Над сто уапсени за вандализирање на протестите во Барселона: И малолетници ограбуваа продавници и палеа контејнери
1Над сто уапсени за вандализирање на протестите во Барселона: И малолетници ограбуваа продавници и палеа контејнери
3Голем интерес за гласање кај српските државјани во Македонија, пријавени се 1.438 за гласање во Скопје и Куманово
1Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
3Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ХороскопДневен хороскоп за 7. септември 2021 годинаДневен хороскоп за вторник, 7. септември 2021 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашиот позитивен став полн со хумор ќе ви доенсе убави поени во љубовта. оние кои и натаму се сами , ќе освојуваат со леснотија. Кариера Оние кои лажеле ќе бидат разоткриени на неочекуван начин. Така ќе се осрамотат. Немојте да ги исмевате. Здравје и совет Одете каде што ви е добро. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашите додворувања денеска би можеле да бидат речиси извештачени . Потрудете се да бидете поедноставни и поискрени, Кариера Младите лица со кои соработувате денеска ќе ја покажат својата мрзеливост и неспособност. Ќе мора подобро да ги обучите. Здравје и совет Вежбајте гимнастика. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Своите грижи ќе им ги препуштите на другите и ќе се свртите кон секојдневието. Така ќе си ја олесните душата и ќе станете реални. Кариера Оние чија работа не е конкретна , ќе имаат одлични достигнувања. Другите и натаму ќе го слушаат својот внатрепен глас и ќе им биде одлично. Здравје и совет Бидете упорни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно ќе бидете во искушение денот да го минете играјќи видео игри.Пресечете и со паметно молчење, издржете. Кариера Пред вас е тежок ден во кој ќе мора добро да утврдите што сакаат шефовите , која е целта, кои се пријатели ,а кои непријатели. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Јарец 22.12.-20.1. Љубов На оригинален начин ќе се справите со проблемите во својот љубовен живот и ќе отворите врата за негово подобрување. Кариера Само продолжете да го развивате она што е се појасно. Денеска добивате потврда од новите соработници , кои ве поддржуваат. Здравје и совет Разбудете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Во сексуалните прашања ќе имате мало двоумење околу стилот . Секој ќе сака да ужива на свој начин. Кариера Во работата што ја работите ќе се вмешаат други луѓе , со кои ќе треба да научите како да комуницирате. Ќе има мали проблеми. Здравје и совет Погледнете добар филм и опуштете се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Мали нервози малку ќе ви ја пореметат самодовербата , но само ако вие тоа го дозволите. Контролирајте се и се ќе биде добро. Кариера Постојат луѓе кои ве нервираат , зашто не знаат да работат онака прецизно како вас, па сепак ќе мора со нов да соработувате. Здравје и совет Бидете трпеливи. Овен 21.3-20.4. Љубов Од вас ќе се бара да бидете внимателни и со интерес да слушате што ви зборува другата страна. Послушајте ја. Кариера Прекрасни идеи ќе доаѓаат од вашата потсвест. Потребно е што повеќе да се сконцентрирате на себеси. Здравје и совет Наполнете си ги батериите. Бик 21.4- 20.5. Љубов И покрај понекое ситно недоразбирање во комуникациите , вие сепак успешно ги градите љубовните мостови. Кариера Пред вас се многубројни нови работни задачи. Ќе мора да работите повеќе и посветено. Најдобро е веднаш да почнете. Здравје и совет Сконцентрирајте се на целта. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Работите доаѓаат во памнотежа и се движат со вообичаен тек. Успеавте да се договорите и сега одите понатаму. Кариера Она што потајно сте го истражувале , денеска се отвора и добивате договори ир ешение на таа тема.Ова ќе го употребите за да го комплетирате успехот. Здравје и совет Преминете од зборови на дела. Рак 22.6-22.7. Љубов Препознавате нови љубовни шанси , а во тоам ви помагаат вашите пријатели. Денеска немојте да бидете сами , туку излезете. Кариера Немојте да се чудите доколку ви предложат некои мали промени. Тие се многу извесни и ќе ви донесат сигурност и стабилност. Здравје и совет Можете малку да земете пауза. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе покажете извесна несигурност , што малку ќе ја обесхрабри другата страна. Потрудете се да верувате во она што го живеете. Кариера Ќе ви изгледа како вашите деловни обврски да се тешки и заплеткани. Ќе ви недостига енергија и концентрација. Здравје и совет Ќе ги почувствувате последиците на хедонизмот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
