3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го испрати талогот Жерновски да клевети во јавност, двајцата се исплашени од одговорноста која ги стигнува
ХороскопДневен хороскоп за 9. јануари 2020 годинаДневен хороскоп за четврток, 9. јануари 2020 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе се обидете послободно да ги изразувате вашите чувства, но тоа не е гаранција дека другата страна ќе ве разбере. Кариера Пред вас е интересен деловен ден м во кој ќе мислите дека може да направите се што ќе посакате. Здравје и совет Опуштете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Потребата за доминација во односот ќе биде силна, но ќе знаете на време да ја спуштите топката. Тоа ќе биде паметно. Кариера Понекогаш мислите дека сте тркачки коњ , па од време на време ќе се обидете да ги занемарите помалку важните работи. Здравје и совет Се задоволувате само со најдоброто. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денеска ѕвездите ќе ве водат кон љубов , среќа и мир. Многумина ќе увидат дека токму тоа им е потребно. Кариера Вашиот труд дава резултаи , што нема да ве спречи секој слободен момент денеска да го поминете во безделничење. Здравје и совет Продолжете така. Овен 21.3-20.4. Љубов Со помош на фантазија ќе успеете да воспоставите каков- таков однос со партнерот.Не е совршено , но засега не е ни лошо. Кариера Не барајте игла во сено.Добро е вака како што е .Кога би се барала ваша грешка , би се нашло доста. Здравје и совет Вежбајте јога. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во право се оние кои велат дека сте убави и привлечни.Тоа е резултат на здравиот живот и птошетките на свеж воздух. Кариера Ако имате чувство дека некој на работа постојано ве анализира, ќе му простите и се ќе свртите на шега. Здравје и совет Имате право во одлуките. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Мали семејни проблеми поврзани со минатото ќе бараат од вас зголемен ангажман. Кариера Ќе го слушате вашиот внатрешен глас , кој ќе ви биде безгрешен водич кон развојот на кариерата. Здравје и совет Барате нови идеали. Рак 22.6-22.7. Љубов Нежност и сентименталност ќе бидат обележје на денот.Оние кои се сами вројатно ќе страдаат од силен копнеж. Кариера Ќе размислувате за луѓето од работа кои не си ја вршат работата со ист ентузијазам како вие. Ќе се прашувате зошто е тоа така. Здравје и совет Не инсистирајте се да биде по ваше. Лав 23.7-22.8. Љубов Борбениот дух не ве напушта и подготвени сте да урнете некои пречки за да стигнете до нечие срце. Кариера Некогаш ви е тешко , а и самите не знаете зошто.Потпрете се на интуицијата за да дојдете до одговорот. Здравје и совет Играте на сигурно. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашите заслуги во запознавање на саканата личност се поголми отколку оние на другата страна. Затоа ќе го диктирате темпото. Кариера Ќе помислите како сега работата ви оди полесно и колку тоа е добро. Уживајте во опуштеноста. Здравје и совет Чувствителност на бубрезите. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе ве водат чувствата и интуицијата.Нема да згрешите.Ќе знаете на време што треба да правите. Кариера Продолжува конструктивниот период во кој воспоставувате се подобри контакти и ја зацврстувате деловната соработка. Здравје и совет Имате право да се опуштите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете распнати меѓу желбата да излезете на весело и бучно место и потребата да уживате во тишината и интимноста на домот. Кариера Во се што ќе работите ќе има момент на таинственост, дискреција или фина креативност.Тоа ќе ви биде важно. Здравје и совет Применете ги теориите во животот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Следува благо подобрување во вашиот приватен живот, а најмногу ќе ве израдува засилувањето на довербата. Кариера Вработените во мали приватни фирми ќе најдат начин како да работат поквалитетно и ќе ја подобрат соработката со партнерите. Здравје и совет Прошетајте на воздух и разбистрете ги мислите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода двајца дрвокрадци во прилепско и крушевско, пронајдени се и одземени нежигосани дрваПо документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.На 29.10.2026 во 14:30 часот во с.Житоше, општина Долнени, полициски службеници од Полициско одделение Ропотово го лишија од слобода В.С.(57) од с.Житоше затоа што на место викано ,,Надводеница“ во с.Житоше бил затекнат со приколка натоварена со нежигосани огревни дрва. На 29.10.2026 во 16:20 часот во с.Белушино, крушевско, полициски службеници од Полициско одделение Ропотово го лишија од слобода С.Б.(69) од с.Белушино затоа што при преглед на трактор со крушевски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени нежигосани дрва и моторна пила. По документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: дрвокрадци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
БалканСтудентите во Србија најавуваат специјален суд и бараат оставки од најмоќните функционериПо изборната победа во Србија, Студентското движење најави сериозни промени во државните институции, барајќи оставки од повеќе високи функционери и најавувајќи формирање Специјален суд за утврдување одговорност на носителите на највисоките функции.На прес-конференција во Пионерскиот парк во Белград, претставниците на Студентската листа „Студентите победуваат“, која освои повеќе од 52 отсто од гласовите, порачаа дека нема да чекаат формално преземање на власта за да побараат промени. Меѓу оние од кои бараат оставки се директорот на полицијата Драган Васиљевиќ, директорот на БИА Владимир Орлиќ, претседателот на Уставниот суд Владан Петров, директорот на „Телеком Србија“ Владимир Лучиќ и раководители во РТС и Обвинителството. „Не дојдовме да се одмаздуваме, туку да им ги вратиме институциите на граѓаните. Секој што го прекршил законот мора да одговара, без оглед на функцијата што ја извршува или ја извршувал“, порачаа студентите. Планот предвидува формирање посебен суд кој би се занимавал со предмети поврзани со високи државни функционери, без оглед на тоа која политичка опција е на власт. Најавена е и можност за посебна обвинителска полиција, законски измени за проверка на потеклото на имотот, конфискација на имот стекнат со криминал и постапки за лустрација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
СветКатар купува големи количества гас од Американците поради стравувањата од војна во ИранКатарската енергетска компанија „КатарЕнерџи“ (QatarEnergy) купува течен природен гас (ТПГ) од американски и други производители, со цел да си обезбеди приходи во случај на нови прекини во испораките низ Ормускиот теснец. Според извршниот директор Саад Шерида Ал-Кааби, овие долгорочни договори имаат за цел да ја заштитат компанијата од последиците на евентуална војна во Иран. Ал-Кааби, кој истовремено е и министер за енергетика на Катар, вчера за „Ројтерс“ изјави дека какво било затворање на Ормускиот теснец веднаш би довело до скок на цените на гасот. Со купување ТПГ од други производители, „КатарЕнерџи“ би можела да продолжи да остварува приходи во такво сценарио – приходи кои инаку би биле изгубени поради неможноста за извоз на сопствениот гас. Катар има за цел да профитира од разликата во цените на гасот Катар е еден од најголемите светски производители на ТПГ. Ова е првпат некој од највисоките раководители во „КатарЕнерџи“ јавно да објасни како компанијата планира да ги надомести загубите во приходите што би настанале како последица на можна војна во Иран, како и да се заштити од идни проблеми со транзитот низ Ормускиот теснец. Ал-Кааби изјави дека компанијата би можела да профитира од разликата помеѓу пониските цени на гасот во САД и повисоките цени во Европа. Таквата заработка би можела да помогне да се надомести дел од приходите што Катар би можел да ги изгуби поради прекини во извозот. „КатарЕнерџи“ планира да обезбеди „значително повеќе“ од седум милиони тони ТПГ годишно, иако Ал-Кааби не ја откри точната количина. Компанијата моментално преговара со неколку производители – вклучително и американската фирма „Венчр Глобал“ (Venture Global) – и има намера да го набавува гасот од оние што нудат најповолни услови. Постигнат договор за купување на седум милиони тони гас годишно Вчера, „КатарЕнерџи“ потпиша 20-годишен договор за купување на три милиони тони ТПГ годишно од американски постројки со кои управува австралиската енергетска компанија „Вудсајд“ (Woodside). Минатата недела, компанијата исто така склучи два договори со американскиот производител „Cheniere Energy“ за купување на до четири милиони тони течен природен гас (ТПГ) годишно, при што испораките ќе траат сè до 2054 година. Како резултат на тоа, за само две недели, катарската компанија обезбеди вкупно седум милиони тони гас годишно. „Очекуваме уште (договори)“, изјави Ал Кааби. Испораките од „Cheniere Energy“ ќе започнат дури во 2031 година, а „QatarEnergy“ планира оваа година да потпише дополнителни договори со времетраење од 20 до 25 години со американски и други производители. Минатата недела, агенцијата „Ројтерс“ објави дека компанијата „Venture Global“ преговара со „QatarEnergy“ за испорака на дополнителни три милиони тони течен природен гас годишно. Купениот американски гас не може да ги замени катарските испораки Ал Кааби предупреди дека „QatarEnergy“ не може едноставно да им понуди американски течен природен гас на оние клиенти на кои не е во можност да им испорача катарски гас поради можно затворање на Ормускиот теснец. Ова се должи на условите во постојните долгорочни договори, во кои се прецизирани терминалот од кој гасот мора да биде испратен, како и дестинацијата на која мора да биде испорачан. Затоа, пратките од САД не можат автоматски да послужат како замена за катарските испораки. Катар моментално учествува со приближно една петтина во глобалниот извоз на течен природен гас (ТПГ), а сите негови пратки мора да поминат низ Ормускиот теснец. Кон средината на март, Иран изврши напад врз гасните постројки во Рас Лафан, Катар, како одмазда за израелскиот напад врз иранското гасно поле „Јужен Парс“ (South Pars). Нападот уништи 17 отсто од капацитетот на Катар за извоз на течен природен гас. Ал Кааби тогаш изјави дека за поправките ќе бидат потребни меѓу три и пет години. Поради направената штета, „QatarEnergy“ во текот на овој период нема да биде во можност да испорачува 12,8 милиони тони течен природен гас годишно. Тој исто така предупреди дека компанијата можеби ќе биде принудена да прогласи „force majeure“ во однос на долгорочните договори со клиенти во Италија, Белгија, Јужна Кореја и Кина – мерка што би можела да остане на сила во период од три до пет години. „ Force majeure “ подразбира ситуација во која, поради вонредни околности надвор од нејзина контрола, компанијата привремено не е во можност да ги исполни своите договорни обврски. Оваа недела, „КатарЕнерџи“ (QatarEnergy) го продолжи статусот на „виша сила“ до крајот на годината. Производството би можело да продолжи по склучувањето мировен договор. Кааби истакна дека Катар би можел да го обнови производството на ТПГ во полн капацитет во рок од една недела по постигнувањето мировен договор на Блискиот Исток, под услов да има достапни бродови за транспорт на гас. Сепак, поради уништувањето на постројките, производството – сè додека не завршат поправките – веројатно нема да надмине 83 отсто од нивото пред војната. Извор: Индекс.хрТагови: Иран Катар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24