Ужас во Словачка: Ученик од осмо одделение избоде три лица, една наставничка им подлегнала на повредите
1Ужас во Словачка: Ученик од осмо одделение избоде три лица, една наставничка им подлегнала на повредите
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
ХороскопДневен хороскоп за 8. март 2020 годинаДневен хороскоп за недела, 8.март 2020 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во прашањата за чувствата сите коцкички ќе се поклопат по ваша желба. Оттаму многумина денеска ќе сфатат колку се среќни. Кариера Не само што одлично ќе функционирате во редовните работни задачи , туку ќе успеете да ги забавувате сите околу вас. Здравје Нема пречки пред вас. Овен 21.3-20.4. Љубов Најдобро ќе се чувствувате во својот свет , што самиот го создавате со помош на фантазијата. Се друго ќе биде главно фрустрирачки. Кариера Добро ви оди , а на повидок се и некои нови работи. Без оглед што вашите шефови миослат поинаку, вие се држите за своето. Здравје Не се откажувајте од вашата цел. Бик 21.4- 20.5. Љубов Со помош на вашите драги пријатели ќе заборавите на сите љубовни грижи и ќе се отворите за нови можности. Кариера Ќе ги усогласите своите ставови и планови со околината , така што во иднина ќе работите полесно и усогласено. Здравје Делата се посилни од зборовите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Нежноста и емотивноста на вашата сакана личност пријатно ќе ве изненади , така што ќе мора да се согласите на неговите или нејзините идеи. Кариера Додека се одморате во пријатен амбиент, во душата ги исмевате оние кои не се сопгласуваат со вас. Тоа и не е многу убаво. Здравје Бидете пообјективни. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе дознаете дека некој ве сака и тоа ќе ви го освежи денот. И вие ќе се чувствувате слично , па можете во акција. Кариера На работното место ви оди добро, а повеќето од вас ќе му се посветат на приватниот живот, на своето хоби или на спорт. Здравје Одете на сонце и на свеж воздух. Лав 23.7-22.8. Љубов Не навалувајте се премногу за да не паднете преку оградата. Чувајте го она што го имате и уживајте со цело срце во тоа. Кариера Ќе бидете фокусирани на себеси , во длабоки мисли за вашите деловни предизвици и за тоа кон што се стремите. Здравје Не брзајте. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веројатно околностите ќе ве поттикнат за да размислите за себеси и за својот статус во врската. Кариера Ќе бидете во центарот на вниманието и од вас многу чќе се очекува.Многумина ќе се затекнат во ситуација во која ќе се наметнуваат во работата. Здравје Можна е минлива главоболка. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можеби ќе ве нервираат сите и се околу вас , па потрудете се да го најдете она зрно на мир во себеси за да ги надминете провокациите. Кариера Во моментов малку може да влијаете на работите , но тоа нема да значи дека оние за кои се однесува ова , нема да продолжат добро да работат. Прифатете ги. Здравје Зајакнете се со прошетка на свеж воздух. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе успеете да и се прилагодите на саканата личност без да поставувате премногу прашања. Верувајте во подобро утре. Кариера Со олеснување ќе го дочекате крајот на работното време , зашто знаете дека ви е потребно што повеќе опуштање и одмор. Работата нека причека. Здравје Осмислете пријатен ден за себеси. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе бидете среќни и задоволни во друштво на саканата личност , а нема да ги заборавите ниту контактите со пруијателите што може да бидат инспиративни. Кариера Некои го чекаат финалето на едно истражување , чии резултати може да стигнат во секој момент. Размислете какви ќе бидат. Здравје Јадете здрава храна . Јарец 22.12.-20.1. Љубов И натаму сте среќни и радосни во душата , саканата личност ве поддржува. Денеска идеите за љубов ќе ви доаѓаат самите од себе. Кариера Психолозите, психијатрите и сличните професии денеска ќе приведат до крај една фаза од својата работа и ќе дојдат до нови откритија. Останатите ќе читаат меѓу редови. Здравје Терапиите се ефективни. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе поверувате дека љубовта доаѓа низ желудникот и на саканата личност ќе и подготвите вечера што ќе ја воодушеви. Кариера Добро ќе се снаоѓате во новонастанатата ситуација . Дури и ќе им бидете од полза на другите , па помогнете им. Здравје Помалку јадете , повеќе спортувајте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
ЕвропаУжас во Словачка: Ученик од осмо одделение избоде три лица, една наставничка им подлегнала на повредитеУченик од осмо одделение нападнал две наставнички и една ученичка со нож во основно училиште во Сташков, во областа Чадца во Словачка.Една наставничка (61) им подлегнала на повредите, додека другите две повредени лица биле пренесени во болница. Полицијата и службите за итна помош биле испратени во основното училиште во Сташков утринава, по пријавите за напад со остар предмет. Според извештаите на словачките медиуми, напаѓачот е ученик од осмо одделение кој употребил нож за да нападне две наставнички и една ученичка. На местото на настанот биле испратени две возила на брза помош и два хеликоптери за спасување. Биле спроведени итни интервенции, а повредените добиле медицинска помош. Петра Климешова, портпарол на Оперативниот центар на Службата за итна медицинска помош, потврди дека дете во критична состојба било пренесено со хеликоптер во болницата во Мартин. Второто повредено лице, 44-годишен пациент со убодна рана во градите, било пренесено со хеликоптер во болницата во Жилина откако му била укажана прва помош. За жал, 61-годишна жена се здобила со тешки повреди и починала. Полицијата потврди дека го истражува насилниот инцидент, додека надлежните апелираа до јавноста да не шири непроверени информации. На местото на настанот се упатија и министерот за внатрешни работи Матуш Шутај Ешток, министерот за образование Томаш Друкер и министерот за здравство Камил Шашко. Словачкиот јавен обвинител Марош Жилинка исто така издаде соопштение, истакнувајќи дека трагедијата претставува повик општеството во целина посериозно да се соочи со појавите на насилство, омраза и растечка агресија. Во меѓувреме, училишниот совет изрази солидарност со учениците, наставниците и семејствата погодени од трагедијата. Тие нагласија дека училиштата мора да бидат безбедни места за учениците и персоналот и повикаа на системски пристап кон решавање на прашањата за безбедност во образовните институции. Полицијата ја продолжува истрагата, а дополнителни детали за околностите на нападот се очекуваат откако надлежните ќе ја завршат увидната постапка на лице место и ќе објават официјални информации. Извор: Б92Тагови: нож Словачка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДиректорот Димовски во посета на компанијата Леар во ТИРЗ ТетовоСогласно активната и транспарентна комуникација со сите инвеститори, директорот Гоце Димовски денес ја посети компанијата Леар во ТИРЗ Тетово. За време на посетата, покрај состанок со менаџментот, беше остварена и обиколка низ производствениот погон. Во рамки на средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, идните планови и можности за понатамошен развој. Посебен акцент беше ставен на отворената комуникација и соработката со Дирекцијата за ТИРЗ, со цел навремено согледување на потребите на компанијата и обезбедување соодветна поддршка во рамки на надлежностите на Дирекцијата. Димовски истакна дека непосредната комуникација со компаниите е важна за подобро разбирање на потребите, но и за навремено наоѓање решенија за предизвиците со кои се соочуваат. Тој посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветена на отворена и редовна комуникација со компаниите, како и на создавање услови во кои тие ќе можат непречено да работат и да ги реализираат своите развојни планови. Од страна на менаџментот на компанијата, беа презентирани тековните активности, како и плановите за во иднина, а се разговараше и за дополнително унапредување на работните процеси. Беше изразена благодарност за континуираната поддршка и конструктивниот дијалог со Дирекцијата за ТИРЗ, истакнувајќи ја важноста на заемната соработка за одржлив економски раст. Оваа посета е дел од редовните активности на Дирекцијата за ТИРЗ за одржување директен контакт со инвеститорите во технолошките индустриски развојни зони ширум земјата, со цел да се обезбеди стабилна деловна клима и да се поттикнат нови вложувања.Тагови: ТИРЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈО: Отворена истрага против три лицаНадлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“.Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“, а заедно со останатите двајца осомничени и кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. Наредбата за спроведување истражна постапка се темели на докази обезбедени во текот на претходно спроведена предистражна постапка, на документација и докази од предмет што е во фаза на судење, како и докази обезбедени преку меѓународна правна помош. Ценејќи дека се исполнети законските услови за определување мерка притвор, јавниот обвинител до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог на тројцата осомничени да им биде определена мерка притвор во траење од 30 дена,стои во соопштението на Јавното обвинителство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook