Дневен хороскоп за 7. септември 2025 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 7. септември 2025 година

Дневен хороскоп за недела, 7. септември 2025 година. 

Дневен хороскоп за 7. септември 2025 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Дека љубовта е во малите работи и секаде околу вас , ќе се уверите денеска. Не е потребна никаква сензација.

Кариера

На работа ќе се чувствувате како да скитате низ магливо утро. Држете се за сигурна потпора , а тоа се колегите околу вас.

Здравје и совет

Кашлица или вироза.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Некои ќе се впуштат во флерт на работното место. Ќе им биде забавно , но не и сосема јасно што всушност работат и очекуваат.

Кариера

Вашите надредени денеска ќе ве збунуваат , зашто ќе се покаже дека не знаат што сакаат. Држете се до проверените методи.

Здравје и совет

Постојано нешто очекувате. Опуштете се.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе покажете слабост кон пријателите , поради кои ќе потрошите некој денар повеќе. Нека не ви биде жал , па дури и ако ви приговори партнерот.

Кариера

Изгледа како сега се да ви е целосно јасно. Веќе нема никакви двоумења околу нешто што долго време сте го истражувале.

Здравје и совет

Почитувајте ги другите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска ќе бидете расположени за ги минувате заедничките моменти со партнерот во топлината на домот. Само малкумина ќер излезат , но набргу ќе се вратат дома.

Кариера

На дневен ред ќе ви дојдат мал број заостанати работи. Се чини како лесна задача, но сепак ќе мора да одвоите дел од денот за да ја одработите.

Здравје и совет

Бидете поодговорни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе чувствувате како овој ден е добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу лица од спротивнуиот пол.

Кариера

Ќе се трудите да воведете новини или млади лица во работата . Во целиот тој процес ќе се покаже дека сте духовити.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе се досетите како да ја надминете дистанцата во односот со саканата личност . Најверојатно ќе се нафрлите заедно на некоја работа.

Кариера

Денеска ќе бидете ангажирани со деловна кореспонденција , во која ќе бидете духовити и многу љубезни.

Здравје и совет

Искажете го она што другите ги интересира.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денот е идеален за опуштена дружба со кафе. Одете и подружете се со пријатни луѓе или со саканата личност.

Кариера

Деловно патување или мала посета би можекла да резултира со оригинален план. Не се сомневајте во сопствените идеи , одлични се.

Здравје и совет

Изразете се.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе имате убави идеи и позитивен став , со што ќе придонесете кон подобрување на односите меѓу вас и партнерот.

Кариера

Искористете ги погодностите што ви се нудат и покажњете што знаете. Немојте да бидете пасивни.

Здравје и совет

Нема другите ништо да одработат наместо вас.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тешко денеска ќе се ставите во положба на другата страна. Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање.

Кариера

Секој ваш потег се мери исто како и на другите на работното место. Затоа немојте да мислите дека можете нешто да скриете.

Здравје и совет

Поработете на својот карактер.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Најдобро ќе биде доколку денеска се смирите и се повлечете на осамено место , подалеку од љубовните акции.

Кариера

Вашите деловни предлози можеби нема да наидат на одобрување, но тоа не значи дека не можете да ги зачувате и да ги понудите во вистинско време.

Здравје и совет

Бидете нежни.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Заедно со саканата личност денеска ќе ги поместувате сите граници. Толеранцијата и почитувањето ќе бидат на задоволително ниво.

Кариера

Веројатни се деловни контакти со партнери од странство. Добро ќе се снајдете во деловните предлози.

Здравје и совет

Покажете се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

иако вербално нема да знаете да ги искажете сопствените чувства , партнерот ќе ве разбере. Ќе чита меѓу редови. Уште еден убав ден.

Кариера

Нервозата што ви се јавува когга ќе помислите на работата и соработниците , потекнува од вашето минато. Сега нема причина за нервоза.

Здравје и совет

Верувајте во себе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.

Да промените нешто не е лесно, но е неопходно. Ако подолго време чувствувате дека е време за нов почеток – во која било сфера од вашиот живот – следете ги овие совети...

 Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.

Колку пати во животот сте посакале да „почнете од почеток“? Да промените нешто, да живеете поинаку, да работите друга, подобро платена работа, да ја најдете сродната душа или да живеете на друго место? Психолозите нудат совети како да успеете во оваа замисла и одново да почнете нов живот:

1. Не врзувајте се за одредени датуми

Луѓето често планираат да почнат одново во понеделник, на први во месецот или по Нова година... Постојано го чекаме „идеалниот момент“. Но, тоа е само одложување кое е последица на стравот од промени. Искоренете го тој страв – ако навистина сте решени да се промените, нека се случи тоа овде и сега!

2. Одредете приоритети

Плановите на оние што сакаат да го променат својот живот често се огромни: нова работа, нов град, целосна промена на изгледот, брак или развод... Наместо преамбициозни планови, одлучете што најмногу ви треба и зошто. Поставете реални цели за патем да не се уморите и да се откажете.

3. Осмислете мали чекори

Откако долгорочните цели ќе ви станат јасни, направете временски распоред. Не обидувајте се да реализирате петгодишен план за шест месеци. Планирајте ги задачите за претстојниот месец и реално проценете ги своите можности. На пример, ако сте одлучиле да ослабете, воведувајте промени во исхраната постепено, наместо да преземате драстични потези. Тоа го олеснува процесот кој нема да го доживеете како откажување или страдање.

4. Почнете со надворешни промени

Многу е полесно да поверувате дека навистина започнал нов живот кога постојат видливи докази за тоа. Почнете со надворешни промени – освежете го стилот, сменете ја фризурата или преуредете го домот. Докажано е дека промената на околината или облеката влијае и на начинот на размислување – се однесуваме поинаку, размислуваме поинаку... На пример, деловниот костим влева чувство на дисциплина; нè прави да се чувствуваме добро и самоуверено...

5. Најдете си “контролор“

Доверете му го проектот за промена на животот некому кому му верувате – на пример, на најдобриот пријател – и замолете го да го следи вашиот напредок. Ако планот успее, тој ќе ве награди; ако одолговлекувате, ќе ве казни. Ова ќе послужи како одлична мотивација да истраете во намерата.

6. Ветете дека ќе постигнете нешто пред сведоци

Ветете им нешто или обложете се со колегите или пријателите дека ќе постигнете одредена цел до одреден датум. Можеби ќе бидат скептични во однос на вашите шанси, но ќе ви ја дадат можноста. Тогаш напорно ќе работите на себе за да им докажете дека можете да успеете!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тврди дека доаѓа од 2671. година и знае што нè чека во иднина

 Тврди дека доаѓа од 2671. година и знае што нè чека во иднина

Корисник на TikTok под името Ено Аларик привлече стотици илјади следачи со своите апокалиптични предвидувања. Од повторно појавување на мегалодонот до вонземски инвазии, неговите објави предизвикуваат комбинација на потсмев и загриженост, иако досега ниту едно од пророштвата не се остварило.

Според овој самопрогласен „патник низ времето од 2671 година“, животот каков што го познаваме наскоро ќе стане значително похаотичен. Корисникот на социјалните мрежи познат како Ено Аларик – кој собра армија од речиси милион следачи на на TikTok под корисничкото име @radianttimetraveler – со месеци објавува злокобни предупредувања за иднината. Во низата видеа кои достигнаа милиони прегледи, Аларик тврди дека има задача да го подготви човештвото за катастрофални настани кои се закануваат со целосно уништување.

Неговиот наратив е едноставен, но ефективен: тој поседува знаење од иднината и чувствува должност да го сподели со нас за, можеби, да можеме да се спасиме. Сепак, додека неговите објави стануваат вирални, се поставува прашањето: дали тој е навистина гласник од иднината или само вешт креатор на содржини кој го користи човечкиот страв од непознато?

Според неговите предвидувања, можеме да очекуваме апокалиптични временски услови, откривање на тајни подземни заедници, па дури и еликсир на животот. Во едно од неговите попопуларни видеа, Аларик детално го опишува редоследот на настани што се очекуваат во декември. Тој тврдеше дека проектот „Екстракција“ (Extraction), предводен од Илон Маск, ќе започне на 4. декември и ќе вклучува истражувачи кои ќе откријат цели цивилизации под површината на Земјата, населени со интелигентни видови попаметни од луѓето. Само четири дена подоцна, на 8. декември, наводно треба да биде пронајдено семејство од четири мегалодони на дното на Маријанската Бразда – откритие што би поттикнало разоткривање на други изумрени видови, како што се сабјозабите тигри и птеродактилите.

За 19 декември, тој најави нов вид бура – ​​„електричен град“ – при што молњите и мразот ќе се мешаат и ќе предизвикуваат изгореници од трет степен на сè што ќе допрат. Сепак, не е сè така црно. Аларик предвидува дека на 28. декември ќе биде откриен нов подземен плод наречен „Аструм“; кој го забавува стареењето и додава 200 години на животот на секој што ќе го изеде.

Неговите пророштва не се ограничени само на еден месец. Во текот на 2023. година, Аларик изнесе низа предвидувања наменети да го променат светот. Тој тврдеше дека на 23 март, вонземјанин познат како „Шампионот“ ќе избере осум илјади луѓе за да го спаси човештвото и ќе ги одведе на друга планета погодна за живот. За 15 мај, тој најави мегацунами високо над 200 метри што ќе го погоди Сан Франциско и ќе однесе повеќе од 200.000 животи, додека за 12 јуни предвиде земјотрес со јачина од 9,5 степени, кој ќе отвори пукнатина длабока осум километри во Земјата, ослободувајќи бројни видови за кои се сметало дека се изумрени.

Неговите тврдења опфаќаат и научни откритија, како на пример, лек за рак на кожата кој ќе биде пронајден во хипофизата на верверица или откривање на огромен кристал во Амазон што може да ги излечи сите болести. И покрај драматичната природа на овие изјави, ниту еден од предвидените настани не се оствари, што фрла сериозен сомнеж врз неговиот кредибилитет.

Токму оваа историја на неуспешни предвидувања ги прави неговите тврдења предмет на потсмев и скептицизам. На пример, Аларик најави дека вселенско летало со вонземјани ќе се урне за време на метеорски дожд на 3.октомври, носејќи „непријателска вид“ што ќе предизвика хаос во големите градови ширум светот. Тоа не се случи. Потоа предвиде дека на 6. ноември Сонцето ќе испушти непознат вид енергија која ќе предизвика нова болест, претворајќи ги луѓето во суштества налик на зомби. И тоа предвидување помина без никакви последици.

Коментарите под неговите објави изразуваат недостиг на верба; додека некои го обвинуваат дека е измамник, други се шегуваат барајќи ги добитните броеви од лотарија или – уште почесто, го прашуваат за датумот на издавање на следната видеоигра од серијалот *Grand Theft Auto*. Одредени корисници со научен пристап истакнале дека мегалодонот, како ајкула што живее во плитки води, не би можел да преживее во екстремните услови на Маријанската Бразда. Сепак, Аларик не се откажува и продолжува да објавува содржини кои, ако ништо друго, нудат изобилство материјал за љубителите на научната фантастика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Семејството мислело дека бабата е мртва, ја ставиле во ковчег и ја оплакувале- тогаш снаат видела нешто чудно

Приказната за жена во седумдесеттите години од кинеската провинција Хебеј, која страдала од церебрална тромбоза и се лекувала од рак, го привлече вниманието на јавноста.

Семејството мислело дека бабата е мртва, ја ставиле во ковчег и ја оплакувале- тогаш снаат видела нешто чудно

Според локалните медиуми, лекарите заклучиле дека болеста повеќе не може да се лекува, по што нејзиното семејство ја однело дома.

Шокантно изненадување за семејството

Бабата била пронајдена мртва на 8 септември, па семејството го ставило нејзиното тело во ладилник-ковчег додека чекало да се соберат сите роднини.

Сепак, следната вечер се случило нешто што ги изненадило сите, објавува „Саут Чајна Морнинг Пост“.

Имено, снаата слушнала тивок звук на „зуење“ што доаѓал од внатрешноста на ковчегот. Семејството веднаш го отворило и ја видело старицата жива! Таа била во сериозна состојба, не можела да јаде ниту да пие.

За жал, таа починала подоцна истата вечер и била погребана на 13 септември.

„Никој не би измислил приказна...“

Член на семејството подоцна објавил детали за необичната приказна на интернет, покренувајќи прашања за тоа дали приказната е автентична.

„Никој не би измислил приказна за животот и смртта на член на сопственото семејство“, напиша тој.

Локалните медиуми објавија дека телото на несреќната жена било ставено во ладилник, но дека не било поставено на длабоко замрзнување.

Едно можно објаснување за овој случај, според лекарите, е состојба позната како „очигледна смрт“.

„Се надевам дека пронашла мир“

Ова е ситуација во која виталните знаци се толку слаби што е исклучително тешко да се регистрираат.

Необичниот случај предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а еден корисник напиша: „Овој вид „враќање“ сигурно бил болен за несреќната жена. Се надевам дека пронашла мир во задгробниот живот“.

Друг додаде: „Семејството прво требало да добие официјален смртоносен лист од болницата“.

Трет корисник ги спомена локалните обичаи: „Во минатото, семејствата честопати го држеа починатиот дома три дена. Денес, сè се случува толку брзо што некои луѓе се кремираат веднаш откако ќе бидат прогласени за мртви“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер