3Иран до земјите од заливот: Секоја помош за американската армија ќе ја сметаме за учество во војната
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
1Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
ХороскопДневен хороскоп за 9. јануари 2024 годинаДневен хороскоп за вторник, 9. јануари 2024 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Оние кои се во стабилни врски , денеска ќе имаат потреба за да останат дома во прегратка на саканата личност. Кариера Креативните дејности што се однесуваат на помали задачи , денеска ќе ви донесат големо задоволство. Здравје и совет Игнорирајте ја нервозата. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Додека вие се забавувате и уживате како никогаш, некој од вашите пријатели страда и сака да ви се довери. Кариера И натаму сте во фаза да ги ,,прескокнувате” задачите , зашто многу повеќе ве привлекува вашето хоби и уредувањето на домот. Здравје и совет Бидете професионални. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Каде и да тргнете , малку е веројатно дека денеска ќе постигнете емоционално исполнување. Задоволете се со она што го имате. Кариера Имате изгледи за напредување , што ќе остави трага на подолг период. Искористете ги понудените опции. Здравје и совет Емотивни фрустрации. Овен 21.3-20.4. Љубов Држете се само до она што знаете дека е проверено и стабилно. Се друго може да се смени во дел од секундата. Кариера Не се занимавајте со она за што интуитивно чувствувате дека нема да ви донесе корист. Одработете го само она што морате. Здравје и совет Едноставно издржете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе дојде до мало подобрување во личните односи , но се уште не е такво за да можете да се опуштите. Кариера Не сте сигурни што треба да направите , па веројатно ќе побарате помош од личност која е постручна од вас. Здравје и совет Носете заклучоци во тишина. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска ќе увидите дека на една личност премногу и требате. Некако ќе најдете време меѓу љубовта и пријателството. Кариера Ништо што моментално се случува на вашето работно место , не ви се чини доволно интересно за да го преокупира вашето внимание. Здравје и совет Помагајте им на другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе бидете растргнати меѓу љубовните желби , семејните должности и можности за сопствено задоволство. Кариера Оние кои кон работата имаат професионален пристап , ќе работат одлично . Другите постојано ќе наоѓаат приговори поради сопствените фрустрации. Здравје и совет Подобро е да верувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе се поврзете со необични личности или такви кои не се од вашата средина. така ќе го збогатите својот емоционален свет. Кариера Ќе успеете да ја стабилизирате финансиската подлога за развој на работите. Поради тоа ќе ви порасне самодовербата. Здравје и совет Не споредувајте се со другите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе знаете да сочуствувате , но при тоа ќе имате непријатно чувство.Имате доверба само во она што ви лежи на срце. Кариера Ќе ја подобрите соработката со другите преку подобра комуникација , но се уште нема да прифаќате се што шефовите ви предлагаат. Здравје и совет Најдете златна средина. Вага 24.9.-23.10. Љубов Ќе се ослободите од блокадите во комуницирањето и ќе успеете да го изразите она што го чувствувате. Тоа ќе биде чекор напред. Кариера Некои во работата ќе воведуваат нови или млади соработници. При тоа ќе бидат поотворени и попријатни од обично. Здравје и совет Покажете ја својата ведра страна. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе откривате се подлабока поврзаност со личноста што ја сакате , а во исто време добро ќе се забавувате. Кариера Некои ваши колеги денеска ќе покажат мрзливост или ќе бараат полуксузни услови за работа. Бргу ќе им одговорите. Здравје и совет Вие знате како да постапите со секого. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ве очекува зачестено излегување меѓу луѓе. За оние кои уште се сами , тоа ќе биде добра шанса за нови познанаства. Кариера Од она што сте го презеле , нешто веќе се га ќе се покаже како успешно, а за остатокот ќе треба да помине уште некои проверки. Здравје и совет Бидете тактични.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПтица – комарец – човек – како западно нилската треска доби епидемиски размери? Птиците одсекогаш биле резервоар за болеста нилска треска, од која и заболуваат. Посебно од нилска треска се подложни грабливите птици, најчесто чавка и гаврани, објаснува специјалист по птици Методија Велевски од Македонското еколошко друштво. Она што посебно е важно е да се знае дека вирусот не минува од заразена птица на човек туку само посредник е комарцот. „Потребни се комарци, за да практично преку крвта на овие болни птици го пренесат вирусот понатаму. Причина е повеќе опстојувањето на комарците во оние застојани води каде што се размоножуваат во голем број и веќе се чуствуваат последиците од климатските промени. Порано се размножуваат тигристите комарци и поуспешно ги поминуваат зимите и остануваат во летото каде се во контакт со луѓето“, објаснува за Канал 5, Методија Велевски оринтолог македонско еколошко друштво. Велевски ги истражува птиците нивниот живот но и преселби во преспанскиот регион. Тој вели дека климатските промени не се иднина, тоа реалниот живот и причина за дел од птиците преселници кои се хранат со комарци остануваат на јужната хемисфера заради климатските промени и можно е во иднина комарците да се ги има во поголем број. Прскањето е можеби едно решение, но поважно е да се делува на места со застојана вода и чистење на каналите на време и едукација за заштита од комарци кај граѓаните. „Некои птици посебно се тука ластовичките и пиштарките се природни регулатори на бројноста на комораците. Меѓутоа и многу други организми посебно виленските кончиња се одлични ловци на комарци и тие прскања се меч со две острици“, вели Велевски. Од АХВ објаснуваат дека имаат стотини пријави за умрени птици од граѓани и апелираат да не се прави паника. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЗападнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населениетоДваесет и четиригодишник од Центар што планинарел и најверојатно е каснат од инфициран комарец со западно нилска треска на повисоките предели е најмладиот пациент задржан на лекување на Инфективната клиника со воспаление на мозокот.Дваесет и четиригодишник од Центар што планинарел и најверојатно е каснат од инфициран комарец со западно нилска треска на повисоките предели е најмладиот пациент задржан на лекување на Инфективната клиника со воспаление на мозокот предизвикан од вирус. Кај него нема посериозни компликации како што има кај петмината пациенти кои се повозрасни и имаат придружни болести, а се приклучени на апарати за дишење. Здравствените власти велат дека само во последната недела регистрирани се 12 нови случаи на западно нилска треска. Од регистрираните 38 случаи, од кои во моментов 2 се водат како веројатни, 28 се машки, а 10 се женски, во просек на 67 годишна возраст, засега нема регистрирано заразени деца. Додека во општина Петровец и Гази Баба, поточно жаришта каде што е прогласена епидемија на жителите кои имаат над 60 години веќе им стигнуваат СМС пораки со насоки како да се заштитат, од здравство тврдат дека освен Студеничани, сите општини прскале против комарци. Најмногу и најрано е прскано во Илинден, каде што досега има три случаи, а во Студеничани каде дезинсекција годинава не се ни спровела има 2. Клековски не гледа проблем во ефективноста на сретствата што се употребуваат. Додека водените површини како езерцето во парк и Смилковското деновиве се таргет на прскање против комарци, Клековски упати и апел до сите општини да ги проверат хидрантите и да внимаваат на површините каде што може да има задржување на вода што може да придонесе за размножување на комарците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
СветСтрашна несреќа во Бразил: Најмалку 22 мртвиНајмалку 22 лица загинаа во судир помеѓу минибус и камион на автопат во бразилската држава Парана, соопшти денес Федералната сообраќајна полиција.Уште пет лица се повредени во несреќата, која се случи рано утрово, објави „CNN“. Повеќето од загинатите биле патници во минибус кој припаѓал на здравствената служба на општината Имбитува. Возачот на камионот, исто така, починал. Повредените се однесени во болниците во Понта Гроса. Минибусот патувал од Имбитува до болниците во пошироката област Куритиба, додека камионот патувал од Карамбеј до Прудентополис. Acidente entre ônibus da Saúde e caminhão deixa 22 mortos na BR-373, em Ipiranga Um grave acidente envolvendo um micro-ônibus da Secretaria de Saúde de Imbituva e um caminhão deixou ao menos 22 pessoas mortas na madrugada desta quarta-feira (19), na BR-373, em Ipiranga Pr pic.twitter.com/r6T6hdDp2p — São José Alerta (@saojosealerta) August 19, 2026 На местото на несреќата интервенирале членови на Федералната сообраќајна полиција, цивилната полиција, брзата помош, противпожарната служба и екипи од концесионерот Виа Араукарија, кој управува со делницата. Фото: XТагови: Бразил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook