Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго е најсмртоносната во историјата на земјата, однесе 2.325 животи
1Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго е најсмртоносната во историјата на земјата, однесе 2.325 животи
ХороскопДневен хороскоп за 7. септември 2024 година Дневен хороскоп за сабота, 7. септември 2024 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата страст ќе биде поизразена од обично , а вие ќе бидете привлечни за секоја личност од спротивниот пол. На вас останува само да се опуштите. Кариера Ќе анализирате можности за едно кредитирање или спонзорирање. До решение ќе дојдете со помош на својата интуиција Здравје и совет Можни се деликатни уметнички сништа или инспирација. Вага 24.9.-23.10 Љубов Емотивност, нежност, чувство за препознавање на суптилните односи во врската – сето тоа ќе може денеска да го доживеете. Кариера Вашите колеги денеска ќе ве насмеат , зашто ќе ве поттикнат да решите еден проблем , а вие сакате да бидете детектив. Здравје и совет Ќе се чувствувате одлично. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете заиграни , креативни и подготвени за секаков вид забава. Многумина ова чувство ќе го пренесат и на работа , каде има некој на кого му се допаѓаат. Кариера Вработените во уметничките дејности ќе созададат посебни дела. И другите ќе бидат креативни и поинакви од сите други. Здравје и совет Покажете ги своите таленти. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Партнерот малку ќе ве замори со своите барања. Некои ќе се свртат кон сонување со отворени очи или ќе активираат една платоинска љубов. Кариера Вашите деловни партнери и вашите претпоставени денска тешко ќе наоѓаат заеднички јазик. Вие ќе бидете мост што ќе ги поврзува. Здравје и совет Најдете компромис. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете максимално фокусирани на саканата личност , зашто ситуацијата или партнерот лично тоа ќе го побараат. Кариера Некои ќе се занимаваат со безбедносните услови на работното место. Ќе настојувате во осигурувањето да поминете што поефтино. Здравје и совет Вашите пријатели можеби ве шпионираат. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Не е исклучено да настане вистински хаос , кога ќе се обидете да искажете што чувствувате. Затоа молчете, а љубовта покажете ја со дела и се ќе биде во ред. Кариера Можни се проблеми во заклучување на краткорочни планови за работа. Ќе мора да бидете попрецизни. Здравје и совет Нервоза и замор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Иако ќе успеете на многу интересен начин да ги изразите своите чувства , конечниот резултат сепак нема да биде емотивно задоволство. Тоа сеуште се очекува. Кариера Деловните контакти стануваат се поинтересни , а темите за кои расправате се како од филм. Здравје и совет Ништо не може да ве изненади. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате убава шанса за нови познанства, а особено преку пријатели. Сепак , секој збор ќе треба да го мерите за да не дојде до недоразбирање. Кариера Нека не ве нервираат невообичаените барања од шефовите. Вие држете се за проверенуите критериуми , а тие нека филозофираат. Здравје и совет Немир и несоница. Бик 21.4- 20.5. Љубов Недоразбирањето што ќе настане во комуникацијата со саканата личност , ќе се реши со искрена прегратка без зборови. Кариера Пред вас ќе биде поставена посебна задача. Ќе изгледа чудно, па сепак привлечно. Здравје и совет Сетете се на своите приоритети. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Забавата за која се подготвувате ќе биде добра, а луѓето ќе ви бидат наклонети. Самците ќе бидат среќни во друштво , доколку не зборуваат премногу , зашто нема да ги разберат. Кариера На дневен ред дојдоа заостанатите обврски. Тоа ве нервира и ви создава збрка , но мора да се одработи. Здравје и совет Клопчето треба да се одмота до крај. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние во врска најдобро ќе се чувствуваат дома , во друштво на саканата личност. Оние кои бараат сродна душа, ќе бидат оригинални во додворувањето. Кариера Вашата интелигенција ќе се покаже како многу креативна и продорна во исто време. Ќе имате одлични идеи. Здравје и совет Свртете се кон иднината. Лав 23.7-22.8. Љубов Тоа што моментално постои празнина или диостанца во вашите лични односи , денеска ќе се заборави со раскажувањата на еден колега. Кариера Одличен е денот за специфични комуникации , кои бараат чувство за нијанси и посебен талент. Здравје и совет Презентирајте ги своите идеи. Добри се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕпидемијата на ебола во Демократска Република Конго е најсмртоносната во историјата на земјата, однесе 2.325 животиЕпидемијата на ебола во Демократска Република Конго однесе 2.325 животи, со што го надмина бројот на жртви во епидемијата од 2018 до 2020 година и стана најсмртоносната во историјата на земјата.Конгоанскиот институт за јавно здравје соопшти дека бројот потврдени случаи се зголемил на околу 5000 случаи. Станува збор за 17-та епидемија на ебола во Конго, која веќе кон крајот на јули ја надмина претходната по бројот на случаи и стана најголема во историјата на земјата според тој показател. За овој сој на ебола нема одобрени вакцини или лекови.Тагови: ебола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАпел до владата поради алармантната состојба со епидемијата на сипаници кај овците и козитеСојуз на одгледувачи на овци апелира до владата и до надлежните институции за итно преземање мерки поради алармантната состојба со епидемијата на сипаници кај овците и козите, како и за заштита и помош на сточарите. Насер Џемаил претседател на Сојуз на одгледувачи на овци изјави дека 40 семејства останале без приходи поради угинување на овците, тие од државата бараат обештетување и да обезбеди вакцини за заштита од болеста која ги коси овие домашните животни. Информаираат дека месото нема да биде штетно за јадење по вакцинација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран има нова мета?Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Канада станала „резервен тим“ на САД во нивната воена агресија против Иран.Портпаролот Багеи изјави дека САД ја нарекуваат Канада своја педесет и прва земја, воведуваат царини на нејзините стоки, па дури и се закануваат дека ќе ја казнат за еколошки проблеми. Тој исто така додаде дека одговорот на Отава е само послушност, според новинската агенција Тасним. „Официјална Отава учествува во нелегалната војна на САД против Иран за да го задоволи Вашингтон. Оваа ситуација покажува дека Канада повеќе не се согласува со САД, туку е сведена на улога на резервен тим“, рече Багеи. Извор: Б92Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook