Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат
1Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат
Климатски промени: Земјата е толку загреана, што крокодилите во Франција несат јајца како да се во Африка
2Климатски промени: Земјата е толку загреана, што крокодилите во Франција несат јајца како да се во Африка
ХороскопДневен хороскоп за 7. ноември 2021 годинаДневен хороскоп за недела, 7. ноември 2021 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска ќе се посветите на некои семејни проблеми , па за саканата личност ќе ви остане многу малку време. Кариера Имате потреба привремено да се повлечете. Некои ќе тргнат на кус годишен одмор , а оние кои работат , само ќе ги одработуваат задачите. Здравје и совет Игнорирајте ги грижите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Пред вас е уште еден ден со фрустрации , кога станува збор за љубовта.Речиси ништо нема да ви оди од рака. Кариера Шансата за напредување во кариерата е тука, но со неа одат ред , работа , дисциплина и одговорност. Здравје и совет Прифатете ги предизвиците. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би можеле да бидете на раб на одлука за прекин на една приватна врска , но немојте ништо да решавате. Утре ќе ви изгледа поинаку. Кариера Вашите претпоставени веројатно ќе ја анализираат состојбата и ќе ја менуваат така што ќе се смени и вашиот статус. На подобро. Здравје и совет Пад на имунитетот. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска на мнопгу спонтан начин би можеле да запознаете интересна личност. Се ќе почне без никакви обврски. Кариера На повидок е подготовка за кусо службено патување, кое би требало да ви донесе задоволство. Здравје и совет Ќе бидете весели. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во текот на денот ќе си поставувате нови приоритети во личните односи. Ќе сфатите што всушност ви е важно. Кариера Ќе мора да се позанимавате со еденфинансиски проблем. Ќе успеете да најдете задоволително решение. Здравје и совет Цврсто стоите на земја. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска е вашиот вистински љубовен ден. Се ќе ви биде поврзано со љубов , размена на исти идеи, телепатско разбирање и поврзување. Кариера Едни би можеле да се впуштат во професионално усовршување, други ќе добијат стипендија , а трети ќе се поврзат со странци. Здравје и совет Успешно се справувате со уморот. Бик 21.4- 20.5. Љубов Доколку сте се поврзале со личност од друго поднебје , денеска уште повеќе ќе се зближите. Ќе бидете задоволни. Кариера Со силата на духот и одличните идеи ќе го надвладеете заморот и постојаните барања кои можеби не ви се интересни. Здравје и совет Ќе се засили вашата смисла за хумор. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се интензивира комуникацијата меѓу вас и лицата од спротивниот пол. Оние кои сеуште се сами , ќе се затекнат во шармантно друштво. Кариера Веројатно сте на патување на кое му се радувате. Склулчувате деловни догиовори со малку напор , но во исто време и се забавувате. Здравје и совет Немате смисол за хиерархија. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе препознавате убавина во се што ве опкружува и со чисти намери ќе им приоѓате на лицата од спротивниот пол. Кариера Вашата објектиовност, професионалност и посветеност во работата, секому ќе биде пример како се работи. Здравје и совет Стабилни сте и цврсти. Лав 23.7-22.8. Љубов Можно е да налетате на убава љубовна шанса. Не седете дома, туку излезете меѓу луѓе. Кариера Оние кои работат со млади , ќе бидат во добивка. Сите останати ќе ги забавуваат колегите на работа. Здравје и совет Ќе се чувствувате одлично. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во лилчните односи денеска ќе преовладува опуштена атмосфера. Ммногумина ќе ја подобрат својата врска. Кариера Ќе имате шанса да уживате вбо сите благодети на своите достигнувања. Задоволството со резултатите од работата е гарантирано. Здравје и совет Поминете го слободното време со пријателите. Вага 24.9.-23.10 Љубов Еден семеен проблем ќе биде критичен и ќе бара итно решавање. Тоа ќе ви одземе поголем дел од времето што требало да го поминете со саканата личност. Кариера Денот е одличен за секаков вид анализирање. Ако има некакви заостанати работи , ќе ги завршите. Здравје и совет Бидете трпеливи и издржете.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамГо купувате вашиот прв SUV? Пет прашања што ќе би помогнат да го избегнете погрешниот изборКупувањето на првиот теренец честопати започнува со едноставна желба за повеќе простор, подобра видливост и попрактичен автомобил. Иако понудата е огромна, разликите меѓу моделите не се секогаш очигледни, а ниската почетна цена не мора да значи најдобар избор. Автомобил кој на прв поглед изгледа прифатливо може да стане значително поскап по додавање на посакуваната опрема, додека поголем модел не значи дека е и покорисен. Пред да донесете одлука, вреди да одговорите на овие пет прашања што откриваат колку добро автомобилот навистина ги задоволува вашите потреби. Колку простор навистина ви е потребен? Не мора да купите голем SUV за да биде практичен. Поважно е колку лесно со него се снаоѓате низ градот, дали лесно може да се смести багаж и дали нуди доволно простор за патниците. Компактен SUV често е добро решение за возачите кои сакаат повеќе простор од класичен градски автомобил, но не сакаат отежнато паркирање и непотребно големи надворешни димензии. При проценка на просторот, не е доволно да се земе предвид бројот на литри во багажникот. Вреди да се провери колку лесно се влегува на задните седишта, дали ентериерот може да собере поголеми предмети и дали автомобилот е доволно практичен за секојдневните градски обврски. Што е вклучено во цената? Два автомобила со слична почетна цена можат значително да се разликуваат по додавањето на посакуваната опрема. Затоа, не треба само да ги споредите основните износи, туку и да проверите дали камерата, сензорите за паркирање, поврзувањето со паметни телефони и системите за помош на возачот доаѓаат како стандардна опрема или се плаќаат дополнително. Која опрема всушност ќе ја користите? Подобар избор не е нужно моделот со најмногу карактеристики, туку оној со корисни функции достапни во пакет што одговара на вашиот буџет. Опремата што возачот ја користи секојдневно е поисплатлива на долг рок отколку некој атрактивен додаток што ќе се заборави по првите неколку недели. Дали погонот одговара на вашите навики? Возач кој поголем дел од патот го поминува низ град нема исти потреби како некој што често вози на отворен пат. Пред да купите, треба да ја процените годишната километража, типичните рути и очекуваната потрошувачка. Дали автомобилот ќе ви одговара за неколку години? Првиот теренец често се купува поради промени што допрва доаѓаат, почести патувања или нови семејни потреби. Затоа треба да размислите однапред: дали ќе има доволно простор и опрема, колку лесно ќе се користи автомобилот на дневна основа и дали ви дава чувство дека нема набргу да стане премногу мал или застарен. Најдобриот баланс помеѓу цената, опремата и долгорочната вредност не се наоѓа во една информација. Тој доаѓа кога автомобилот се вклопува во реалниот живот, кога корисната опрема не бара низа додатоци и кога купувачот добива доволно простор и технологија без да плаќа за она што не му е потребно. Овој баланс е најважниот критериум при изборот на вашиот прв теренец. Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаДрама на 40 метри над земјата: Електричар останал да виси, па снимил последна порака до жена му и децата (ВИДЕО)Електричар од Чикаго бил заробен шест часа на џиновски билборд на бензинска пумпа во Илиноис откако кранот на кој работел се расипал.Додека чекал помош, на висина од околу 40 метри, во еден момент помислил дека можеби нема да преживее и решил да сними последна порака до сопругата и децата. „Навистина немаше воздух“ Еј Џеј Гоув работел во Вилмингтон на 21 јули кога кранот се расипал. Тој бил заробен во структурата на џиновски рекламен знак. „Беше жешко. Навистина немаше воздух, па испратив колега долу. Му реков: „Оди да земеш вода и мојот вентилатор на батерии“. Тој се спуштил, а кога повторно се кренал, кранот се расипал и тој не можел да се врати“, рекол тој. Обидите да се поправи кранот биле неуспешни. До околу 14 часот, Гоув бил заробен на врвот од структурата четири часа. Со текот на времето, неговата состојба почнала да се влошува. „Се чувствував ужасно. Му реков на колегата: „Викни брза помош. Не ме интересира што треба да направиш, само спушти ме долу“, објасни тој. Ситуацијата стана многу сериозна во еден момент. View this post on Instagram A post shared by Channel 5 News (@c5news) „Немаше скали“ „Бев навистина исплашен и не знаев што ќе се случи. Да, се испаничив“, се присети електричарот. Плашејќи се дека можеби нема да се извлече од структурата, реши да сними пораки за сопругата и децата, објавува LadBible. „Не дај Боже нешто да се случи, тоа би биле моите последни зборови. Всушност, збогум без да се каже зборот „збогум““, рече тој. Спасувачите пристигнаа со пожарникарите од Вилмингтон. „Немаше скали ниту скалила вградени во знакот, па не можевме да го достигнеме човекот. Нашите скали не беа доволно високи“, рекоа службениците. Безбедно спуштање на земјата Спасувачите прво испратија дрон во близина на отворот на знакот за да остварат визуелен контакт со електричарот додека менаџерите на операциите развија план за спасување. Во меѓувреме, скршениот кран беше спуштен и отстранет. Потоа беше испратен соодветен кран од блиската област Жолиет. Тој „падна“ на билбордот и Гоу беше безбедно спуштен на земја. Немаше повредени за време на интервенцијата. Гоу оттогаш се врати на работа и продолжува да поправа знаци високо над земјата. Сепак, едно искуство го научи на важна лекција. Отсега натаму, вели тој, нема да ја напушти корпата на кранот, за да не се зароби повторно десетици метри над земјата.Тагови: порака Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКлиматски промени: Земјата е толку загреана, што крокодилите во Франција несат јајца како да се во АфрикаНајновиот летен топлотен бран доведе до тоа крокодили од Нил прв пат да се изведат природно на фарма за крокодили во Пјерлат, во југоисточна Франција, без човечка интервенција, соопшти раководството на фармата.Фармата за крокодили соопшти дека десет крокодили, чие природно живеалиште е реката Нил во Африка, се извеле од јајца без човечка интервенција во регионот Дром, и дека нивното природно доаѓање на свет било можно за прв пат, благодарение на топлината акумулирана во почвата за време на жешкото лето, објавува „Ле Фигаро“. „За прв пат имавме инкубација што се одвиваше 100 проценти во природни услови“, рече Самуел Мартин, ветеринар на фармата. Тој рече дека фактот што нилските крокодили во Франција почнаа да се ведат од јајца во природни услови е загрижувачки и дека тоа е пред сè „знак на климатските промени“. Мартин додаде дека сите десет бебиња крокодили се „многу добро“ и внимателно се следат. За да се развие и изведе нилски крокодил, неговото јајце мора да се чува на константна температура помеѓу 30 и 32 степени Целзиусови во текот на три месеци. Во претходните години, ветеринарниот персонал собираше крокодилски јајца и ги ставаше во инкубатори, но оваа година, повторените топлотни бранови создадоа идеални услови, дозволувајќи им на суптропските видови природно да се размножуваат во песокот, кој ја задржува топлината од денот дури и ноќе.Тагови: крокодили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26