3Климатски активист направил хаос во Германија, а не Русите- со импровизирани ракети гаѓал далноводи (ВИДЕО)
ХороскопДневен хороскоп за 8. јуни 2024 годинаДневен хороскоп за сабота, 8. јуни 2024 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Мал недостиг на самодоверба накусо ќе го забави добриот развој на љубовната врска. Бидете тактични и трпеливи. Кариера Без оглед што релативно добро ќе соработувате, ќе дојде до финансиски издатоци , на кои никој не сметал. Станува збор за луксуз. Здравје и совет Послушајте го мислењето на другите. Рак 22.6-22.7. Љубов И денеска ќе бидете премногу чувствителни и ќе нема многу работи што ќе ве задоволат. Најдобро е да се стрпите. Кариера Вработените во администрацијата би можеле да блеснат на свој начин. Ќе направат нешто што ќе им се допадне на сдругите. Здравје и совет Внимавајте на настинка. Лав 23.7-22.8. Љубов Бидете и поддршка на вашата најсакана личност ,бидејќи таа тоа од вас го очекува , а истото и го заслужува. Така ќе го унапредите вашиот однос. Кариера Напредуваат креативните и интелектуалните работи , но и оние кои се работат во мир и тишина. Тука ќе дадете се од себе. Здравје и совет Можна е несоница. Девица 23.8.-23.9. Љубов Толку успешно ќе се поврзете со луѓето околу себе , што ќе заборавите на критиките, измамите и провокациите. Ќе се опуштите и ќе уживате. Кариера Можете слободно да направите нешто за себе. Кому и да му објасните , ќе ве разбере и ќе го прифатиу тоа како нешто нормално. Здравје и совет Ништо не коментирајте. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе успеете да и ја исполните секоја желба на саканата личност. Вашата љубезност како да нема крај. Дури и претерувате со тоа. Кариера Можно е дека ќе се затекнете во искушение на нелегална финансиска трансакција. Пазете што ви нудат или обратно. Здравје и совет Договарајте се. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Отвореноста и љубезноста и денеска ќе направат да и бидете достапни на секоја личност од спротивниот пол. Оние во врска се добро. Кариера Веројатно ќе ве поддржат во вашите настојувања. На сите им е јасно дека сте работник со сериозни намери. Здравје и совет Бидете она што сте. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ништо нема да и препуштите на случајноста. Знаете што може да очекувате и токму тоа ќе се случи на ваша радост. Кариера Се затвора кругот со кој ќе ги зајакнете своите деловни работи. Ќе бидете задоволни што е така , зашто ја сакате сигурноста. Здравје и совет Здравјето ви е одлично. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Оние кои се сами денеска би можеле да забележат нечии симпатии од работното место. Можно е да биде и обратно. Кариера Ќе работите со поголема леснотија , што за вас е необично. Во некои моменти ќе се чудите самите на себеси. Здравје и совет Некои ќе одат на козметичар. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Се чини како се да е во рацете на саканата личност. Вашето влијание на настаните овој пат е минимално. Кариера во финансиските теми денеска ќе дојде до мало недоразбирање , што набргу ќе го решите. Здравје и совет Обидете се да живеете поздраво. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашата сензибилност и ранливост денеска ќе биде поизразена отколку другите денови. Во таква ситуација , се ќе ви пречи. Кариера Во големите деловни задачи работите се одвиваат одлично, но во една ситна работа денеска доаѓа до неуспех. Здравје и совет Искористете ја својата брзина. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе зрачите со шарм и убавина , па нема да ви биде тешко да ја привлечете личноста која ви се допаѓа. Обидете се да ја отворите. Кариера На дневен ред доаѓаат мали анализи , што не треба да ги одложувате. Ве нервираат , но што се мора ,се мора. Здравје и совет Вежбајте гимнастика или шетајте се. Бик 21.4- 20.5. Љубов Одличен ден за љубов , излегувања и поврзување со саканите личности. Не губете време затоврени , излезете надвор. Кариера Во дејностите во кои треба да работите со луѓе , работите ќе ви одат од рака. Се друго ќе ви биде малку здодевно. Здравје и совет Покажете се пред светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветХутите ја нападнаа Саудиска Арабија- десетици повредени (ВИДЕО)Коалицијата предводена од Саудиска Арабија вети решителен одговор на бранот напади од страна на јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, во кои утрово беа повредени најмалку 73 лица.Генерал-мајор Турки Ал-Малики, портпарол на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, ги опиша нападите како „бесмислени“, велејќи дека силите на Хутите гаѓале „цивилни и комерцијални цели“ во градовите Абха, Хамис Мушаит, Џазан и Наџран. И покрај напорите да се држи подалеку од војната со Иран предводена од САД, Саудиска Арабија беше цел на ракетни напади на Хутите во јули, со што заврши четиригодишното фактичко примирје меѓу бунтовничката група и саудиската монархија. 🚨 Houthis are reportedly firing ballistic missiles and drones at Saudi oil facilities and King Khalid Air Base pic.twitter.com/sGSdPIZ6lz — Anadolu English (@anadoluagency) September 8, 2026 Јасно кршење на суверенитетот на кралството Ал-Малики во соопштението изјави дека меѓу повредените во нападите има жени и деца. „Нападите претставуваат јасно кршење на суверенитетот на кралството и директна закана за безбедноста и заштитата на неговите граѓани и жители“, додаде тој. Заедничката команда на коалициските сили, групата предводена од Саудиска Арабија што се бори против Хутите за време на повеќегодишната граѓанска војна во Јемен, ќе преземе „сите потребни оперативни мерки“ за да ги одврати силите на Хутите и „решително да се спротивстави на нивниот непријателски пристап“, потврди Ал-Малики. „Командата, исто така, ќе ги преземе сите потребни мерки и активности за да одговори на изворите на заканата и да ја неутрализира нивната опасност“, објави тој. Наср ал-Дин Амер, член на политичката канцеларија на Хутите поддржани од Иран, изјави на Телеграм дека „одговорот што е во тек и се спроведува во длабочина е многу поголем од она што се објавува на социјалните медиуми и е многу поширок по обем“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСе смирува западнонилската треска, нема нови примени на Инфективната клиникаПет дена нема нови приеми на пациенти на Клиниката за инфективни болести, со западнонилска треска..Од Клиниката за Канал 5 потврдија дека денеска е пуштен пациент од Клиниката кои се лекувал повеќе од една недела и е во добра здравствена состојба.. Засега на Клиниката има седум пациенти со западнонилска треска, двајца се во тешка состојба и се во Одделот за интензивно лекување.. Осум пациенти починаа поради компликации од западнонилската треска и имале и други заболувања, сите се на возраст над 60 години.. Од Град Скопје најавија дека утре ќе се прскаат водните површини против ларави од комарци..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
ЕвропаУнгарија протера десет руски дипломати, Захарова се закани: Одговорот ќе болиУнгарската влада објави дека им наредила на 10 членови на руската дипломатска мисија да ја напуштат земјата поради активности што се сметаат за неприфатливи за дипломатите.Рускиот амбасадор бил информиран дека „според проценката на унгарските власти, 10 членови на руската мисија учествувале во активности во Унгарија што се неприфатливи за дипломатите според Виенската конвенција“, изјави министерката за надворешни работи Анита Орбан. Станува збор за меѓународен договор што го регулира однесувањето на дипломатите. Министерката за надворешни работи, која не е во роднинска врска со поранешниот премиер Виктор Орбан, не прецизираше какви активности вршат или колку време имаат руските дипломати да ја напуштат Унгарија. Сепак, таа нагласи дека нејзината земја сака да одржува дипломатски контакти со Москва. „Оваа одлука ја штити безбедноста и суверенитетот на Унгарија. Не подразбира прекин на дипломатските односи со Русија. Унгарија има намера да го продолжи потребниот дијалог, врз основа на меѓусебно почитување и почитување на правилата“, изјави Орбан во соопштението за медиумите. Русите најавија дека ќе одговорат Руското Министерство за надворешни работи објави во изјава за руската државна новинска агенција РИА Новости дека ќе одговори на протерувањето. „Одговорот на русофобичното лоби во Будимпешта ќе биде остар и болен“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за ТАСС. Унгарија ја донесе оваа одлука за време на мандатот на премиерот Петер Маѓар, кој ја презеде функцијата на почетокот на оваа година со ветување дека ќе ја прекине проруската политика на земјата. Претходникот на Маѓар, Виктор Орбан, беше сојузник на рускиот претседател Владимир Путин. Орбан постојано ги одложуваше или блокираше европските санкции против Русија и склучуваше енергетски договори со Москва.Тагови: Унгарија дипломати Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12