Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ХороскопДневен хороскоп за 7.4.2019 годинаДневен хороскоп за недела , 7 април 2019 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Партнерот денеска би можел да се најде малку повреден од вашиот ненадеен настап. Затоа контролирајте се за да не го нарушите добриот однос. Кариера Можно е да се најдете во ситуација на нелегална финансиска трансакција. Пазите што ви нудат или обратно. Здравје и совет Не грижете се за туѓите проблеми. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако сте во врска , вашиот взаемен однос ќе се подобрува. Ако сте сами , излегувајте , зашто ќе бидете забележани. Кариера напредуваат интелектуалните и креативни работи , но и оние кои се работат во мир и тишина. Тука ќе дадете се од себе. Здравје Имете влијание врз околината. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се потрудите за да бидете љубезни и услужливи кон партнерот. На тој начин ќе ја ублажите малата дистанца во вашиот однос. Кариера Пред вас е искушение на финансиски малверзации поради млади и неискусни колеги или поради некаква забава. Здравје и совет Обидете се да најдете компромис. Рак 22.6-22.7. Љубов Со шеги и смеа , ситните дофрлања и провокации ќе спасувате мали несогласувања во врската. Кариера Вашите претпоставени денеска нема да ве збунуваат со нивната пречувствителност. пазете да не ви најдат грешка во деталите. Здравје и совет Крајот делото го краси. Лав 23.7-22.8. Љубов Радосни сте зашто ви се подобрува љубовниот живот , но се уште не е крај на ситните провокации. Бидете внимателни поради тоа. Кариера Доколку денеска отворено му се спротиставите на шефот , ќе изгубите и ќе се почувствувате многу малечки. Затоа немојте. Здравје и совет Ситните грижи лекувајте ги со хумор. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можно е да добиете покана за посета на вашето семејство , каде ќе ја поведете и саканата личност. Кариера Колегите на работа се повеќе ве ценат и почитуваат , па врз тоа градете ја својата новонастаната доверба. Здравје и совет Опуштете се со она што го сакате. Вага 24.9.-23.10. Љубов Ќе успеете да ја задоволите секоја желба на саканата личност. Нема крај на вашата љубезност. Со тоа малку и претерувате. Кариера Не се грижете зашто за вас состојбата се одвива добро. Денеска занимавајте се со поситни финансиски анализи. Здравје и совет Договарајте се. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Бидете и поддршка на вашата сакана личност , зашто таа од вас тоа го очекува , а тоа и го заслужува. Така ќе го подобрите својот однос. Кариера Денеска е ден кога одлично ќе се развиваат сите работи , кои се поврзани со луѓе. Не треба многу да зборувате , работите ќе одат сами од себе. Здравје и совет Можна е несоница. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов На интересно место , каде ќе излезете би можеле да зрачите како хипнотизирачки магнет. Сите ќе ви се залепат. Кариера Можеби сонувате некоја друга работа или друг шеф , но тоа е само сон. Бидете тука и сега и така ќе поминете најдобро. Здравје и совет Почекајте поубаво утре. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денеска би можеле да ги измешате сите свои љубовни идеали со фантазијата. Резултат ќе биде влијание и од оние личности , кои инаку не ве привлекуваат. Кариера Најбитно за вашиот денешен успех на работата е соработката со другите колеги. Пуштете ги малку повеќе тие да се ангажираат. Здравје и совет Избегнувајте алкохол. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Чувствувате дека вашата сакана личност има зголемени емотивни апетити и се обидувате тоа да го задоволите со внимание и нежност. Кариера Нема ништо особено ново да се случува на работа. Се тече стандардно. Здравје и совет Бидете она што сте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе добиете поетска инспирација и че изразите љубов на необичен начин . Сепак , се на крајот ќе биде добро прифатено. Кариера Ќе се разгледува можноста за една деловна соработка или патување за кое не е јасно дали би било поволно или не. Здравје и совет Одете порано на спиење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook