Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји
1Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји
ХороскопДневен хороскоп за 8. март 2023 година Дневен хороскоп за среда, 8. март 2023 година .Риби 20.2.- 20.3. Љубов Имате право да прашате и она што не е вообичаено. Довербата во вашиот однос е толкав , што може да си дозволите секакви прашања. Кариера Можеби ќе ве пофалат , но во најлош случај вашите идеи ќе бидат прифатени и сфатени сериозно. Здравје и совет Одете во природа. Овен 21.3-20.4. Љубов Многумина и денеска убаво ќе се забавуваати ќе откриваат пат до нечие срце . Ќе им оди од рака речиси се што ќе посакаат. Кариера Денеска би можеле да ги забавувате колегите . Со задоволство ќе почнувате смешни разговори со добро расположение и дружба. Здравје и совет Засадете некое растение. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе продолжите со интензивното поврзување со луѓето , па има голема шанса за запознавање нова личност. Кариера Постојаното качување по скалилата на успехот речиси ве изморило . Имате потреба од опуштање , па ќе ја подзаборавите работата и обврските. Здравје и совет Подобро оптимист , отколку песимист. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов развојот на еден однос постојано ќе ве интригира . Станува збор за личност од работа , со која се почесто си разменувате пораки и знаци. Кариера Многумина денеска ќе ги анализираат своите резултати , уако не е потребно . Се е во најдобар ред. Здравје и совет Бидете поконкретни. Рак 22.6-22.7. Љубов Веќе сфативте дека не треба да форсирате , па таа формула ќе ја искористите и на својата врска. Така ќе ја подобрите. Кариера Осмислете подобар план за соработка со другите. Знаете да се изразите , но користете повеќе тактичност. Здравје и совет Некои ќе запливаат. Лав 23.7-22.8. Љубов Препуштете им на лицата во кои имате доверба да ве упатат каде што треба. Тие ќе знаат подобро од вас. Кариера Кога ќе помислите на деловните планови , веднаш ве заболува главата , зашто има малку работи што останале да се изконтролираат. Здравје и совет Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе балансирате меѓу своите желби и реалните можности. Ништо нема да се прави на сила , туку само со трпение. Кариера Со олеснување ќе ги прифатите извештаите за напредок , од кој и вие сте дел. Тоа ќе биде дополнителен поттик. Здравје и совет Издржете. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашата љубовна приказна ќе продолжи да се развива , на ваша радост. Затоа дотерајте се и излезете во друштво. Кариера Времето работи за вас , а вие му се препуштате со полна доверба Чувствувате дека вашите пет минути допрва доаѓаат. Здравје и совет Сакајте ги луѓето. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Еден член на вешето пошироко семејство денеска од вас ќе бара повеќе внимание и ангажман. Кариера Ќе бидете занесени и ќе мислите дека секој проблем ќе го решите со леснотија. Во добар дел имате право. Здравје и совет Наспијте се . Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно денеска ќе блескате и ќе зрачите со чувства. Многумина без резервно ќе си ја отворат душата. Кариера Денеска ќе се позанимавате со можноста за вложување во работата што моментално ја работите. Ќе барате спонзори. Здравје и совет Не морате постојано да војувате. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Саканата личност денеска би можела да се жали и да приговара со тага. Ќе и попуштате и ќе ии дадете утеха и таму каде што не треба. Кариера Ќе одите на опцијата што ви дава најголем простор, но и уживање во работата. Здравје и совет Ќе уживате во убавниот ден. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Пред вас е одличен ден за секој вид дружење и забава. Посебно ќе бидат расположени младите или оние кои така се чувствуваат. Кариера Ви се чини дека е потребно само малку за вашите таленти да излезат на површина и да светнат. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаСредба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земјиЗаменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ.Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и можностите за унапредување на меѓусебната соработка. Посебен акцент беше ставен на трговската размена и економската соработка, особено во областа на транспортната политика и инфраструктурното поврзување. На средбата, министерот ги претстави развојните политики на Владата и плановите за подобрување на инфраструктурната поврзаност во регионот. Николоски нагласи дека Македонија претставува поволна дестинација за инвестиции и претставува порта за поврзувањето со Централна Европа. Во таа насока, беше истакнато дека присуството на голем број турски компании кои инвестираат во земјава претставува потврда за развиените пријателски односи меѓу двете држави, како и за потенцијалот за натамошно унапредување на економското партнерство. Соговорниците ја потврдија важноста на продолжувањето на соработката меѓу Македонија и Турција во повеќе области, со посебен акцент на економијата, поврзувањето на граѓаните и развојот на туризмот. Во делот на туризмот, беше нагласено дека постојат огромни потенцијали за поврзување меѓу двете земји, со цел поттикнување на туристичките посети и продлабочување на меѓусебните врски. Средбата претставува можност за зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Турција, во интерес на економскиот развој, новите инвестиции и унапредувањето на севкупните билатерални односи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
КултураЗлатна лира 2026-Сабота, 24 октомври, 20 часот, Музеј на македонската борбаВечер на виолина и пијано со Момчило Куфојанакис и Весна Ангелова Христов, долгогодишни камерни партнери со бројни заеднички настапи во Македонија и на меѓународната концертна сцена. Концерт на Момчило Куфојанакис - виолина, Весна Ангелова Христов - пијано. Сабота, 24 октомври, 20 часот, Музеј на македонската борба. Вечер на виолина и пијано со Момчило Куфојанакис и Весна Ангелова Христов, долгогодишни камерни партнери со бројни заеднички настапи во Македонија и на меѓународната концертна сцена. На програмата се деца од Моцарт, Витали, Тартини, Стојков и Шуберт. Момчило Куфојанакис основното и средното музичко образование ги завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во класата на проф. м-р Ерхан Шукри. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. м-р Михаило Куфојанакис, со највисока оцена cum laude. Двегодишните магистерски студии ги завршува во 2015 година на Државниот конзерваториум „А. К. Глазунов“ во Петрозаводск, Русија, во класата на заслужниот артист на Русија и народен артист на Република Карелија проф. Климентиј Јосифович Векслер, повторно со највисока оцена. Во текот на образованието се усовршува кај Ирина Головина, Ара Богданјан, Благородна Танева и Евгенија Чугаева. Учествува на 14. Интернационален мастер-клас „Аркутино“ во Приморско во 2005 година под раководство на Минчо Минчев, на интензивни мастер-класови кај проф. д-р Ино Мирковиќ во Меѓународниот центар „Е-Вивалди“ во Венеција во 2009 и 2010 година, на European Summer Music Academy во Приштина во 2012 година, а во 2014 година и на мастер-класови кај Александар Зиновјевич Бондурјански, Дора Шварцберг и Игор Малиновски во рамките на Dresden Meisterkurse Musik. Од 2004/2005 година развива континуирана рецитална дејност во Скопје и во повеќе градови низ Македонија, често во соработка со пијанистката Весна Ангелова-Христов. Настапува како солист со Македонската филхармонија во 2005 и 2008 година, со гудачкиот оркестар „Арко“ во 2007, Мандолинскиот камерен оркестар – Скопје во 2008, Симфонискиот оркестар при ФМУ во 2008 и 2011 и со „Скопски солисти“ во 2012 година. Во Русија се претставува со рецитал во 2013 година, со изведба на Концертот за виолина од А. К. Глазунов, камерни концерти во 2014 и со целовечерен магистерски концерт во јуни 2015 година. Настапува и на „Скопско лето“, ДАМ во Приштина, „Есенски музички свечености“, „Новаљско глазбено лето“, „Опатијско културно лето“ и во Омишаљ на островот Крк, каде во 2010 година соработува со руската пијанистка Наталија Маричева. Посебно место во неговата меѓународна биографија имаат настапите во Софија: во 2008 година во КИЦ на Република Македонија изведува Бахови двојни концерти со виолинистот Михаило Куфојанакис и пијанистот Тодор Светиев, настап кој бугарската критика го карактеризира како вечер на великани на баховата интерпретација; следната година се враќа со рецитал во камерната сала „Бугарија“. Во 2016 година гостува во Кина со три концерти со хармоникашот Александар Коловски и е член на меѓународно жири на фестивалот во Харбин, а истата година настапува на Франкофонскиот фестивал „Soleil“ во Созопол. Во 2017 година со Весна Ангелова-Христов реализира целовечерен рецитал во Македонскиот културен центар во Њујорк; во 2018 година заедно го основаат Трио „Aperto“ и настапуваат на „Скопско лето“. Следуваат концерти во Скопје, Велес, Куманово, Истанбул, Тирана и Струмица, како и настапи на „Златна лира“ во 2020 и 2023 и на „Есенски музички свечености“ во 2021 година. Критиката посебно го препознава неговиот афинитет кон лирскиот репертоар. Во осврт на концертот „Encores“ на „Златна лира“ 2020, Викица Костоска Пенева го издвојува неговото изразено вибрато, течните трилери, чувството за динамичка градација и сериозноста во делата на Изаи и Блох, а неговиот израз го опишува како „вокална“ интерпретација на виолинската линија. Во репертоарот на Куфојанакис се застапени Бах, Бетовен, Брамс, Вјењавски, Сарасате, Моцарт, Хендл, Паганини, Прокофјев, Дебиси, Сук и Барток, како и македонските автори С. Стојков, А. Џамбазов и М. Трендафиловски; има освоено и повеќе награди на државни и меѓународни натпревари. Фото: Приватна архива Весна Ангелова Христов основното и средното музичко образование ги завршува во Скопје во класата на проф. Павлина Среброва. На седумнаесетгодишна возраст е примена на Факултетот за музичка уметност, каде дипломира пијано со највисока оцена во класата на проф. Борис Романов. Магистрира пијано-интерпретација на ФМУ под менторство на реномираната пијанистка и педагог Рита Кинка од Академијата на уметности во Нови Сад. Во текот на школувањето е добитничка на многубројни државни и меѓународни награди и признанија: специјална награда на меѓународен натпревар во Нови Сад, диплома од натпреварот во Етлинген, Германија, како и специјални и први награди на државните натпревари по пијано и камерна музика. Во 2008 година добива стипендија за културен престој во Cité internationale des arts во Париз. Се усовршува на меѓународни мастер-класови кај Борис Романов, Рита Кинка, Антон Диков, Јокут Михајловиќ и Јаромир Клепач, а како стипендист на Музичка младина на Македонија учествува и на мастер-клас во Вајкерсхајм, Германија. Како солистка и камерен музичар настапува во Македонија, Косово, Србија, Бугарија, Хрватска, Франција, Германија, Турција, Чешка и САД. Нејзината концертна биографија ги вклучува „Денови на македонска музика“, „Златна лира“, „Охридско лето“, „Скопско лето“, ДАМ и Chopin Fest во Приштина, Франкофонскиот фестивал „Soleil“ во Созопол и Fête de la musique во Париз. Повеќепати настапува како солистка со Македонската филхармонија, а изразениот афинитет кон камерната музика ја води кон формирање пијано-дуо и, во 2018 година, кон основање на Трио „Aperto“ со виолинистот Момчило Куфојанакис. Како пијано соработник особено често работи со виолинисти, поддржувајќи млади музичари на натпревари, семинари и концертни подиуми. Во рецензијата за концертот „Encores“ на Куфојанакис и Ангелова Христов на „Златна лира“ 2020, критиката ја опишува пијанистката како „уверлива и сигурна“ и како достоен партнер во обликувањето на заедничкиот настап, а кај лирските пиеси го издвојува усогласениот интензитет меѓу виолината и пијаното и внимателното градење на динамичките нијанси (Викица Костоска Пенева, СМУМ). Ангелова Христов работи како професор по пијано и камерна музика во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, членува во комисии на државни натпревари и е надворешен соработник на Македонската филхармонија и Факултетот за музичка уметност во Скопје. Влезот е слободен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиМакедонската репрезентација во традиционално карате на Светското првенство во Копер, СловенијаМакедонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на Светското првенство, кое ќе се одржи од 22 до 25 октомври во Копер, Република Словенија.Македонија ќе ја претставуваат 14 натпреварувачи во различни возрасни категории: Сениори: Матеј Јарчевски Кадети: Камелија Недев Софија Јарчевска Деца од 11 до 13 години: Филип Недев Георги Кокорманов Драган Стојановски Миле Спанџев Деца од 8 до 10 години: Тадеј Недев Максим Поп Трпев Коста Стојановски Михаил Стојановски Лина Ранова Предраг Брезовски На ова големо меѓународно спортско натпреварување се очекува да учествуваат околу 1.500 натпреварувачи од 58 земји од светот. Настапот на македонските каратисти претставува можност за афирмација на традиционалното карате и на македонскиот спорт на меѓународната сцена. На последното светско првенство кое се одржа во 2024 во Буенос Аирес, Аргентина Дејан Недев го освои бронзениот медал во кати за сениори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22