ХороскопДневен хороскоп за 8. август 2026 година Дневен хороскоп за сабота, 8. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Потребата за нежност ќе порасне и ќе очекувате од другата страна да биде нежна. Од неа зависи дали ќе биде така. Кариера На работа ќе добиете шанса да ја изразите својата креативност . Затоа денешниот ден ќе ви биде успешен и пријатен. Здравје и совет Зголемување на општата виталност. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска ќе имате поттик за љубов, а особено се однесува за млади Ракови , женски или машки. Бидете она што сте и се ќе биде добро. Кариера Добро познатите работи ќе добијат нов залет и поттик , а вие ќе работите вредно и полетно и со добро чувство во себе. Здравје и совет Можете да изберете спорт за вас. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе бидете се подобро поврзани со другите , па така и со саканата личност. Од таму ќе ви биде возвратено на пријатен начин. Кариера Се уште не сте навикнати дека пречките се урнати , па од време на време се чудите како тоа работите полесно и подобро соработувате со другите. Здравје и совет Рекреирајте се. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Отворени сте за нови можности и со се поголема надеж им се препуштате на спонтаните моменти , кои носат задоволство. Кариера Не сакате порази , но некои принципи мора да се постават. Денеска ќе зборувате за нив на лежерен начин. Здравје и совет Не јадете тешка храна. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Освен сензацијата на која што работите , денеска ќе се занимавате со интуитивни содржини , што ќе ги внесувате во љубовниот живот. Кариера Сите кои работат во сенка , денеска ќе добијат добар поттик. Другите ќе се занимаваат со суптилни вибрации на работа. Здравје и совет Ја дозирате храната и тоа е добро. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашата љубовна идила продолжува на општа радост и среќа. Оние кои уште бараат сродна душа , нека излезат и нека бидат друштвени. Кариера Добро ќе се снаоѓате , како во очигледните задачи , така и во оние кои подразбираат читање меѓу редови Здравје и совет Останете доследни на себеси. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашата моментална потреба за акција ќе ве наведува на непромислени чекори и изјави кога станува збор за љубов. Кариера Тргате во нови деловни битки и има малку што може да ве запре. Ќе им бидете пример на другите. Здравје и совет Мали нервози. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Уште ќе бидете под впечаток на некои тажни мисли , но тие полека ве напуштаат и на нивно место доаѓаат поведри , така што и односите се подобруваат. Кариера Ќе се трудите јасно да го изразите своето мислење и ќе бидете во право , но вашите пшефови поради сопствената несигурност нема тоа да ви го признаат. Здравје и совет Останете прибрани. Овен 21.3-20.4. Љубов Ситуацијата ви е шарена. Може да излезете и убаво да си поминете , но вашите лични односи ќе останат на непријатно ниво. Кариера Некои ќе поставуваат премногу прашања и со нив ќе направат уште поголемо недоразбирање. Обидете се да се концентрирате само на она што е важно. Здравје и совет Одморајте се редовно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашиот друштвен живот и денеска може да биде интересен и богат , но душата и натаму ви е празна. Свртете се на шега. Кариера Добро се поставени работите со млади , спорт и забава , но и таму се обидувате да бидете дипломат. Здравје и совет Организирајте си го денот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се обидете да ги подобрите личните односи или ако сте уште сами ќе воспоставите нови , но тоа ќе оди час горе ,час долу. Сметајте на тоа. Кариера Во деловните работи немате никакви проблеми , освен мали нервози . Искористете ги ситуациите. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе бидете многу успешни и витални во сексуалниот живот . На тој начин ќе ја збогатите својата врска и ќе се послужите со интуицијата. Кариера Ако ви се пристори дека ве кочат , знајте дека тоа нема долго да трае и вие ќе го пробиете мразот , што и така се топи. Здравје и совет Истегнете се преку гимнастика или јога.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЛондонскиот „Хитроу“ веќе не е аеродромот со најдобра поврзаност во светот Поголем од Менхетен, Мега-аеродромот што собори рекорди и го освои светот. .Истанбул, градот на два континентите, отсекогаш бил клучен глобален центар – улога што сега е дополнително зацврстена со аеродромот „iGA Istanbul“. Според најновите податоци, тој го престигна лондонскиот „Хитроу“ и стана аеродром со најдобра поврзаност во светот. Оваа висока позиција е потврдена со индексот „мегахаб“ (megahub) за 2026 година, објавен од OAG, глобален провајдер на податоци за патувања. Рангирањето го споредува бројот на можни меѓународни летови со вкупниот број дестинации достапни од аеродромот, при што анализата се заснова на податоци од денот со најголем сообраќај во годината – 2 август. „Конечно го зазедоа првото место“, изјави Џон Грант, главен аналитичар во OAG. Извршниот директор на аеродромот, Селахатин Билген, за CNN изјави дека ова е значајно достигнување што го одразува статусот на аеродромот како глобален воздухопловен центар. „Веќе летаме до околу 350 дестинации ширум светот, а сепак има многу простор за раст“, додаде тој. Аеродромот „Схипхол“ во Амстердам го зазема третото место на овогодишната листа, а по него следат Куала Лумпур и „О’Хеар“ во Чикаго. Аеродром вреден 12 милијарди долари беше отворен во 2018 година на европската страна на Истанбул. Неговиот терминал со површина од 1,4 милиони квадратни метри е најголемиот во светот под еден покрив, а целиот комплекс – кој по површина е поголем од Менхетен – е дизајниран да опслужува огромен обем на сообраќај. Во моментов, низ аеродромот годишно минуваат повеќе од 84 милиони патници, што го прави осми најпрометен во светот, иако долгорочната цел е да се достигне капацитет од 200 милиони патници. Тоа е двојно повеќе од сообраќајот што моментално го опслужува „Хартсфилд-Џексон“ во Атланта, најпрометниот аеродром во светот. Аналитичарот Грант смета дека „iGA Истанбул“ нема да има конкуренција во наредните години. „Тие го имаат потребниот капацитет на писти. Имаат исклучително успешен национален авиопревозник кој расте и нарачува нова флота. Блиску се до некои од пазарите со најбрз раст во светот, како што е Централна Азија. Едноставно, се наоѓаат во одлична позиција“, објасни тој. Минатиот месец беше отворена четврта главна писта, а постојат планови за вкупно девет писти – шест главни и три помошни. Грант истакнува дека „iGA Истанбул“ е единствениот аеродром во светот овластен за истовремено работење на три писти. „Ова овозможува поголем број летови за време на шпицот и обезбедува оперативна флексибилност. Со три писти, веројатно се постигнува и подобра точност“, вели тој. Клучна улога во успехот на центарот (хабот) игра „Туркиш ерлајнс“, кој ги опслужува 80 отсто од летовите. Пред две години, националниот авиопревозник влезе во Гинисовата книга на рекорди како компанија што лета до најголем број земји – 130 до 2026 година. Компанијата управува со модерна флота во постојан пораст, составена од над 500 авиони од типовите „Боинг“ и „Ербас“.Тагови: Истанбул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието ќе ја одржи 125. седницаСобранието денеска ќе ја одржи 125. седница, на која треба да се разгледуваат повеќе законски предлози од областа на администрацијата, јавниот сектор, високото образование и науката.Пратениците по скратена постапка ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за високи раководители, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор, Предлог-законот за дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија и Предлог-законот за изменување на Законот за шумите. На дневен ред е и Предлог-законот за изменување на Законот за надворешни работи во прво читање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСЗО: Нема јасни одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чумаСветската здравствена организација вчера соопшти дека нема јасни одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чума. Во изолација се стотици колеги и блиски контакти, а има информација и дека друг работник можеби има пневмонија. Сето ова предизвикаа глобална загриженост за ретка форма на чума. Русија вели дека нема ризик од епидемија, додека СЗО се залага за транспарентност во врска со смртта во Лабораторијата за чумаруската агенција за справување со заразни болести, вели дека работничката починала од пневмонија од „непознато“ потекло и ги минимизира сомнежите дека нејзината смрт е поврзана со нејзината работа. СЗО соопшти дека ги видела извештаите на локалните медиуми за инцидент во лабораторијата во кој е вклучена скршена епрувета. Во моментов, „знам она што го знаете и вие од медиумите за кршењето и изложеноста на епруветата“, изјави во средата д-р Марија Ван Керхове, директорка на одделот за управување со епидемии и пандемии на СЗО. На 2 октомври, руската влада одржала состанок „бидејќи се сомневаше дека жител на Институтот Иркутск се заразил со опасна инфекција“, изјави во средата генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус. Според меѓународното право, Русија требаше да го пријави инцидентот во рок од 24 часа .Руската влада, исто така, соопшти дека околу 200 лица кои имале контакт со работникот ставиле во карантин или под внимателно следење , соопшти СЗО. Голем број болници во областа ги ограничија посетителите и спроведуваат сеопфатни здравствени проверки, вклучително и барање од луѓето да пополнат прашалници за „чума“ и други симптоми на заразни болести. СЗО соопшти дека ризикот за пошироката јавност „се чини дека е низок“ во овој момент, врз основа на ограничените информации што ги има.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter