Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ХороскопДневен хороскоп за 6. октомври 2021 година Дневен хороскоп за среда, 6. октомври 2021 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Денеска многу полесно се дише , а кај вас повторно расте оптимизмот, среќата и задовокството. Истото се однесува и за вашиот партнер. Кариера Бидете максимално тактични во секоја соработка. Ако треба , почекајте до утре и се ќе си дојде на своето место. Здравје Ќе се разведрите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во душата ќе почиствувате олеснување , но и натаму ќе треба да и се прилагодувате на другата страна , зашто таа ќе ги држи конците во своите раце. Кариера Денеска веројатно ништо нема да ви оди од рака. Помирете се со тоа и почекајте до утре , кога се ќе ви изгледа подобро. Здравје Имунитетот и натаму ви е слаб. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Како што ќе поминува денот , се повеќе ќе ви станува јасно колку се сакате , но кај вас ќе расте и потребата за доминација над партнерот. Кариера Студентите нека бидат внимателни и нека не се залетуваат. За другите вообичаен ден. Здравје Мали емотивни турбуленции. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе чувствувате силна поврзаност со семејството . Ќе имате потреба да останете дома и да уживате. Кариера Би било добро да го одложите деловното патување – барем до утре. Ако морате да патувате , сметајте на проблеми во транспортот . Здравје Сакате промени. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете склони подлабоко да ги проучите своите приватни односи. Некои ќе се решат да постават нови насоки и граници. Кариера Опасноста мина и повторно можете да соработувате без грижи. На дневен ред доаѓаат финансиските теми. Здравје Пад на имунитетот. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Можни се проблеми во поширокото семејство , така што ќе немате време за љубов или за партнерот. Кариера Уметниците и креативните денеска ќе ги изразуваат експресионистичките идеи пред угледна публика. Здравје Внимавајте на фрустрации. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе доживеат блиска средба со личност од своето љубовно минато. Други само ќе размислуваат за такво нешто. Кариера Атмосферата на работното место би можела да биде напната . Ништо не форсирајте , туку повлечете се и причекајте до утре. Здравје Премногу силни емоции. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска посебно ќе блескате што ќе биде препознаено од речиси секого. Лесно на другите ќе им се вовлечете под кожа. Кариера Во конкретните работи , како и во услужните дејности , работите ќе ви одат од рака. Уметниците денеска нека мируваат. Здравје Блескате. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно ќе бидете во ситуација да покажете колку сте ранливи и емотивни. Другата страна ќе ве разбере. Кариера Ќе смислите нови идеи , со кои би можеле да ги зголемите приходите. Се треба да договорите со колегите. Здравје Немојте да се опијаните , зашто тоа нема да излезе на добро. Рак 22.6-22.7. Љубов Веројатно ќе се заплеткате во уште една љубовна илузија , каде нема да се знае кој пие , а кој плаќа. Кариера Оние кои одмораат , ќе успеат да се опуштат . Оние кои работат , ќе гледат што побргу да ги завршат обврските. Здравје Најдобро е да го преспиете денов. Лав 23.7-22.8. Љубов Би можело да се случи денеска да увидите дека на некои работи едноставно им е истечен рокот на траење. Кариера Ќе ви падне на памет идеја , со која целосно би можеле да го смените системот на вашата работа. Здравје Вашата смисла за хумор веројатно ќе ве напушти. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои од вашите пријатели денеска би можел да ве растажи . Саканата личност ќе успее да ве утеши. Кариера Ќе се замислувате на бина и ќе посакате да слушнете аплауз од публиката . Тоа некои навистина ќе го доживеат. Здравје Трпение , спасение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаХаос во Барселона: Маскирани лица ограбуваа и палеа, стотина се уапсени (ВИДЕО)Синоќа во Барселона, околу стотина лица беа уапсени откако маскирани демонстранти, учесници во протести против естаблишментот, ограбија продавници и запалија имот околу централниот градски плоштад, Пласа де Каталуња, објавија каталонските власти.Околу 25 проценти од уапсените се малолетници, објави Нуриа Парлон, одговорна за внатрешни работи во автономната заедница Каталонија. Таа додаде дека за време на немирите биле подметнати повеќе од 30 пожари, а 14 продавници биле вандализирани или ограбени. Покани за приклучување кон движењето „против системот“ беа објавени на социјалните мрежи. Во објавите беше користен и слоганот „Institut Indignats“, преведен од името на движењето „Lycées Indignés“, кое во последните недели собираше студенти на протести во Франција. Името може да се преведе како „огорчени средношколци“. 🇪🇸 | URGENTE: Centro de Barcelona, España: https://t.co/NTTFotGbSR — Alerta News 24 (@AlertaNews24) October 24, 2026 Градоначалник: Нема неказнивост Видеата објавени на социјалните медиуми покажуваат луѓе заробени во продавници, вклучувајќи ја и стоковната куќа Ел Корте Инглес, откако безбедносните капаци беа спуштени за да се спречи грабеж. Други видеа прикажуваат демонстранти облечени во црно, со качулки преку главите, како кршат излози и крадат стока. Во некои случаи, корисниците кои ги следеле настаните преку интернет ги охрабриле да го сторат тоа. Градоначалникот на Барселона, Хауме Колбони, изјави дека вандалските дела во градот „нема да останат неказнети“. Тој, исто така, најави правни последици за старателите на малолетници кои учествувале во немирите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДиректорот на УФП-Ивановски во САД, на Годишната конференција на IACP 2026Директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски, заедно со директорот на Царинска управа и директорот на Бирото за јавна безбедност, учествува на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови (IACP 2026).На официјална покана на Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP), во рамки на Кривичниот Оддел при Министерството за правда на САД, директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски, заедно со директорот на Царинска управа и директорот на Бирото за јавна безбедност, учествува на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови (IACP 2026), која се одржува во Орландо, Флорида. На свеченото отварање на Генералното собрание, во поздравното обраќање на Директорот на IACP, се потенцираа клучните прашања кои ја дефинираат работата на безбедносните органи, преку глобалното вмрежување, интероперабилност и зајакнување на капацитетите,во насока на професионално и ефикасно спроведување на законите на светско ниво, во борба против организираниот криминал. Имајќи го во предвид глобалниот светски тренд на дигитализација, од особено значење за нашата држава е презентирањето на нови технологии и иновации во областа на откривање и сузбивање на финансискиот и целокупниот криминал воопшто. Како институција, каде акцентот на дејствување е ставен на предистражната постапка, Конференцијата претставува одлична можност за директен увид во современите технолошки алатки и практики за спроведување на законот, кои во споменатата фаза на дејствување, значително би го олесниле работењето на Управата. Учеството на една од највлијателните годишни конференции од ваков тип, дополнително ја потврдува потребата нашата држава да биде дел од глобалната безбедносна политика. Потребата од професионален и детален пристап, навремена размена на информации, заедничка стратегија и координирани истраги за потенцијалните сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата. Пораката од САД останува јасна: безбедноста и националните интереси на државата продолжуваат да бидат приоритет, преку доследна примена на законите кон сите современи предизвици. Управа за финансиска полицијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканИзбори во Бугарија- според анкетите, Јотова во предност пред Ѓуров Бугарите денеска гласаат на претседателските избори, додека руската војна против Украина се прошири на бугарскиот брег на Црното Море. Дури 27 кандидати учествуваат во трката, а според анкетите, вршителката на должноста претседателка Илијана Јотова (61) е во водство. Нејзин најсериозен ривал е поранешниот привремен премиер Андреј Ѓуров (50). Претседателската функција е претежно церемонијална, но изборите добија на значење по серијата напади со беспилотни летала врз трговски бродови по должината на бугарскиот брег на Црното Море, во кои загинаа околу дваесет морнари од различни земји. Тие напади предизвикаа низа осуди од меѓународната заедница, како и загриженост за ширењето на руско-украинската војна. Затоа, бугарската влада побара помош од сојузниците на НАТО за зајакнување на поморската безбедност. Ѓуров: Сакам Бугарија да биде сигурен сојузник на НАТО Премиерот Румен Радев рече дека „резултатот од тие напади е во корист на Русија“, но не ја обвини директно дека ги извршила. Двајцата водечки претседателски кандидати, исто така, ги осудија нападите. Андреј Ѓуров, кој привремено беше премиер оваа година, ужива поддршка од прозападните, реформистички партии. Тој отворено ја поддржува Украина, а како премиер потпиша договор за безбедносна соработка со Киев. „Сакам Бугарија да има свој глас во Европа. Сакам да биде сигурен сојузник во НАТО што ги штити своите интереси со силна дипломатија и јасна позиција“, рече тој на предизборен митинг во четврток. Можен втор круг ќе се одржи следната недела Илијана Јотова беше потпретседател на земјата, а функцијата претседател ја држи од јануари, кога Румен Радев поднесе оставка за да се кандидира на парламентарните избори. Радев ги доби тие избори, а политичките аналитичари го сметаат за близок до Кремљ. Поранешниот претседател, сега премиер, го поддржува својот поранешен заменик; двајцата се за дипломатски крај на војната во Украина. „Моите противници тврдат дека мора да има војна на исцрпување. Вистината е дека ние сме најисцрпени“, рече Јотова во четврток на предизборен митинг. Ако победи, таа ќе стане првата жена претседател на Бугарија. Анкетите ѝ даваат поддршка од 41 процент, додека Ѓуров има 28 проценти. Доколку никој не освои апсолутно мнозинство гласови, вториот круг ќе се одржи на 1 ноември. Гласачките места се отворени во 7:00 часот наутро и ќе се затворат во 20:00 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook