ВМРО-ДПМНЕ: По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи?
1ВМРО-ДПМНЕ: По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи?
ХороскопДневен хороскоп за 8. ноември 2022 годинаДневен хороскоп за вторник, 8. ноември 2022 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние во подолга врска успешно ќе го обноват својот сексуален живот. Оние кои сеуште се сами , нека излегуваат зашто ќе им биде убаво. Кариера Со која работа и да се занимавате , денеска би можеле успешно да го споите убавото со корисното. Здравје Игнорирајте го немирот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов За вас ни денеска нема пречки. Отворени ви се многу љубовни врати , а ваше е да изберете. Кариера Количината на мислите во вашата глава ќе биде значителна , но ниту една нема да биде поврзана со работата. Здравје Поминете си убаво. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашата најдрага личност ќе може да се потпре на вас , а со тоа ќе ви се подигне самодовербата. Кариера Во моментов ништо не ве загрижува. Ако треба да се работи , во ред , ако треба да се оди во борба за работа , и тоа не ви пречи. Здравје Почнете да вежбате. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Како што ќе минува денот, ќе имате се поголема потреба дасе повлечете од другите и да се завлечете во четирите ѕида на домот. Кариера Некои меѓу вас ќе посакаат одмор . Можно е да посакаат и да добијате неколку слободни денови. Здравје Преиспитајте се себеси. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Доколку се контролирате и ја пшочитувате другата страна, може да очекувате подобрување на личните односи. Кариера Веројатна е многу пријатна соработка со деловни партнери од странство или со луѓе од иста професија. Здравје Ќе ви олесни. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе поверуваат дека се на прагот на конечно решение, но ќе се покаже дека треба уште да поработат на својот однос. Кариера Ќе ве интересира се што може да придонесе кон вашата сигурност. Некои ќе ги анализираат финансиите , а другите ќе ги проверат бравите во станот. Здравје Немате причина за страв. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе продолжите да излегувате и да ја развивате својата врска на паметен начин . Некои тукушто ја започнале , па нека одат полека. Кариера Можеби ќе имате малку повеќе среќа од другите , бидејќи на работното место сега ви помагаат.Но , и тоа ќе помине. Здравје Одморете се за утре. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашето љубовно расположение ќе биде во пад, додека партнерот ќе има потреба за повеќе нежност. Бидете тактични. Кариера Во деловната кореспонденција ќе бидете многу оригинални . Со своето изразување ќе поттикнувате , но и ќе ги збунивате другите. Здравје Денеска сте возач различен од сите други. Рак 22.6-22.7. Љубов Помалку ќе приговарате , па вашиот партнер ќе станува се посреќен и позадоволен , а секако и вие со него. Кариера Би можеле да ги проширите вашите деловни хоризонти со нови знаења , помодерен пристап или со истражување без компромис. Здравје Вежбајте јога. Лав 23.7-22.8. Љубов Немојте да се споредувате со другите , зашто нема добро да се чувствувате. Бидете мирни и трпеливи и уживајте во она што го имате. Кариера Имате одлични идеи како да ја унапредите дејноста во која работите. Ќе размислувате за тоа. Здравје Верувајте во подобро утре. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сентименталноста или потребата од нежност ќе предизвика голем копнеж кај вас доколку сте сами , или пак желба да му угодувате на партнерот. Кариера Уметниците ќе имаат многу впечатливи настапи и денеска , а другите навистина ќе уживаат во публиката. Здравје Аплаузот е загарантиран. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во текот на денешниот ден вашите лични односи ќе се доведуваат во ред и малку по малку ќе се подобруваат. Кариера Алтернативците одлично ќе ги води интуицијата , а креативците едноставно ќе уживаат во својата работа. Здравје Здружете се со младите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи?По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи или на јахтата на менторот Заев по нови инструкцииПо изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче го снема од медиумскиот простор. Додека претходно речиси секојдневно Филипче држеше прес-конференции, сега го нема никаде. СДС на предвремените локални избори во Брвеница, е со пад од 8% во однос на минатите избори во 2025 година, а СДС на чело со Филипче слави пораз од 4 спрема 1 на избори. Очигледно, резултатите и не се за славење, па Филипче отиде на „одмор“ или по инструкции од менторот Заев. Каде е Филипче дали замина на јахтата на Заев во Егејското Море или на одмор во Дубаи? Наместо да излезе пред јавноста и да понесе одговорност за резултатите на СДС, Филипче молчи. По ваков изборен пораз, Филипче бега од соочување со реалноста. Во Брвеница, СДС доживеа убедлив пораз од ВМРО-ДПМНЕ, со резултат од 4 спрема 1. Тоа е вистинската слика за политиката што ја води Филипче и за состојбата во која се наоѓа СДС под негово раководство. Под водство на Филипче, партијата се соочува со сериозно политичко маргинализирање. Кога резултатите се лоши, лидерот треба да излезе пред јавноста, а не да исчезне од медиумите. Му посакуваме на Филипче уште многу вакви „успеси“ како оној во Брвеница. Ако ова е неговата визија за победа, тогаш СДС има сериозна причина да се загрижи за својата политичка иднина. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВидео: Тирана повторо„гореше“,молотовлеви коктели, оган, водени топови За време на деветтиот ден од протестите во Тирана, демонстрантите фрлија неколку Молотовлеви коктели кон кабинетот на премиерот на земјата, Еди Рама, како и кон полицискиот кордон што ја обезбедуваше зградата, објави албанскиот медиум „Еуроњуз“ (EurМолотовите коктели предизвикаа мал пожар, кој беше брзо изгаснат од дежурната противпожарна служба. Водените топови беа во подготвеност, но не беа употребени, а полицијата исто така не упати никакви повици до демонстрантите. Clashes in the Albanian capital, Tirana, escalated into full-scale street battles by mid-day today. Furthermore, protesters are actively dismantling surveillance cameras throughout the city. https://t.co/zFx3z1iOmo — 𝕊𝕡𝕣𝕚𝕟𝕥𝕖𝕣 𝕻𝕣𝕖𝕤𝕤 (@SprinterPress) October 21, 2026 Демонстрациите завршија по неколку часа со марш до плоштадот „Скендербег“. Демонстрантите најавија продолжување на протестот утре, за кога е закажана пленарна седница на владата. Во Албанија, веќе девет дена се одржуваат протести предводени од студенти. Тие започнаа поради незадоволство од состојбата во образованието, високите трошоци за студирање и слабите можности за вработување на младите, но прераснаа во пошироки демонстрации против владата на албанскиот премиер Еди Рама, со барања за негова оставка. Премиерот на Албанија утрово се огласи преку видео на социјалните мрежи, во кое го повтори повикот за дијалог со демонстрантите. 🇦🇱 Albânia: protestos pedem mudança radical na política. A Praça Skanderbeg, em Tirana, registra o sexto dia consecutivo de protestos contra o governo de Edi Rama. #Albânia #Tirana #Protestos #EdiRama #Política #Democracia #Europa #FronteiraLivre https://t.co/AkzZlwnp6M — Fronteira Livre (@fronteira_livre) October 22, 2026 Во видеото објавено утрово на Фејсбук – за разлика од претходниот ден, кога поканите ги стави на столици – денес тој ги постави на бетонски клупи. Видеото е проследено со коментарот „Добро утро“. Според локалните медиуми, денес се очекува уште еден напнат ден во Тирана, бидејќи студенти и граѓани најавија нов собир пред албанскиот парламент.Тагови: Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДипломатијата без конкретен напредок кон мир во УкраинаПо разговорите во Осло и Санкт Петербург, останува неизвесно дали војната во Украина е поблиску до крај.Средбите меѓу Зеленски, американскиот пратеник Стив Виткоф и европските претставници беа оценети како конструктивни. Во Осло беше разгледана можноста за трилатерална средба меѓу Трамп, Путин и Зеленски. Сепак, Москва засега не покажува подготвеност за средба на највисоко ниво. Кремљ најави можност за продолжување на разговорите во Абу Даби следниот месец. Но, тие би се одржале на техничко, а не на лидерско ниво. Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, оцени дека разговорите во Осло не донеле многу корисни предлози. Американскиот пратеник Виткоф порача дека останува уште значајна работа за постигнување договор.во меѓувреме, Украина се соочува со сериозен притисок врз воздушната одбрана.Претстојната зима дополнително ја зголемува загриженоста за состојбата во земјата.Се разгледува и можноста за средба на Трамп, Путин и Си Џинпинг во Кина. Засега нема конкретни показатели дека договорот за завршување на војната е на дофат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter