2Скопјанец ја исфрли „цела дневна соба“ на улица во Кисела Вода – има ли „лек“ за несовесните граѓани
Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
2Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
ХороскопДневен хороскоп за 8. јули 2021 година Дневен хороскоп за четврток , 8. јули 2021 година. Рак 22.6-22.7. Љубов И денеска ќе бидете премногу чувствителни и ќе нема многу работи што ќе ве задоволат. Најдобро е да се стрпите. Кариера Вработените во администрацијата би можеле да блеснат на свој начин. Ќе направат нешто што ќе им се допадне на сдругите. Здравје и совет Внимавајте на настинка. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе продолжите да развивате добри односи со личности од спротивниот пол. Ќе бидете отворени и комуникативни. Кариера освен што ќе имате проблем со самостојната дејност , денеска ќе се покажете како одличен и љубезен соработник. Здравје и совет Ќе го споите убавото со корисното. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска ќе треба малку поголемно внимание да и посветите на саканата личност. Помирете се со тоа дека не може се да биде по ваше. Кариера Денот не е добар за претставување нови инапредни идеи. Затоа воздржете се и работете го само она што е неопходно. Здравје и совет Минлив душевен немир. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашата сила е во тоа што сте позрели од многумина и што знаете што сакате. Денеска ќе го препознаете тоа без проблем. Кариера Ви предлагаат службен пат на кој би можеле да договорите деловна соработка со тим од друга земја. Планирате како тоа да го реализирате. Здравје и совет Не треба да брзате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Отвореноста и љубезноста и денеска ќе направат да и бидете достапни на секоја личност од спротивниот пол. Оние во врска се добро. Кариера Веројатно ќе ве поддржат во вашите настојувања. На сите им е јасно дека сте работник со сериозни намери. Здравје и совет Бидете она што сте. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ништо нема да и препуштите на случајноста. Знаете што може да очекувате и токму тоа ќе се случи на ваша радост. Кариера Се затвора кругот со кој ќе ги зајакнете своите деловни работи. Ќе бидете задоволни што е така , зашто ја сакате сигурноста. Здравје и совет Здравјето ви е одлично. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Оние кои се сами денеска би можеле да забележат нечии симпатии од работното место. Можно е да биде и обратно. Кариера Ќе работите со поголема леснотија , што за вас е необично. Во некои моменти ќе се чудите самите на себеси. Здравје и совет Некои ќе одат на козметичар. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Се чини како се да е во рацете на саканата личност. Вашето влијание на настаните овој пат е минимално. Кариера во финансиските теми денеска ќе дојде до мало недоразбирање , што набргу ќе го решите. Здравје и совет Обидете се да живеете поздраво. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашата сензибилност и ранливост денеска ќе биде поизразена отколку другите денови. Во таква ситуација , се ќе ви пречи. Кариера Во големите деловни задачи работите се одвиваат одлично, но во една ситна работа денеска доаѓа до неуспех. Здравје и совет Искористете ја својата брзина. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе зрачите со шарм и убавина , па нема да ви биде тешко да ја привлечете личноста која ви се допаѓа. Обидете се да ја отворите. Кариера На дневен ред доаѓаат мали анализи , што не треба да ги одложувате. Ве нервираат , но што се мора ,се мора. Здравје и совет Вежбајте гимнастика или шетајте се. Бик 21.4- 20.5. Љубов Одличен ден за љубов , излегувања и поврзување со саканите личности. Не губете време затоврени , излезете надвор. Кариера Во дејностите во кои треба да работите со луѓе , работите ќе ви одат од рака. Се друго ќе ви биде малку здодевно. Здравје и совет Покажете се пред светот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Мал недостиг на самодоверба накусо ќе го забави добриот развој на љубовната врска. Бидете тактични и трпеливи. Кариера Без оглед што релативно добро ќе соработувате, ќе дојде до финансиски издатоци , на кои никој не сметал. Станува збор за луксуз. Здравје и совет Послушајте го мислењето на другите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЖивот со мускулна дистрофија – предизвици и искуства на пациентите со ова ретко заболувањеРетка, генетска и прогресивна – мускулната дистрофија е заболување за кое сè уште нема целосно излекување. Современите терапии, сепак, можат да го забават напредувањето и да влијаат врз текот на одредени форми на болеста. Според последните јавно објавени податоци, се проценува дека во Македонија има меѓу 50 и 60 лица со мускулна дистрофија. Болеста спаѓа во групата ретки заболувања, а една од најтешките и најчести форми е Дишеновата мускулна дистрофија, која главно ги погодува момчињата. Зад дијагнозата, велат од здружението, стојат секојдневни предизвици кои за многумина остануваат незабележливи. Татјана Димовска Атанасова потсетува дека она што за еден човек е банална работа, за друг може да биде голема пречка – и дека токму хуманоста е она што може да нè обедини. „Она што за нас е банална глупост, за некого е поголем предизвик... Само хуманоста може да нè обедини., само доколку барем на еден ден да се ставиме во кожата на оние коишто имаат сериозни проблеми .Сликата кога ќе видите дека еден родител едвај успева да го истурка своето дете во инвалидска количка мислам дека ќе не поттикне подлабоко да размислуваме “– Татјана Димовска Атанасова / МДА-Македонија. Токму солидарноста и подигнувањето на свеста за секојдневните предизвици на овие лица беа и повод повеќе луѓе да дадат поддршка на иницијативата. ,,Да помогнеме меѓутоа тоа да биде со систем , ние ќе направиме ќе направат и други не е проблем, но мора систем да има...,, - Саше Сатаровски поддржувач на иницијативата. Од пристап до соодветна терапија и здравствена грижа, до услови што ќе им овозможат полесно секојдневие – предизвиците, велат, не завршуваат со една хуманитарна акција. Поддршката денеска доби и конкретна хуманитарна акција. На настанот со драмскиот писател Братислав Димитров, посетителите можеа да добијат примерок од неговата најнова книга, а средствата од донациите се наменети за хуманитарни цели. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаВо август над 600 казни за возачи на електрични тротинетиЕлектричните тротинети на мета на полицијата - Над 600 казни изречени во август, додека полицијата во истиот тој период одземала и 18 електрични тротинети.Во текот на август полицијата санкционирала и 20 малолетници кои управувале со електричен велосипед, додека 45 казни биле изречени бидејќи на еден тротинет се возеле по две лица. Најголем број на казни сепак биле изречени поради возење без соодветна опрема, а одземни се и неколку тротинети. -162 санкции се изречени за неносење рефлектирачки елек при управување лесно електрично возило во ноќни услови, 134 поради некористење велосипедска или пешачка патека, 59 поради некористење заштитен шлем, 45 поради превезување на две лица, 20 за малолетници кои управувале лесно електрично возило итн. При тоа, одземени се 18 лесни електрични возила во времетраење од 30 дена,- -МВР. Од МВР велат дека засилените контроли за лица кои возат со електричени тротинети се одвиваат на територија на цела држава, а рекорден број на казни во август биле напишани во Битола. -Од вкупниот број прекршоци, најголем дел се констатирани на подрачјето на СВР Битола – 236, потоа СВР Скопје – 97, СВР Струмица- 82, СВР Охрид – 57, СВР Тетово -27, СВР Велес-18, СВР Штип-13, СВР Куманово – 7 и 69 од Мобилната единица за безбедност во сообраќајот. -МВР. Засилените контроли на полицијата за електрични тротинети доаѓаат по законските измени од средината на јуни, согласно кои брзината на возење се органичува на максимални 20 километри на час, а лицето коешто управува со електричен тротинет мора да има наполнетои 18 години. Со новите измени заострена е и казнената политика за прекршителите, а освен парични казни, во одредени случаи, како што е на пример возење на тротинет во алкохолизирана состојба, се предвидува и одземање на тротинетот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСкопјанец ја исфрли „цела дневна соба“ на улица во Кисела Вода – има ли „лек“ за несовесните граѓаниОд Порше – со ѓубре директно во Лепенец, мебел и врати среде улица во Шуто Оризари, а синоќа скопјанец ја исфрли речиси цела дневна соба близу контејнер во Кисела Вода. Трите случаи за неполна недела, оправдано ги отвораат дилемите дали казнената политика е доволна. Несовесниот граѓанин бил затекнат како остава градежен шут и кабаст отпад, но инспекторите го фатиле на дело и го санкционирале. градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски за Канал 5 вели дека случаите не се изолирани и дека треба дополнително да се заострат санкциите, за што како што вели, веќе презел иницијатива.. „Вкупната казна којашто вчера затекнатиот сторител ја доби е 490 евра, но такви казни се изрекуваат цел изминат период на поединци или на групи кои девијантно се однесуваат во градот Скопје.“ – Орце Ѓорѓиевски. Во исто време траат подготовките за поставување на камерите, кои треба да ги регистрираат ваквите прекршоци. Ѓорѓиевски вели дека се прибира потребната документација, а планот е низ Скопје да бидат поставени 200 камери. ,,Станува збор за 200 камери коишто ќе бидат распоредени на најкритичните места во градот Скопје...Јас морам да истакнам дека камерите нема целосно да ја покријат територијата, но сериозно ќе влијаат во создавањето на диви депонии надвор од населени места“, – Орце Ѓорѓиевски. Реакциите во јавноста се интензивираа по случајот пред неколку дена кога жена паркираше покрај Лепенец и фрли ѓубре во реката, а плати повеќе за погрешно паркирање, отколку за загадување на животната средина, за кое е предвидена казна од 40, односно 20 евра ако се плати во рок од една недела. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter