Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа
2Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа
ХороскопДневен хороскоп за 8. август 2025 годинаДневен хороскоп за петок, 8. август 2025 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Не треба да се трудите да бидете љубезни , зашто нема да бидете уверливи. Бидете едноставно природни и правете го она што ви се допаѓа. Кариера Ќе бидете под големо влијание на оние околу вас . Можно е некој од соработниците да ви се вовлече под кожа. Здравје и совет Лошото чувство утре ќе се изгуби.. Девица 23.8.-23.9. Љубов Оние кои одржуваат врска на далечина денеска ќе ја пренасочат во друга насока. Ќе дојде до промена. Кариера Можен е динамичен состанок со шефовите каде ќе размените различни идеи или мислења. Здравје и совет Претстојат нови планови за патувања. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во текот на денот ќе ги расчистите сомневањата и ќе го вратите во рамнотежа вашиот однос со саканата личност. Кариера Денеска не очекувајте поддршка од други. Потпрете се на сопствените сили и се ќе помине подобро. Здравје и совет Подобрување. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашите зборови ќе допрат длабоко во душата на саканата личност и ќе постигнат ефект за паметење. Слободно изразете ги чувствата. Кариера Ви претстои финансиска загуба, со која тешко ќе се помирите. Сепак бргу ќе најдете начин тоа да го надоместите. Здравје и совет Ќе бидете прецизни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои ќе заведуваат преку кујната, а другите со хумор. И во двата случаи ќе има успех. Кариера Денеска би било добро да не соработувате со млади , зашто нема да се разберете.Ограничете се на други соработници. Здравје и совет Некои ќе дочекаат сакана личност од патување. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Од внатре нешто ќе ве натера да направите потег што е целосно откачен , но ќе биде полн погодок. Кариера Можно е да ви ги оспоруваат резултатите од работата.Не влегувајте во расправија, туку почекајте до утре кога се ќе може полесно да докажете. Здравје и совет Ќе бидете забавни. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска занемрете ги идеите што ви доаѓаат од интуицијатаи држете се до она што можете да го видите и да го допрете. Кариера Ќе имате зголемено влијание врз другите , па тоа искоритете го во работата , која се развива и без тоа , многу добро. Здравје и совет Несоница. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Можно е да ве освои млада личност по возраст или според духот. Тешко ќе и одолеете. Кариера Вие ќе сакате една идеја а вашите надредени друга .Денеска не е ден за размена на мислења.Воздржете се. Здравје и совет Подобро од вчера. Овен 21.3-20.4. Љубов Иако со сите сили ќе се трудите да го подобрите сексуалниот живот , денеска во ова подрачје би можеле да имате мал неуспех. Кариера Ќе се сетите на некои предлози на лица од странство и ќе се потрудите со нив да ги обновите деловните потфати. Здравје и совет Чувствителност на жолчката или црниот дроб. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашата самоувереност би можело денеска да биде сериозно нарушна.Сетете се на љубовните успеси за да се охрабрите. Кариера Некои ќе ја истражуваат историјата на фирмата или на професијата што ја работите. Ќе биде интересна дигресија од секојдневните задачи. Здравје и совет Што било , поминало. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Најдобро ќе поминат оние ки љубовта нема да ја изразуваат со зборови , туку со дела. Се ќе биде во ред ако не зборувате. Кариера Ќе бидете склони дефинитивно да завршите некоја работа и да отоврите ново поглавје на сосема различен начин. Здравје и совет Тешко ќе ви оди со изборот на вистински зборови. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашите пријатели ќе ви покажат кој е најдобриот пат до нечие срце. Послушајте ги и не прашувајте премногу. Кариера Денеска е подобро да бидете настрана од шефовите , бидејќи и со најдобра намера, лошо ќе влијаат на вас. Здравје и совет Наспијте се откако ќе се прошетате.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизНикол Кидман предизвика коментари: Фотошоп или вештачка интелигенција?Холивудската ѕвезда, актерката Никол Кидман се појави на насловната страница на австралиското издание на „Вог“ (Vogue), што предизвика дебата на социјалните мрежи за тоа дали е користена вештачка интелигенција при уредувањето на фотографиите. Познатата холивудска ѕвезда позира во многу младешки комбинации и изгледа неверојатно младо – иако има 59 години – поради што многу корисници на интернет заклучија дека вештачката интелигенција можеби имала удел во тоа. Никол е прикажана во црн костим за капење од „Шанел“, фармерки со низок струк од истиот бренд, елегантен фустан, како и комплет што се состои од капа и горен дел, меѓу другите изданија. Во преден план се нејзините извајани стомачни мускули, косата со „ефект на влажен изглед“ и младешкото лице, а секоја од комбинациите зрачи со гламур. Нејасно е дали сликите се обработени во „Фотошоп“ или се создадени со помош на вештачка интелигенција, како што шпекулираат корисниците на социјалните мрежи. Многумина се согласуваат дека „таа изгледа како да има 35 години“ и дека нејзината облека во „тинејџерски стил“ не е соодветна за нејзината возраст, пренесува „Superžena“. „Ја обожавам Никол, но овие фотографии се толку очигледно обработени во ’Фотошоп‘ што е смешно“, како и „Телото ѝ е одлично, но облеката повеќе му прилега на тинејџер“, гласеа некои од коментарите – додека други беа воодушевени од фотографиите, фалејќи го изгледот на актерката: „Педесет и девет! Изгледа неверојатно!“, „Фантастична е!“ и „Само продолжете да ѝ завидувате“.Тагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Нова авиолинија Скопје – Тиват, од мај директно од Скопје до црногорското приморјеМакедонија и Црна Гора ја продлабочуваат соработката, а првиот конкретен резултат од договорените активности е воспоставувањето директна авионска линија меѓу Скопје и Тиват, која ќе започне да оперира од 1 мај следната година со два лета неделно. Ова го најави заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, по денешната билатерална средба со заменик претседателот на Владата на Црна Гора, Филип Ивановиќ. Николоски посочи дека станува збор за реализација на договореното при неговата претходна посета на Подгорица, нагласувајќи дека новото авиоповрзување ќе има значење за зголемување на размената меѓу двете држави. -Денеска заедно со потпретседателот на Владата на Црна Гора договоривме и веќе станува реалност директна авионска линија од Тиват до Скопје. Истата ќе оперира два пати неделно, ќе стартува од 1 мај и се надевам дека сериозно ќе придонесе не само за зголемување на бројот на патници и размената помеѓу двете држави, туку и за развојот на туризмот и бизнисот, истакна Николоски. Дополнителнопланираме во текот на следната година да организираме еден бизнис форум, кадешто ќе можат да се запознаат компаниите од двете држави и заеднички да зборуваат за нови можности, во делот на стопаска соработкa”-истакна Николоски. Тој нагласи дека со црногорската влада се преговара и за воведување на линија Скопје -Подгорица и Тиват-Охрид. Како значајна тема на денешните разговори беше посочено и инфраструктурното поврзување, особено можностите што ги отвора изградбата на автопатот Скопје – Блаце за регионалната транспортна и економска комуникација. “ Македонија на крајот на август месец почна да го гради автопатот Скопје-Блаце, којшто значи директно поврзување со Црна Гора, и значи отварање на Македонија кон трето пристаниште, тоа е пристаништето во Бар. Имајќи предвид дека имаме добро поврзување со пристаништето во Солун, градиме поврзување со пристаништето во Драч, со изградбата на овој автопат ќе имаме добро поврзување и со пристаништето во Бар, и на тој начин го правиме она што е најдобро за државата, а тоа е како држава која не излегува на море, да имаме излез на најмалку 3 пристаништа, рече вицепремиерот Александар Николоски. На билатералната средба бeше потврдена и одличната политичка соработка меѓу двете држави, потенцириајќи ја можноста за унапредување на односите во сите области. Вицепремиерот Николоски упати честитки за реформските процеси што ги спроведува Црна Гора и за постигнатиот напредок на нејзиниот европски пат, истакнувајќи дека членството на Црна Гора во Унијата би претставувало значаен поттик не само за земјата, туку и за целиот регион и процесот на проширување на Европската Унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
МакедонијаКривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформаКривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа и им нанеле финансиска штета.Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа и им нанеле финансиска штета Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 56-годишната М.К. од Битола и А.С.(38) од Естонија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик. Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација, на канал со неколку стотици претплатници, со ветување за наводни добивки кои никогаш не се реализирале, навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа и на тој начин им нанеле значителна финансиска штета. До Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика доставени се пет пријави од оштетени граѓани, кои во наведениот период биле измамени, но согласно податоците од финансиските извештаи од трансакциската сметка на првопријавената, во измамата оштетени се стотици граѓани од државата, но повеќето од нив не го пријавиле случајот. Во врска со случајот беше спроведена повеќемесечна истрага во која беа вклучени повеќе домашни и странски институции и беа разменети информации, што резултитраше со откривање на идентитетот на сторителите. Исто така, во рамки на истрагата, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика изврши информативен разговор со првопријавената, одзеде електронски уреди кои ги користела за остварување пишана комуникација преку апликацијата, а со форензичката анализа на екстрахираните податоци од одземените уреди, докажано е кривичното дело за кое е поднесена кривичната пријава. Во однос на меѓународниот аспект на истрага, по претходно извршена стручна анализа на крипто трансакциите, преку меѓународни безбедносни платформи обезбедени се целосни информации за сопственикот на крипто паричникот. Со оглед на растечкиот тренд на ваков тип измами, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика апелира граѓаните да не веруваат во лесна и брза заработка преку интернет, каде измамниците преку социјалните мрежи, лажни профили и телефонски повици нудат инвестирање во криптовалути со ветувања за високи и сигурни приноси, притоа наведувајќи ги да уплатат пари на лажни инвестициски платформи, кои можат да изгледаат целосно легитимно.Тагови: измама мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter