Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
1Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
„Renault“ подготвува одговор на „Volkswagen“: „R4“ и „R5“ добиваат поголема моќност и поголем дострел
2„Renault“ подготвува одговор на „Volkswagen“: „R4“ и „R5“ добиваат поголема моќност и поголем дострел
ХороскопДневен хороскоп за 7. мај 2023 година Дневен хороскоп за недела, 7. мај 2023 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Додека вие ќе имате потреба од физичка љубов , вашата сакана личност повеќе ќе ја цени онаа на емотивно ниво. Усогласете се. Кариера Ќе бидете склони да ги мешате чувствата со работата , што моментално не е добро. Затоа обидете се тоа јасно да го разделите. Здравје и совет Некои ќе го преспијат утрото. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Доколку некој од саканите блиски или сакани лица ви изгледа примитивен , заборавете го тоа чувство , барем за кратко. Кариера Ќе се обидете да ги поврзете искинатите врски и да ја поправите штетата што други ја направиле. Главно ќе бидете успешни. Здравје и совет Кашлица и нервоза. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе има такви кои ќе бараат неможно , а свесни дека пред нив е убава шанса за љубов. Кариера Вработените во мали приватни компании ќе добијат нов поттик , што ќе ги натера да работат подобро. Здравје и совет Не се откажувајте. Лав 23.7-22.8. Љубов Во текот на денешниот ден постојано ќе наидувате на шанси за разговори , дружења, собири и нови познанства. Одлично за оние кои уште се сами. Кариера Ќе успеете да ги усогласите своите ставови со мислењата на своите соработници и ќе бидете задоволни поради таквиот развој на настаните. Здравје и совет Ќе бидете расположени. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска е ден за муабети со кафе. Можно е да чуете озборување , во кое и вие ќе бидете вмешани. Игнорирајте го. Кариера Денеска ќе бидете многу снаодливи , па и најголемите проблеми ќе ви станат решливи.Инстинктивно ќе знаете што треба да направите. Здравје и совет Мали , минливи нервози. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашиот партнер би можел да покаже нетрпеливост кон некој член од вашето пошироко семејство. Не се нервирајте. Кариера Пред вас е ден во кој не треба се да работите по секоја цена. Подобро оставете го времето да работи за вас. Здравје и совет Опуштете се со помош на техники за релаксација. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ни денеска ќе нема многу разбирање меѓу вас и еден член на семејството, но ако останете смирени , се ќе помине безболно. Кариера Дел од вашите соработници се подготвуваат да ви дадат голема и значајна поддршка за она што го работите. Здравје и совет Излезете на свеж воздух. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Од дневниот ред ќе ги тргнете грижите и проблемите на својот партнер за кои цело време ви зборува. Двајцата ќе се разведрите. Кариера Имате големи амбиции и планови , но денеска не сте сигурни што и колку ќе треба да смените за да ги остварите. Здравје и совет Останете будни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Оние во врска денеска ќе ги активираат своите еротски особини и ќе го заведуваат партнерот во секој момент. Осамените тивко ќе освојуваат. Кариера Бидете малку воздражни во изразување на своите големи планови , зашто сите немаат оптимизам како вашиот. Здравје и совет Лесно на другите ќе им се вовлечете под кожа. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашите зборови ќе имаат силно влијание врз саканата личност. Затоа пазете што зборувате и како се однесувате. Кариера Вашите соработници и колегите со своите револуционерни потези ќе ги нарушат преговорите што вие ги водите. Здравје и совет Обидете се да не им се вратитена лошите стари навики. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Нема да бидете сигурни што да направите. Можеби најпаметно е да почекате , додека целата ситуација не се разбистри. Кариера Време е да премиенете од зборови на дела , а тоа за вас не е секогаш лесно. Сега треба да покажете дека сте дораснати на работата. Здравје и совет Разбудете се. Овен 21.3-20.4. Љубов И вие и вашата најсакана личност денеска ќе бидете многу под влијание на впечатоци и емоции. Многумина ќе и се предадат на љубовта без граници. Кариера Најмногу би сакале да се повлечете и да работите осамени , што не е типично за вас. Доколку можете , дистанцирајте се. Здравје и совет Нека ве води интуицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваБаба Дронијак (96) не се откажува од забавите во домот и покрај заканите за исфрлањеДури и на 96 години, Лилијан Дронијак не се одмара.Популарната инфлуенсерка, позната како „Баба Дронијак“ на Инстаграм и ТикТок, неодамна сподели детали за инцидент во нејзиниот дом за стари лица во САД, тврдејќи дека менаџментот се заканил дека ќе ја исели поради организирање „диви забави“. Лилијан стекна милиони следбеници споделувајќи хумористични анегдоти од нејзиниот живот, вклучувајќи ја и нејзината љубов кон дружењето со пријателите. @grandma_droniak i cant believe this. i have to party #partygirl #nursinghome #drama #grandma ♬ original sound - grandma_droniak Предупредување за бучава и алкохол Во видео што го објави, таа покажа писмо што го добила од менаџментот на домот, во кое се наведува дека може да биде иселена поради забави и пиење. „Ме исфрлаат од домот за стари лица. Го добив ова писмо. Во него пишува дека ќе ме исфрлат ако не престанам да се забавувам“, рече Лилијан. Во писмото се детално опишани правилата на домот: „Ви пишуваме поради бројни поплаки за бучава од вашата соба. Забавите не се дозволени и не ви е дозволено да им служите алкохол на другите жители. Ова е безбедносен ризик. Иако ги охрабруваме жителите да се дружат и да уживаат во активностите во заедницата, не можеме да дозволиме диви забави. Безбедносните снимки покажуваат луѓе како ја напуштаат вашата соба во 1 часот наутро минатиот вторник.“ Во писмото, исто така, се предупредува дека „континуираните инциденти од ваков вид“ може да резултираат со ограничен пристап до заедничките простории и „да доведат до понатамошно преиспитување на вашиот статус на престој во заедницата.“ И покрај предупредувањето, Лилијан не се откажа. Таа им рече на своите следбеници: „Плаќам 12.000 долари месечно за да живеам тука. Претпоставувам дека можам да се забавувам ако сакам.“ Таа додаде: „Моите пријатели доаѓаат вечерва. Ќе пиеме неколку пијалоци и ќе озборуваме. Не е забава, но стануваме гласни.“Тагови: дом за стари лица Баба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколовски: Маратонот и достоинството се субјективна работа„Бугарија си го фатила местото, без разлика дали е правилно или не е правилно. Јас сум сега на оваа маса викнат и без разлика какво мислење имам и без разлика што ќе ми кажат. Но, тој што не е на оваа маса, може да си зборува дома колку сака“Треба да седиш на масата, треба и ние на Бугарите да им ставиме некогаш вето за нешто. Ако ние останеме маратонски вечно, не знам колку трае маратонот дали додека е Мицкоски Премиер или додека сме ние живи, или додека е Богдан жив или додека е внук ми жив. Колку е тој маратон и колку тоа достоинство трае? Колкумина ќе останат во Македонија, колку патриоти ќе живеат во оваа земја? Тој маратон и достоинство се субјективна работа. Ајде нека направат референдум, да видиме точно колку се за ЕУ, колку не, за да не се караме. Која е стратегијата, освен што одат во Брисел да ги убедат. Бугарското министерство сега вели дека се 250 илјади пасоши, а нека се и 100 илјади, дали ним достоинството им падна? Тие се „за“ бугарите ви устав или не? Си правиме дневна политика, браниме едни напаѓаме други. Сигналите се едно, тие може да имаат резултат, колку е моќта на тие Европјани да сменат знаејќи каква е надворешната политика на Бугарија изминатите 1000 години, вели Љубиша Николовски во „Само вистини со Видиновски“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТешки трговски разговори меѓу ЕУ и Кина, Брисел постави рок за договорЕврокомесарот за трговија Марош Шефчович се сретна со кинескиот министер за трговија Ванг Вентао во Брисел, велејќи дека сака опипливи резултати од трговските разговори до октомври.Разговорите беа „интензивни, фокусирани и конструктивни“, изјави Шефчович за новинарите во понеделник, додавајќи дека двете национални делегации ќе продолжат со разговорите во текот на вечерта. „Сметаме дека до октомври нашите тимови имаат доволно време да постигнат опипливи резултати“, рече тој. Ванг го покани да го посети Пекинг во октомври. Спротивни ставови Шефчович инсистираше дека ЕУ сака разговорите да се фокусираат на растечкиот трговски јаз. „Кинескиот извоз во ЕУ продолжува да расте, додека нашиот пазарен удел во Кина продолжува да се намалува. Овој тренд не е одржлив и статус кво не е опција“, рече тој. Шефчович рече дека двете страни формирале групи за да разговараат за трговскиот баланс, контролата на извозот, интелектуалната сопственост и реформата на СТО. Кина ја уверува ЕУ дека контролата на извозот на ретки метали нема да ги наруши синџирите на снабдување на ЕУ, рече тој. Лидерите на Европската унија побараа од Комисијата, задолжена за трговските односи на блокот, да ги оствари резултатите од дијалогот со Кина, бидејќи нејзиниот трговски суфицит со ЕУ достигна 360,6 милијарди евра во 2025 година, што претставува зголемување од 15 проценти во споредба со 2024 година. Суфицитот се зголеми за 10 проценти во првите четири месеци од оваа година. Извор: Индекс.хрТагови: ЕУ Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПостои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09