ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка
1ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка
ХороскопДневен хороскоп за 8. април 2025 година Дневен хороскоп за вторник, 8. април 2025 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашиот љубовен живот се развива добро , а денеска ќе си дозволите мало опуштање и конзумирање алкохол. Кариера За разлика од вас , денеска вашите надредени нема да знаат што сакаат. Ќе се потпрат на вашето стручно знаење. Помогнете им. Здравје и совет Не претерувајте со пиењето. Бик 21.4- 20.5. Љубов Малиот дисбаланс на емотивен план ќе биде поврзан со потребата за доминација. Но тоа е минливо , а вашата врска е силна. Кариера Добро ќе ви одат сите дејности каде ќе можете да го покажете своето стручно занење. Некои конечно ќе добијат шанса да се изразат. Здравје и совет Мали емоционални фрустрации. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно малку ќе се надмудрувате со саканата личност , за тоа кој е главен во врската. Не е страшно , но ќе ви одземе енергија. Кариера Со мали чекори може да напредувате исто како и со големи. Разликата е во тоа што нема сензација и потребно е трпение. Здравје и совет Немојте да бидете тврдоглави. Рак 22.6-22.7. Љубов Мирот со кој што ќе зрачите ќе и влева сигурниост на другата страна. Уште повеќе ќе ви се приврзе. Кариера Излегуваат на виделина добрите финансиски резултати. Задоволни сте и контактирате со соработниците за нови проекти. Здравје и совет Во добра форма сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Освен добра забава и богат друштвен живот , веројатно ќе испробате некои нови јадења во друштво со саканата личност. Кариера Денеска лесно ги решавате повеќето работи. Атмосферата на работното место ќе биде делумно хаотична , но вие ќе се снајдете. Здравје и совет Помогнете им на колегите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе бидете способни да читате меѓу редови , па ќе откривате она што е наскриено во односот со личноста што ви е мила. Кариера Ќе се обидете со понежен пристап и со креативни варијанти да ги придобиете другите за своите проекти. Ќе бидете убедливи. Здравје и совет Можно е да се напиете во поголемо друштво. Вага 24.9.-23.10 Љубов Со фантазија и креативност ќе ги надминете фрустрациите што се испречуваат меѓу вас и саканата личност. Кариера Во работата со млади би можело да дојде до нејасна ситуација. Држете се до поставените критериуми и се ќе се разјасни. Здравје и совет Нека ве води интуицијата. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вашите пријатели би можел несакајќи да го поремети вашиот љубовен план , што го подготвувате за излегување во друштво. Кариера Обидете се да бидете повеќе креативни без оглед што тоа не му се допаѓа на некој од соработниците. Единствен критериум нека биде професионалноста. Здравје и совет Опуштете се со убава музика. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Како што ќе минува денот , ќе ви биде се појасно дека не може ништо да се среди со сила. Ќе најдете утеха кај пријател. Кариера Барањата на работното место се се поголеми , но вие сте подготвени за такви предизвици. Можеби не е според вашиот план , но секако не е лошо. Здравје и совет Не се замартајте со ситници. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ќе излезете со добри пријатели , на кои ќе им ги доверите вашите љубоцвни проблеми и очекувања. Кариера Ќе напредувате според барањата на други. Ќе успеете да го избалансирате она што би сакале и она што се случува. Здравје и совет Созревате. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Површните приказни ќе бидат забавни. Ќе ги шармирате сите околу себе. Сепак, во душата ќе чувствувате мала празнина. Треба трпение. Кариера Во деловната кореспонденција , што е интензивна , би можело да дојде до мал хаос. Јасно поставувајте ги прашањата и исто така одговарајте. Здравје и совет Немојте да се напиете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Оние кои се решени да се додворуваат , денеска ќе добијат посебна инспирација за вистински поетски зборови. Ќе биде интересно да се слушаат. Кариера Доколку одите на службен пат, проверете ја состојбаста на автомобилот. Видете дали сте целосно подготвени и дали резервациите се во ред. Здравје и совет Минливо недоразбирање со роднините.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банкаЛицемерието на СДС и Венко Филипче повторно излегува на површина. Денес се обидуваат да отвораат прашања и да шират загриженост за Алта банка, а кога во нивно време пропадна Еуростандард банка, ги немаше никаде.Каде беа тогаш Филипче и СДС? Каде беше нивната загриженост за граѓаните, штедачите и сите оние кои претрпеа штета од пропаѓањето на банката? Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на средствата од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката. Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра. Граѓаните знаат и за одлуките на тогашните институции и на начинот на кој беше одземена дозволата за работа на банката, без претходно да биде воведена друга форма на администрација. Затоа, денес СДС звучат премногу лицемерно. Не може СДС да глумат загриженост денес, а да се заборави начинот на владеење на СДС и прашањата кои останаа неодговорени од вчера. Банкарскиот систем не смее да биде предмет на политички манипулации, ниту пак институциите да се користат за партиски пресметки. Разликата е јасна, сега се бара одговорност и институционално постапување, а тогаш се посегнало по криминал. Двојните аршини на СДС нема да поминат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаСДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите париСлавески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари - зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?Славески ги уверува граѓаните дека „сè е во ред“ со Алта банка. Во меѓувреме, луѓето не можат да дојдат до своите пари. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови, додека пак компаниите слободно префрлаат пари. Зошто гувернерот крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија? Дали останаа тука или продолжија понатаму кон Москва? Сега, кога контролата е преземена, не можат да кажат дека не знаат. Зошто се кријат податоците и дали Мицкоски и останатите членови на мафијата имаат свои сметки во Алта банка? Во Србија веќе се приведени лица поврзани со Алта банка, а против нив се поднесени кривични пријави. Кај нас сè уште се крие обемот на трансферот и се тврди дека банката е во одлична форма. Ако е така, зошто граѓаните не можат да си ги подигнат заштедите? Славески воведува мерки за заштита на криминалните пари, наместо да ги заштити штедните влогови и парите на граѓаните, особено на пензионерите кои имаат сметки во Алта банка. Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на граѓаните чии депозити се заробени. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва дека сте во служба на граѓаните, не на оваа мафија на власт. Ќе одговарате и вие ако продолжите да ја чувате оваа банда. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДемократите со предност на среднорочните избори во САД, Трамп пред изборен тестАмериканските гласачи денеска излегуваат на среднорочни избори, на кои ќе се оценуваат првите две години од вториот мандат на Доналд Трамп.Анкетите им даваат предност на демократите за освојување на Претставничкиот дом.,Додека битката за контрола врз Сенатот останува неизвесна.Се гласа за 435 места во Претставничкиот дом и за 35 сенатори. Проценките се дека незадоволството од високите цени и трошоците за живот му штетат на Трамп,а дополнителен притисок создаваат царинската политика и војната со Иран. Трамп водеше интензивна кампања и одржа повеќе од 20 предизборни митинзи.Тој ги обвини демократските кандидати дека се радикални и опасни. Демократите се надеваат дека ќе освојат мнозинство во двата дома на конгресот. Тоа би им овозможило да отвораат истраги и да ги блокираат неговите именувања.. Секако резултатите ќе покажат колкава е поддршката за трамп и неговата политика.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook