Дневен хороскоп за 7. октомври 2021 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 7. октомври 2021 година

Дневен хороскоп за четврток, 7. октомври 2021 година. 

Дневен хороскоп за 7. октомври 2021 година

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Во текот на денот може да очекувате се побогат љубовен живот со задоволство и со некои убави шанси.

Кариера

Некои можеби денеска ќе добијат шанса за да ги оплодат своите пари. Други ќе увидат дека добро им оди .

Здравје

Мали проблеми со дигестивниот тракт.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Толку добро ќе се поврзете со оние околу себе што ќе ги заборавите критиките , измамите и провокациите. Ќе се опуштите и ќе уживате.

Кариера

Некои работи треба да останат такви и вие нема да можете да ги смените. Ако ја прифатите состојбата , ќе биде покорисно.

Здравје

Одморете се по напорот.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , што за вас ќе делува како мал шок.

Кариера

Вашите заслуги сепак ќе излезат на виделина , а вас ви преостанува дас е стрпите додека тоа не се случи.

Здравје

Прво размислете , па донесете одлука.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе го остварувате својот љубовен план без никакви проблеми , речиси совршено. Се ќе ви оди од рака , а насмевката нема да ја симнувате од лицето.

Кариера

Во сите работи поврзани со односи со луѓето , денеска ќе постигнувате добри резултати. Останатите убаво ќе соработуваат.

Здравје

Нема ниту грижи , ниту пречки.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Вистинската среќа денеска ќе ја најдете преку добри пријатели или во нивното друштво. Препуштете им се со доверба.

Кариера

Ќе дојде до деловна преписка , што ќе ве замори. Се бара посебно деликатен начин на изразување.

Здравје

Слободно сонувајте со отворени очи.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Пред вас е ден со исклучително добра комуникација меѓу вас и партнерот. Како од вашата уста да зборуваат ангели.

Кариера

Ќе бидете одлично поврзани со луѓето со кои работите. Одличен ден за презентации , изнесување идеи, развој на контакти.

Здравје

Во добра форма сте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе бидете сигурни во своите чувства и преполни со добри намери. Тоа ќе ја подобри вашата врска.

Кариера

Повеќе од кој било друг на работа ќе покажете љубезност и грижа.Колегите ќе знаат тоа да го ценат.

Здравје

Уживајте.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веќе сте заморени од љубовните кошмари , но што е , тука е. Ни денеска нема да биде подобро , но вие ќе успеете да најдете излез.

Кариера

Интелекталните и креативни работи денеска добро ќе би одат , но ако се однесувате професионално. Можеби енма да ви биде најпријатно , но следуваат резултати.

Здравје

Подобро да не коментирате.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Мали еротски вештини ќе бидат ваш начин да и се приближиоте на саканата личност , со која сте на дистанца. Делумно ќе успеете.

Кариера

Би сакале да воведете промени во некои подрачја на работата. Денеска ќе се занимавате со тоа. Ќе го разработувате планот во глава.

Здравје

Не се плашете да истражувате.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денот ќе ви открие вистинска плима од емоции , но се ќе се случува на избалансиран начин. Многумина ќе ја покажат вистинската љубов.

Кариера

Креативците денеска ќе имаат успех., а околината најверојатно ќе им даде поддршка.

Здравје

Главоболката попушта.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе имате потреба да ги надоградите личните односи на еден малку поформален начин , на кој ќе му ја одземете спонтаноста.

Кариера

Во работата во која соработувате со другите се појавува ненадејна вест или можност поврзана со смислата за убаво.

Здравје

За некои работи уште не е време.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Сите кои уште бараат сродна душа денеска лесно ќе ја најдат преку работата. Нека обрнат внимание на личностите со кои соработуваат.

Кариера

Пријатно окружување , поддршка од колегите , креативност што излегува од секој потег- сето тоа ќе ви го направи денот продуктивен.

Здравје

Продолжете со здрав живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во Барселона: Маскирани лица ограбуваа и палеа, стотина се уапсени (ВИДЕО)

Синоќа во Барселона, околу стотина лица беа уапсени откако маскирани демонстранти, учесници во протести против естаблишментот, ограбија продавници и запалија имот околу централниот градски плоштад, Пласа де Каталуња, објавија каталонските власти.

Хаос во Барселона:  Маскирани лица ограбуваа и палеа, стотина се уапсени (ВИДЕО)

Околу 25 проценти од уапсените се малолетници, објави Нуриа Парлон, одговорна за внатрешни работи во автономната заедница Каталонија. Таа додаде дека за време на немирите биле подметнати повеќе од 30 пожари, а 14 продавници биле вандализирани или ограбени.

Покани за приклучување кон движењето „против системот“ беа објавени на социјалните мрежи. Во објавите беше користен и слоганот „Institut Indignats“, преведен од името на движењето „Lycées Indignés“, кое во последните недели собираше студенти на протести во Франција. Името може да се преведе како „огорчени средношколци“.

Градоначалник: Нема неказнивост

Видеата објавени на социјалните медиуми покажуваат луѓе заробени во продавници, вклучувајќи ја и стоковната куќа Ел Корте Инглес, откако безбедносните капаци беа спуштени за да се спречи грабеж.

Други видеа прикажуваат демонстранти облечени во црно, со качулки преку главите, како кршат излози и крадат стока. Во некои случаи, корисниците кои ги следеле настаните преку интернет ги охрабриле да го сторат тоа.

Градоначалникот на Барселона, Хауме Колбони, изјави дека вандалските дела во градот „нема да останат неказнети“. Тој, исто така, најави правни последици за старателите на малолетници кои учествувале во немирите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на УФП-Ивановски во САД, на Годишната конференција на IACP 2026

Директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски, заедно со директорот на Царинска управа и директорот на Бирото за јавна безбедност, учествува на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови (IACP 2026).

Директорот на УФП-Ивановски во САД, на Годишната конференција на IACP 2026

На официјална покана на Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP), во рамки на Кривичниот Оддел при Министерството за правда на САД, директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски, заедно со директорот на Царинска управа и директорот на Бирото за јавна безбедност, учествува на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови (IACP 2026), која се одржува во Орландо, Флорида.

На свеченото отварање на Генералното собрание, во поздравното обраќање на Директорот на IACP, се потенцираа клучните прашања кои ја дефинираат работата на безбедносните органи, преку глобалното вмрежување, интероперабилност и зајакнување на капацитетите,во насока на професионално и ефикасно спроведување на законите на светско ниво, во борба против организираниот криминал.

Имајќи го во предвид глобалниот светски тренд на дигитализација, од особено значење за нашата држава е презентирањето на нови технологии и иновации во областа на откривање и сузбивање на финансискиот и целокупниот криминал воопшто. Како институција, каде акцентот на дејствување е ставен на предистражната постапка, Конференцијата претставува одлична можност за директен увид во современите технолошки алатки и практики за спроведување на законот, кои во споменатата фаза на дејствување, значително би го олесниле работењето на Управата.

Учеството на една од највлијателните годишни конференции од ваков тип, дополнително ја потврдува потребата нашата држава да биде дел од глобалната безбедносна политика. Потребата од професионален и детален пристап, навремена размена на информации, заедничка стратегија и координирани истраги за потенцијалните сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата.

Пораката од САД останува јасна: безбедноста и националните интереси на државата продолжуваат да бидат приоритет, преку доследна примена на законите кон сите современи предизвици.

Управа за финансиска полиција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избори во Бугарија- според анкетите, Јотова во предност пред Ѓуров

Бугарите денеска гласаат на претседателските избори, додека руската војна против Украина се прошири на бугарскиот брег на Црното Море. 

Избори во Бугарија- според анкетите, Јотова во предност пред Ѓуров

Дури 27 кандидати учествуваат во трката, а според анкетите, вршителката на должноста претседателка Илијана Јотова (61) е во водство. Нејзин најсериозен ривал е поранешниот привремен премиер Андреј Ѓуров (50).

Претседателската функција е претежно церемонијална, но изборите добија на значење по серијата напади со беспилотни летала врз трговски бродови по должината на бугарскиот брег на Црното Море, во кои загинаа околу дваесет морнари од различни земји.

Тие напади предизвикаа низа осуди од меѓународната заедница, како и загриженост за ширењето на руско-украинската војна. Затоа, бугарската влада побара помош од сојузниците на НАТО за зајакнување на поморската безбедност.

Ѓуров: Сакам Бугарија да биде сигурен сојузник на НАТО

Премиерот Румен Радев рече дека „резултатот од тие напади е во корист на Русија“, но не ја обвини директно дека ги извршила. Двајцата водечки претседателски кандидати, исто така, ги осудија нападите.

Андреј Ѓуров, кој привремено беше премиер оваа година, ужива поддршка од прозападните, реформистички партии. Тој отворено ја поддржува Украина, а како премиер потпиша договор за безбедносна соработка со Киев.

„Сакам Бугарија да има свој глас во Европа. Сакам да биде сигурен сојузник во НАТО што ги штити своите интереси со силна дипломатија и јасна позиција“, рече тој на предизборен митинг во четврток.

Можен втор круг ќе се одржи следната недела

Илијана Јотова беше потпретседател на земјата, а функцијата претседател ја држи од јануари, кога Румен Радев поднесе оставка за да се кандидира на парламентарните избори. Радев ги доби тие избори, а политичките аналитичари го сметаат за близок до Кремљ. Поранешниот претседател, сега премиер, го поддржува својот поранешен заменик; двајцата се за дипломатски крај на војната во Украина.

„Моите противници тврдат дека мора да има војна на исцрпување. Вистината е дека ние сме најисцрпени“, рече Јотова во четврток на предизборен митинг. Ако победи, таа ќе стане првата жена претседател на Бугарија. Анкетите ѝ даваат поддршка од 41 процент, додека Ѓуров има 28 проценти.

Доколку никој не освои апсолутно мнозинство гласови, вториот круг ќе се одржи на 1 ноември. Гласачките места се отворени во 7:00 часот наутро и ќе се затворат во 20:00 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер