ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ХороскопДневен хороскоп за 8. март 2022 годинаДневен хороскоп за вторник, 8. март 2022 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Многумина ќе сакаат слободното време да го поминат во домашно опкружување .Ќе бидат среќни во интимните моменти. Кариера Приватните истражувачки работи денеска ќе добијат нов поттик и некои фази од работата ќе се приведуваат кон добар завршеток. Здравје и совет Работете вежби за вратниот дел од рбетот. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе се обидете на другата страна да и се претставите во најдобро светло, но тоа сепак нема да биде вашето најдобро издание. Резултатот променлив. Кариера Работењето со луѓе и со договори ќе ви одат добро само ако прифатите одредени мали компромиси. Однесувајте се дипломатски. Здравје и совет Не влегувајте во расправии. Бик 21.4- 20.5. Љубов Најдобро ќе се чувствувате во светот на соништата , каде ќе ви биде идеално. Можеби така е и најдобро додека не помине овој празен период. Кариера Оние кои работат лаборатории , болници или институции од затворен тип , ќе добијат добар поттик и резултати. Здравје и совет Ослободете ја фантазијата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вие продолжувате да се забавувате , добро да си минувате , да јадете и пиете во друштво на саканата личност или онаа која полека ја освојувате. Ќе помине добро. Кариера На вашето работно место денеска ќе има речиси идеална атмосфера . Сите ќе бидат подготвени да си помогнат едни на други. Здравје и совет Претерувате со исхрана , а премалку вежбате. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако уште сте сами , денеска секако излезете зашто ќе ви се пружи шанса за ново пријатно познанство , кое може да прерасне во љубов. Кариера Со самата појава , ќе влијаете позитивно на другите. Проектите и работата добро ќе се одвиваат. Здравје и совет Подобрување во секој поглед. Лав 23.7-22.8. Љубов Блиска личност ќе ви го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции. Ќе возвратите со иста мерка. Кариера Можете слободно нешто да направите за себе. Кому и да објаснувате , секој ќе ве разбере и тоа ќе го прифати за нормално. Здравје и совет Мислете малку на себе. Девица 23.8.-23.9. Љубов Добриот развој на љубовната состојба продолжува и денеска .Доколку сте сами секако излезете и поврзете се со луѓето. Кариера Имате можност да ги презентирате своите идеи пред стручни и угледни луѓе. Тие ќе ве разберат подобро од вашите очекувања. Здравје и совет Тренирајте она што ви се допаѓа. Вага 24.9.-23.10 Љубов Зближувањето со лица од работната средина и денеска ќе биде можно. Ако се уште сте сами барем потрудете се подобро да се запознаете. Кариера Иако некои ваши колеги ќе прават драма и ќе бидат чувствителни , добро е што ќе покренете креативност и ќе донесете нови решенија. Здравје и совет Можна преодна настинка. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вас саканата личност би можела да ве одушеви. Ќе има големи љубовни и емотивни апетити , но тоа вас само ќе ве придвижи. Кариера Не се измачувајте со прашања на кои и така го знаете одговорот. Продолжете понатаму , соработувајте со колегите и работете најдобро што можете. Здравје и совет Ви се спие. Одморете се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Луцидност и оригиналност ќе бидат вашите денешни особини со кои ќе го збогатите љубовното секојдневие. Кариера Денеска не ги покажувајте отворено вашите скриени идеи и планови , зашто нема добро да ве разберат поради преокупираност со други работи. Здравје и совет Мала меланхолија. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете склони да попуштате за се и сешто , а некои сосема ќе ги спуштат критериумите за љубов. Кариера Ќе пораснат вашите деловни амбиции , но нема да бидат сосема реални. Важно е да определите што е можно да се исполни , а што не. Здравје и совет Ограничете го јадењето и пиењето. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Можете со полни гради да уживате во она што животот ви го дава во љубовта. Оние во врска се среќни , а самците лесно освојуваат. Кариера Ќе има конструктивна атмосфера на работното место. Така ќе работите и вие- без проблеми и со оптимизам. Здравје и совет Вашиот организам е стабилен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази Филипче и СДС се обидуваат да најдат утеха во пласманот на четвртото место. СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и се радува на поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.СДС под водство на Филипче доживеа политички дебакл. СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје. Бројките и фактите се најдобриот показател за состојбата во која се наоѓа СДС која на чело со Филипче се претвори во партија без политичка визија, без убедлива понуда и без капацитет да се наметне како сериозна алтернатива помеѓу граѓаните. Филипче под менторство на Заев ја претвори СДС во партија која се радува на порази. На Филипче и СДС им посакуваме уште многу вакви „успеси“ четврти и петти места, славење на поразите и се помала поддршка од граѓаните, се наведува во пшартиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција мобилизира 70.000 полицајци пред новиот бран протести Франција стравува од понатамошни немири бидејќи протестите низ целата земја повторно се планирани за денеска.Франција стравува од понатамошни немири бидејќи протестите низ целата земја повторно се планирани за денеска, а властите се загрижени за можно повторување на нивото на насилство видено минатиот викенд. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез објави дека масовното присуство на полицијата треба да спречи насилство и грабежи. Тој рече дека 70.000 полицајци и жандармериски персонал ќе бидат распоредени низ цела Франција. Нуњез додаде дека имало бројни повици за насилство и грабежи, кои, според него, биле пораки од демонстрантите. Голем број протести беа забранети, а рутата на маршот беше променета во Париз Министерот за внатрешни работи рече дека голем број демонстрации веќе се забранети. Собирите ќе бидат дозволени ако организаторите обезбедат обезбедување, „и под услов, се разбира, тие да не се одржуваат на места каде што може да има грабежи, нарушување на јавниот ред и слично“. Во Париз, маршот што го објавија синдикатите беше дозволен, но рутата беше променета. И покрај ограничувањата на демонстрациите во саботата, полицискиот час во чувствителните области на градовите остана на сила, рече Нуњез. Младите луѓе протестираат со недели барајќи подобри услови во училиштата. Во текот на изминатиот викенд, други групи им се придружија на нивните протести во бројни градови, вклучувајќи ги и оние против високите трошоци за живот. На маргините на протестот избувнаа сериозни конфликти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ресен и Преспа со нови проекти за подобра иднинаРесен и Преспа со нови проекти за подобра иднина, пешачко-велосипедска патека во должина од 180 километри, нови улици и грижа за најмладите.Општина Ресен продолжува со унапредување на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Развојот на инфраструктурата е еден од најзначајните предуслови за подобар живот на граѓаните. Во изминатава година реализирани се повеќе активности во оваа област како реконструкција на патен правец Мост на Голема Река до раскрсница со Депонија, хидротехнички истражни работи во с.Штрбово ( бушотина за вода), изведба на примарна водоводна мрежа и асфалтирање на ул„Наум Веслиевски“ крак 1 и крак 2 по постоечка состојба, изведба на примарна водоводна мрежа со куќни приклучоци на ул„11-ти Септември“ и ул„Бигла“, изградба на атмосферска канализација на дел од ул „Борис Кидрич“, примарни фекални канализациони системи во Долно Дупени, Крани, Стење, Брајчино, а во тек е изградби на пречистителни станици за истите. Исто така отпочнати се градежни активности за изградба пешачко-велосипедска патека од 180 километри низ Преспа, со поддршка од Европската Унија, за развој на туризмот и промоција на природните убавини. Се работи на подобрување на комуналните услуги преку набавка на два камиони за отпад, кипер и мини багер за потребите на јавното комунално претпријатие. Се прави реконструкција на улици и водоводна и канализациска мрежа, со цел подобра инфраструктура и поквалитетни услуги за граѓаните. Инвестициите во образованието, грижата за најмладите и создавањето подобри услови за нив, се инвестиции во иднината на општината. Општината дава поддршка на секое запишано прваче и за секој запишан средношколец во прва година на средно образование во нашата општина. Воедно, локалната самоуправа дава поддршка на секое првородено дете, како и на ранливите категории граѓани, старите лица и семејствата на кои им е потребна помош. Со континуирани инвестиции и посветена работа, Општина Ресен гради подобри услови за живот и нови можности за развој на Ресен и Преспа, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21