ХороскопДневен хороскоп за 7. март 2025 година Дневен хороскоп за петок, 7. март 2025 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Би можеле да добиете повик за убава забава и дружење со кое ќе го компензирате сегашното љубовно незадоволство. Кариера Ви претстои соработка со млади лица , кои ќе ги обучувате во работата. Има уште некои ситни работи што треба да гио довршите. Здравје и совет Свртете се кон себеси. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате добра волја своите приватни односи да ги доведете во ред. Сепак , други ќе ве попречуваат во намерата. Кариера Важно е да го прифатите она што ви се нуди , дури и во моментов да ви изгледа неповолно. Добро ќе биде на долг рок. Здравје и совет Користете ги паузите на работа. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои би стекнале пријател со личност , која е позрела од нив. Ќе добиете конструктивна критика. Кариера Не сонувајте за невозможното , туку задржете го она што го имате. На тој начин еден ден ќе ги достигнете своите соништа. Здравје и совет Би било корисно добро да се наспиете. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов И натаму ќе работите на зацврстување на својата врска и ќе уживате во тоа. Другата страна ви возвраќа со љубов и тоа е доволно за среќа. Кариера На момент ќе ви се пристори дека вашите колеги не се толку доверливи како вас , но тоа е само преодна слабост што набргу ќе исчезне. Здравје и совет Занимавајте се со спорт. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние кои во моментот имаат љубовни проблеми , денеска нека побараат друштво на пријатели, бидејќи со нив ќе гледаат појасно. Кариера Ќе бидете расположени за самостојна работа , иако нема да бидете целосно затворени за соработка. Но , кога вие би се прашувале , најубаво ви е кога работите сами. Здравје и совет Наспијте се. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе ви се чини како љубовта да отишла некаде далеку од вас. најдобро ќе се чувствуваат оние кои се помириле со осаменоста. Кариера Малите тековни работи ќе се одвиваат добро , но во преговорите , на состаноците или договарањата би можело да се јават мали тензии. Здравје и совет Не сте задоволни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Копнеж , тага и слични чувства ќе ви се вовлечат во срцето полесно од вообичаеното. Побарајте ведри луѓе и весели содржини. Кариера Ќе функционирате добро и без поголем застој ќе одредувате она што треба. Ќе ви недостигаат предизвици. Здравје и совет Телесно сте добро , но емоционално сте фрустрирани. Вага 24.9.-23.10 Љубов Загонетки , сплетки , соништа- сето тоа денеска ќе ве привлекува повеќе од кога било. Можни се дискретни погледи и читање меѓу редови. Кариера Она околу што неодамна се препиравте , денеска ќе биде ставено во втор план. Ќе продолжите да работите како да не било ништо. Здравје и совет Послужете се со својата интуиција. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете многу расположени за љубов и за покажување емоции , па така и ќе постапите.некои ќе си ја отворат душата. Кариера Борбите што ги водевте ви носат победи , а тоа ве поттикнува и натаму дасе развивате , храбро и без пречки. Здравје и совет Ќе бидете весели и емотивни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ние кои бараат љубов добро нека погледаат околу себе во лицата со кои професионално соработуваат. Кариера Преминете од зборови на дела. Сепак , постојат уште некои одложувања , поради што дел од работите чекаат. Здравје и совет Ќе се веселите со блиски луѓе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Можно е да ви се чини дека е долг патот до нечие срце, но тоа е чувство што ќе трае само денеска. Кариера Веројатно соработниците ќе ве критикуваат , но важно е тоа да го сфатите како конструктивна опомена. Здравје и совет Потпрете се на вашата смисла за хумор. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете склони да ја идеализирате саканата личност или таа навистина денеска ќе се покаже во најдобро светло. Кариера Врз основа на старите успеси и завршените работи, ви подготвено работите и натаму . Ништо не мкоже да ве запре. Здравје и совет Полни сте со енергија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00