ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ХороскопДневен хороскоп за 9. август 2019 годинаДневен хороскоп за петок , 9. август 2019 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе комбинирате сериозен и ноншалантен пристап во љубовта. Резултатот ќе биде збунетост на партнерот или личноста на која и се додворувате. Кариера Се наоѓате пред нови предизвици , нов начин на работа што сега почнува. Ќе се решаваат уште некои детали. Здравје и совет Ќе блескате. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе увидите дека и со мали чекори ќе може да поминете големо растојание до нечие срце. Ќе имате добивка. Кариера Уметниците ќе дојдат до решение како да го остварат делото за кое долго време размислувале. Другите ќе работат незабележително. Здравје и совет Здравјето ќе ви биде добро. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе го дефинирате својот став на тема доминација во врската. Ќе барате поголема рамноправност. Кариера Работите денеска ќе ги извршувате без голема желба , а по одреден број часови , ќе побрзате на една забава , каде ќе се дружите со весели луѓе. Здравје и совет Бидете тактични. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Семејството од каде што потекнувате сигурно денеска од вас ќе бара дополнителен ангажман , па саканата личност ќе остане во втор план. Кариера Верувате дека вашите заслуги на работното место се поголеми отколку што сега се гледа. Почекајте тоа да се покаже. Здравје и совет Напредувате во секој поглед. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашата најдрага личност денеска ќе биде исклучително чувствителна , па покажете малку повеќе разбирање за неа. Кариера Би сакале да се впуштите во нешто што не е конвенционално или што води кон алтернатива. Денеска сте обземени со тоа. Здравје и совет Бидете она што сте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Влегувате во исклучително емотивна фаза , кога ќе блескате , а вашата потреба за љубов ќе биде голема. Повеќето ќе бидат вљубени. Кариера На работното место ќе се чувствувате добро , без оглед на напорите на кои и натаму сте изложени. Здравје и совет Внимавајте на настинка. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе прифатите сугестии од другата страна , иако ви изгледаат премногу ексцентрични. Вие сте вистински дипломат. Кариера Некои ќе заминат нба службено патување на кое ги чекаат пријатни доживувања и уживање во работата што ја работат. Ќе биде подобро од очекуваното. Здравје и совет Ќе треба да знаете да се поставите кон секого. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Одлично ќе комуницирате со партнерот , а главната тема ќе ви биде она што ви е најважно во вашиот однос. Кариера Некои ќе се најдат пред договор или ќе преговараат за нова работа. Засега останете на анализите , а решавајте во текто на викендот. Здравје и совет Чувствителност на грлото и вратот. Овен 21.3-20.4. Љубов Големата самодоверба ќе ве води во нови љубовни акции. Оние во врска ќе и бидат сигурна потпора на саканата личност. Кариера Многумина денеска ќе посакаат да воспостават контакт со деловни партнери од странство или ќе разгледуваат опции на работа надвор од земјата. Здравје и совет Држете се до своите приоритети. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе се однесувате како се да ви е сеедно и така успешно ќе ги решавате љубовните грижи. Кариера Ќе заклучите дека сте успеале да ги остварите своите очекувања и ќе работите со минимален притисок. Здравје и совет Немојте да претерувате. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се поврзете со група луѓе кои ги сакате и со нив ќе ја споделите веселбата од денешниот ден.Оние во врска ќе бидат добро. Кариера Кога некој си заминува , си заминал така што вие не го очекувајте , но кога вие заминувате , вас ве очекуваат. Не сте свесни за тоа. Здравје и совет Уживајте во попладнето. Рак 22.6-22.7. Љубов Без оглед што можеби енма да се разбирате во се , партнерот ќе биде подготвен да ги поддржи вашите идеи. Тоа ќе ве охрабри. Кариера Една работа ќе ја приведувате кон крајот , а на неа ќе може директно да влијаете. Запаметете дека не мора се да биде по ваша желба. Здравје и совет Некои почнуваат нов живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter