3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
ХороскопДневен хороскоп за 6. септември 2023 година Дневен хороскоп за среда, 6. септември 2023 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска ќе имате можност да го проширите кругот на луѓето со кои се дружите. Оние кои бараат нова љубов , тоа ќе им биде поттик. Кариера Иако во моментов малку потешко се снаоѓате, затоа што не може се да биде по ваше, денеска сепак ќе бидете пофалени. Здравје и совет Јадете повеќе овошје. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вие сте една од ретките личности која во секое време е расположена за забава и излегување. Ако сте во двојка , одете заедно. Кариера Тоа што знаете некои работи за одредени луѓе , резултат е на вашата способност да ги откриете . Не морате со тоа да се фалите. Здравје и совет Бидете подискретни. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во врска со љубовните прашања би можеле денеска да се фалите пред други или да си замислите дека вредите повеќе. Бидете поскромни. Кариера Приватниците ќе имаат една шанса, но треба да проверуваат дали е се легално поставено. Останатите добро ќе работат. Здравје и совет Ќе имате голем апетит. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веќе ви е здодеано да ударате со главата од ѕид. Признајте си дека не оди. Подобро да бидете трпеливи , отколку на сила да барате љубов. Кариера Во една работа ќе покажете исклучителна снаодливост. Без проблеми ќе го решите она што им е тешко на другите. Здравје и совет Во добра форма сте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ќе се впуштите во раскажување ,,ловечки приказни” за вашиот љубовен живот , за да го компензирате сегашното незадоволство. Кариера Вистината е дека сте постигнале многу добри резултати , но денеска ќе бидете склони уште повеќе да ги ,,надувате”. Бидете малку пореални. Здравје и совет Скромноста сепак е доблест. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Мали мудрости од некоја стара книга ќе ви помогнат за да го земете главниот збор во врската. Не претерувајте. Кариера Не е исклучено денеска да вио дадат мала работна задача што ќе треба да го заврпшите или дома или да се вратите назад на работното место. Здравје и совет Прифатете го неизбежното. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ништо нема да ги наруши вашите складни односи со саканите личности , но нема да биде ништо стимулирачко за љубовта. Кариера Одличен ден за проширување на стручните знаења Можно е дека пред вас е вистинска шанса за професионално усовршување. Здравје и совет Посилни сте од другите. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе се двоумите како да се поставите во еден посебен однос. Ве боли што сте провоцирани , а сепак сте вљубени. Кариера За да функционирате на работата , ќе морате со доверба да се потпрете на другите околу себе.Тие ќе ве упатат. Здравје и совет Поработете на својата дисциплина. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои се сами , нека излезат меѓу луѓе,зашто ќе имаат шанса за да ги прошират своите контакти , а при тоа и подобро да запознаат некого. Кариера Денеска најдобро ќе поминат оние кои ќе тргнат на кусо службено патување. Таму се ќе излезе подобро од очекуваното. Здравје и совет Опуштајте се редовно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Има големи шанси за добар провод со пријателите. Ќе ви биде убаво , а доколку сте во врска , повикајте го партнерот во друштво. Кариера Ќе се чувствувате гордо поради очигледните заслуги. Ќе работите полесно и попосветено. Нема да ви недостига мотив. Здравје и совет Не возете ако сте возбудени. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе имате поддршка од партнерот за повеќето прашања . Тоа ќе ја зацврсти вашата меѓусебна доверба и однос. Кариера извесни се добри финансиски резултати или вести за нив. Вие и натаму работите прецизно и квалитетно. Здравје и совет Зголемен апетит. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашите лични односи ќе се развиваат вообичаено без возбудувања. Ќе ви биде дури и по малку здодевно. Кариера Треба подобро да се фокусирате на другите.Внимателно следете ги како работат, па нешто и ќе научите. Здравје и совет Не ги надминувајте своите можности.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисЏон Мекинро: „Ве интересира ли кога Ѓоковиќ ќе се пензионира? Еве, ќе ви кажам.“Легендата на светскиот тенис Џон Мекинро открива кога најтрофејниот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ би можел да се повлече од тенисот, осврнувајќи се на неговите моментални предизвици и планови.Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, воопшто нема добра сезона. Всушност, 2026 година можеби е една од најлошите во неговата кариера, иако тој успеа да собори неколку рекорди и да победи на турнирот во Пекинг. Сезоната за него започна добро – го видовме во финалето на Австралија Опен – но оттогаш следеа многу падови, а релативно малку успеси. Како резултат на тоа, тој не успеа да се пласира на Завршниот мастерс во Торино, а доживеа и пад на АТП-листата (се наоѓа дури на 12-тото место во светот), што ќе му создаде проблеми и пред почетокот на следната година. Сепак, знаеме дека тој е во години кога повеќе се зборува за пензионирање отколку за спортски цели. Иако српскиот тенисер не го најави крајот на својата кариера, многумина со години се обидуваат да погодат кога тој ќе стави крај на играњето. Сега се огласи и легендарниот Џон Мекинро, со кого Ѓоковиќ имаше необичен однос во текот на кариерата. Мекинро прво го бранеше, па го критикуваше, а неодамна присуствуваше на промоцијата на документарен филм за кариерата и животот на „најголемиот на сите времиња“ – што сугерира дека односите меѓу нив се подобрени. Затоа, можеби вреди да се слушне што има да каже тој.. „Како прво, Новак Ѓоковиќ има 39 години, што во тенисот – вклучувајќи го и мојот случај – е далеку над границата до која стигнуваат повеќето играчи. Не сакате да дојдете во ситуација во која се прашувате: ’Зошто престанав, кога можев да освојам уште нешто?‘ Токму со тоа се соочува Новак во моментов“, изјави Мекинро, предвидувајќи дека Ѓоковиќ ќе ја заврши кариерата следната година. „Тој стигна до финалето на Австралија Опен и веројатно размислува: ’Можеби можам да освојам уште една титула‘. Дали ќе се пензионира во 2027 година? Изгледа дека тоа би можело да се случи наскоро. Би рекол дека е сосема реална можност, но сепак – почекајте уште малку.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаМанасиевски: Филипче се скри на Бихаќка откако се откри вистината за Алта банкаФилипче се сокри на Бихаќка откако се откри вистината за Алта банка. Со месеци говореа за Давор Мацура и Алта банка, а на крајот се испостави дека тие биле првите што дозволиле да купи акции од Македонија, истиот овој за кој говореа дека е криминалец и дека поседувал сомнителен капитал. Со месеци говореа дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ, поточно во Австрија, за на крајот да излезе дека немале забрана за работа, туку добиле прекршочна казна од австрискиот регулатор. Ширеа паника и хистерија дека банката ќе пропадне и дека граѓаните ќе останат без пари, па откако сите видовме дека банката е ликвидна и дека нема да пропадне, а дека државата се става во заштита на граѓаните, тргнаа со личен напад кон претседателот Мицкоски. Бараа надзорна расправа во Собранието, па откако истата веднаш беше прифатена, ја одложија за една недела, продолжетокот на истата се уште не знаат за кога да го закажат бидејќи вистината им се изнесе на виделина. Почитувани граѓани, Ниту банка ќе пропадне, ниту граѓаните ќе бидат оставени на цедило. Тоа беше во времето на СДС. Денес, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски се на страната на граѓаните, додека Филипче и СДС се на страната на криминалот. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШасивари: Нулта толеранција за насилството врз женитеСлучајот со 26-годишната девојка од Охрид, која беше брутално претепана, како и неодамнешната трагедија со 17-годишната девојка која го загуби животот, се сериозни предупредувања дека насилството врз жените бара бескомпромисен одговор.Случајот со 26-годишната девојка од Охрид, која беше брутално претепана, како и неодамнешната трагедија со 17-годишната девојка која го загуби животот, се сериозни предупредувања дека насилството врз жените бара бескомпромисен институционален одговор. Министерот за правда, д-р Јетон Шасивари, најостро го осудува секој облик на насилство врз жените, нагласувајќи дека нема оправдување за насилството, нема простор за релативизирање и нема толеранција за обиди за прикривање или влијание врз постапките. Министерот очекува сите надлежни институции, секоја во рамките на своите законски надлежности, да постапуваат професионално, навремено, неселективно и со целосна одговорност. Полицијата, обвинителството и судовите мора да постапуваат без притисоци, без привилегии и без двојни стандарди. Секое евентуално пропуштање, непостапување или незаконско влијание мора да биде предмет на соодветна проверка и одговорност. Државата има законска обврска и правни механизми да ги заштити жртвите и да ги санкционира сторителите. Со новиот Кривичен законик дополнително се зајакнува кривичноправната заштита од семејно и родово базирано насилство. Предвидени се затворски казни за потешките облици на насилство, а за определени кривични дела во контекст на семејно и родово базирано насилство се предвидува гонење по службена должност, без товарот на постапката да се префрла врз жртвата. Но, законите не смеат да останат само напишани одредби. Тие мора доследно да се применуваат. Секоја пријава мора да се сфати сериозно, секој ризик мора навреме да се препознае и секоја жртва мора да добие соодветна заштита. Ниту една жена не смее да живее во страв. Ниту една девојка не смее да се прашува дали државата ќе ја заштити. Ниту еден сторител не смее да смета дека ќе остане недопирлив. Заштитата на жртвите мора да биде приоритет, законот мора да важи еднакво за сите, а одговорноста да биде правило, а не исклучок. Насилството мора да запре, институциите мора да постапуваат, а одговорност мора да има!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook