Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев
1Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев
ХороскопДневен хороскоп за 7.јуни 2020 годинаДневен хороскоп за недела, 7.јуни 2020 година.Близнаци 21.5.-21.6. Љубов На моменти ќе бидете целосно отворени и со леснотија ќе комуницирате со другата страна , а на моменти ќе се повлечете во својот свет на сништата. Кариера На работното место покажувате се поголема склоност кон забави , а се помалку кон сериозната работа. Здравје и совет Не ги критикувајте другите пред да се погледнете себеси. Рак 22.6-22.7. Љубов Веројатно е дека ќе излезете на убава забава на место полно со уметнички вибрации и згодни луѓе. Кариера Изгледа дека делумно ги држите конците во своите раце. Како што сакате контрола , веднаш се чувствувате подобро. Здравје и совет Немојте да избрзувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Малку ќе се натпреварувате за тоа кој е главен во врската. Немојте да покажете тврдоглавост , зашто сите знаат дека попаметниот попушта. Кариера Калкулациите поврзани со млади луѓе или со креативна работа , ќе продолжи и денеска. Ќе настојувате се да изгледа интересно. Здравје и совет Одморете се попладнево. Девица 23.8.-23.9. Љубов Идеализам , сништа и провокации- сето тоа е можно да го доживеете денеска. Внимавајте. Кариера Нека не ве загрижува малото затишје на работното место. Тоа добро ќе ви дојде за малку да се приберете. Здравје и совет Мали недоумици , што ќе ги надминете. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе бидете силни и убедливи во љубовните активности , било да се додворувате, да сакате или да прифаќате нечие додворување. Кариера Работите денеска ќе ви изгледаат полоши отколку што се навистина. Затоа не носете заклучоци , туку дозволете му на времето да ја покаже вистинската состојба. Здравје и совет И натаму добро ви оди. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов На дневен ред ќе се појават некои работи од минатото на вашето семејстов кои ќе треба да ги решавате. Кариера Се што досега сте преживеале , ќе знаете добро да го наплатите. Ќе се договарате околу својот надоместок или хонорар. Здравје и совет Вежбајте концентрација. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Отворени сте за луѓе и нови познанаства , ги среќавате релативно лесно , но емотивното исполнување е се подалеку. Кариера Ќе мора да се прилагодите или да се договорите околу една соработка. Можеби нема да ви се допадне , но попаметно е да останете во игра , отколку да излезете. Здравје и совет Краткотраен дефетизам. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Трошокот што ќе се појави поради вашата органзиација на заенички ручек или вечера , малку ќе ве загрижи. Но, ќе вреди. Кариера Почнува период во кој нема да ги држите конците во свои раце , па бидете подготвени. Здравје и совет Кој последен се смее, најслатко се смее. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Во љубовта денеска ќе покажете нежност и страст и тоа на многу рамномерен начин. Тоа ќе биде полн погодок. Кариера Вашиот труд ќе се цени , но и натаму ќе бидете збунети кога станува збор за барањата што вие би ги поставиле во некоја задача. Здравје и совет Градете мостови на доверба. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе се испитувате себеси и на тој начин ќе си ја нарушите самодовербата. Мислите дека не може подобро , ама може. Кариера Не треба да се споредувате со другите. Секој е единствен и има некој свој талент. Треба само да го откриете. Здравје и совет Вреднувајте го тоа што го работите. Овен 21.3-20.4. Љубов Фантазијата ќе ви работи стотка на час и од таму ќе црпите свежи идеи за да го поправите односот со партнерот. Кариера Вашиот стил на работа веќе е за сите препознатлив, но сега и другите ќе ве прашуваатз а совет и за упатства. Помогнете им. Здравје и совет Мали нервози и грижи што ќе ги решите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе си дозволите мал луксуз за да си го зголемите уживањето со најсаканата личност. Тоа ќе биде полн погодок. Кариера Направете се за вашите професионални способности да дојдат до израз и немојте да се плашите за да го покажете своето знаење. Здравје и совет Ќе имате интересни сништа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден ДончевСпоред неофицијални информации, утрово припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР повторно се во акција. Во тек се претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово.Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари. Според неофицијалните информации, штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата. Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
ЗдравјеСветски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучнаПревенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.Денеска во Скопје ќе се одбележи Светскиот ден на мозочниот удар. Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет. Како што неодамна изјавија од Клиниката за неврологија, 16 годишна девојка е најмладата пациентка со мозочен удар хоспитализирана кај нив. Оттаму потенцираат дека навремените прегледи, мерењата притисок, шеќер и холестерол остануваат главен дел во превенцијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаШпанија прогласи тридневна жалост по железничката несреќа со 68 загинатиШпанија прогласи тридневна жалост по тешката железничка несреќа во која загинаа најмалку 68 лица. Десетици патници се повредени, а спасувачките екипи цела ноќ ги пребаруваа урнатините.Несреќата се случила кога брз воз на релација Мадрид–Севиља удрил во запрен воз.Во едниот воз на приватната компанија имало 147 патници, а во другиот 397 патници. Според министерот за транспорт, едниот воз запрел поради компјутерски дефект. Надлежните истражуваат како дошло до судирот и зошто возовите добиле дозвола за движење. На местото на несреќата се ангажирани стотици спасувачи, а се користат и хеликоптери и беспилотни летала. Многу од загинатите сè уште не се идентификувани. Премиерот Педро Санчез изјави дека цела Шпанија тагува по трагедијата.Тој оцени дека е неприфатливо земјата да се соочи со две тешки железнички несреќи во една година. Во јануари, во несреќата со брз воз во близина на кордоба, загинаа 46 лица.повеќето политички партии ја прекинаа изборната кампања, додека истрагата за причините продолжува.Тагови: воз Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter