3Македонскиот КИЦ во Загреб и Меѓународната смотра на фолклорот со изложбата „Поздрав од Македонија“ го одбележаа големиот јубилеј – 60 години од Смотрата
ХороскопДневен хороскоп за 7. март 2022 годинаДневен хороскоп за понеделник, 7. март 2022 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе се послужите со нежен речник за да освоите нечие срце. Делумно ќе успеете. Кариера На службен пат би можеле да доживеете исклучително убаво искуство . Ќе успеете да споите пријатно со корисно. Здравје и совет Не анализирајте премногу. Овен 21.3-20.4. Љубов Пред вас е ден е ден во кој ќе имате посебна инспирација за љубов и за своите идеали за личните односи. Кариера Нека ве води вашето знаење и креативните идеи . Нема да ве изневерат , туку ќе ви помогнат да излезете на вистинскиот пат. Здравје и совет Ги победувате грижите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашата љубовна врска убаво ќе се развива и покрај вашата повремена нетрпеливост. Ќе ви помогнат одредени ситуации. Кариера Полека излегува на виделина дека по некои прашања вие имате поголемо стручно занење од вашите надредени.Немојте поради тоа да се замислувате. Здравје и совет Прошетајте се на чист воздух. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Немојте да се фалите со нешто што не постои и што никогаш не се случило. Прифатете го ова сиромашно време за љубов како нешто минливо. Кариера Поддршката што можеби ја очекувавте нема да се оствари. Треба да се потпрете на сопственото знаење и труд. Здравје и совет Внимавајте што јадете. Рак 22.6-22.7. Љубов Во попладневните часови би можеле да покажете високо ниво на конфузија или да претерате во консумација на пијалоци додека сте во друштво. Внимавајте. Кариера Повторно нема да бидете сигурни што сакате. Ќе се обидувате нешто да отплеткате и ќе имате делумен успех. Ќе ви недостига доследност и прерфекционизам во работењето. Здравје и совет Изолирајте се во мир. Лав 23.7-22.8. Љубов Доколку уште сте сами , излезете меѓу луѓе зашто се можни преубави средби полни со искрени емоции. Кариера Без оглед на малото количество стрес , денеска сите предизвици ќе ги решавате со леснотија и ќе уживате во тоа. Здравје и совет Одете таму каде што ви е добро. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во врска со љубовниот живот немате никакви грижи. Оние кои се во врска уживаат, а самите имаат успех во додворувањата. Кариера Следуваат минливи компликации со колегите , од кои некои ќе одат на боледување или ќе изостанат поради битна причина. Ќе мора да се снаоѓате. Здравје и совет Внимавајте на вируси. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ви претстои пријатна и многу емотивна средба со пријатели или драги личности. Врската добро се развива. Кариера Без оглед што и натаму трпите мали стресови од страна на надредените, денеска ќе бидете дури и поддржани.Контрадикторно е , но вистинито. Здравје и совет Медитирајте. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашите лични опдноси се развиваат во поволна насока за вас. немојте премногу да барате или да анализирате , зошто и вака е добро. Кариера Своите идеи внимателно ќе ги презентирате , поучени од претходните искуства . Сепак , би можеле да бидете малку посмели. Здравје и совет Останете доследни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе бидете многу среќни во својот дом. Ако сте во двојка , ќе се посветите на домашните работи , кои ве опуштаат. Доколку сте сами , нема да излегувате. Кариера Работата што не сте ја довршиле , денеска би можеле да ја доведете кон крај на многу инспиративен и пријатен начин. Здравје и совет Избегнувајте колачи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Од удобноста на домот денеска ќе излезете надвор на сонце со своето друштво за да ги почестите саканите лица. Кариера И со мали чекори може да се стигне на целта. Не ви се потребни сензации. Можеби е помалку атрактивно , но е ефективно. Здравје и совет Здравјето ви се подобрува. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Се што на каков било начин може да влијае на вашиот љубовен и емотивен живот , денеска нема да ви оди од рака. Стрпете се. Кариера Ќе ви се чини како да имате многу пријатна позиција , но ќе треба да ја оправдате со професионализам и работа. Здравје и совет Непостојаност во навиките.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео-Фото: Англиски репрезенативец ги воодушеви жените!!Англискиот фудбалер ги запали мрежите со свои жешки фотографии.Високите температури влијаат и врз фудбалерите на Светското првенство, а да не беше тоа, немаше да има лавина од коментари на социјалните мрежи за изгледот на англискиот ас Џуд Белингем. Англискиот репрезентативец Џуд Белингем привлече огромно внимание на Светското првенство – до тој степен што социјалните мрежи се преплавени со негови фотографии, а овојпат тоа нема никаква врска со фудбалот. Фотографите го овековечиле Белингем за време на еден тренинг додека бара „спас“ од горештината, па така се најде само во долна облека, а жените на социјалните мрежи им се заблагодаруваат на сите за овие снимки. Jude Bellingham during recovery session today🔋 pic.twitter.com/GjcJnNCcvH — Ria (@itsjudithworld) July 2, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисДе Минор по 4 сета до осминафиналето на Вимблдон Алекс де Минор, шестиот тенисер во светот, се пласираше во осминафиналето на Вимблдон откако го победи Закари Свида со резултат 6:2, 5:7, 6:2, 6:4.Австралијанецот добро го отвори мечот и го доби првиот сет без поголеми проблеми. Свајда возврати во вториот. Сепак, Де Минор го подигна нивото на својата игра, ја врати контролата врз мечот и обезбеди место меѓу првите 16 на Лондонскиот Гренд Слем со сигурна игра во третиот и четвртиот сет. Во борбата за четвртфиналето, Де Минор ќе игра против победникот од дуелот меѓу Карен Хачанов и Флавио Коболи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ Гласањето на претседателски и парламентарни избори за македонската дијаспора да се одвива по пошта – ова е компромисниот предлог на ВМРО ДПМНЕ на денешниот состанок помеѓу пратеничките групи во Собранието.Гласањето на претседателски и парламентарни избори за македонската дијаспора да се одвива по пошта – ова е компромисниот предлог на ВМРО ДПМНЕ на денешниот состанок помеѓу пратеничките групи во Собранието откако опозицијата се спротистави електронското гласање да го замени досегашниот начин на гласање, соопшти пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски. Тој додаде дека опозициските СДСМ и ДУИ побарале време да формираат став по овој предлог по што нов состанок се очекува идната недела. -По однос на техникалиите доколку се постигне консензус за поштенското гласање на дијаспората тогаш гласањето може да биде изведено и преку меѓународен поштенски оператор и ДИК нема да бира изведувач кој што би имал национален предзнак иако не е ни тој исклучен, но тој поштенски оператор кој што ќе може на меѓународно ниво да биде најоперативен и навремено и безбедно да ги достави материјалите до регистрираните гласачи и истите потоа да ги дистрибуира до ДИК на пребројување би бил веројатно и најприфатливиот за државата,изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски. Од ВМРО ДПМНЕ се на ставот дека гласањето на локалните избори треба да остане право на резидентното население меѓутоа од Алијанса за Албанците од крилото на Зијадин Села, инсистираат дека постои голем интерес кај отселените нашинци да гласаат, а доказ за тоа е големиот број од нив кои со автобуси и авиони се враќаат во татковината навреме за изборите. -Денеска се зборуваше за можноста да се гласа по пошта за што и ние се согласуваме. Но, битно ни е да не правиме дискриминација на граѓаните кон изборните процеси – претседателски, парламентарни и локални избори. Еден доста битен аргумент се последните локални избори каде што сите бевме сведоци дека немавме кворум во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, за жал тенденциите на отселување покажуваат дека и следните локални избори можеби ќе се соочиме со овој пролем, изјави Елми Азири од АА. Собранието има уште десетина дена рок да го донесе новиот Изборен законик, односно до 15 Јули кога и официјално ќе се испрати Извештајот за реформскиот напредок на државава до ЕК. Меѓутоа, како што тврдат од власта, законот нема да се турка „на сила„ и за него очекуваат широк консензус. Како реформски чекор Изборниот законик има финансиска вредност од над 4 милиони евра. Тагови: избори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00