Над сто уапсени за вандализирање на протестите во Барселона: И малолетници ограбуваа продавници и палеа контејнери
1Над сто уапсени за вандализирање на протестите во Барселона: И малолетници ограбуваа продавници и палеа контејнери
3Голем интерес за гласање кај српските државјани во Македонија, пријавени се 1.438 за гласање во Скопје и Куманово
1Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
3Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ХороскопДневен хороскоп за 6. септември 2021 годинаДневен хороскоп за понеделник, 6. септември 2021 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе знаете да сочуствувате , но при тоа ќе имате непријатно чувство.Имате доверба само во она што ви лежи на срце. Кариера Ќе ја подобрите соработката со другите преку подобра комуникација , но се уште нема да прифаќате се што шефовите ви предлагаат. Здравје и совет Најдете златна средина. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе се ослободите од блокадите во комуницирањето и ќе успеете да го изразите она што го чувствувате. Тоа ќе биде чекор напред. Кариера Некои во работата ќе воведуваат нови или млади соработници. При тоа ќе бидат поотворени и попријатни од обично. Здравје и совет Покажете ја својата ведра страна. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе откривате се подлабока поврзаност со личноста што ја сакате , а во исто време добро ќе се забавувате. Кариера Некои ваши колеги денеска ќе покажат мрзливост или ќе бараат полуксузни услови за работа. Бргу ќе им одговорите. Здравје и совет Вие знате како да постапите со секого. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ве очекува зачестено излегување меѓу луѓе. За оние кои уште се сами , тоа ќе биде добра шанса за нови познанаства. Кариера Од она што сте го презеле , нешто веќе се га ќе се покаже како успешно, а за остатокот ќе треба да помине уште некои проверки. Здравје и совет Бидете тактични. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Оние кои се во стабилни врски , денеска ќе имаат потреба за да останат дома во прегратка на саканата личност. Кариера Креативните дејности што се однесуваат на помали задачи , денеска ќе ви донесат големо задоволство. Здравје и совет Игнорирајте ја нервозата. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Додека вие се забавувате и уживате како никогаш, некој од вашите пријатели страда и сака да ви се довери. Кариера И натаму сте во фаза да ги ,,прескокнувате” задачите , зашто многу повеќе ве привлекува вашето хоби и уредувањето на домот. Здравје и совет Бидете професионални. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Каде и да тргнете , малку е веројатно дека денеска ќе постигнете емоционално исполнување. Задоволете се со она што го имате. Кариера Имате изгледи за напредување , што ќе остави трага на подолг период. Искористете ги понудените опции. Здравје и совет Емотивни фрустрации. Овен 21.3-20.4. Љубов Држете се само до она што знаете дека е проверено и стабилно. Се друго може да се смени во дел од секундата. Кариера Не се занимавајте со она за што интуитивно чувствувате дека нема да ви донесе корист. Одработете го само она што морате. Здравје и совет Едноставно издржете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе дојде до мало подобрување во личните односи , но се уште не е такво за да можете да се опуштите. Кариера Не сте сигурни што треба да направите , па веројатно ќе побарате помош од личност која е постручна од вас. Здравје и совет Носете заклучоци во тишина. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска ќе увидите дека на една личност премногу и требате. Некако ќе најдете време меѓу љубовта и пријателството. Кариера Ништо што моментално се случува на вашето работно место , не ви се чини доволно интересно за да го преокупира вашето внимание. Здравје и совет Помагајте им на другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе бидете растргнати меѓу љубовните желби , семејните должности и можности за сопствено задоволство. Кариера Оние кои кон работата имаат професионален пристап , ќе работат одлично . Другите постојано ќе наоѓаат приговори поради сопствените фрустрации. Здравје и совет Подобро е да верувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе се поврзете со необични личности или такви кои не се од вашата средина. така ќе го збогатите својот емоционален свет. Кариера Ќе успеете да ја стабилизирате финансиската подлога за развој на работите. Поради тоа ќе ви порасне самодовербата. Здравје и совет Не споредувајте се со другите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНад сто уапсени за вандализирање на протестите во Барселона: И малолетници ограбуваа продавници и палеа контејнериЕвропа денеска ги сублимира штетите и бројот на приведени по синоќешниот нов бран демонтрации, кои на одредени места повторно излегоа од контрола.. Демолирани и ограбени објекти, оштетени јавни површи и запалени улични објекти, оставиле демонстрантите зад себе во синоќешните немири во Барселона. Каталонската полиција соопшти дека биле упасени над сто лица, а триесетина од нив биле малолетни. Со качучки на глава кршеле излози – при што биле ограбени и оштетени најмалку 14 продавници, а во дел од проджните објекти купувачи останале заробени внатре откако вработените ги спуштале заштитните ролетни за да спречат упад и грабежи. Протестите кои не биле најавени се случиле во околината на плоштадот „Плаца де Каталуња“, а повиците се ширеле преку социјалните мрежи. Градоначалникот на Барселона, Жауме Колбони, остро го осуди насилството и порача дека уништувањето на јавниот и приватниот имот нема да остане неказнето, додека тамошната министерка за надворешни Нурија Парлон не ја исклучи можноста нередите да биле инспирирани од протестите во Париз. „Нема да дозволиме она што се случи да помине без последици. Ќе има санкции и за полнолетните учесници и за лицата што се одговорни за малолетниците. Нема да дозволиме нашиот град да биде опустошен“ Во меѓувреме, немирите и протестите продолжуваат и во други европски земји. Во Франицја илјадници демонстранти синоќа повторно излегоа на улиците. Главниот протест се одржа во југоисточните делови на Париз, но најмногу немири имаше во Марсеј каде дошло и до судири, откако млади луѓе запалле канти за ѓубре за да ги блокираат патиштата, а кон безбедносните сили фрлале камења и шишиња. Полицијата употребила солзавец и водени топови против демонстрантите, кои освен што палеле... ограбувале и продавници и залтарници. Тензично е и во Италија. И таму дошло до судири во неколку градови кои резултирале со речиси 400 приведени и над 5.000 легитимирани демонстранти. Тамошната полиција успеала да го идентификува и организаторот на движењето на „17 октомври“. Неофицијално станува збор Јусеф Сихер, 30-годишен Италијанец со мароканско потекло, кој е под истрага под за тешко поттикнување за извршување кривично дело со цел тероризам и употреба на компјутерски системи. Протести, но воглавно мирни имаше и низ Неапол, Падова и во Бари. Хаосот од немирите продолжи и во Албанија каде демонтрантите ја запалија влезната врата на Министерството за земјоделство во Тирана. Во текот на немирите биле искршени излози на продавници, а демонстрантите ваделе и камени плочи од тротоарите и ги фрлале кон полициските службеници. Полицијата освен солзавец, употребила и водени топови и гумени куршуми за да ги растера демонстрантите. Албаниот премиер Еди Рама најави парични казни за демонстрантите кои се движат од 100 до илјда евра за учество во ненароден собир и до 5.000 евра за лицата кои ќе останат во насилни толпи и по предупредувањата од полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСлаб одѕив на претседателските избори во Бугарија, главни фаворити се Јотова и ЃуровИ Бугарија денеска гласа, но на претседателски избори, откако Румен Радев си поднесе оставка пролетта и во меѓувреме стана премиер... Во трката има 27 кандидати, а вршителката на должноста претседателка, 61-годишната Илијана Јотова, води на анкетите. Нејзин најблизок ривал е поранешниот привремен премиер, 50-годишниот Андреј Ѓуров. До 12 часот, одѕивот изнесуваше само 5,8 проценти или на гласање излегле нешто над 385.000 гласачи, соопшти Централната изборна комисија. Првите резултати од излезните анкети се очекуваат вечерва по 20 часот, а доколку ниту една кандидатска двојка не ги исполни условите за победа во првиот круг, вториот круг е предвиден за 1 ноември. Многу слаб интерес за претседателските избори во Бугарија има и во Македонија.. Се гласа на седум избирачки места низ земјата, но за гласање се пријавиле само 265 бугарски државјани, што за околу 40% помалку откако на парламентарни избори во април, кога имаше 463 пријавени.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МакедонијаГолем интерес за гласање кај српските државјани во Македонија, пријавени се 1.438 за гласање во Скопје и КумановоЗначително поголем интерес за гласање од вообичаеното има и кај српските државјани во Македонија, кои гласаат во Скопје и Куманово... 1.438 српски државјани во Македонија излегоа да гласаат на предвремените парламентарните избори во Република Србија. Зголемен број на граѓани кои гласаа во српската амбасада во Скопје и почесниот конзулат во Куманово. И почесниот конзул на Република Србија во Македонија со седиште во Охрид Михајло Филев гласаше за него е важна добрата соработка меѓу двете земји и добриот соживот. Граѓаните веруваат дека гласале за добра иднина на Србија, веруваат дека изборите ќе поминат во демократска атмосфера. Српски државјани кои живеат на повеќе континенти поминале илјадници километри за да го остварат своето гласачко право. „Прелетав девет илјади километри од Виетнам до Србија да гласам, бидејќи верувам во промена и правда.“ „Живеам на Бали, ќе патувам илјада километри само за да гласам. Летам две илјади километри до Џакарта со карта од Виетнам.“ „Секој глас треба да се слушне. Секој глас е важен без разлика каде живеете.“ Овие избори покажаа масовна излезност во сите гласачки места низ светот. Долги редици на гласачи во Чикаго, Љубљана, Загреб, Франкфурт и Штутград, на сите гласачки места скоро тројно бил зголемен интересот за гласање. На овие избори биле регистрирани 102. 147 гласачи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook