Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
2Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
ХороскопДневен хороскоп за 8. мај 2020 годинаДневен хороскоп за петок, 8.мај 2020 година.Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска е ден кога во љубовните прашања ќе ги мешате скромноста и високите идеали. Резултат ќе биде збунетост од другата страна. Кариера Многумина ќе се насмеат на можноста за една соработка , зашто ќе ви се чини дека не е реална. Сепак , размислете. Здравје и совет Мали главоболки. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Имате доволно самодоверба . Врските добро се развиваат , а ако сте уште сами , не чекајте туку излезете. Се е можно. Кариера Повеќето од вашите деловни активности ќе се одвиваат соо помош или поддршка на други. Покажете дека тоа го цените. Здравје и совет Ќе имате доволно време за дружба. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можело да се најдете на ново место со стари познајници или навики. Кариера Вашето знаење и стручноста се неспорни , но ќе ви се чини дека не ви придаваат доволно внимание и дека заслужувате повеќе. Здравје и совет Не може ништо да се прескокне. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе бидете повеќе посветени кон партнерот , кој ќе биде почувствителен од вообичаеното. Бидете внимателни. Кариера Излегуваат на виделина добрите финансиски резултати. Задоволни сте и ги контактирате колегите за нови деловни потфати. Здравје и совет Пуштете да ве води интуицијата. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска ќе дадете се од себе за да ја збогатите својата врска. Предлозите ќе бидат необични , но интересни. Кариера Срцето ве влече меѓу луѓето , но ако треба да се сработи уште нешто , направете го тоа без приговор. Здравје и совет Јадете повеќе овошје и зеленчук. Вага 24.9.-23.10 Љубов Со фантазија и креативност ќе ги надминете фрустрациите кои се попречуваат меѓу вас и саканата личност. Кариера Ќе покажете дека имате свежи идеи , кои ќе бидат изненадување за некои од соработниците. Слободно презентирајте ги. Здравје и совет Би било добро да се наспиете. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Како што ќе минува денот , вие ќе бидетге подложни на посилно искажување на емоциите , а инспирациите за љубов нема да ви недостигаат. Кариера Сите работи поврзани со луѓе добро ќе се одвиваат . Комуницирајте , отворете се , предлагајте ги своите идеи и решенија. Здравје и совет Во добра кондиција сте . Продолжете така. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Развојот на вашиот љубовен живот е неспорен. Можете да избирате , а понекогаш е и обратно. Важно е дека срцето ви е на место. Кариера Во деловната коресподенција , што е интензивна би можело да дојде до мал хаос. Јасно поставувајте ги прашањата и на ист начин одговарајте. Здравје и совет Поставете си јасни цели . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Речиси е сигурно дека денот ќе го поминете дома во друштво на саканата личност. Ќе ви биде убаво и без поголеми љубовни активности. Кариера Стигнува предлог за една соработка што не сте ја очекувале.Малку сте збунети , но ќе реагирате бргу и ќе се снајдете. Здравје и совет Имате право да се опуштите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете способни да читате меѓу редови , како и да детектирате и она што е најскриено во односот со личноста која ја сакате. \Кариера Ќе влијаете на работите и луѓето околу себе, понекогаш и несвесно.Ќе забележувате и повеќе отколку што очекувате. Здравје и совет Подобрување и инспирација . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе ја поврзете саканата личност со вашето друштво и пријателите. Ќе ви биде пријатно и драго поради тоа. Кариера Не се двоумите да вложите енергија во работата. Секој труд кога-тогаш ќе се исплати. Здравје и совет Што сте замислиле, остварете го. Овен 21.3-20.4. Љубов Фантазијата ќе ве води низ патеките на срцето , па нема да бидете целосно реални. Отуѓувањето што е започнато , ќе ве оддалечи. Кариера На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. работете енергично , а анализирајте полека. Здравје и совет Нерасположение без вистинска причина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотребиЗа операција на очи, но и други здравствени услуги во приватна болница, еднаш плаќал Фондот, а вторпат самиот пациент, а ланец на неказнивост овозможил повеќегодишна масовна злоупотреба на народните пари од здравствената каса.За операција на очи, но и други здравствени услуги во приватна болница, еднаш плаќал Фондот, а вторпат самиот пациент, а ланец на неказнивост овозможил повеќегодишна масовна злоупотреба на народните пари од здравствената каса, но и џебот на пациентите. Ова го потврди Министерот за здравство Сашо Клековски кој кажа дека засега истрагата на МВР и Обвинителството за организиран криминал и корупција се однесува на три лица од Фондот и две од приватната клиника, но не откри детали дали станува збор за штета врз буџетот од над 1,5 милион евра и противправно стекна материјална корист за болницата од 4 милиони евра. -Јас бев иницијатор на истрагата бидејќи станува збор за здравствена установа која имаше повторувачки прекршоци со години – значи не е еднаш, двапати, трипати, туку постојано повторување на слични прекршоци за кои не било соодветно казнувана. Јас предложив на Комисијата за прекршоци и таа прифати да се раскине договорот со таа здравствена установа за да се прекине ланецот на неказнивост. Истовремено побарав да се покрене истрага. Според моите информации станува збор за три лица од Фондот и две од здравствената устанува во моментов,- изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Пред официјалната акција на претреси на десетина локации, во Скопје, Куманово и Тетово, во детектирање на криминалот и обезбедување на докази биле инволвирани поголем број на институции како што е секторот за контола при Фондот и здравствениот инспекторат, потврди Клековски. -Станува збор за повеќе врсти на прекршоци, една од најмасовните е двојна наплата на пациентите. За иста услуга под различни превези и изговори е наплаќана од пациентите. МВР заедно со секторот за контрола на ФЗО напорно работеше да се завршат сите работи, беа вклучени и ДСЗИ и Агенцијата за контрола на лекови, но и други установи за од сите аспекти да се затвори истрагата,- - изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Според првичните неофицијални информации, дел од медиумите шпекулираат дека во центарот на истрагата е Ден Дончев, поранешниот директор на ФЗО во времето на владата на СДСМ, а се споменуваат и поранешни и актуелни функционери во Фондот, меѓу кои поранешен претседател на Управниот одбор, поранешен раководител на Секторот за контрола во ФЗО и директори на скопската подрачна единица. Неофицијално се споменуваат и имиња на поранешни сопственици и управители, но и сегашни раководители на една приватна болница во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНово рочиште за 13 полицајци за „Пулс“, со искази на сведоци предложени од одбранатаЧетири дена пред трагедијата во Пулс била договорена координирана акција за дрога, алкохол и малолетници, потврдил на денешното рочиште против 13-те полициски службеници, сведок на одбраната.Секторскиот состанок се одржал на 11 март со началникот на СВР Штип на кој била издадена наредба за координираната акција , сведочел на рочишето поранешниот началник на ОВР Пробиштип . Екс началникот сведочел дека од началничката од Кочани му биле побарани професионалци и лица на ниво на задачата, а дека ниту тој ниту анагжираните полицајци од Пробиштип немале информации во кои угостителски објекти ќе се извршува акциската конртола. Според неговото сведочење, заради лошите искуства акцијата била со усна а не со писмена наредба. Мегу ангажираните полицаји бил и Тоше Тодоровски, кој загина кобната ноќ во Пулс.. Сведок пак кој бил гостон во дискотеката изјавил дека забележал како еден од еден од обвинетите полицајци помагал во текот на ноќта, а дел од обвинетите биле надвор. Гостинка која пристигнала по два часот ноќта сведочи дека откако Панчо алармирал за пожарот се упатила кон излезната врата, каде заради преголемата гужва бил искршен и гипс картон, но и стакло на вратата. Таа изјавила дека таму паднала и се заглавила.. Се сеќавам дека се обидуваше да ме извлече лице во униформа – изјавила таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
БизарноПрофесорка во Австралија сексуално злоставувала двајца средношколци, оди во затворПоранешна професорка во средно училиште во Сиднеј е осудена на 15 месеци затвор за сексуални дејствија во кои биле вклучени двајца ученици. Тејла Ли Брејли денес се појави пред Окружниот суд во Парамата откако се изјасни за виновна по четири обвиненија, објавува „Канбера тајмс“. Обвиненијата се однесуваат на прекршоци извршени во текот на 2024 година, кои вклучуваат сексуални дејствија со двајца тинејџери, како и користење на телекомуникациски услуги за испраќање и пристап до материјал што прикажува злоупотреба на деца. Судијката Елизабет Рајан изјави дека начинот на кој Брејли ја издал довербата меѓу професорката и нејзините ученици заслужува затворска казна. „Ваквите прекршоци нанесуваат огромна штета на довербата што мора да постои помеѓу семејствата и образовниот систем“, изјави судијката Рајан. „Поради тоа, единствената соодветна казна е затворска“, додаде таа. Детективите првично ја уапсија Брејли во август 2024 година, во едно училиште во Сиднеј. Ученик: Го напуштив училиштето од срам Во тоа време, таа беше обвинета за сексуално вознемирување и за одржување сексуални односи со лице под посебна грижа. Откако беше пуштена на слобода со кауција, таа повторно беше уапсена помалку од две недели подоцна. Притоа, таа беше обвинета за дополнителни сексуални дејствија во кои бил вклучен уште еден тинејџер. На суд беше изнесено дека Брејли била таа што прва стапила во контакт со еден од младите мажи. Судијката прочита изјава за влијанието врз жртвата, подготвена од еден од тинејџерите, при што истакна дека нејзините постапки оставиле длабока трага кај учениците. „Тој напиша дека чувствува срам и дека морал да го напушти средното училиште пред да го заврши 12-то одделение – што одговара на нашата четврта година во средно училиште – токму поради тој срам“, изјави судијката. „Тој пател од несоница и бил прогонуван од трауматични сеќавања. Рече дека никој од неговите пријатели од училиштето веќе не разговара со него. Се чувствувал како тоа да е негова вина“, нагласи таа. Судијката се осврна и на писмата од членовите на семејството на обвинетата, во кои се наведува дека поради овие кривични дела, 32-годишната жена останала без брак, работа и углед. Таа, исто така, изнесе детали од психолошката проценка доставена до судот. Во извештајот се наведува дека на Брејли ѝ е дијагностицирано биполарно растројство и дека, најверојатно, се наоѓала во манична фаза во моментот кога биле извршени делата. „Во јули 2024 година, г-ѓа Брејли направи ужасни грешки. Таа ја искористи својата положба како наставничка за да ја злоупотреби довербата на две млади лица“, изјави судијката. Брејли ќе стекне право на условен отпуст на 24 април 2027 година. Судијката, исто така, наложи нејзиното име да биде внесено во полицискиот регистар на сексуални престапници во Нов Јужен Велс, во траење од 15 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00