Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
1Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
ХороскопДневен хороскоп за 8. октомври 2019 година Дневен хороскоп за вторник, 8. октомври 2019 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе покажете дека цврсто верувате во своите љубовни идеали и дека од саканата лилчност очекувате повеќе отколку што мисли. Кариера Во стручните прашања би можело да дојде до една расправија или натпревар во докажување кој е во право. По обичај , никој. Здравје и совет Несоница по кошмарните сништа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во вашата работна средина би можеле денеска да забележитер личност која ви е посебно наклонета. Кариера Ќе бидете мотивирани само за многу интѕересни теми како што се алтернативни , уметнички и слично. Здравје и совет Не манипулирајте со луѓето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Разговорот што ќе го водите со личност која ви е особено драга , ќе биде доста сериозен , па дури и мрачен. Кариера Ако тргнувате на деловно патување , проверете ја состојбата на автомобилот , дали сте ги набавиле сите дозволи и слично. Здравје и совет Не е исклучена кашлица.. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ви претстои убаво помионато време во тишината на домот. Оние во врска , ќе го повикаат партнерот кај себе , а самците ќе размислуваат дали да излезат. Кариера Ќе мора малку повеќе да се потрудите околу финансиите . Имате добра шанса , па би било штета да ја пропуштите. Здравје и совет Одете кон својата цел. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе почуствувате колку е тешко постојано да објаснувате зошто избегнувате блискост. Едбноставно дистанцата ви одговара. Кариера Ќе се обидете да ги направите поедноставно работите околу финансиските трансакции. За некои тоа ќе биде чекор напред. Здравје и совет Позанимавајте се со својата листа на приоритети. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска би можеле да ја запознаат на своето работно место. Кариера Ќе бидете наклонети да мешате деловно со приватно , но тоа нема да ви пречи во доброто функционирање на работното место. Здравје и совет Пазете се од провев. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска не е најдобар ден за еротика , зашто ќе бидете студени. Затоа покажете љубов до одредена граница на физичко зближување. Кариера Загрижено ги следите сите новости , но се уште не го наоѓате она што го сакате. Сеуште постојат ограничувања. Здравје и совет Бидете трпеливи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е пријатен љубовен ден во кој ќе ги надминете сите критики кои биле кажани на ваша сметка. Кариера Добивате одредена заштита , но тоа не значи дека и натаму не треба да се докажувате. Здравје и совет Бидете праведни. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со паметен избор на зборови ќе ја пополните празнината во личните односи. Се ќе успеете да надоместите со интелектот. Кариера Ако повторно се посомневате во вашите способности , само погледнете што сте постигбнале до сега. Набргу ќе се охрабрите. Здравје и совет Соработувајте со младите. Рак 22.6-22.7. Љубов Партнерот ќе ве поттикне на нежност. Вашиот меѓусебен однос ќе се подобрува секој ден се повеќе. Кариера Со своето знаење ќе придонесете работата да се заврши што подобро , како и деловните партнери да ве почитуваат. Здравје и совет Одлично сте расположени. Лав 23.7-22.8. Љубов Убавите љубовни шанси ќе бидат занемарени поради мала семејна тага или проблем. Кариера Ќе се чувствувате растргнати меѓу желбите и можностите. Излезот е во реалното согледување на состојбата. Здравје и совет Бидете одговорни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Пред вас е многу ветувачки љубовен ден. Ќе имате можност да поминете преубаво заедничко време со саканата личност. Кариера Држете се до своите деловни партнери , зашто тие во моментов одлично ја водат целата работа. Не им замерувајте ако понекогаш се малку поостри. Здравје и совет Прошетајте се на свеж воздух.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаСаторански се јави од болница: „Беше страшно“Кошаркарот на Хапоел ТА, Томаш Саторански е добро по еден тежок пад.Чешкиот кошаркар опасно ја удри главата при пад на натпреварот меѓу Дубаи и Хапоел во Евролигата, остана да лежи во болки и грчеви, што ги вознемири сите. Глетката беше крајно вознемирувачка. Еден ден подоцна, Чех преку својот профил на Инстаграм ја сподели добрата вест. „Здраво на сите, би сакал да одвојам момент за да му се заблагодарам на секој од вас за сите пораки, поддршка и интерес. Посебна благодарност до Кошаркарскиот клуб Дубаи, неговите играчи и стручниот штаб, за брзата реакција и помошта. Навистина сум благодарен. Исто така, голема благодарност до моите соиграчи, стручниот штаб и сите луѓе во Хапоел за сета поддршка и помош. Тоа секако беше застрашувачки момент, но сега се чувствувам многу подобро. Се надевам дека што поскоро ќе се вратам на теренот“, напиша Чех, објавувајќи фотографија од болничкиот кревет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНародната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзорВо врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија.Во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија и сама по себе не значи автоматско одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Битола. Домашната банка е самостојно правно лице, основано и регистрирано во Република Македонија, чие работење се оценува согласно домашната законска и регулаторна рамка. Народната банка, како надлежен супервизор ја следи состојбата и постапува во согласност со законските одредби. Народната банка ги следи и сите околности што можат да влијаат врз работењето на домашната банка, вклучително и ризиците што произлегуваат од нејзината сопственичка поврзаност. Во рамките на своите законски надлежности, Народната банка соодветно постапува и соработува со надлежните домашни и странски институции, со почитување на законските правила за доверливост на супервизорските информации. Во однос на стекнувањето квалификувано учество во банка, Народната банка потсетува дека согласност се издава врз основа на сеопфатна постапка, во којашто се ценат законски утврдените критериуми, а врз основа на официјално достапните податоци. Народната банка апелира до јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации. Народната банка ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и да постапува независно, професионално и исклучиво во согласност со своите законски надлежности, во интерес на сигурноста на банкарскиот систем и заштитата на депонентите, стои во соопштението од НБРМ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
СветВо Орегон се судрија два хеликоптера, нема преживеаниДва хеликоптера се судриле во воздух на аеродромот Мекминвил во Орегон, а потоа паднале на поле, нема преживеани.Два хеликоптера се судриле во воздух во близина на аеродром во американската сојузна држава Орегон, по што паднале на полето. Во несреќата нема преживеан. Меѓу жртвите има и пилот-ученик од Велика Британија, чиј идентитет властите засега не го откриваат, сè додека не бидат известени членовите на неговото семејство. Во несреќата загинаа и 22-годишната Меди Асбо, инструкторка за летање од Тексас, како и 38-годишниот Тајлер Делан Стурдевант, пилот од Њуберг, Орегон. Според информациите од Канцеларијата на шерифот на округот Јамхил, во еден од хеликоптерите се наоѓале инструктор и британски ученик, додека со другиот управувал Стардевант, кој бил единственото лице во леталото. Во судирот учествувале хеликоптерот „Робинсон R22“ (Robinson R22), во кој имало две лица, и хеликоптерот „Ербас H125“ (Airbus H125), кој, во зависност од конфигурацијата, може да превезува до шест патници. Двете летала се урнале на земјоделско земјиште во близина на аеродромот.Тагови: хеликоптери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook