Мицкоски: Ние сме соседи со Србија, но мене ме интересира Македонија и се надевам во иднина да имаме добрососедски односи
2Мицкоски: Ние сме соседи со Србија, но мене ме интересира Македонија и се надевам во иднина да имаме добрососедски односи
3Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните
ХороскопДневен хороскоп за 7. април 2020 годинаДневен хороскоп за вторник , 7. април 2020 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе се двоумите како да се поставите во еден посебен однос. Ве боли што сте провоцирани , а сепак сте вљубени. Кариера За да функционирате на работата , ќе морате со доверба да се потпрете на другите околу себе.Тие ќе ве упатат. Здравје и совет Поработете на својата дисциплина. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои се сами , нека излезат меѓу луѓе,зашто ќе имаат шанса за да ги прошират своите контакти , а при тоа и подобро да запознаат некого. Кариера Денеска најдобро ќе поминат оние кои ќе тргнат на кусо службено патување. Таму се ќе излезе подобро од очекуваното. Здравје и совет Опуштајте се редовно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Има големи шанси за добар провод со пријателите. Ќе ви биде убаво , а доколку сте во врска , повикајте го партнерот во друштво. Кариера Ќе се чувствувате гордо поради очигледните заслуги. Ќе работите полесно и попосветено. Нема да ви недостига мотив. Здравје и совет Не возете ако сте возбудени. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе имате поддршка од партнерот за повеќето прашања . Тоа ќе ја зацврсти вашата меѓусебна доверба и однос. Кариера извесни се добри финансиски резултати или вести за нив. Вие и натаму работите прецизно и квалитетно. Здравје и совет Зголемен апетит. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашите лични односи ќе се развиваат вообичаено без возбудувања. Ќе ви биде дури и по малку здодевно. Кариера Треба подобро да се фокусирате на другите.Внимателно следете ги како работат, па нешто и ќе научите. Здравје и совет Не ги надминувајте своите можности. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска ќе имате можност да го проширите кругот на луѓето со кои се дружите. Оние кои бараат нова љубов , тоа ќе им биде поттик. Кариера Иако во моментов малку потешко се снаоѓате, затоа што не може се да биде по ваше, денеска сепак ќе бидете пофалени. Здравје и совет Јадете повеќе овошје. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вие сте една од ретките личности која во секое време е расположена за забава и излегување. Ако сте во двојка , одете заедно. Кариера Тоа што знаете некои работи за одредени луѓе , резултат е на вашата способност да ги откриете . Не морате со тоа да се фалите. Здравје и совет Бидете подискретни. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во врска со љубовните прашања би можеле денеска да се фалите пред други или да си замислите дека вредите повеќе. Бидете поскромни. Кариера Приватниците ќе имаат една шанса, но треба да проверуваат дали е се легално поставено. Останатите добро ќе работат. Здравје и совет Ќе имате голем апетит. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веќе ви е здодеано да ударате со главата од ѕид. Признајте си дека не оди. Подобро да бидете трпеливи , отколку на сила да барате љубов. Кариера Во една работа ќе покажете исклучителна снаодливост. Без проблеми ќе го решите она што им е тешко на другите. Здравје и совет Во добра форма сте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ќе се впуштите во раскажување ,,ловечки приказни” за вашиот љубовен живот , за да го компензирате сегашното незадоволство. Кариера Вистината е дека сте постигнале многу добри резултати , но денеска ќе бидете склони уште повеќе да ги ,,надувате”. Бидете малку пореални. Здравје и совет Скромноста сепак е доблест. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Мали мудрости од некоја стара книга ќе ви помогнат за да го земете главниот збор во врската. Не претерувајте. Кариера Не е исклучено денеска да вио дадат мала работна задача што ќе треба да го заврпшите или дома или да се вратите назад на работното место. Здравје и совет Прифатете го неизбежното. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ништо нема да ги наруши вашите складни односи со саканите личности , но нема да биде ништо стимулирачко за љубовта. Кариера Одличен ден за проширување на стручните знаења Можно е дека пред вас е вистинска шанса за професионално усовршување. Здравје и совет Посилни сте од другите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВо тек се подготовки за нов жесток удар на Иран, издадено е предупредување до земјите во ЗаливотСАД им порачаа на неколку земји од Персискиот Залив да бидат подготвени за кратка, интензивна воена кампања против Иран по изборите за Конгресот, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ). Трамп сè уште не донел конечна одлука.Според WSJ, повикувајќи се на извори запознаени со дискусиите, пораките биле пренесени преку дипломатски и воени канали и се дел од растечкиот број индикации дека САД и Израел се подготвуваат за нова рунда интензивни борбени операции против Иран. Целта би била да се ослаби Техеран и да се принуди да преговара. Американската војска ги преместува системите за воздушна одбрана „Патриот“ од Тексас во регионот, додека ги повлекува војниците од базите каде што биле изложени на напади. Американските сили на Блискиот Исток ги надополнуваат залихите со муниција, а бомбардерите и борбените авиони се подготвуваат за напади. Следниот месец, се очекува уште една ударна група на носачи на авиони и единици на морнарицата да се приклучат на армадата од околу дваесетина воени бродови во регионот, иако некои од бродовите би можеле да бидат повлечени. Според изворите на весникот, американскиот претседател Доналд Трамп сè уште не донел одлука, но се наклонува кон голем напад по изборите, кој би можел да биде насочен кон иранската инфраструктура и нуклеарните постројки. Алтернативата е да се обидеме да постигнеме договор, но напорите на регионалните медијатори досега не дадоа никакви резултати. „Можеби ќе направиме уште една мала операција „Епски бес“. Или ќе се согласат“, рече Трамп на митинг минатата недела, осврнувајќи се на пролетната бомбардирачка кампања спроведена од САД и Израел. Белата куќа соопшти дека нема да коментира за „чувствителни воени планови што можеби постојат, а можеби и не постојат“ и додаде дека Трамп ги држи сите опции на маса за да се осигури дека Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје. Трамп претходно изјави дека нема да го нападне Иран пред изборите. Според WSJ, Израел, исто така, подготвил планови и цели за нов напад, а премиерот Бенјамин Нетанјаху останува посветен на продолжување на нападите со цел ослабување на Иран и, на крајот, соборување на режимот. Враќањето на воздушните напади би значело промена во насоката на економскиот притисок. Заострените санкции и поморската блокада ја запреа продажбата на иранска нафта со месеци, ги прекинаа повеќето воздушни врски и ја намалија копнената трговија. Аналитичарите се сомневаат во ефикасноста на нападите Многу аналитичари не веруваат дека Иран би капитулирал пред нови напади. За време на најинтензивната фаза од војната, Иран претрпе повеќе од 20.000 напади од страна на САД и Израел, но продолжи да напаѓа бродови во Персискиот Залив, да ги таргетира американските војници и бродови и да поставува тешки услови за преговори. Поранешниот израелски разузнавач Дени Цитринович верува дека една од најголемите грешки е верувањето дека нова рунда напади би можела да го собори режимот. Тој предупредува дека бомбардирањето би можело дополнително да го зацврсти Техеран во неговата намера да продолжи да ги развива своите ракетни и нуклеарни програми. Сет Џонс од Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS) оцени дека Трамп би можел да прогласи победа и да го намали американското учество во војната со нови напади, дури и без одлучувачки удар. Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, во вторникот му рече на Советот за безбедност на ОН дека агенцијата не видела никаква активност за обнова на објектите оштетени во двете војни. Но, инспекторите немаат пристап до тие објекти, па затоа Гроси не можеше да потврди дека Иран не пренасочил нуклеарен материјал. Иран предупреди дека секој напад ќе биде одговорен со напади врз економски и цивилни цели во регионот, бидејќи претходно за време на војната ги таргетираше американските бази, дипломатските објекти, енергетските објекти и аеродромите во Заливот. САД и нивните сојузници од Заливот, исто така, се обидуваат да ја обноват својата ракетна одбрана, исцрпена од иранските напади. Иран сè уште има стотици до илјадници ракети и го искористи затишјето за да ја зајакне својата одбрана и да состави нови балистички ракети од складирани делови, што ги загрижува израелските власти. Медијаторите се обидуваат да ги оживеат разговорите, но САД инсистираат на разговори за нивната нуклеарна програма, додека Техеран поставува тешки услови. Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Ние сме соседи со Србија, но мене ме интересира Македонија и се надевам во иднина да имаме добрососедски односи„Со носителот на листа се слушнав некаде околу пладне, околу 12 часот, не очекував дека сето тоа треба да го претворам во естрада, дека треба да кажам еве се слушнав“, истакна премиерот Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.„Со носителот на листа се слушнав некаде околу пладне, околу 12 часот, не очекував дека сето тоа треба да го претворам во естрада, дека треба да кажам еве се слушнав“, истакна премиерот Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ на прашање за изборите во Србија. „Повеќе би кажал дека е протоколарен разговорот бидејќи јас не го познавам господинот Срдановиќ, тој е носител на листата којашто победи на изборите. Ние сме соседи, наши интереси се нашите домашни прашања, се надевам дека во иднина ќе имаме уште подобра соработка и добрососедски односи. Она што мене ме интересира најмногу од тоа се билатералните односи во делот на економијата. Ценам дека сегашниот потенцијал можеме да го зголемиме уште повеќе“, истакна Мицкоски. За тоа дали разговарал со Александар Вучиќ и за односите со сестринската партија во Србија, Мицкоски со одговор: „Мене ме интересира конкретно Македонија и ВМРО-ДПМНЕ“. „Ние имаме односи какви што имаат две сестрински партии, какви што имаме со ХДЗ, какви што имаме со ГЕРБ, со која било сестринска партија, ЦДУ/ЦСУ од Германија, со СДС партијата на Јанша од Словенија, и секаде каде што сум повикан да помогнам ние ќе поддржиме. Не сум разговарал, но тоа не значи дека нема да разговарам, претпоставувам кога во рамките на Европската народна партија ќе се видиме дека ќе разговараме“, рече Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
ТехнологијаАкција на Меѓународната вселенска станица- астронаутите поставуваат соларен панел (ВИДЕО)Астронаутот на НАСА, Анил Менон, и астронаутот на Канадската вселенска агенција (CSA), Џошуа Кутрик, ја започнаа својата вселенска прошетка во 12:59 часот.Астронаутите излегоа од воздушниот затворач Quest на Меѓународната вселенска станица (ISS) за да го инсталираат и распоредат Меѓународната вселенска станица Roll-Out Solar Array (iROSA) на каналот за напојување 2А. Вселенската прошетка ќе се емитува во живо на повеќе платформи на НАСА, вклучително и на нивниот YouTube канал: Ова е 100-тата вселенска прошетка во САД. Исто така, тоа е 285-тата вселенска прошетка посветена на склопување, одржување и надградба на вселенската станица. Ова ќе биде четвртата вселенска прошетка на Менон и првата на Кутрик. Распоредувањето на iROSA ќе се изврши во текот на две вселенски прошетки. Тековната е првата, додека втората е закажана за 5 ноември. Потоа, дуото ќе го инсталира осмиот и последен флексибилен соларен панел на станицата на десната страна од структурата. Менон е член на екипажот 1 на вселенската прошетка и носи вселенско одело со црвени ленти. Кутрик е член на Екипаж 2 и носи одело без ознаки.Тагови: астронаутите Меѓународната вселенска станица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter