Вучевска Петковска: Крива Паланка тоне во долгови, а ветените мерки за пензионерите, бесплатниот оброк за учениците и пречистителната станица останаа само на хартија
1Акциска контрола на товарни возила – констатирана 101 неправилност, 25 возила исклучени од сообраќај
2Вучевска Петковска: Крива Паланка тоне во долгови, а ветените мерки за пензионерите, бесплатниот оброк за учениците и пречистителната станица останаа само на хартија
ХороскопДневен хороскоп за 7. август 2025 година Дневен хороскоп за четврток, 7. август 2025 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Препуштете им на лицата во кои имате доверба да ве упатат каде што треба. Тие ќе знаат подобро од вас. Кариера Кога ќе помислите на деловните планови , веднаш ве заболува главата , зашто има малку работи што останале да се изконтролираат. Здравје и совет Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе балансирате меѓу своите желби и реалните можности. Ништо нема да се прави на сила , туку само со трпение. Кариера Со олеснување ќе ги прифатите извештаите за напредок , од кој и вие сте дел. Тоа ќе биде дополнителен поттик. Здравје и совет Издржете. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашата љубовна приказна ќе продолжи да се развива , на ваша радост. Затоа дотерајте се и излезете во друштво. Кариера Времето работи за вас , а вие му се препуштате со полна доверба Чувствувате дека вашите пет минути допрва доаѓаат. Здравје и совет Сакајте ги луѓето. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Еден член на вешето пошироко семејство денеска од вас ќе бара повеќе внимание и ангажман. Кариера Ќе бидете занесени и ќе мислите дека секој проблем ќе го решите со леснотија. Во добар дел имате право. Здравје и совет Наспијте се . Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно денеска ќе блескате и ќе зрачите со чувства. Многумина без резервно ќе си ја отворат душата. Кариера Денеска ќе се позанимавате со можноста за вложување во работата што моментално ја работите. Ќе барате спонзори. Здравје и совет Не морате постојано да војувате. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Саканата личност денеска би можела да се жали и да приговара со тага. Ќе и попуштате и ќе ии дадете утеха и таму каде што не треба. Кариера Ќе одите на опцијата што ви дава најголем простор, но и уживање во работата. Здравје и совет Ќе уживате во убавниот ден. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Пред вас е одличен ден за секој вид дружење и забава. Посебно ќе бидат расположени младите или оние кои така се чувствуваат. Кариера Ви се чини дека е потребно само малку за вашите таленти да излезат на површина и да светнат. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Имате право да прашате и она што не е вообичаено. Довербата во вашиот однос е толкав , што може да си дозволите секакви прашања. Кариера Можеби ќе ве пофалат , но во најлош случај вашите идеи ќе бидат прифатени и сфатени сериозно. Здравје и совет Одете во природа. Овен 21.3-20.4. Љубов Многумина и денеска убаво ќе се забавуваати ќе откриваат пат до нечие срце . Ќе им оди од рака речиси се што ќе посакаат. Кариера Денеска би можеле да ги забавувате колегите . Со задоволство ќе почнувате смешни разговори со добро расположение и дружба. Здравје и совет Засадете некое растение. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе продолжите со интензивното поврзување со луѓето , па има голема шанса за запознавање нова личност. Кариера Постојаното качување по скалилата на успехот речиси ве изморило . Имате потреба од опуштање , па ќе ја подзаборавите работата и обврските. Здравје и совет Подобро оптимист , отколку песимист. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов развојот на еден однос постојано ќе ве интригира . Станува збор за личност од работа , со која се почесто си разменувате пораки и знаци. Кариера Многумина денеска ќе ги анализираат своите резултати , уако не е потребно . Се е во најдобар ред. Здравје и совет Бидете поконкретни. Рак 22.6-22.7. Љубов Веќе сфативте дека не треба да форсирате , па таа формула ќе ја искористите и на својата врска. Така ќе ја подобрите. Кариера Осмислете подобар план за соработка со другите. Знаете да се изразите , но користете повеќе тактичност. Здравје и совет Некои ќе запливаат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотGoogle го доживеа најлошиот ден во историјатаАкциите на Alphabet, матичната компанија на Google, вчера го забележаа најголемиот еднодневен пад во историјата на компанијата. Нивната вредност се намали за речиси 13 отсто, со што пазарната капитализација на Alphabet се намали за приближно 500 милијарди долари. Како што пренесува „The Wall Street Journal“, до масовната продажба дојде поради разочарувачките финансиски резултати, забавувањето на растот на приходите од онлајн пребарувањето, како и поради зголемената загриженост кај инвеститорите во врска со огромните трошоци поврзани со развојот на вештачката интелигенција. Акциите на Alphabet ја завршија трговската сесија на ниво од 283,82 долари, што претставува пад од 12,64 отсто. Ова е вториот најголем еднодневен пад на пазарната вредност за која било компанија во историјата на американскиот берзански пазар. Единствено Nvidia забележа поголем пад – во јануари 2025 година – кога изгуби приближно 593 милијарди долари од својата вредност. Падот на матичната компанија на Google повлече надолу и дел од американските берзански индекси, особено технолошки ориентираниот индекс Nasdaq. Инвеститорите беа особено загрижени поради резултатите од бизнисот со рекламирање на Google, кој со децении претставува главен извор на приходи и профит за компанијата. Во третиот квартал, приходите од онлајн пребарувањето на Google пораснаа за 12 отсто во споредба со истиот период минатата година. Иако ова претставува раст, тој е значително побавен отколку во претходниот дел од годината; приходите од пребарувањето пораснаа за 19 отсто во првиот квартал и за 17 отсто во вториот. Секторот „Google Services“ – кој ги опфаќа онлајн пребарувањето, YouTube и претплатите – оствари приход од 96,3 милијарди долари, што е под очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа 98,5 милијарди долари. Вкупните приходи на Alphabet достигнаа 127,6 милијарди долари – што претставува раст од 25 отсто на годишно ниво – но сепак се под очекувањата на Волстрит. Нето-добивката се намали за 25 отсто, на 26,17 милијарди долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАкциска контрола на товарни возила – констатирана 101 неправилност, 25 возила исклучени од сообраќајПри спроведената контрола контролирани се 781 возило, од кои 92 се упатени на технички преглед. На 28.10.2026 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на товарни возила, насочена кон откривање и санкционирање на неправилности поврзани со претовар, неправилно сместен и необезбеден товар, техничка исправност на возилата, превоз на лица, како и на моторни возила кои се вклучуваат во сообраќај од земјени патишта, градилишта и слични површини, при што нанесуваат кал на коловозот. При спроведената контрола контролирани се 781 возило, од кои 92 се упатени на технички преглед. Констатирани се 101 неправилност, а поради утврдените неправилности, 25 возила се исклучени од сообраќај. Во рамки на контролата евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик. Дополнително, констатирани се и 219 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на акциски сообраќајни контроли и апелира до возачите и превозниците да ја почитуваат законската регулатива, да обезбедат техничка исправност на возилата и правилно сместување и обезбедување на товарот.Тагови: Акциска контрола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВучевска Петковска: Крива Паланка тоне во долгови, а ветените мерки за пензионерите, бесплатниот оброк за учениците и пречистителната станица останаа само на хартијаЗа неколку дена ќе наврши една година од вториот мандат на градоначалникот Сашко Митовски. Една година е доволно време за граѓаните да побараат отчет. И затоа денес прашуваме: Што доби Крива Паланка за оваа една година, добивме ли решени комунални проблеми, добивме ли подобри услуги или добивме нешто друго, поголеми долгови и нереализирани ветувања. Според податоците со кои располага нашата советничка група, заклучно со 30 јуни 2026 година, обврските на Општина Крива Паланка достигнале околу 128 милиони денари. А тоа не е крајната состојба. Во третиот квартал обврските продолжуваат да растат. Граѓаните не гласаа за нов список со ветувања, гласаа за реализација. Загрижува и случајот со Европската куќа. Просторот е затворен, а зградата која е сопственост на Општина Крива Паланка, според информациите со кои располагаме, е одземена од страна на извршител поради неплатени догови на Општината. Спротивно на тоа на граѓаните им беше ветено нов Младински центар. Затоа прашуваме: Како се ветуваат нови простори, ако не успевме да го заштитиме постојниот општински имот? По кој основ е поведена извршната постапка, колкави обврски стојат зад ова и што презела општината за да го заштити својот имот? Не може да се зборува за развој, ако општината губи контрола врз сопствениот имот. И тука е клучното прашање: Ако долгот расте, каде се резултатите? Во предизборниот период на граѓаните им беа ветени многу работи. Бесплатен оброк за учениците до петто одделение. Финансиска поддршка за пензионери со ниски примања од 3000 до 6000 денари. Финансиска поддршка за пензионерите за набавка на огревно дрво. Ветена беше и балон-сала во дворот на Касарната. Главен фекален колектор и пречистителна станица. Решавање на проблемите со свлечишта и други инфраструктурни проблеми. Но, граѓаните имаат право да прашаат: Што е направено досега, дали за ветените проекти има проектна документација, дали се обезбедени средства, дали е започната постапка и кога точно ќе се реализираат? Затоа што граѓаните не гласаа за нови ветувања. Гласаа за реализација. Особено загрижува состојбата во ЈП „Комуналец“. Според информациите со кои располагаме, претпријатието се соочува со сериозни финансиски проблеми, а на вработените сè уште не им е целосно исплатена плата за месец август. Затоа прашуваме: Колкав е долгот на ЈП „Комуналец“? Колкави се неговите доспеани обврски? Колку се должи за плати, придонеси и добавувачи? И кој е планот за излез од оваа состојба? Не може општината да бара нови задолжувања, а истовремено долгот да расте и јавното претпријатие да се соочува со финансиски проблеми. Ние како советничка група не бегаме од одговорност. Напротив. Ќе продолжиме на секоја седница да бараме бројки, документи и отчет. И затоа денес испраќаме јасна порака: Не бараме политички пресметки. Бараме отчет. Не бараме нови оправдувања. Бараме резултати. Не бараме нови ветувања. Бараме реализација. Единствено нешто што беше забележано во предходната година е реализација на проектите кои ги финансираше Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Крива Паланка заслужува да знае каде одат нејзините пари. Крива Паланка заслужува функционално јавно претпријатие. Крива Паланка заслужува инфраструктура и решени комунални проблеми. И пред сè граѓаните заслужуваат одговор на едно едноставно прашање: По една година од вториот мандат – каде се резултатите што го оправдуваат растот на долгот? Тоа е прашањето на кое градоначалникот и општинската власт треба да одговорат пред граѓаните. Не со зборови. Туку со бројки. Не со ветувања. Туку со реализирани проекти. Слаѓана Вучевска Петковска, советничка во Советот на Општина Крива ПаланкаТагови: Вучевска Петковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook