ХороскопДневен хороскоп за 9. јули 2019 година Дневен хороскоп за вторник , 9. јули 2019 година . Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе прифатите мало малтретирање од саканата личност , на која повторно ќе и кажете колку ви значи. Тоа ќе биде добар вовед во убава љубовна приказна. Кариера Ќе знаете како да ги насочите и оние соработници кои не се многу вредни. Со личен пример ќе ги мотивирате на работа. Здравје и совет Немате грижи. Лав 23.7-22.8. Љубов Се што ќе се случува денеска ќе ви носи само немир , фрустрации и нови прашања. Обидете се да останете мирни и трпеливи. Кариера Пред вас е ден полн со предизвици , во кој ќе мора да разграничите што сакаат шефовите , кои се целите , кој е пријател , а кој непријател. Здравје и совет Останете будни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Освен што и натаму не ви цветаат рози во љубовта, денешниот ден би можел да ви донесе и некои семејни нестабилности. Кариера Ќе бидете распнати меѓу желбите и можностите . Ваше е да најдете златна средина и да се прилагодите на позитивен начин. Здравје и совет Немир и незадоволство. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можно е дека со саканата личност ќе разговарате за дестинација на која сакате да отпатувате. Сеуште нема да се договорите. Кариера Во вашата работа ќе се вклучат нови луѓе , со кои ќе мора да научите да комуницирате. Ќе има мали несогласувања. Здравје и совет Некој нема да ви се допадне . Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Усогласувањето на ставовите со саканата личност , веројатно ќе потрае и денеска. Ќе употребите хумор. Кариера Вашиот работен ден ќе биде доста шарен. Ќе работите се и сешто и ќе ве има на повеќе места. Динамичен ден. Здравје и совет Легнете да спиете на време. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе успеете да споите пријатно со корисно. Саканата личност ќе ја поврзете со поширок круг луѓе со кои и деловно переговарате. Кариера Договорите ќе се одвиваат по системот,,тргни-застани” , но нема да ви претставува тешкотија. Ќе работите со желба и без застој. Здравје и совет И натаму сте одлично. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би можело да има застој во односите , зашто зборовите ќе ви бидат премногу љубезни. Внимавајте да не ве прогласат за слаткоречив. Кариера Вашите деловни амбиции се големи , но такви се и можностите. Денеска внимавајте да не паднете во стапицата на самодопадливост. Здравје и совет Вежбајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Оние кои сонуваат , мора да се симнат на земја. Саканата личност во тоа ќе им помогне , а тогаш ќе увидат дека тоа е здраво. Кариера Ќе дојде до израз нерационално трошење пари , а вие сето тоа ќе мора да го оправдате и да го решавате. Здравје и совет Бидете што е можно поразумни. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Партнерот ќе има свои желби и барања , кои во прв момент ќе ви изгледаат неразумни , но набргу ќес е снајдете. Кариера Ќе има преоден несклад со соработниците , зашто некои од нив ќе покажат нестабилност.Но , долгорочно се се одвива одлично. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Овен 21.3-20.4. Љубов Веројатно ќе покажете доза на несигурност , што малку ќе ја обесхрабри дугата страна.Потрудете се да верувате во она што го доживувате. Кариера Веројатен е трошок на кој не сте сметале ниту вие ниту вашите соработници. Ќе надоместувате за да се снајдете во моментот. Здравје и совет Штедете го грлото и гласните жици. Бик 21.4- 20.5. Љубов Кога ќе ви се пристори дека сте тргнале чекор напред , нешто ве враќа наназад. Така е тоа кога се брзате и работите површно. Бидете поискрени. Кариера Не се грижете поради трошоците , туку обидете се да работите напорно и без многу размислувања.Резултатите ќе дојдат подоцна. Здравје и совет Ви недостига трпение. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во сексуалните прашања ќе имате мало двоумење околу стилот.Секој сака да ужива на свој начин. Кариера Некој би можел да ви пререче дека на работа трошите на неважни ситници. Ќе ги аргументирате своите издатоци. Здравје и совет Редовно опуштајте се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВажни избори за членови на Претставничкиот дом на САД за два денаВо вторник, на 3 ноември, Американците ќе излезат на гласање за конгресните избори, кои ќе го одредат односот на силите во Вашингтон во текот на последните две години од мандатот на претседателот Доналд Трамп. Повеќе од 200 милиони граѓани имаат право на глас на овие избори, кои доаѓаат по две години одбележани со високи трошоци за живот, војни и обвинувања за корупција. Гласачите ќе ги изберат сите 435 членови на Претставничкиот дом на САД – кои имаат двогодишен мандат – како и 35 од 100-те американски сенатори, кои се избираат со шестгодишен мандат. Американците, исто така, ќе избираат гувернери во 36 сојузни држави, членови на државните законодавни тела, а ќе одлучуваат и за бројни прашања ставени на гласање. Изборите во средината на мандатот традиционално се сметаат за референдум за поддршката на претседателот и неговата партија. На овие избори, партијата на претседателот често губи пратенички места, а промената на мнозинството во Конгресот може значително да го ограничи просторот за политичко маневрирање на претседателот. Според најновиот просек од анкетите на „RealClearPolitics“ (RealClearPolitics), Демократите имаат предност во испитувањата за тоа која партија гласачите би ја поддржале на изборите за Конгресот. Кон крајот на октомври, овој просек изнесуваше 51,5 отсто за Демократите и 43,1 отсто за Републиканците. На изборите одржани пред две години, гласаа приближно 155 милиони луѓе. На претходните избори во средината на мандатот, на гласање излегоа околу 122 милиони од вкупно повеќе од 240 милиони регистрирани гласачи. Излезноста на ваквите избори е традиционално помала отколку на претседателските избори. Интересот за овогодинешните избори е очигледен и преку предвременото гласање. До завршната фаза од кампањата, десетици милиони Американци веќе го искористија своето право на глас, при што бројот на предвремени гласови се приближува до 50 милиони, според податоците објавени од „Асошиејтед прес“. Претседателот Трамп, исто така, веќе гласаше. Во текот на целата кампања, тој ги повикуваше гласачите од Републиканската партија да се однесуваат како тој самиот да е на гласачкото ливче. Сепак, претседателот не се кандидира на овие избори. Демократите моментално имаат 214 места во Претставничкиот дом, додека републиканците го држат мнозинството. За да се обезбеди контрола врз овој дом, кој брои 435 пратенички места, потребни се најмалку 218 места.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Петар БогојескиУтре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар БогојескиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПретежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилниСпоред УХМР времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на циклонска активност од денес до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има во недела и во вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m². Од среда и во деновите потоа ќе се задржи стабилно време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook