Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена
МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
1Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена
2МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ХороскопДневен хороскоп за 6. октомври 2024 година Дневен хороскоп за недела, 6. октомври 2024 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Се разбиструва маглата во која се чувствувавте по малку загубено. Се поголем е оптимизмот и вербата во поубав љубовен живот. Кариера На работното место денеска максимално ќе се служите со интуицијата. Таа одлично ќе ве води и ќе ви ги даде одговорите што ги баравте. Здравје Чувствителност на дигестивниот систем. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои тајни би можеле да испливаат на површина и така да ви го разјаснат она што до неодамна ве измачуваше. Кариера Сите кои се занимаваат со истражувачка дејност , денеска би можеле да дојдат до интересно откритие. Здравје Ќе сонувате интересни соништа. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Во текот на денешниот ден ќе почувствувате дека вашиот љубовен живот се поместува од мртва точка на подобро. Кариера Можно е денеска да ве обземат нереални амбиции. Потудете се тоа да го сведете на разумна мерка. Здравје Ви се зголемува апетитот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов И покрај малите незадоволства , препознавате се поголема љубов и радост во вашиот личен живот. Кариера Ќе се чувствувате безгрижно и нема да им придавате големо значење на малите грешки во работењето. Ќе сметате дека се неважни. Здравје Не претерувајте со благото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Додека вашиот партнер ќе го гледа светот во розово , вие ќе бидете фокусирани на проблемите. Обидете се да гледате на позитивните работи во односот. Кариера Ќе успеете да постигнете квалитетен договор поврзан со некаква деловна соработка.Ќе има и такви кои ќе се сомневаат во вашите достигнувања. Здравје Помалку јадете , повеќе трошете калории на спортување. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Доколку се уште не сте нашле личност од соништата , добро погледнете околу себе додека сте на работното место. Некои таму ве разгледува. Кариера Вашите шефови денеска нема да бидат сигурни што навистина сакаат , но затоа вие и колегите ќе знаете што треба да направите. Здравје Најдете соодвета техника за релаксација. Овен 21.3-20.4. Љубов Како што ќе минува денот, се повеќе ќе уживате во скромните погледи и читањето меѓу редови . Кариера Оние кои се занимаваат со алтернативни дејности, би можеле да бидат на чекор до големи достигнувања и радост. Здравје Бидете среќни. Бик 21.4- 20.5. Љубов На моменти ќе имате потреба на сите да им кажете како се чувствувате , а на моменти сето тоа би го сокриле. Резултатот е збунетост на партнерот. Кариера Одличен ден за креативно поврзување со луѓето . Ќе измислите нови специфични начини на комуникација. Здравје Опуштете се во разговор. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно со драгите пријатели ќе ги спеделите грижите за вашиот љубовен живот и така ќе си олесните. Кариера Ќе заклучите дека доволно сте постигнале во согласност со целите што сте ги поставиле. Тоа ќе биде причина за задоволство. Здравје Треба да се биде реален. Рак 22.6-22.7. Љубов Мали надмудрување во врска со доминацијата со партнерот денеска ќе го заземат поголемиот дел од вашето време. Осамените би можеле да најдат љубов на работното место. Кариера Конечно ќе се дефинира еден деловен план , според кој ќе се развива и вашата кариера и статусот. Здравје Замор. Лав 23.7-22.8. Љубов Влегувате во помирна љубовна фаза. Врската во која се наоѓате почнува да наликува на сите останати , но вие сепак сте среќни. Кариера Не поднесувате индиректни пораки , а денеска ќе се соочите токму со нив. Не коментирајте , туку работете. Здравје Ќе бидете креативни во изразувањето. Девица 23.8.-23.9. Љубов Со задоволство би сакале да се забавувате , но состојбата ќе ја смирува таквата потреба. Вашата врска е коректна со мали предивици. Кариера Денеска на работното место би можеле да се покажете како вистински генијалец. Ќе имате одлични идеи. Здравје Немојте да се срамите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Шоу бизФото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг Светската музичка ѕвезда, 45 годишната Кристина Агилера привлече големо внимание на хуманитарен настан организиран од здравствената платформа „MISTR“ во Лос Анџелес. Русокосата пејачка се појави во смела црна комбинација со проѕирни детали, високи чизми и жартери; нејзиниот изглед многумина потсети на периодот кога го објави хитот „Dirrty“. Проѕирно боди и високи чизми За оваа пригода, Агилера избра црно боди од проѕирен тил со кадифени мотиви во форма на крст. Под него носеше мал чипкаст градник со врзување, додека долниот дел од комбинацијата се состоеше од црни кожни гаќички со висок струк и врзување од страните. Посебно се истакнаа лентите за жартери што се спуштаа од колковите и се поврзуваа со мрежести чорапи во боја на кожа. Таа го комплетираше изгледот со велурени чизми над колена, со тенки високи потпетици, шпицести врвови, врвки и проѕирни делови со геометриски дезен. Изглед што потсетува на раните 2000-ти. Целокупната комбинација беше инспирирана од готската естетика, како и од провокативните модни избори по кои Агилера беше позната во раните 2000-ти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
ЕвропаПутин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 денаРускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Истовремено, Москва го отфрли предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за 60-дневен прекин на огнот, кој би овозможил одржување на претседателски избори. „Претседателот веќе зборуваше за ова, но сега, во негово име, можам со полна одговорност да изјавам дека доколку Киев навистина сака да одржи избори, претседателот на Руската Федерација – врховниот командант – ќе биде подготвен да издаде наредба да не се вршат напади врз Украина на денот на изборите. -Тоа е многу важна напомена“, рече Песков, како што пренесе руската државна новинска агенција ТАСС. Изјавата уследи по најавата на Зеленски дека Украина е подготвена да одржи претседателски избори доколку Русија се согласи на целосен прекин на огнот во траење од 60 дена. Украинскиот претседател смета дека такво примирје е неопходно за да се обезбеди безбедна организација на гласањето во земја која речиси пет години е изложена на руска инвазија. Сепак, Кремљ го отфрла таков предлог. „Не ни треба примирје, туку траен мир за многу идни генерации“, изјави Песков. Портпаролот на Кремљ исто така тврдеше дека Украина всушност не сака да одржи избори, туку би го искористила 60-дневното примирје за прегрупирање на своите сили, закрепнување и продолжување на војната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„Honda Elevate“: Усовршен кросовер со пониска ценаВо 2023 година, во понудата на јапонскиот производител на автомобили Хонда пристигна еден достапен компактен кросовер – во Индија тој го носи името „Elevate“, додека во Латинска Америка и Јапонија е познат како „WR-V“.Во 2023 година, во понудата на јапонскиот производител на автомобили Хонда пристигна еден достапен компактен кросовер – во Индија тој го носи името „Elevate“, додека во Латинска Америка и Јапонија е познат како „WR-V“ (да не се меша со моделот WR-V наменет за Југоисточна Азија). Сега е време за планирано освежување на дизајнот, а купувачите во Индија се првите што ќе го добијат надградениот кросовер. Додека претходно „Honda Elevate“ во Индија се нудеше со две опции за предната маска (со хоризонтални „ленти“ или вертикални шипки), сега е достапна само една – со голем мотив на саќе. Почнувајќи од средното ниво на опременост, предните светла сега се украсени со три „отвори“ кои содржат LED елементи. Амблемот на брендот е преместен од маската на ладилникот на работ од хаубата. Влошките околу светлата за магла сега се во бојата на каросеријата. Задното светло, кое се протега во една целина, сега е целосно функционално, додека претходно централниот дел не светеше. Димензиите на кросоверот наменет за индискиот пазар остануваат непроменети: должина од 4.312 мм, ширина од 1.790 мм, висина од 1.650 мм и меѓуоскино растојание од 2.650 мм. Ентериерот е освежен со нови материјали, а контролната табла вклучува портокалово амбиентално осветлување. Во таблата со инструменти е поставен 7-инчен TFT-дисплеј. Основната верзија на „Honda Elevate“ нема мултимедијален систем; тој станува достапен почнувајќи од второто ниво на опременост. Пониските нивоа на опременост доаѓаат со 8-инчен дисплеј во стил на таблет, додека повисоките нивоа располагаат со екран од 10,25 инчи и функција за автоматско прочистување на воздухот. Капацитетот на багажникот изнесува 458 литри. Подобрена опрема и напредни безбедносни системи Како и претходно, списокот на опрема вклучува електричен шибер, безжично полнење на паметен телефон, автоматска климатизација и пакетот безбедносни системи Honda Sensing (адаптивен темпомат, автоматско сопирање, систем за одржување на возилото во лента и систем за следење на мртвиот агол). Повисоките нивоа на опременост се дополнително унапредени со вентилирани кожни седишта во боја на слонова коска и подобрена камера со широк агол на гледање. Во Индија, „Honda Elevate“ и понатаму е достапна со 1,5-литарски бензински мотор со четири цилиндри и атмосферско полнење (121 КС, 145 Nm), во комбинација со 6-степен мануелен менувач или CVT-менувач. Вреди да се истакне дека моделите опремени со CVT-менувач сега имаат задни диск-кочници наместо барабан-кочници. Возилото доаѓа исклучиво со погон на предните тркала. Цената на ажурираниот кросовер Honda Elevate се движи од 1.180.000 до 1.840.000 рупии – што е еквивалентно на 21.300 до 33.250 конвертибилни марки (10700 до 16 300 евра) – пренесува Auto.ba.Тагови: Хонда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter