Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
2Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
ХороскопДневен хороскоп за 9. јануари 2021. годинаДневен хороскоп за сабота, 9. јануари 2021 година . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашиот љубовен шоу ќе продолжи со поврзување со личност од надвор. Некои ќе добијат љубовен меил или порака од странство. Кариера Својата стручна способност денеска ќе ја надувате до крајни граници , но никој нема да ви замери , зашто ќе бидете уверливи. Здравје Почнете да спортувате. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе имате вистински баланс за уживање и љубов , апосебно во конкретни ситуации.Оние во врска ќе бидат многу задоволни. Кариера Денеска исправно ќе се поставите , зашто ќе знаете да ги испочитувате не само строгите правила, туку и човечките потреби. Здравје Мала главоболка. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Мал чекор ве дели до помирување и поквалитетни односи , но потребно е само малку трпение. Кариера Веројатно ќе добиете добар договор за спонзорирање на еден проект за што се сомневавте. Здравје Имајте малку повеќе верба. Овен 21.3-20.4. Љубов Преодна несигурност би можела да биде поврзана со погрешно изразување или недоразбирање. Не навлегувајте во расправија. Кариера Вашите претпоставени денеска ќе бидат полни со елан и нови планови за развој на работата , а вие ќе имате помалку енергија. Издржете. Здравје Одете чекор по чекор. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако имате лични проблеми , прифатете еден неврзан повик на кафе , зашто така ќе си ја олесните душата. Кариера Можеби ќе ви предложат да одите на кусо деловно патување за да ја согледате состојбата и да донесете нови информации од терен. Здравје Средете го ритамот на работата и одморот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов За некои овој ден ќе биде за паметење , а особено вториот дел.Оние кои бараат сродна душа , секако треба да излезат. Кариера Ќе биде одлично , координирани и со вистинско чувство за секоја задача. За вас денеска нема препреки. Здравје Уживајте во секој момент. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе одработите уште некои работи од минатото , за да можете посмело да тргнете натаму. Нема да ви биде лесно , но ќе бидете доследни. Кариера Ќе ви обрнат внимание и ќе може да си го изразите своето мислење. Вашите идеи ќе бидат разгледувани , но за нив ќе нема мислење. Здравје Премногу се грижите. Лав 23.7-22.8. Љубов Денеска малку ќе ве измачуваат стари мечти и неисполнети надежи , па затоа најдобро е да се повлечете и смирите. Не инсистирајте на ништо. Кариера Иако ќе работите посветено и без застој , денеска ќе ви изгледа како да работите недоволно. Здравје Поработете на вашето трпение. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ако се чувствувате осамено , побарајте друштво на пријателите. Тие ќе бидат вистибнски мелем за вас. Кариера Конечно ќе ви стане јасно дека она што го работите вреди повеќе отколку што мислевте . Со тоа сознание полесно ќе работите. Здравје Бидете искрени кон сите. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е убав ден за дружење , било да се решите за излегување со саканата личност , било да се прошетате и се напиете кафе со познаници. Кариера Денеска лесно ќе излегувате на крај со обврските доколку работите со колеги , но ако сте сами на работното место , ќе ви недостига некој за да поразговарате. Здравје Радувајте се на она што е добро. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Можно е решение на некој семеен проблем , што долго ве измачуваше. Веројатно ќе најдете заеднички јазик. Кариера Успешно ќе завршите една деловна фаза и ќе свртите нов лист.Ќе биде тоа чекор напред за вас. Здравје Не се сомневајте ,туку работете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска е ден кога во љубовните теми ќе помешате скромност со високи идеали. Резултатот ќе биде збунетост на другата страна. Кариера Соработниците ќе ве подржат и ќе ви изразат симпатии , но кога станува збор за стручноста , никој нема да ви прогледа низ прсти. Здравје Се е во ред.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сопругата на Роналдо, Георгина ги покажа раскошните облини-Мини-фустанот малку криеше.Георгина Родригез се појави во новата кампања на брендот „Калцедонија“ (Calzedonia) и привлече големо внимание со својот стајлинг. Позната по своите бујни облини и беспрекорен стил, Георгина Родригез уште еднаш ја воодушеви јавноста со свое модно издание. Таа се појави во новата кампања на италијанскиот бренд „Калцедонија“, при што носеше впечатливи модни парчиња. Кампањата е снимена пред монументална градба, а главното парче облека во оваа есенска колекција се хулахопките. Фотографии од снимањето самата Георгина ги објави на својот профил на Инстаграм, а на нив се прикажани неколку различни комбинации. Корисниците на социјалните мрежи не останаа рамнодушни на оваа глетка, па ѝ упатија позитивни коментари за нејзиниот изглед. Повеќето ѝ рекоа дека е „убава“ и дека нејзината убавина е „нереална“.Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Касно е Мицкоски да се пере од Вучиќ и сестринската СНС – следат истраги во СрбијаОрганизираната криминална група ВМРО денес се обидува да побегне од Александар Вучиќ и од нивната сестринска партија СНС. Касно е за перење. Не може Мицкоски да се испере од Вучиќ. Токму Вучиќ управува со Мицкоски и со ВМРО. Граѓаните паметат и знаат. Знаат за бизнис-мрежите на Мицкоски во енергетиката што водат кон Србија преку Адамавиќ и Руднап. Знаат за петте тони дрога што од Македонија завршија во Србија кај сестринската СНС а никој не одговараше се уште. Знаат за Алта банка која Европа ја забрани а Мицкоски и Славевски ја внесоа во Македонија. Знаат за медиумите на Вучиќ и Орбан, за ботовите и платформите на СНС кои ги поддржуваат ВМРО и Мицкоски . Знаат за влезот на српскиот Евроњуз и Ало група, во сопственост на Вучиќ. Знаат за 4iG, за истите лобисти на Мицкоски и Вучиќ, за антимонот. Граѓаните знаат дека позади сето ова стои криминална организација, целосно поврзана меѓу СНС и ВМРО, спрегата Мицкоски - Вучиќ. Не се брише вистината со едно панично соопштение на ВМРО. Но ние знаеме зошто е паниката. Следуваат разврски, следуваат истраги во Србија, следува одговорност. Скопје, 27.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотСкандал ! Поранешната Мис на Швајцарија го обвини Трамп за силување, Белата куќа со итна реакцијаПоранешната Мис Швајцарија и манекенка Беатрис Кеул го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за силување за време на инцидент во хотелот „Плаза“ во Њујорк во ноември 1993 година.Поранешната Мис Швајцарија и манекенка Беатрис Кеул го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за силување за време на инцидент во хотелот „Плаза“ во Њујорк во ноември 1993 година, се наведува во извештајот објавен во понеделникот од страна на демократите во Претставничкиот дом. Кеул претходно, во октомври 2024 година, тврдеше дека Трамп ја допрел без нејзина согласност за време на истиот инцидент, но тогаш изјави дека нападот не отишол подалеку, пренесува „Телеграф“. Во разговорите со вработените во демократските комисии, таа сега излезе со тврдења дека Трамп ја силувал, наведувајќи дека ѝ го скинал фустанот и ја повредил, а потоа ѝ се заканил за да ја принуди на молк. Според нејзиното сведочење, Кеул го запознала Трамп кога имала 24 години, на прес-конференција за натпревар за доделување награди во хотелот „Плаза“, кој во тоа време бил во негова сопственост. Таа изјави дека Трамп ѝ ветил помош околу добивањето виза и запишувањето на Универзитетот во Њујорк, а дека по нивниот разговор, осудениот сексуален престапник Џефри Епстин ѝ пристапил и ја поканил на забава во резиденцијата на Трамп, „Мар-а-Лаго“. Белата куќа ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги обид на демократите да го одвлечат вниманието од достигнувањата на администрацијата на Трамп. Трамп претходно негираше дека сторил нешто лошо поврзано со Епштајн и тврдеше дека го прекинал пријателството со него долго пред да се појават сомневања за неговите криминални активности. Што содржи извештајот? Извештајот на демократите, исто така, вклучува изјави од уште четири жени кои го обвинија Трамп за силување или сексуален напад. И сто така, се тврди дека Трамп, Епштајн и други наводно го користеле натпреварот во хотелот Плаза за да пронајдат ранливи млади жени и девојки. Членот на Комитетот, Џејми Раскин, рече дека пет жени директно го обвиниле Трамп за силување или сексуален напад во друштво или присуство на Епштајн, додека други тврдат дека Епштајн или неговата соработничка Џилијан Максвел се обиделе да ги предадат на Трамп. Раскин, исто така, го обвини Министерството за правда на САД за прикривање злосторства за да го заштити претседателот. Белата куќа ги отфрли обвинувањата во извештајот.Тагови: Доналд Трамп Епстин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter