Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
1Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
ХороскопДневен хороскоп за 7. октомври 2019 годинаДневен хороскоп за понеделник , 7. октомври 2019 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Некои ќе се впуштат во флерт на работното место. Ќе им биде забавно , но не и сосема јасно што всушност работат и очекуваат. Кариера Вашите надредени денеска ќе ве збунуваат , зашто ќе се покаже дека не знаат што сакаат. Држете се до проверените методи. Здравје и совет Постојано нешто очекувате. Опуштете се. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе покажете слабост кон пријателите , поради кои ќе потрошите некој денар повеќе. Нека не ви биде жал , па дури и ако ви приговори партнерот. Кариера Изгледа како сега се да ви е целосно јасно. Веќе нема никакви двоумења околу нешто што долго време сте го истражувале. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе бидете расположени за ги минувате заедничките моменти со партнерот во топлината на домот. Само малкумина ќер излезат , но набргу ќе се вратат дома. Кариера На дневен ред ќе ви дојдат мал број заостанати работи. Се чини како лесна задача, но сепак ќе мора да одвоите дел од денот за да ја одработите. Здравје и совет Бидете поодговорни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе чувствувате како овој ден е добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу лица од спротивнуиот пол. Кариера Ќе се трудите да воведете новини или млади лица во работата . Во целиот тој процес ќе се покаже дека сте духовити. Здравје и совет Бидете она што сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се досетите како да ја надминете дистанцата во односот со саканата личност . Најверојатно ќе се нафрлите заедно на некоја работа. Кариера Денеска ќе бидете ангажирани со деловна кореспонденција , во која ќе бидете духовити и многу љубезни. Здравје и совет Искажете го она што другите ги интересира. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денот е идеален за опуштена дружба со кафе. Одете и подружете се со пријатни луѓе или со саканата личност. Кариера Деловно патување или мала посета би можекла да резултира со оригинален план. Не се сомневајте во сопствените идеи , одлични се. Здравје и совет Изразете се. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате убави идеи и позитивен став , со што ќе придонесете кон подобрување на односите меѓу вас и партнерот. Кариера Искористете ги погодностите што ви се нудат и покажњете што знаете. Немојте да бидете пасивни. Здравје и совет Нема другите ништо да одработат наместо вас. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе се ставите во положба на другата страна. Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање. Кариера Секој ваш потег се мери исто како и на другите на работното место. Затоа немојте да мислите дека можете нешто да скриете. Здравје и совет Поработете на својот карактер. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Најдобро ќе биде доколку денеска се смирите и се повлечете на осамено место , подалеку од љубовните акции. Кариера Вашите деловни предлози можеби нема да наидат на одобрување, но тоа не значи дека не можете да ги зачувате и да ги понудите во вистинско време. Здравје и совет Бидете нежни. Рак 22.6-22.7. Љубов Заедно со саканата личност денеска ќе ги поместувате сите граници. Толеранцијата и почитувањето ќе бидат на задоволително ниво. Кариера Веројатни се деловни контакти со партнери од странство. Добро ќе се снајдете во деловните предлози. Здравје и совет Покажете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Иако вербално нема да знаете да ги искажете сопствените чувства , партнерот ќе ве разбере. Ќе чита меѓу редови. Уште еден убав ден. Кариера Нервозата што ви се јавува когга ќе помислите на работата и соработниците , потекнува од вашето минато. Сега нема причина за нервоза. Здравје и совет Верувајте во себе. Девица 23.8.-23.9. Љубов Дека љубовта е во малите работи и секаде околу вас , ќе се уверите денеска. Не е потребна никаква сензација. Кариера На работа ќе се чувствувате како да скитате низ магливо утро. Држете се за сигурна потпора , а тоа се колегите околу вас. Здравје и совет Кашлица или вироза.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаСаторански се јави од болница: „Беше страшно“Кошаркарот на Хапоел ТА, Томаш Саторански е добро по еден тежок пад.Чешкиот кошаркар опасно ја удри главата при пад на натпреварот меѓу Дубаи и Хапоел во Евролигата, остана да лежи во болки и грчеви, што ги вознемири сите. Глетката беше крајно вознемирувачка. Еден ден подоцна, Чех преку својот профил на Инстаграм ја сподели добрата вест. „Здраво на сите, би сакал да одвојам момент за да му се заблагодарам на секој од вас за сите пораки, поддршка и интерес. Посебна благодарност до Кошаркарскиот клуб Дубаи, неговите играчи и стручниот штаб, за брзата реакција и помошта. Навистина сум благодарен. Исто така, голема благодарност до моите соиграчи, стручниот штаб и сите луѓе во Хапоел за сета поддршка и помош. Тоа секако беше застрашувачки момент, но сега се чувствувам многу подобро. Се надевам дека што поскоро ќе се вратам на теренот“, напиша Чех, објавувајќи фотографија од болничкиот кревет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНародната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзорВо врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија.Во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија и сама по себе не значи автоматско одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Битола. Домашната банка е самостојно правно лице, основано и регистрирано во Република Македонија, чие работење се оценува согласно домашната законска и регулаторна рамка. Народната банка, како надлежен супервизор ја следи состојбата и постапува во согласност со законските одредби. Народната банка ги следи и сите околности што можат да влијаат врз работењето на домашната банка, вклучително и ризиците што произлегуваат од нејзината сопственичка поврзаност. Во рамките на своите законски надлежности, Народната банка соодветно постапува и соработува со надлежните домашни и странски институции, со почитување на законските правила за доверливост на супервизорските информации. Во однос на стекнувањето квалификувано учество во банка, Народната банка потсетува дека согласност се издава врз основа на сеопфатна постапка, во којашто се ценат законски утврдените критериуми, а врз основа на официјално достапните податоци. Народната банка апелира до јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации. Народната банка ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и да постапува независно, професионално и исклучиво во согласност со своите законски надлежности, во интерес на сигурноста на банкарскиот систем и заштитата на депонентите, стои во соопштението од НБРМ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВо Орегон се судрија два хеликоптера, нема преживеаниДва хеликоптера се судриле во воздух на аеродромот Мекминвил во Орегон, а потоа паднале на поле, нема преживеани.Два хеликоптера се судриле во воздух во близина на аеродром во американската сојузна држава Орегон, по што паднале на полето. Во несреќата нема преживеан. Меѓу жртвите има и пилот-ученик од Велика Британија, чиј идентитет властите засега не го откриваат, сè додека не бидат известени членовите на неговото семејство. Во несреќата загинаа и 22-годишната Меди Асбо, инструкторка за летање од Тексас, како и 38-годишниот Тајлер Делан Стурдевант, пилот од Њуберг, Орегон. Според информациите од Канцеларијата на шерифот на округот Јамхил, во еден од хеликоптерите се наоѓале инструктор и британски ученик, додека со другиот управувал Стардевант, кој бил единственото лице во леталото. Во судирот учествувале хеликоптерот „Робинсон R22“ (Robinson R22), во кој имало две лица, и хеликоптерот „Ербас H125“ (Airbus H125), кој, во зависност од конфигурацијата, може да превезува до шест патници. Двете летала се урнале на земјоделско земјиште во близина на аеродромот.Тагови: хеликоптери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook