвенолисна слива. Со зголемувањето на зелениот фонд, Општина Карпош продолжува да придонесува кон подобрување на квалитетот на животната средина, создавање попријатни јавни простори и унапредување на условите за живеење на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАлбанија воведува казни до 5.500 евра за демонстрантиВладата на Албанија на премиерот Еди Рама усвои пакет меркив за сузбивање на насилството за време на протести, кои вклучуваат парични казни во износ до 500.000 леки – што е приближно 5.500 евра. Максималната казна се однесува на поединци кои не постапуваат по полициска наредба за разотидување на собирот, а притоа го кријат својот идентитет. За други прекршоци се предвидени помали парични казни. Самото криење на идентитетот се казнува со парична казна во износ од 10.000 до 100.000 леки. Прописот предвидува исклучоци во случаите кога покривањето на лицето е оправдано од здравствени или верски причини, или пак поради вршење професионални должности – како што се новинарството или давањето медицинска помош. Полицијата ќе биде овластена привремено да забрани или ограничи собири во близина на образовни, здравствени и државни институции, доколку постои реален, сериозен и непосреден ризик од насилство или значителна материјална штета. Ваквото ограничување може да остане на сила најмногу 72 часа и може да биде продолжено еднаш. Во случаи кои вклучуваат повици за насилство на социјалните мрежи, полицијата може да побара отстранување на содржината. Доколку објавата не биде отстранета, или доколку таквото однесување се повтори, полицијата може да преземе мерки во согласност со важечките закони. Надомест на штета за сопствениците на бизниси и регистар на осомничени лица Владата, исто така, најави надомест на штета, финансиран од државата, за малите бизниси кои претрпеле штета – како што се вандализам, грабежи или пожари – за време на протестите. Пакетот вклучува и посебен електронски регистар на поединци кои се пријавени во јавното обвинителство или се под истрага за насилни кривични дела извршени за време на јавни собири. Мерките стапија на сила веднаш, а Парламентот мора да ги ратификува во рок од 45 дена. Во Тирана со месеци траат протести против владата. Движењето започна со мирни собири против проект за луксузен хотел во заштитено природно подрачје – проект зад кој стои Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп. До средината на октомври, протестите се проширија и ги вклучија барањата на студентите кои се однесуваат на корупцијата, проблемите во здравствениот систем и недостигот на перспективи за младите луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Култура„Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат легендарниот дует, дуетот што ги спои Фреди Меркјури и Монсерат Кабаље ќе прозвучи на „Flowers Symphony 2“.Кога Фреди Меркјури посакал да запее со Монсерат Кабаље, не ни можел да замисли дека нивната соработка ќе создаде песна по која ќе се памети една цела олимпијада. На 16 ноември, оваа песна ќе биде дел од „Flowers Symphony 2“ во Македонската филхармонија, каде што Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует во придружба на Оркестар DIVA под диригентска палка на Владимир Димовски. Зад песната стои долгогодишното восхитување на Меркјури кон оперската пејачка Кабаље. Иако публиката го познавала по настапите со Queen и по неговата сценска енергија, операта имала посебно место во неговиот музички свет. Во телевизиско интервју во 1986 година зборувал за гласот на шпанската сопранистка и за желбата да ја запознае. Неговите зборови стигнале до неа, а во март 1987 година двајцата конечно се сретнале во Барселона. Она што Меркјури првично го замислувал како соработка за една песна добило многу поголеми размери кога Кабаље предложила да снимат цел албум. За него тоа било остварување на една лична музичка желба, но и нов предизвик: да создава и да пее покрај една оперска пејачка на која токму тој и се восхитувал. Нивната соработка се развила со взаемна почит и блискост, кои ние и ден денес ги чувствуваме кога ги гледаме нивните заеднички изведби. „Барселона“ ја снимиле во април 1987 година, а веќе во мај ја претставиле заедно пред публика на Ибица. Одѕивот ги охрабрил да продолжат со албумот, кој бил објавен во 1988 година. Неколку години подоцна, песната станала тесно поврзана со Олимписките игри во Барселона во 1992 година и станала еден од музичките симболи на градот. И денес, привлечноста на овој дует е во начинот на кој се надополнуваат два различни гласа. Во него има и театралност, и нежност, и силни заеднички делови, доволно простор изведувачите да внесат нешто свое, дури и во песна што публиката толку добро ја познава. На „Flowers Symphony 2“, таа задача ќе ја преземат Наде Талевска и Бојан Стојков. Нивната изведба, со симфониската придружба на Оркестар DIVA, ќе ѝ даде можност на скопската публика да го слушне овој дует во живо и да го доживее одблиску. Овој извонреден дует ќе биде за првпат изведен од Оркестар DIVA и тоа пред скопската публика. „Барселна“ ќе биде дел од вечерта посветена на познати италијански класици, филмски теми и композиции, меѓу кои и музиката на Енио Мориконе и Ханс Цимер, со оркестар, хор и солисти на една сцена. „Flowers Symphony 2“ ќе се одржи на 16 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Македонската филхармонија. Картите се во продажба на e-ticket.mk/events/diva и во Fruttissimo Juice Bar, Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00