Цветаноски: Ниту еден месец не издржа студентскиот „Стив Наумов“- влага по реконструкцијата од 10 милиони!
1Цветаноски: Ниту еден месец не издржа студентскиот „Стив Наумов“- влага по реконструкцијата од 10 милиони!
3Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот
Таткото на Меган Маркл се соочува со тешки обвинувања за силување деца, синот тврди дека пронашол снимки (ВИДЕО)
2Таткото на Меган Маркл се соочува со тешки обвинувања за силување деца, синот тврди дека пронашол снимки (ВИДЕО)
ХороскопДневен хороскоп за 7. јули 2022 годинаДневен хороскоп за четврток, 7. јули 2022 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Подобрување на љубовната состојба кај вас би можело да предизвика и зголемување на љубовните апетити. Сепак , приземјете се на кратко. Кариера Вашите надредени денеска ќе ве збуниваат со својата чувствителност. Внимавајте да не ви најдат грешка во деталите. Здравје и совет Расте вашиот копнеж. Лав 23.7-22.8. Љубов Бидете и поддршка на вашата најсакана личност ,бидејќи таа тоа од вас го очекува , а истото и го заслужува. Така ќе го унапредите вашиот однос. Кариера Напредуваат креативните и интелектуалните работи , но и оние кои се работат во мир и тишина. Тука ќе дадете се од себе. Здравје и совет Можна е несоница. Девица 23.8.-23.9. Љубов Толку успешно ќе се поврзете со луѓето околу себе , што ќе заборавите на критиките, измамите и провокациите. Ќе се опуштите и ќе уживате. Кариера Можете слободно да направите нешто за себе. Кому и да му објасните , ќе ве разбере и ќе го прифатиу тоа како нешто нормално. Здравје и совет Ништо не коментирајте. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе успеете да и ја исполните секоја желба на саканата личност. Вашата љубезност како да нема крај. Дури и претерувате со тоа. Кариера Можно е дека ќе се затекнете во искушение на нелегална финансиска трансакција. Пазете што ви нудат или обратно. Здравје и совет Договарајте се. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Пред вас е ден во кој ќе ги мешате обичните пријатни ситуации и нешто сосема неочекувано што спаѓа во светот на фантазијата. Балансирајте. Кариера Креативците денеска ќе си дојдат на своето. Брилијантитните идеи ќе им доаѓаат самите од себе , а околината најверојатно ќе им даде поддршка. Здравје и совет Чудни сништа ќе ве збунат. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Бидете љубезни и трпеливи колку и да ви се чини дека треба да реагирате или да се вмешате. Веќе утре се ќе ви изгледа поинаку. Кариера Пред вас е искушение на финансиски недоразбирања поради млади и неискусни соработници или поради некаква забава. Здравје и совет Помогнете доколку е потребно. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веќе ве заморуваат љубовните недоразбирања , но што е , тука е. Ниту дернеска нема да биде подобро , но затоа вие можете помирно да минувате низ сето тоа. Кариера Иако некои од колегите малку ќе прават драма и ќе бидат пречувствителни , добрата страна е што тоа ќе донесе креативност и ќе донесе нови решенија. Здравје и совет Одморете се по напорниот ден. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Својот љубовен живот денеска ќе се обидете да го збогатите со некои необични еротски идеи. Тоа не мора да и се допадне на другата страна. Кариера Колегите на работното место се повеќе ве ценат и ве почитуваат , па врз основа на тоа градете ја својата новостекната доверба. Здравје и совет Држете се до законот и редот. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Она што некогаш сте си го ветиле себеси, денеска полека се остварува. Вие уживате во друштво на лицето кое ви е исклучително мило. Кариера Можно е дека ќе добиете заслужено признание или јасно ќе се покажат резултатите од вашата претходна работа. Здравје и совет Ќе бидете задоволни. Овен 21.3-20.4. Љубов Веројатно е претерување или фалби во односите со другите. На некои можеби тоа ќе им биде симпатично , а некои ќе се нервираат. Кариера Сите дејности во кои се бара суптилност , интуиција , креативни таленти или слично , денеска се одлично поставени. Здравје и совет Кога јадете , немојте да брзате и само да ја голтате храната. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веќе нема да можете да ја идеализирате својата најсакана личност , зашто стварноста ве разубедува. Прифатете ја. Кариера Ќе се разгледува можноста за една деловна соработка или патување за кое не е јасно дали би било поволно или не. Здравје и совет Трпение, спасение. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Луцидноста и оригиналноста ќе бидат ваши доминантни особини на денот со кои ќе го збогатите љубовното секојдневие. Кариера Доколку сте решиле да делувате од сенка, денеска е денот во кој на таков начин можете да постигнете завидни резултати. Здравје и совет Свртете се малку повеќе кон себеси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба08:59Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба08:59
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
МакедонијаЦветаноски: Ниту еден месец не издржа студентскиот „Стив Наумов“- влага по реконструкцијата од 10 милиони!Ни еден месец не издржа реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“!Влага, вода што протекува од сите страни, нема греење, нема топла вода! Нели „Стив“ ќе беше хотел од А-категорија? Вака ли изгледа хотел од А-категорија, со прокиснати соби и влага по ѕидови? Се потрошија 10 милиони, а наместо подобри услови, студентите немаат ниту основни услови за живот! За што се потрошија милионите? Каде завршија парите? Повторно во сомнителни партиски тендери? Очигледно, поважно е да се набават автомобили на лизинг, отколку обезбедување достоинствени услови за студентите. Двојно ја зголемивте партиципацијата за сместување. За што студентите плаќаат 6.600 денари месечно? За прокиснати соби и мизерни услови? Веќе не можете да ги лажете студентите! Бараме итно одговорност. Проверка, објавување на сите трошоци и договори и утврдување одговорност! За секој потрошен денар мора да има отчет. На денот на ВМРО ова е порака од младите до арамиите на власт: ќе одговарате!, рече Бојан Цветаноски, потпретседател на СДММ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСамитот ЕУ- Западен Балкан ќе се одржи на 25 ноември во Брисел Лидерите на Европската Унија и Западен Балкан ќе се сретнат во Брисел на 25 ноември, објави денеска Европскиот совет.Лидерите на Европската Унија и Западен Балкан ќе се сретнат во Брисел на 25 ноември, објави денеска Европскиот совет, додавајќи дека самитот ќе ја истакне важноста на односите меѓу ЕУ и Западен Балкан. Европската Унија ќе биде претставена на самитот од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, кои повторија дека иднината на Западен Балкан лежи во Европската Унија. „Нивниот пристап е наш приоритет, наша заедничка амбиција и клучна геополитичка инвестиција во овие турбулентни времиња. ЕУ е и ќе остане најсигурен партнер на овој регион“, нагласи Коста. Во соопштението се вели дека Самитот е можност да се потврди посветеноста на ЕУ на перспективата за членство на Западен Балкан, како и да се охрабрат партнерите да ги забрзаат решителните реформи и да ги исполнат обврските потребни за напредок на нивниот пат кон ЕУ. Исто така, беше објавено дека лидерите ќе го оценат напредокот во постепената интеграција на Западен Балкан во ЕУ, особено преку Планот за раст на Западен Балкан и ќе разговараат за тоа како понатаму да се унапреди овој процес, а ќе разгледаат и заеднички предизвици и начини за зајакнување на безбедноста и отпорноста во сè посложена геополитичка средина. Претходниот самит ЕУ-Западен Балкан се одржа на 5 јуни годинава во Тиват.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКостадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со ЗаконодавецотПретседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, се обрати на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“.Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, се обрати на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“, којашто се одржа на 22 октомври 2026 година во Приштина, по повод 17-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Косово. Дел од делегацијата се судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер. Костадиновски говореше во рамки на втората панел-сесија, на темата „Уставните судови, демократијата и владеењето на правото“, осврнувајќи се на улогата на уставното судство во заштитата на демократските вредности, институционалната рамнотежа и границите на уставносудската контрола. Во фокус на неговото обраќање е судскиот активизам како гарант за заштита на демократските вредности. Костадиновски го истакна значењето на уставниот дијалог, меѓусебното почитување на надлежностите и аргументираното толкување на Уставот. Тој нагласи дека уставните судови мора да бидат доволно храбри да носат и непопуларни одлуки кога тоа го налага заштитата на уставните вредности, но истовремено и доволно воздржани за да не ја преземат улогата на законодавецот. „Силен уставен суд не е оној што има најголема моќ, туку оној што има најголем авторитет да ја заштити уставноста“, истакна Костадиновски, посочувајќи на значењето на правната аргументација, доследноста, независноста и довербата во уставното судство, соопштуваат од Уставниот суд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба08:59Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба08:59
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05