ЕвропаНад сто уапсени за вандализирање на протестите во Барселона: И малолетници ограбуваа продавници и палеа контејнериЕвропа денеска ги сублимира штетите и бројот на приведени по синоќешниот нов бран демонтрации, кои на одредени места повторно излегоа од контрола.. Демолирани и ограбени објекти, оштетени јавни површи и запалени улични објекти, оставиле демонстрантите зад себе во синоќешните немири во Барселона. Каталонската полиција соопшти дека биле упасени над сто лица, а триесетина од нив биле малолетни. Со качучки на глава кршеле излози – при што биле ограбени и оштетени најмалку 14 продавници, а во дел од проджните објекти купувачи останале заробени внатре откако вработените ги спуштале заштитните ролетни за да спречат упад и грабежи. Протестите кои не биле најавени се случиле во околината на плоштадот „Плаца де Каталуња“, а повиците се ширеле преку социјалните мрежи. Градоначалникот на Барселона, Жауме Колбони, остро го осуди насилството и порача дека уништувањето на јавниот и приватниот имот нема да остане неказнето, додека тамошната министерка за надворешни Нурија Парлон не ја исклучи можноста нередите да биле инспирирани од протестите во Париз. „Нема да дозволиме она што се случи да помине без последици. Ќе има санкции и за полнолетните учесници и за лицата што се одговорни за малолетниците. Нема да дозволиме нашиот град да биде опустошен“ Во меѓувреме, немирите и протестите продолжуваат и во други европски земји. Во Франицја илјадници демонстранти синоќа повторно излегоа на улиците. Главниот протест се одржа во југоисточните делови на Париз, но најмногу немири имаше во Марсеј каде дошло и до судири, откако млади луѓе запалле канти за ѓубре за да ги блокираат патиштата, а кон безбедносните сили фрлале камења и шишиња. Полицијата употребила солзавец и водени топови против демонстрантите, кои освен што палеле... ограбувале и продавници и залтарници. Тензично е и во Италија. И таму дошло до судири во неколку градови кои резултирале со речиси 400 приведени и над 5.000 легитимирани демонстранти. Тамошната полиција успеала да го идентификува и организаторот на движењето на „17 октомври“. Неофицијално станува збор Јусеф Сихер, 30-годишен Италијанец со мароканско потекло, кој е под истрага под за тешко поттикнување за извршување кривично дело со цел тероризам и употреба на компјутерски системи. Протести, но воглавно мирни имаше и низ Неапол, Падова и во Бари. Хаосот од немирите продолжи и во Албанија каде демонтрантите ја запалија влезната врата на Министерството за земјоделство во Тирана. Во текот на немирите биле искршени излози на продавници, а демонстрантите ваделе и камени плочи од тротоарите и ги фрлале кон полициските службеници. Полицијата освен солзавец, употребила и водени топови и гумени куршуми за да ги растера демонстрантите. Албаниот премиер Еди Рама најави парични казни за демонстрантите кои се движат од 100 до илјда евра за учество во ненароден собир и до 5.000 евра за лицата кои ќе останат во насилни толпи и по предупредувањата од полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСлаб одѕив на претседателските избори во Бугарија, главни фаворити се Јотова и ЃуровИ Бугарија денеска гласа, но на претседателски избори, откако Румен Радев си поднесе оставка пролетта и во меѓувреме стана премиер... Во трката има 27 кандидати, а вршителката на должноста претседателка, 61-годишната Илијана Јотова, води на анкетите. Нејзин најблизок ривал е поранешниот привремен премиер, 50-годишниот Андреј Ѓуров. До 12 часот, одѕивот изнесуваше само 5,8 проценти или на гласање излегле нешто над 385.000 гласачи, соопшти Централната изборна комисија. Првите резултати од излезните анкети се очекуваат вечерва по 20 часот, а доколку ниту една кандидатска двојка не ги исполни условите за победа во првиот круг, вториот круг е предвиден за 1 ноември. Многу слаб интерес за претседателските избори во Бугарија има и во Македонија.. Се гласа на седум избирачки места низ земјата, но за гласање се пријавиле само 265 бугарски државјани, што за околу 40% помалку откако на парламентарни избори во април, кога имаше 463 пријавени.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГолем интерес за гласање кај српските државјани во Македонија, пријавени се 1.438 за гласање во Скопје и КумановоЗначително поголем интерес за гласање од вообичаеното има и кај српските државјани во Македонија, кои гласаат во Скопје и Куманово... 1.438 српски државјани во Македонија излегоа да гласаат на предвремените парламентарните избори во Република Србија. Зголемен број на граѓани кои гласаа во српската амбасада во Скопје и почесниот конзулат во Куманово. И почесниот конзул на Република Србија во Македонија со седиште во Охрид Михајло Филев гласаше за него е важна добрата соработка меѓу двете земји и добриот соживот. Граѓаните веруваат дека гласале за добра иднина на Србија, веруваат дека изборите ќе поминат во демократска атмосфера. Српски државјани кои живеат на повеќе континенти поминале илјадници километри за да го остварат своето гласачко право. „Прелетав девет илјади километри од Виетнам до Србија да гласам, бидејќи верувам во промена и правда.“ „Живеам на Бали, ќе патувам илјада километри само за да гласам. Летам две илјади километри до Џакарта со карта од Виетнам.“ „Секој глас треба да се слушне. Секој глас е важен без разлика каде живеете.“ Овие избори покажаа масовна излезност во сите гласачки места низ светот. Долги редици на гласачи во Чикаго, Љубљана, Загреб, Франкфурт и Штутград, на сите гласачки места скоро тројно бил зголемен интересот за гласање. На овие избори биле регистрирани 102. 147 гласачи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter