3„Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“
ХороскопДневен хороскоп за 9. август 2025 година Дневен хороскоп за сабота, 9. август 2025 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Борбениот дух не ве напушта и подготвени сте да урнете некои пречки за да стигнете до нечие срце. Кариера Некогаш ви е тешко , а и самите не знаете зошто.Потпрете се на интуицијата за да дојдете до одговорот. Здравје и совет Играте на сигурно. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашите заслуги во запознавање на саканата личност се поголми отколку оние на другата страна. Затоа ќе го диктирате темпото. Кариера Ќе помислите како сега работата ви оди полесно и колку тоа е добро. Уживајте во опуштеноста. Здравје и совет Чувствителност на бубрезите. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе ве водат чувствата и интуицијата.Нема да згрешите.Ќе знаете на време што треба да правите. Кариера Продолжува конструктивниот период во кој воспоставувате се подобри контакти и ја зацврстувате деловната соработка. Здравје и совет Имате право да се опуштите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете распнати меѓу желбата да излезете на весело и бучно место и потребата да уживате во тишината и интимноста на домот. Кариера Во се што ќе работите ќе има момент на таинственост, дискреција или фина креативност.Тоа ќе ви биде важно. Здравје и совет Применете ги теориите во животот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Следува благо подобрување во вашиот приватен живот, а најмногу ќе ве израдува засилувањето на довербата. Кариера Вработените во мали приватни фирми ќе најдат начин како да работат поквалитетно и ќе ја подобрат соработката со партнерите. Здравје и совет Прошетајте на воздух и разбистрете ги мислите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе се обидете послободно да ги изразувате вашите чувства, но тоа не е гаранција дека другата страна ќе ве разбере. Кариера Пред вас е интересен деловен ден м во кој ќе мислите дека може да направите се што ќе посакате. Здравје и совет Опуштете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Потребата за доминација во односот ќе биде силна, но ќе знаете на време да ја спуштите топката. Тоа ќе биде паметно. Кариера Понекогаш мислите дека сте тркачки коњ , па од време на време ќе се обидете да ги занемарите помалку важните работи. Здравје и совет Се задоволувате само со најдоброто. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денеска ѕвездите ќе ве водат кон љубов , среќа и мир. Многумина ќе увидат дека токму тоа им е потребно. Кариера Вашиот труд дава резултаи , што нема да ве спречи секој слободен момент денеска да го поминете во безделничење. Здравје и совет Продолжете така. Овен 21.3-20.4. Љубов Со по,ош ма фантазија ќе успеете да воспоставите каков- таков однос со партнерот.Не е совршено , но засега не е ни лошо. Кариера Не барајте игла во сено.Добро е вака како што е .Кога би се барала ваша грешка , би се нашло доста. Здравје и совет Вежбајте јога. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во право се оние кои велат дека сте убави и привлечни.Тоа е резултат на здравиот живот и птошетките на свеж воздух. Кариера Ако имате чувство дека некој на работа постојано ве анализира, ќе му простите и се ќе свртите на шега. Здравје и совет Имате право во одлуките. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Мали семејни проблеми поврзани со минатото ќе бараат од вас зголемен ангажман. Кариера Ќе го слушате вашиот внатрешен глас , кој ќе ви биде безгрешен водич кон развојот на кариерата. Здравје и совет Барате нови идеали. Рак 22.6-22.7. Љубов Нежност и сентименталност ќе бидат обележје на денот.Оние кои се сами вројатно ќе страдаат од силен копнеж. Кариера Ќе размислувате за луѓето од работа кои не си ја вршат работата со ист ентузијазам како вие. Ќе се прашувате зошто е тоа така. Здравје и совет Не инсистирајте се да биде по ваше.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
Македонија180 нови дрвја ќе го збогатат зелениот фонд на Карпош Општина Карпош продолжува со активности за унапредување и зголемување на зелените површини на својата територија. Во рамки на есенската акција за садење, предвидено е засадување на 180 висококвалитетни листопадни садници на претходно утврдени локации. Во текот на денешниот и утрешниот ден, околу 60 садници ќе бидат засадени во урбаните заедници Карпош 1 и Карпош 2, по што акцијата ќе продолжи и во останатите урбани и месни заедници. Меѓу видовите кои ќе го збогатат зеленилото се горски и црвен јавор, црн јасен, липа, жалосна софора и црвенолисна слива. Со зголемувањето на зелениот фонд, Општина Карпош продолжува да придонесува кон подобрување на квалитетот на животната средина, создавање попријатни јавни простори и унапредување на условите за живеење на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАлбанија воведува казни до 5.500 евра за демонстрантиВладата на Албанија на премиерот Еди Рама усвои пакет меркив за сузбивање на насилството за време на протести, кои вклучуваат парични казни во износ до 500.000 леки – што е приближно 5.500 евра. Максималната казна се однесува на поединци кои не постапуваат по полициска наредба за разотидување на собирот, а притоа го кријат својот идентитет. За други прекршоци се предвидени помали парични казни. Самото криење на идентитетот се казнува со парична казна во износ од 10.000 до 100.000 леки. Прописот предвидува исклучоци во случаите кога покривањето на лицето е оправдано од здравствени или верски причини, или пак поради вршење професионални должности – како што се новинарството или давањето медицинска помош. Полицијата ќе биде овластена привремено да забрани или ограничи собири во близина на образовни, здравствени и државни институции, доколку постои реален, сериозен и непосреден ризик од насилство или значителна материјална штета. Ваквото ограничување може да остане на сила најмногу 72 часа и може да биде продолжено еднаш. Во случаи кои вклучуваат повици за насилство на социјалните мрежи, полицијата може да побара отстранување на содржината. Доколку објавата не биде отстранета, или доколку таквото однесување се повтори, полицијата може да преземе мерки во согласност со важечките закони. Надомест на штета за сопствениците на бизниси и регистар на осомничени лица Владата, исто така, најави надомест на штета, финансиран од државата, за малите бизниси кои претрпеле штета – како што се вандализам, грабежи или пожари – за време на протестите. Пакетот вклучува и посебен електронски регистар на поединци кои се пријавени во јавното обвинителство или се под истрага за насилни кривични дела извршени за време на јавни собири. Мерките стапија на сила веднаш, а Парламентот мора да ги ратификува во рок од 45 дена. Во Тирана со месеци траат протести против владата. Движењето започна со мирни собири против проект за луксузен хотел во заштитено природно подрачје – проект зад кој стои Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп. До средината на октомври, протестите се проширија и ги вклучија барањата на студентите кои се однесуваат на корупцијата, проблемите во здравствениот систем и недостигот на перспективи за младите луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
Култура„Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат легендарниот дует, дуетот што ги спои Фреди Меркјури и Монсерат Кабаље ќе прозвучи на „Flowers Symphony 2“.Кога Фреди Меркјури посакал да запее со Монсерат Кабаље, не ни можел да замисли дека нивната соработка ќе создаде песна по која ќе се памети една цела олимпијада. На 16 ноември, оваа песна ќе биде дел од „Flowers Symphony 2“ во Македонската филхармонија, каде што Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует во придружба на Оркестар DIVA под диригентска палка на Владимир Димовски. Зад песната стои долгогодишното восхитување на Меркјури кон оперската пејачка Кабаље. Иако публиката го познавала по настапите со Queen и по неговата сценска енергија, операта имала посебно место во неговиот музички свет. Во телевизиско интервју во 1986 година зборувал за гласот на шпанската сопранистка и за желбата да ја запознае. Неговите зборови стигнале до неа, а во март 1987 година двајцата конечно се сретнале во Барселона. Она што Меркјури првично го замислувал како соработка за една песна добило многу поголеми размери кога Кабаље предложила да снимат цел албум. За него тоа било остварување на една лична музичка желба, но и нов предизвик: да создава и да пее покрај една оперска пејачка на која токму тој и се восхитувал. Нивната соработка се развила со взаемна почит и блискост, кои ние и ден денес ги чувствуваме кога ги гледаме нивните заеднички изведби. „Барселона“ ја снимиле во април 1987 година, а веќе во мај ја претставиле заедно пред публика на Ибица. Одѕивот ги охрабрил да продолжат со албумот, кој бил објавен во 1988 година. Неколку години подоцна, песната станала тесно поврзана со Олимписките игри во Барселона во 1992 година и станала еден од музичките симболи на градот. И денес, привлечноста на овој дует е во начинот на кој се надополнуваат два различни гласа. Во него има и театралност, и нежност, и силни заеднички делови, доволно простор изведувачите да внесат нешто свое, дури и во песна што публиката толку добро ја познава. На „Flowers Symphony 2“, таа задача ќе ја преземат Наде Талевска и Бојан Стојков. Нивната изведба, со симфониската придружба на Оркестар DIVA, ќе ѝ даде можност на скопската публика да го слушне овој дует во живо и да го доживее одблиску. Овој извонреден дует ќе биде за првпат изведен од Оркестар DIVA и тоа пред скопската публика. „Барселна“ ќе биде дел од вечерта посветена на познати италијански класици, филмски теми и композиции, меѓу кои и музиката на Енио Мориконе и Ханс Цимер, со оркестар, хор и солисти на една сцена. „Flowers Symphony 2“ ќе се одржи на 16 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Македонската филхармонија. Картите се во продажба на e-ticket.mk/events/diva и во Fruttissimo Juice Bar, Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook