ХороскопДневен хороскоп за 7. февруари 2021 година Дневен хороскоп за недела, 7. февруари 2021 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Недостигот на разбирање ќе се случи зашто вие постојано имате потреба околу нешто да спорите. Така се залажувате и себеси и партнерот. Кариера Доволен е само еден мал миг , па да ве развлечат за да не можете да се приберете. Соберете ги сите свои сили и научете да кажете ,,не” кога е потребно. Здравје и совет Подобро ќе се чувствувате доколку си ги одредите границите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Посвертеноста на идеалите ќе ви помогне да ги надминете фрустрациите во личните односи. Некои се молат на виша сила. Кариера Можеби ќе очекувате повисока плата, но излегло поинаку. Немојте да бидете незадоволни , зашто и ова што го добивате е повеќе отколку кај многумина. Здравје и совет Не влегувајте во расправии. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе се прашуваат дали станува збор за пријателство или за нешто повеќе. Уште не знаат на што се , па нека бидат трпеливи. Кариера Може да сметате на некои мали попусти , но тоа не значи дека може да се опуштите и да живеете на стара слава. Здравје и совет Може да ги предлагате своите идеи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашите пријатели денеска најверојатно ќе се опијат и ќе претераат во своето однесување. Би можеле дури и да ве нервираат , но бидете трпеливи. Кариера Претерувањето со вашите заслуги на работното место не е новост. Обидете се да се приземјите и работите да ги гледате пореално. Здравје и совет Издржете. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Освен што ќе наоѓате причини за незадоволство, ништо од она штѕо ќе го кажете нема да наидфе на разбирање. Запрете. Кариера Вашите деловни партнери ќе имаат едни , а вие други идеи. Ќе треба да знаете да се поставите правилно. Здравје и совет Нека ве води вашето знаење. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е ден полн со фрустрации кога станува збор за љубовта. Сметајте дека малку работи ќе ви одат од рака. Кариера Што и да работите , држете се до востановените правила и прашувајте ги своите колеги кои се разбираат од работата. Здравје и совет Не правете ништо на своја рака. Лав 23.7-22.8. Љубов Знаете дека среќата е во малите работи и не барајте чуда во личниот живот. Имајте таков пристап и денеска ќе бидете среќни. Кариера Ќе успеватеда ги држите конците во ваши раце низ различни дејности и области. Се ви оди добро. Здравје и совет Вие сте комплетна личност. Девица 23.8.-23.9. Љубов Има малку работи што би можеле да ја загрозат вашата стабилна и добро негувана врска. Без оглед на се, вие уживате. Кариера Денеска во сите деловни прашања максимално ќе ја користите вашата интуиција. Сепак , земете ги во предвид и надворешните фактори. Здравје и совет Не се сеќавате кога последен пат сте биле болни. Вага 24.9.-23.10 Љубов Веројатно убаво ќе си поминете за време на кусото дружење со пријатни луѓе, било да сте во двојка или пак сами. Кариера Поврзувањето со млади лица на работното место ќе бара дополнителна енергија. Вашето унапредување е на повидок. Здравје и совет Продолжете понатаму. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои минуваат ниоз искушението на тајна љубовна врска , денеска нема да знаат што треба да направат. Ќе им недостига компас. Кариера Уметниците меѓу вас би можеле да инсистираат на нереални барања. Подобро малку да почекате. Здравје и совет Внимавајте на исхраната. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Малку забава, па мало надмудрување и малку провокации. Тоа е начинот на кој ќе се додворувате или ќе сакате. Кариера Со голема желба ќе соработувате со новите соработници , од кои повеќето се многу млади. Другите главно ќе ги поднесувате. Здравје и совет Вежбајте јога. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете малку растргнати меѓу можноста да уживате со саканата личност или со пријателите. Ќе го поделите времето. Кариера Денеска нема да знаете да ги процените вашите финансиски средства. Затоа не влегувајте во никакви трансакции. Здравје и совет Ослободете се од потребата да им се наметнувате на другите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизХајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата. Хајди не се крие Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“. Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен. „Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа. Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди. Таа не сака инјекции за слабеење Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“. Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЖена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случајМаж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево. Жена пренесена во Женева на лекување Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамДури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во кризаУделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени. Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати. „Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто. Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“. Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи. Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“. Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно. Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили. Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење. Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно. Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“. Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина. Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter