Уапсени се четворица италијански и еден македонски ловџија- одземено им е оружје и нелегално уловен дивеч
2Уапсени се четворица италијански и еден македонски ловџија- одземено им е оружје и нелегално уловен дивеч
ХороскопДневен хороскоп за 8. февруари 2020 годинаДневен хороскоп за сабота, 8. февруари 2020 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои ќе бидат загрижени поради осаменоста , па утеха ќе побараат во неврзано муабетење со кафе. Ќе им биде забавно , но односите се површни. Кариера Ќе се потрудите работата да ја завршите што побргу зашто нема да ви се работи. Резултатите ќе бидат половични , а можни се и грешки. Здравје и совет Размислете за своите достигнувања. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Оние кои се во врска ќе се обидат да си го збогатат својот сексуален живот заедно со партнерот. Оние кои се сами , ќе се обидат да најдат друг вид забава. Кариера Нема да дозволите да се занимавате со неважни работи , туку целосно ќе се посветите на вашата главна цел. Ќе бидете во право. Здравје и совет Држете се до познатите навики. Овен 21.3-20.4. Љубов Среќни сте што другата страна ве разбира или барем така ви се чини. Сега запрете со празни зборови и причекајте состојбата да се подобри. Кариера Ако некои од вашите колеги се жали на работата, треба да му се објасни дека треба да се работи користејќи ги сопствените знаења и искуства. Здравје и совет Немојте да бидете премногу дрски. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе ги заборавите прашањата што ве измачуваа и во позитивен дух продолжувате понатаму. Ќе увидите дека таквиот пристап е поздрав. Кариера Некој сепак ќе мора да попушти , а тоа ќе биде онаа попаметната страна Прифатете ги новите предизвици кои се пред вас. Здравје и совет Преоден пад на имунитетот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска почнува вашиот поволен љубовен период. Се отвораат шанси за излегувања на многу интересни места. Кариера Оние кои работат креативна работа , ќе бидат многу современи во своето изразување и идеите. И натаму шефовите ве нервираат. Здравје и совет Неопходно ви е релаксирање. Рак 22.6-22.7. Љубов Барањата за внимание кон еден член ан семејството накусо ќе ве оддалечи од саканата личност. Кариера Денот е добар за разработување на стручни стратегии со кои ќе ја унапредите работата на местото каде што сте вработени. Здравје и совет Верувајте му на вашето шесто чуло. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата верба во љубовта ќе биде доволна гаранција за да си дозволите еден на друг самостоен излез и забава во друштво. Кариера Ќе посакате вашата работа да биде посериозна , но тоа е само минлива желба. Всушност, се е на своето место. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе бидете разиграни и подготвени на разни палавштини. Доколку ја вклучите и смислата за хумор, би можеле убаво да се забавувате. Кариера Од секогаш сте ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара умешност на рацете. Здравје и совет Подобрување. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе си признаете себеси дека би можело да биде и подобро , но денеска не е ден кога сте подготвени да дадете се од себе . Затоа не правете драма. Кариера Пуштете им на другите , а особено на надредените , да ги покажат своите планови. Вие не сте судија , туку доброинамерен соработник. Здравје и совет Вежбајте дисциплина. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во своето љубовно секојдневие ќе внесете оригинални идеи , а најверојатно на ручек или вечера за само вас двајцата. Кариера Пред вас е убава деловна можност за добра и интересна работа , што ќе дојде ненадејно. Ќе мора бргу да реагирате. Здравје и совет Потсетете се што е тоа што го сакате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Како што ќе минува денот, ќе забележувате како вашиот приватен живот ќе добива нов сјај и се враќа во рамнотежа. Кариера Ненадејно би можело да се укаже можност за деловна соработка со пријатели. Станува збор за работа поврзана со естетика. Здравје и совет Ќе ви недостига сила , штедете се. Јарец 22.12.-20.1. Љубов И денеска е убав ден за дружење.Можете да излезете и убаво да се забавувате , било да сте сами или во двојка. Уживајте. Кариера Ќе продолжите со напорната работа без притисоци. Ќе се чувствувате сигурно и опуштено , а другите ќе ве поддржат. Здравје и совет Малите грижи уште повеќе се намалуваат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДвајца кавадарчани предизвикале пожари- добија кривични пријави Кривични пријави против две лица од Кавадарци за „предизвикување општа опасност“ и за „загрозување на животната средина и природата со отпад“ .ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.С.(31) од Кавадарци поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. На 20.08.2026 на депонија во Кавадарци, пријавениот запалил душек кој бил опколен со сува трева и отпаден материјал и на тој начин го сторил делото. Исто така, ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против В.С.(58) од Кавадарци поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик. Имено, В.С., кој бил вработен како чувар на депонијата Мелци, на 25.08.2026 го напуштил своето работно место, со што извршил пропуст при вршење надзор и во тој период настанал пожар на депонијата од поголеми размери, сооптши МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаУапсени се четворица италијански и еден македонски ловџија- одземено им е оружје и нелегално уловен дивеч Лишени од слобода четири италијански и еден македонски државјанин, при претрес во објектот во кој престојувале во Велес биле пронајдени и одземени ловечко оружје, муниција и уловен дивеч без дозвола.На 02.09.2026 во 11:20 часот на автопатот Велес – Градско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишија од слобода Л.Б.(60) од Италија, со привремен престој во Велес. При преглед на патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 207 ловечки патрони за кои не поседувал соодветна документација. Известен бил јавен обвинител и инспектор за странци и по документирање на настанот против Л.Б. ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. Подоцна, во 18:50 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода и Т.Р.(58), З.Д.(72) и А.А.(74), сите од Италија и М.И.(62) од Скопје. При претрес во објектот во кој престојувале италијанските државјани во Велес, извршен со наредба од Основен суд Велес, каде бил затекнат и М.И., кој бил домар, биле пронајдени и одземени ловечко оружје, ловечки патрони, поголема количина улов, пари, документација и други предмети. Известен бил претставник од ловечко друштво „Руен“ од Велес, при што било констатирано дека одземениот улов потекнува од кривично дело „Незаконит лов“, казниво по член 228 од Кривичниот законик. Л.Б., Т.Р. и М.И. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Сите служби на терен - продолжува санацијата по вчерашното невремеПо силното невреме кое синоќа го зафати Кавадарци и дел од населените места во општината, уште од раните утрински часови сите расположливи служби, екипи и ресурси се целосно мобилизирани и на терен.Во моментов се ангажирани над 70 лица и околу 30 возила и механизација, меѓу кои цистерни, возила за собирање и транспорт на отпад, комунална и друга механизација, со која се интервенира на повеќе локации истовремено. Во координираната акција се вклучени Општина Кавадарци преку „Мој Општинар“, ЈП „Комуналец“, ТППЕ Кавадарци, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи – СВР Кавадарци, како и останатите надлежни служби и екипи кои се ставени во функција за справување со последиците од невремето. Во текот на денот се работи на испумпување на надојдената вода, перење и темелно чистење на улици, тротоари и јавни површини, отстранување на кал, наноси, отпад и паднати гранки, расчистување на коловози, отстранување на пречки, како и санирање на оштетувањата и дефектите предизвикани од невремето. Посебно внимание се посветува на критичните точки, сообраќајниците, јавните површини, објектите и локациите каде што постои ризик за безбедноста на граѓаните, а екипите постапуваат според приоритет и степен на итност. Паралелно со интервенциите во градот, екипи и механизација се упатени и во селските средини. Се работи на расчистување на локалните патишта и улици, отстранување на наноси и отпад и санирање на последиците на погодените локации. Работата продолжува со засилен интензитет и планот е до утре да бидат опфатени и расчистени сите пријавени критични точки и во селските средини. Во следниот период ќе продолжиме со детална проверка на состојбата на терен, повторно чистење и перење таму каде што е потребно, отстранување на преостанатиот отпад и материјал од невремето, како и постапување по сите нови пријави од граѓаните. Нашата обврска е да реагираме брзо, но и темелно. Не е доволно само да се отстрани водата или наносот – секоја локација мора да биде исчистена, исперена и доведена во состојба што ќе овозможи безбедно и нормално користење. Затоа, работата нема да заврши со денешниот ден. Таму каде што ќе биде потребно, интервенциите ќе продолжат и во наредните денови, се до целосно отстранување на последиците. Сакам да упатам голема благодарност до сите луѓе кои од синоќа се ангажирани – до пожарникарите, комуналните работници, екипите на „Мој Општинар“, припадниците на Дирекцијата за заштита и спасување, Полицијата, како и до сите останати вработени и служби кои без прекин се на терен. Благодарност и до сите граѓани кои со своите пријави и соработка ни помагаат побрзо да ги лоцираме проблемите. Апелираме до граѓаните за трпение и разбирање, особено додека траат интервенциите. Ве замолуваме да не ги попречувате екипите и механизацијата на терен и да бидете внимателни на местата каде што сè уште се работи. Состојбата се следи постојано, а Општината и сите надлежни служби остануваат целосно мобилизирани. Ќе продолжиме да работиме организирано, координирано и без прекин – се додека последиците од невремето не бидат целосно санирани. Кавадарци и сите наши населени места заслужуваат брза, сериозна и одговорна реакција. Сите сме на терен. Продолжуваме да работиме, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter