ХороскопДневен хороскоп за 8. ноември 2019 година Дневен хороскоп за петок, 8. ноември 2019 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ја прифатите реалноста и ќе ја градите својата врска најдобро што можете. Сега дури гледате колку ве сака партнерот. Кариера Додека ја работите секојдневната работа, вие се повеќе во главата го вртите филмот за некои нови идеи со кои би се унапредила работата. Здравје и совет Добро е што размислувате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска лесно ќе влегувате како во својата така и во туѓата потсвест , па бргу и вешто ќе го прочитате партнерот. Кариера Ќе ја затворите вратата за неиздржани мисли и дела , па ќе се концентрирате на она што може да се исполни. Здравје и совет Можен е незаборавен сон. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Не сте сигурни дали да попуштите пред некои барања на партнерот. Добро ќе размислувате , зашто нема да знаете што да направите. Кариера денеска во работењето максимално ќе ја користите интуицијата. Ќе има и такви кои ќе ги анализираат своите соништа во разговор со колегите. Здравје и совет Внимавајте на настинки. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска е одличен ден за романтична вечера со свеќи. Ќе бидете нежни , а вашите кулинарски способности ќе излезат на виделина. Кариера Во услужните дејности денеска ќе дојде до остварување на еден долго подготвуван проект. Здравје и совет Некои се решија да стават крај на лошите навики. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас е ден полн со инспирација за заљубување,можности за пријатни средби , дружења за кои долго сте сонувале. Кариера Ќе бидете енергични и подготвени да ги решавате и најголемите проблеми. Ништо нема да ви биде тешко , а на уморот ќе одговарате со хумор. Здравје и совет Подобрување. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашето слободно време денеска ќе биде окупирано од пријателите. Може да им ги доверите своите љубовни грижи. Кариера Некои ќе се затекнат во ситуација да бидат протежирани или ќе добијат понуда што ќе им го направи денот убав. Здравје и совет Бидете професионални. Бик 21.4- 20.5. Љубов И денеска ќе бидете поврзани со друштвото и пријателите повеќе отколку со саканата личност. Во врската моментално сте на дистанца. Кариера Немојте да се залажувате дека сте го постигнале максимумот , зашто не сте ни блиску до него. Треба уште многу труд и вложување во себе. Здравје и совет Бидете реални. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние кои бараат сродна душа , нека обрнат внимание на личностите што ги среќаваат на работното место . Има таму некој што го привлекувате. Кариера Некои колеги денеска ќе се чувствуваат лошо и запоставено, па можеби вие ќе им дадетеутеха. Здравје и совет Подобро сте од повеќето , па помогнете им. Рак 22.6-22.7. Љубов Продолжува вашиот пријатен љубовен период. Границата се единствено вашите зборови , кои овој пат не би биле најдобро избрани. Молчете и сакајте. Кариера Поголемиот дел од работното време ќе поминете во механичко одработување на она што треба да го сработите. Здравје и совет Уживајте во убавиот ден. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе чувствувате вистинска плима од емоции зашто ќе бидете почувствителни од обично. Насекаде ќе барате љубов. Кариера Тешко ќе се концентрирате на работата, зашто ќе бидете склони се да земате при срце. Треба да ги разделите работата и емоциите. Здравје и совет Не се грижете ако имате мали отоци.Ќе поминат. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе ги свртите низ главата малите грижи.Битно е да не се внесете во нив. Минатото е минато и тука не може ништо да направите. Кариера На повеќето денеска нема да им се работи, но ако веќе мора, набрзина ќе го сработите неопходното и ќе настојувате да избегате дома. Здравје и совет Искористете го вашиот хумор. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можно е надворешни влијанија да ве оттргнат од вашите сништа и фантазии. Ќе треба работите реално да ги согледате. Кариера Со почитување на другите, денеска ќе постигнете добри резултати. Со наметнување на своите ставови може само да си наштетите. Здравје и совет Одберете здрав живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Кавадарци е подготвено за Тиквешкиот Гроздобер 2026Градот на грозјето и виното повторно живее во ритамот на најголемата винска традиција!Улиците се украсени, атмосферата се загрева, а Кавадарци е подготвено да ги пречека сите гости со многу музика, вино, традиција и незаборавна забава. Тиквешки Гроздобер 2026 – празник на грозјето, виното, културата и гостопримството! 🍇 Добредојдовте на Гроздоберот! ❤️- напиша првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЖена (61) спие во „плакар“ и заштедила 1.000 евра: „Во креветот само спијам“Од стара ниша направила необична спална соба.Бенита (61) од Стокхолм спие во мала ниша налик на плакар, а тврди дека класична спална соба никогаш не ѝ била потребна. Со преселувањето во помал стан ги намалила трошоците и добила поголема слобода. Кога Бенита (61) се преселила во мал стан во историска зграда од 1898 година, во срцето на Стокхолм, многумина биле изненадени од една работа – таа одлучила својата спална соба да ја замени со мала ниша налик на плакар. Сепак, Бенита не смета дека поради тоа нешто изгубила. Напротив, вели дека животот во помал простор ѝ го донел токму она што ѝ било потребно: помали трошоци, помалку обврски и повеќе слободно време, пишува „Лепа и среќна“. „Во креветот само спијам“, објаснува таа. Бенита легнува околу девет часот навечер, станува во пет часот наутро и, како што вели, во спалната соба поминува само онолку време колку што ѝ е потребно за спиење и местење на креветот. Затоа, класичната спална соба никогаш не ѝ била приоритет. Помал стан, поголема слобода Со одлуката да се пресели во помал стан, Бенита го растоварила домашниот буџет за околу 1.000 евра. Помалата хипотека ѝ донела и помал финансиски притисок, но и поголема слобода. За неа тоа било поважна придобивка од дополнителната просторија што речиси и да не би ја користела. Бенита и порано имала необични решенија за спиење. Во еден стан креветот ѝ бил сместен во дел од дневната соба, додека во друг спиела во подрумот. Поради тоа, како што вели, навикнала на реакциите од луѓето кои сметаат дека секој простор за спиење мора да изгледа како класична спална соба. Овој „плакар“ крие интересна приказна Просторот во кој денес спие на прв поглед изгледа како голем плакар, но неговата историја е многу поинтересна. Станува збор за оригинален ходник во зградата од 1898 година. Некогаш го поврзувал дуќанот со станбениот дел во кој живееле трговците. Поради конструкцијата на старата зграда и носечките ѕидови, просторот не можел едноставно да се отстрани или да се спои со остатокот од станот. Затоа Бенита решила да го претвори во нешто корисно. Наместо неискористената ниша да ѝ претставува проблем, таа од неа направила мал, интимен простор за спиење. Ваквиот начин на организирање на просторот не е целосно нов. Креветите сместени во ниши или затворени простори биле познати во Шведска уште во 19 век. Таквите кревети, познати како „skåpsäng“, денес често се поврзуваат со традиционалниот и рустикален ентериер. Бенита, сепак, на своето катче му дала помодерен изглед. Стариот кревет на спрат кој се наоѓал во нишата го заменила со нов кревет, а ѕидовите и таванот ги обоило во смирувачка земјена нијанса. Додала бели ленени завеси за да го сокрие гардероберот и на просторот да му даде помек изглед. Вратата на нишата, која претходно била светлозелена, ја обоилa во длабока чоколаднокафеава боја. Резултатот е мал, топол агол кој повеќе наликува на внимателно осмислена ниша за одмор отколку на класичен плакар. „Не ми е клаустрофобично“ На социјалните мрежи имало и такви кои коментирале дека спиењето во ваква ниша би било непријатно или би предизвикувало чувство на клаустрофобија. Бенита, сепак, не гледа така на тоа. Една од причините е и висината на таванот. Во станот таа изнесува околу 3,3 метри, поради што малата површина на нишата не остава ист впечаток како класичен низок и затворен простор. За Бенита најважно е што просторот е прилагоден на нејзините вистински потреби. Нејзината филозофија е едноставна: ако просторијата ја користите само неколку часа дневно, можеби нема потреба за неа да издвојувате голем дел од домашниот буџет. Наместо поголема квадратура, таа одлучила парите и времето да ги вложи во она што ѝ е поважно. А нејзиниот мал „плакар“ за спиење е токму пример како историски, наизглед неупотреблив простор може да стане еден од најинтересните делови од еден стан. Тагови: жена спалната соба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаЗајакнување на соработката меѓу Општина Ѓорче Петров и СОС Детско селоЗајакнување на соработката меѓу Општина Ѓорче Петров и СОС Детско село со цел поддршка на децата и намалување на последиците од семејно и врсничко насилство.Општина Ѓорче Петров и СОС Детско село ја зајакнуваат меѓусебната соработка со цел навремена поддршка на децата, родителите и семејствата, како и превенција и намалување на последиците од семејното и врсничкото насилство. Во пресрет на новата учебна година, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, оствари работна средба со националната директорка на СОС Детско село, Јулијана Накова Гапо, и претставници на организацијата, на која беа разгледани конкретни можности за продлабочување на соработката и реализација на заеднички активности на локално ниво. Посебен акцент беше ставен на Методологијата за јакнење на семејства и Методологијата за позитивно родителство, кои преку стручен и системски пристап овозможуваат рано препознавање на ризиците, превенција и соодветна поддршка на децата и нивните семејства. На средбата се разговараше и за можностите Општина Ѓорче Петров да даде дополнителна поддршка на програмите и активностите на СОС Детско село, како и за промоција и развој на згрижувањето како важен сегмент во системот за заштита на децата. Градоначалникот Стојкоски истакна дека грижата за децата и семејствата е еден од неговите лични и институционални приоритети. -Како градоначалник, но и како човек и родител, верувам дека заштитата на децата не смее да биде само формална обврска на институциите, туку постојана и лична заложба. Моја цел е ниту едно семејство да не остане само кога му е потребна помош и ниту едно дете да не остане без навремена поддршка, заштита и грижа. Ќе продолжам лично да поддржувам иницијативи кои создаваат посилни семејства и побезбедна средина за нашите најмлади - истакна Стојкоски. Преку понатамошната соработка, Општина Ѓорче Петров и СОС Детско село ќе работат на координиран пристап на терен, со цел создавање безбедна семејна и училишна средина, јакнење на родителските капацитети и навремена поддршка на семејствата кои се соочуваат со различни предизвици. Општина Ѓорче Петров останува посветена на креирање локална заедница во која секое дете ќе има услови да расте безбедно, достоинствено и опкружено со грижа и поддршка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter