Дневен хороскоп за 6.ноември 2020 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 6.ноември 2020 година

Дневен хороскоп за петок,6. ноември 2020 година. 

Дневен хороскоп за 6.ноември 2020 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе продолжите да заведувате драга личност. За неа ќе бидете неодоливи. На тој начин ќе ја зголемите блискоста во врската.

Кариера

Ќе дојде до мали преиспитувања во врска со финансиски вложувања , за кои ќе мислите дека не се стабилни. Ќе смислите нов план.

Здравје

Не можете вие да одработите за другите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе бидете склони кон попуштање во се и сешто , а некои целосно ќе ги симнат критериумите за љубов. Самците би можеле да бидат со личност по принципот ,,која и да е” .

Кариера

Ако сте решени да делувате од сенка, денеска е ден кога на таков начин може да постигнете успех.

Здравје

Прво промислете , а потоа делувајте.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно ќе ја повикате саканата личност на интимна вечера , каде ќе покажете завидно кулинарско знаење.

Кариера

Иако некои колеги ќе бидат малку почувствителни и ќе прават драма , добро е што ќе донесете креативност и нови решенија.

Здравје

Освежете се на чист воздух.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе се веселите со пријатно друштво и нема да дозволите ништо да ви ги расипе добрите односи , расположението и забавата.

Кариера

Подобро од другите знаете дека дека со мали чекори се минува исто растојание како и со големи.

Здравје

Релаксирајте се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Блиска личност ќе ви го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции . Ќе возвратите со иста мерка.

Кариера

Една состојба или дел од работата ќе биде дефиниран, созреан и заклучен. Од тоа ќе произлезат нови иницијативи.

Здравје

Можна е мала настинка.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Кулминацијата на поврзаноста со пријателите ќе ви донесе радост , а секако ќе ги подобри и личните особини.

Кариера

Би сакале да воведете некои измени во процесот на работата. Денеска ќе размислувате за деталите.

Здравје

Крајот делото го краси.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе заклучите дека е време на другите да им покажете колку се сакате и да ја официјализирате врската. Некои тоа само ќе го посакаат.

Кариера

Ќе работите без напор и нема да се зимачувате со премногу прашања . Имате добра перспектива , позитивен став.

Здравје

Сега живеете уредно.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Богатството на еротиката и сензуалноста ќе бидат главна одлика на овој ден. Уживајте.

Кариера

Можете слободно да направите нешто за себе. На кого било да му објасните , ќе го разбере вашиот став и ќе го прифати како нешто нормално.

Здравје

Ќе знаете да се справите со проблемите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вашите скриени чувства денеска ќе се појават , на ваша среќа. Ќе бидете малку збунети , но ќе ви биде мило.

Кариера

Заклучоците до кои доаѓате ќе останат познати само за вас и за никој друг. Тоа не е типично за вас , но овој пат така е најдобро.

Здравје

Никаде не треба да брзате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Малите естетски вештини ќе бидат ваш начин да и се приближите на саканата личност , со која сте на дистанца. Делумно ќе имате успех.

Кариера

Оние кои работат во лаборатории , болници , институции од затворен тип и слично ќе добијат унапредувања и добри резултати.

Здравје

Не влегувајте во расправии.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се обидете на другата страна да и се претставите во најдобро светло, но тоа нема да биде вашето најдобро издание. Резултатот може да биде менлив.

Кариера

Резултатите од вашата работа би можеле да излезат на виделина , со што ќе ви порасне гордоста. Продолжете да го градите започнатото.

Здравје

Мала меланхолија.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

За да ја подобрите вашата љубовна состојба , денеска послужете се со вашата интуиција. Нека таа ве води и се ќе биде подобро.

Кариера

Во сите дејности , кои се поврзани со луѓе ќе постигнете денеска завидни резултати. Другите ќе соработуваат.

Здравје

Не освојувајте по секоја цена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мафијата криела над 3 милиони евра во ѕидови и под на стан кај Неапол- уапсени се 34 лица (ВИДЕО)

Италијанската полиција пронајде 3,2 милиони евра во кеш скриени во ѕидовите, подовите и мебелот на стан во близина на Неапол. 

Мафијата криела над 3 милиони евра во ѕидови и под на стан кај Неапол- уапсени се 34 лица (ВИДЕО)

34 лица се уапсени во голема операција против мафијата, објави Ил Матино. Парите беа откриени во населбата Каивано, а стануваше збор главно за банкноти од 50 евра.

Тие беа завиткани во целофан и наредени под подни и ѕидни плочки и во фиоки од плакарот. Полициските службеници ги извадија сноповите пари во пластични кофи и ги префрлија во оклопно возило. За време на претресот, беа пронајдени и 11 луксузни часовници „Ролекс“, оружје и опрема за кои полицијата вели дека се користеле за продажба на дрога.

Акцијата следеше по повеќемесечна истрага предводена од обвинителот за борба против мафијата во Неапол, Никола Гратери. Меѓу другото, истражителите ги прислушкуваа мобилните телефони на затворените членови на криминални групи. Гратери рече дека нивните мобилни телефони биле внесени во затворот од членови на семејството.

Кланот е толку силен во градот што владата е ставена под судска администрација.

„Само во еден дом, запленивме 3,2 милиони евра во готово, како и вредни часовници“, рече Гратери. Полицијата, исто така, добила информации за скриените пари и криминалната група од информатори кои дале изјави во замена за заштита.

Полицијата вели дека уапсените се поврзани со кланот Анџелино. Со текот на времето, овој клан го зајакнал своето влијание во Каиван толку многу што локалната самоуправа била ставена под судска администрација минатата година. Истрагата, исто така, го открила наводниот начин на организирање на криминални активности.

Обвинителот Гратери го опишал нивниот модел на работа како „претприемачки“, каде што луѓето работеле во смени и организирале трговија со дрога и изнуда. Против 34 уапсени лица се покренати сомневања за приклучување кон мафијашка организација, трговија со дрога, изнуда и поседување дрога за продажба.

Акцијата предизвика политички реакции

Пронајдените пари ќе бидат уплатени во Италијанскиот фонд за правда, кој финансира помош на жртвите на организиран криминал. Акцијата, исто така, предизвика политички реакции. Опозицијата го искористи случајот за да ја критикува владината програма „Каивано“, која беше започната во 2023 година за реновирање на запоставени области и борба против криминалот. Обвинителот Гратери, исто така, се осврна на проблемот со финансирањето на полициското прислушување. Тој иронично рече дека запленетите 3,2 милиони евра би можеле да ги покријат трошоците за прислушување во Неапол во текот на цела година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали Британија се враќа во Европската Унија?!

Британскиот премиер Енди Барнам денеска изјави дека негов моментален приоритет е „обнова на мостови со европските сојузници“, но дека не ја исклучува можноста Обединетото Кралство (Велика Британија) повторно да се приклучи на Европската Унија .

Дали Британија се враќа во Европската Унија?!

Барнам, кој ќе го одржи својот прв состанок со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во вторник не ја исклучи можноста за вклучување на пресврт во Брегзит во следниот манифест на Лабуристите, објави Гардијан.

Тој рече дека земјата прво треба да се фокусира на обезбедување поблиски трговски врски со ЕУ.

„Она што треба да го направиме сега е да преминеме на следното ниво во однос на постигнување практичен договор што дополнително ќе ја поттикне британската економија и тие прашања се од суштинско значење“, рече Барнам.

Граѓаните на Велика Британија гласаа на референдум во 2016 година за напуштање на ЕУ, а во 2020 година земјата официјално ја напушти унијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во Њујорк се сретна со словенечкиот премиер Јанша: Македонија нема да стои во место додека го чекори европскиот пат

Во Њујорк остварив средба со претседателот на Владата на Република Словенија, Јанез Јанша.

Мицкоски во Њујорк се сретна со словенечкиот премиер Јанша: Македонија нема да стои во место додека го чекори европскиот пат

Разговаравме за европската перспектива на Македонија, за продлабочување на политичката и економската соработка меѓу нашите две држави, како и за актуелните геополитички и безбедносни предизвици во Европа и регионот.

Македонија останува цврсто посветена на европската иднина и на реформите кои носат подобар живот за граѓаните. Нашиот став е јасен – европската интеграција мора да се темели на заслуги, исполнети критериуми и реални резултати, а не на нови билатерални условувања кои немаат суштинска врска со европските вредности.

Не бараме привилегии и не бараме пократок пат. Бараме фер и предвидлив процес во кој постигнатото ќе се вреднува, а Македонија ќе биде почитувана како држава и партнер.

Словенија е наш долгогодишен пријател и важен партнер во Европската Унија и НАТО. Заеднички интерес е ова пријателство да го преточиме во уште посилна економска соработка, повеќе инвестиции и конкретни проекти кои ќе создаваат нови можности за граѓаните и стопанството.

Македонија нема да стои во место додека го чекори европскиот пат. Ќе продолжиме да ја развиваме економијата, да ги спроведуваме реформите, да ги зајакнуваме нашите меѓународни партнерства и достоинствено да ги браниме македонските национални интереси.

Градиме пријателства, создаваме можности и работиме Македонија да биде економски посилна и почитувана држава, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер