ХороскопДневен хороскоп за 7. октомври 2025 година Дневен хороскоп за вторник, 7. октомври 2025 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Малите игрички со кои сакате да потврдите што е , а што не е важно во приватниот живот , ќе ви биде главна преокупација. Кариера Не сонувате за нешто нереално , но очекувате повеќе да бидете фокусирани на своите соништа . Имате право на нив. Здравје Мала кашлица. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе и одолеете на секоја провокација и ќе најдете мир во приватните односи. Ќе почувствувате олеснување и намалување на напнатоста. Кариера Оние кои се занимаваат со истражувачки професии , денеска би можеле да го добијат успехот што долго го посакуваат. Здравје Конечно имате позитивен став. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ако се обидете по секоја цена да го зацврстите својот однос , денеска нема да успеете. Препуштете и се на сегашноста и уживајте во неа. Кариера При смислувањето нова работна стратегија , ви паѓа на памет идеја дека не сте доволно платени . Здравје Немојте да бидете алчни . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе посакате чувствата да ги изразите или да ги доверите на некој кој е вмешан во вашата љубовна приказна. Во тоа ќе бидете упорни. Кариера Денеска ќе ви изгледа како она што го работите да не е доволно стабилно или една ситница ќе ве натера да мислите дека ништо не е сигурно. Здравје Посетете стоматолог. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Додека вие го расположувате , партнерот се лути. Ќе мора да го утешите со својата смисла за хумор и со топлина. Кариера Важно е да гледате каде одите.Вашиот пат секогаш е долг и далечен. така ви се чини и до утрешниот работен ден. Здравје Разведрете ги другите со хумор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашето љубовно небо е отворено за поквалитетни интимни односи. Ќе ви признаат дека сепак ве сакаат. Тоа е добро. Кариера Некои ваши непријатели конечно ќе ве остават на мир. Ќе работите поорганизирано , ќе ви биде попријатно , а нема да изостанат ниту резултатите. Здравје Зголемена енергија. Овен 21.3-20.4. Љубов Тешко ќе наоѓате рамнотежа во приватните односи. Повлечете се , смирете се и бидете трпеливи и реални. Кариера Вашите деловни желби ќе бидат едно , а реалните можности нешто друго. Сепак ако почнете да го работите она што најдобро го знаете , резултатите ќе ве расположат. Здравје Емотивни фрустрации. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе направите куса пауза од љубовните очекувања и тоа ќе биде добро. Но , ниту самите нема денеска да најдете душевен мир. Кариера Попладне ќе добиете информација дека еден извор на пари е прекинат или дека е откажана работата што би ги донела. Немојте да тагувате. Здравје Поработете на методите за релаксација. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Додека вие сакате со цела сила , расте нетрпението кај вас.Ќе мора малку подобро да се контролирате и се ќе биде добро. Кариера Почнуваат нови притисоци на работното место и вие ќе мора со тоа да се соочите. Нема веќе одложување на роковите. Здравје Најдете пет минути за пауза. Рак 22.6-22.7. Љубов Веќе не се плашите од своите тајни или криење на чувствата. Добивате нов полет и на конструктивен начин им приоѓате на односите. Кариера Почнуваат да се редат некои коцки во ваша корист и тоа ве радува. Работите со повеќе волја и сте повеќе продуктивни. Здравје Во секој случај, следува подобрување. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно доста ќе се движите меѓу луѓе и така ќе доаѓате до нови контакти. Можно е убаво патување или излет. Кариера Нема многу да се грижите за утре. Вашите деловни амбиции се веќе сосема јасни , а вие вредно работите за да ги остварите. Здравје Излезете на свеж воздух. Девица 23.8.-23.9. Љубов Може да очекувате уште еден ден во кој ќе има контакти и можности за дружење. Ќе ви биде пријатно и убаво. Кариера Ново или старо , тоа ќе биде дилемата што полека ќе ја решавате во вашата глава пред понеделник . Како и да е , не ви е лошо. Здравје Забавувајте се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook