Мицкоски: Во Црна Гора очекувам значајни пораки и плодни дискусии за европската перспектива на регионот
2Мицкоски: Во Црна Гора очекувам значајни пораки и плодни дискусии за европската перспектива на регионот
3Евроамбасадорот Рокас најави милионски вложувања во инфраструктурата и можен раст на фондовите за Македонија
ХороскопДневен хороскоп за 7. октомври 2022 годинаДневен хороскоп за петок, 7. октомври 2022 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Малку остана што би можело денеска да ве орасположи во емотивна смисла. Издржете уште еден здодевен ден. Кариера Ќе има многу приказни и озборувања , а вие бидете паметни и не им придавајте на значење.Имате многу работа. Здравје и совет Прошетајте се на свеж воздух. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе успеете се да свртите на шега или ќе излезете на добра забава.Односите и натаму ќе бидат површни. Кариера Денеска или ќе тргнете на помало службено патување или ќе ве назначат да воведете млади соработници во работата. Здравје и совет Бидете јасни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе ви се чини како работите да ви се лизгаат од раце , но не се грижете. Има многу други добри работи околу вас. Кариера Трпеливо ќе ги очекувате почетните резултати од една работа . Ќе има причина за насмевки. Здравје и совет Не може се да биде совршено. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Малку ќе се смирите и ќе ги намалите љубовните очекуцања. Тоа ќе биде чекор напред кон зрелоста. Кариера Денеска ќе работите без никаков притисок , опуштено и со желба.Работите ќе се нижат самите од себе. Здравје и совет Следете го ритамот на денот. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашата поврзаност со друштво или пријатели и денеска ќе биде нагласена. Саканата личност ќе има разбирање за тоа. Кариера За некои свои соработници ќе бидете добар советник. Ќе знаете да им покажете како да работат побрзо , поефикасно и попрецизно. Здравје и совет Наспијте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашиот личен живот се развива добро , а вие сте среќни. Нема пречки да го постигнете она што го сакате. Оние кои се сами имаат самодоверба за додворување. Кариера Ќе бидете доста сигурни во себе и свесни за своите достигнувања. Со таква мисла ќе работите без проблем. Здравје и совет Вие сте во експанзија. Овен 21.3-20.4. Љубов Одлично ќе се снаоѓате во личните односи , зашто фантазијата и интелектот ќе ви бидат сојузници. Само мерете ги зборовите. Кариера Некој од далеку би можел да ви пружи рака за соработка или ќе предложи продолжување на старата деловна врска. Здравје и совет Разгледајте ги внимателно сите опции. Бик 21.4- 20.5. Љубов Од идеја до реализација има долг пат , а денеска малку ќе скршнете од светот на илузиите. Гледајте ја личноста пред вас таква каква што е. Кариера Веројатно некој од вашите надредени денеска ќе се посрамоти поради непрофесионалност и тоа ќе биде озборување на денот. Здравје и совет Издвојте го важното од купот небитни работи. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вас како ништо да не може да ве запре во забавите . Сепак , дел од денот ќе мора да му го посветите на семејството. Кариера Работата денеска ќе се одвиува вообичаено , а вам ќе ви биде помалку здодевно. Здравје и совет Бидете она што сте. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе си дозволите малку повеќе уживање и ќе се препуштите на спонтаноста. Тоа ќе ја унапреди вашата врска. Кариера Во деловната кореспонденција ќе се покажете како многу подготвена личност , која знае пластично да ги објасни своите очекувања. Здравје и совет Поврзете се со луѓето. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата сакана личност денеска ќе ,,ви јаде од рака”. Ќе биде чувствителна и ќе бара ваша заштита и нежност. Кариера Ќе ви недостига тактичност и трпение за некои ваши соработници , кои не се снашле најдобро. Најдете време и за нив. Здравје и совет Ви треба повеќе сон. Девица 23.8.-23.9. Љубов Освен што и натаму добро се забавувате, денеска ќе се потрудите да се надминете. внимавајте до каде смеете да одите. Кариера Ќе се послужите со многу креативна идеја , за да решите еден мал деловен проблем. Здравје и совет Немојте да се опијаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Општина Кавадарци беше домаќин на делегација од Општина Маида, ИталијаОпштина Кавадарци беше домаќин на делегација од Општина Маида, Италија, предводена од градоначалникот, при што се одржа средба на која се разговараше за можностите за воспоставување и унапредување на меѓуопштинската соработка.Посебен акцент беше ставен на размената на искуства и добри практики во областа на лозарството, винарството и винскиот туризам, како и на можностите за соработка во културата и промоцијата на локалните потенцијали. Кавадарци, како центар на Тиквешкиот вински регион, има богата традиција во лозарството и производството на вино, што претставува одлична основа за поврзување и заеднички иницијативи со општини од Италија, земја со истакната винска и културна традиција. Оваа посета претставува значаен чекор кон продлабочување на пријателските односи, размена на знаења и искуства и отворање нови можности за идни заеднички проекти во интерес на граѓаните на двете општини, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
МакедонијаМицкоски: Во Црна Гора очекувам значајни пораки и плодни дискусии за европската перспектива на регионотДенеска во Црна Гора очекувам значајни пораки и плодни дискусии за европската перспектива на регионот.Денеска во Црна Гора очекувам значајни пораки и плодни дискусии за европската перспектива на регионот, со посебен акцент на македонскиот пат кон Европската Унија и посветеноста на Владата на реформите и европските интеграции, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес, посветен на европската интеграција на Западен Балкан. Во фокусот се европската перспектива на регионот, реформите и заедничките предизвици на патот кон Европската Унија, со очекување за конкретни резултати и силна поддршка за европската иднина на Македонија, објави премиерот Мицкоски на ФБ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
ЕкономијаЕвроамбасадорот Рокас најави милионски вложувања во инфраструктурата и можен раст на фондовите за МакедонијаЕвропската унија инвестира стотици милиони евра во енергетската, дигиталната, патната и железничката инфраструктурна поврзаност на Македонија со Европа бидејќи ја гледа како своја идна членка во што е можно поскоро времеЕвропската унија инвестира стотици милиони евра во енергетската, дигиталната, патната и железничката инфраструктурна поврзаност на Македонија со Европа бидејќи ја гледа како своја идна членка во што е можно поскоро време – порача евроамбасадорот во земјава – Михалис Рокас. Тој најави дека износот од 750 милиони евра од Планот за раст наменети за земјава наскоро може да се зголеми, како и дека освен веќе доделените 65 милиони евра, дополнителни 40 милиони преку Европскиот мировен фонд може да ни бидат доделени за зајакнување на македонските воени капацитети. - Овде во Македонија, сите заеднички вложуваме напори и се надевам дека многу наскоро ќе можеме да ги направиме одлучувачките чекори за отворање на преговорите за пристапување, за да можеме да чекориме кон она што треба да биде заедничка иднина под еден покрив – покривот на Европската Унија,- Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Македонија. Германската амбасадорка во земјава – Петра Дрекслер, ја пофали земјава за проактивен пристап кон европската безбедност, особено преку континуираната поддршка за Украина, но како што рече, независно судство претставува темел за целокупната отпорност. -Исто така, треба да имате предвид дека функционалното и независно судство претставува темел и предуслов за сè друго; зашто, без судски интегритет и владеење на правото, нема вистински да се воспостави институционалната доверба неопходна за долгорочна отпорност,- - Петра Дрекслер, амбасадор на Германија во Македонија. Вицепремиерот и министер за транспорт – Александар Николоски изјави дека стратешките за ЕУ Коридори 8 и 10 како патните така и железничките, активно се градат, што освен од економска, како што вели, се значајни и за политичката стабилност на земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00